1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Eizo Nanao L66 (реставрација)

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од toshex, 17 Март 2019.

  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Според Еизо ова е првиот 18 инчен монитор со голема резолуција (1280x1024) во светот. Произведен во 1998 и доаѓал во две варијанти, со и без stand.

    milestones-80c.jpg

    Заборавив да сликнам состојба „пред“ но од сликата од огласот која ја ископав некако иако е избришан веќе се гледа дека не беше баш у најчиста состојба.

    images.jpg

    Освен што беше доста валкан и видно користен од heavy smokers - имаше пукнатини на некои делови од пластиките како и ептен разлабавен сталак (до кој не се стигаше пред да се расклопи цел монитор).

    Ништо шо малце супер лепак и чистење нема да среди.

    Овој пат дека премногу се задлабочив у тоа како да се расклопи и склопи мониторот не ми текна да сликам повеќе слики успут. Процесот беше доста комплициран (за мене) но се снајдов.

    Го расклопив до делче и потоа убаво ги исчистив сите пластики со сјај и блага абрезивна паста за чистење (излезе сето тоа црнило), па ги залепив пукнатите делови.

    Wiv6Wji.jpg

    Ги исчистив и електронските делови и потоа се склопив назад, утињајќи неколку пати пошо некои делови не може да ги склопиш пред други пошо потоа не можеш да ги споиш - така шо 3 напред 2 назад но сепак супешно беше и финалниот резултат е одличен.

    xOVIIuK.jpg

    Мониторов го земав најмногу заради ретро естетика за со стари компјутери за да не мора да користам некој огромен ЦРТ екран. За жал немав приклучено ни еден компјутер у близина у моментот така шо немам за сега слика од тоа како изгледа панелот.

    zuKtiUe.jpg

    Сликата не е кој знае шо (ја видов пред да го земам, шо е нормално за панел од тоа време) и има некој мртов пиксел кој се гледа и на оваа слика, но не ни мора да биде.

    hklIREV.jpg
     
    На tomaso, tomi, Dave1 и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,141
    4,361
    4 ноември 2013
    Машко
    Браво Тошка!
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  3. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Браво браво ама 10 пати у текот на вечерта шо ја утепав коа утињав или не можев да се снајдам како да расклопам или склопам си викав ќе иде у контењер ќе прежалам парите хахаха.
     
  4. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,141
    4,361
    4 ноември 2013
    Машко
    Ахахахахаа абе те сваќам потполно ама види го сега ремек делото што е испаднато, ти ја полни душата :D
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  5. #samurai#

    #samurai#
    Gaining Experience

    281
    232
    9 oктомври 2010
    Колку да си апдејтнеме рецепти :D Како ја чистиш пожолтената пластика?
     
  6. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Со абрезивна паста (нешо слично на Вим или Циф), тоа ги отстранува сите наслаги и нечистотии најчесто. А за белеење има retrobright рецепти ама ја не ги правам се уште пошо знаат да оставаат флеки освен ако можеш да најдеш доволно голем проѕирен пластичен сад и да ги потопиш целосно деловите. Премногу замарање ми е а и не ми смета троа пожолтено.
     
    На #samurai# му/ѝ се допаѓа ова.
  7. #samurai#

    #samurai#
    Gaining Experience

    281
    232
    9 oктомври 2010
    Можеби чист 12% хидроген пероксид нема да остава флеки, па и мувла кај што чисти, уништува и бактерии... Може веќе го следиш The 8-Bit Guy
     
  8. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Да да знам ама сепак остава, пошо проблемот е у тоа рамномерно да се покрие со еднаков слој целата површина. Прогуглај за retrobrighting pros and cons и има и тоа и тоа. Сепак е добро да се направи ако сакаш ама искрено премногу замарање ми е у моментов а и самото пожолтување некад си дава карактер знаеш. Сепак субјективно е хахах.
     
    На #samurai# му/ѝ се допаѓа ова.
  9. #samurai#

    #samurai#
    Gaining Experience

    281
    232
    9 oктомври 2010
    Да да, афкорс, се додека старата пожолтена тастатура е таква од цигари или сончева светлина, а не нешто друго...
     
  10. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Од цигари стануваат валкани и кафени. Од сонце пожолтува пластиката и затоа и пероксидот + сонце ја белее. А нечистотија и валкано излага со сјај и средства за чистење. it is known хахах

    П.С. Патем не секоја пластика пожолтува од сонце така шо зависно од материјалите некад ќе видиш тастатура со жута рамка, но бели тастери хахах.

    П.П.С Тоа за од цигари не сакам да тврдам дека не може да остави трајни флеки, ама тие нема ни пероксид + сонце да ги тргнат.
     
    На #samurai# му/ѝ се допаѓа ова.
  11. b.a

    b.a
    Gaining Experience

    127
    353
    9 Август 2010
    Одлична реставрација. Јас истиот го меркав да го земам, долго време беше огласен. Добро е што завршил мониторот на право место.

    Retrobright со чист хидроген пероксид имам пробано и остава флеки. Исто ако не се повтори неколку пати тогаш за една година пак ќе пожолти пластиката.
     
    На toshex и bxxxn им се допаѓа ова.
  12. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,263
    745
    3 Декември 2008
    Машко
    Точно незнам кој модел на еизо го користат старите мој. Само црн знам дека е со два вга влазови, 4 усб портови на него. на времето кога го земав беше вау. Одлично тошка. браво
     
  13. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    И овој има 2 влеза и USB hub. Само каблите за VGA се чудни, као соголен конектор и нема многу простор кај шо се ставаат. Ќе треба изгледа да исечам еден кабел (ќе ви сликнам да видите на шо мислам коа ќе го пробам тоа) - иначе нема да собере 2 кабли.

    Хахаха, и јас исто бев - се мислев некое време веќе - си викав дали да го зеам или не, и си мислам ај ќе размислам сигурно никој нема да го купи освен јас хахаха. Значи за малце ќе ми го џапнеше :D
     
  14. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,263
    745
    3 Декември 2008
    Машко
    Баш утре ќе ти кажам што модел е а каблите се стандардни на овој. Едниот го користам на ТВ моделот е Kawasaki DSC-1502
     
  15. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Приклучоците се стандардни али просторот е многу тесен кај шо се, а и има стегач еден одозгора метален и некако изглеа ќе треба од 4 страни да го изделкам плавото на VGA конектор обичен за да го собере.
     

Сподели

Вчитување...