moongose
Unbeatable
- 19 јули 2013
- 3.975
- 4.820
Тие промени не се баш така едноставни, особено кога целиот оперативен е развиван во сосема друг правец. Втор чекор е секоја апликација да се прилагоди на тие промени. Ама ограничувањата што ги наметнува не се баш едноставни за прилагодување. Особено што треба да се прави за многу тесен профил на корисници.Не треба многу за ова, промени треба само од аспект на GUI-то. Всушност ОС-от е тој што ги работи повеќето од тие работи за апликациите. Еднаш кога ќе има прилагоден ОС тогаш апликациите ќе се портираат/прилагодат релативно (по)лесно... Комбинирано со соодветен хардвер/SoC (на пример не ти треба 3D за е-инк GUI), подобрувањата и тоа како ќе бидат осетни.
Анимацијата и скролот на интефејсот не се проблем. Ти пак се базираш на функционалноста на е-читач каде главно се читаат книги. Веб страниците се многу подинамични од книги, имаат движечки содржини, анимации, бараат многу одење нагоре-надолу, не е баш исто со читање книга. А и не се испраќа само текст по апликациите за комуникација, има и анимирани содржини и видеа.Функционалноста апсолутно нема да биде значајно засегната. Освен ако за тебе „значајна фукционалност“ е анимација на текст при скролање наместо едноставен моментален page up/down (ова како пример го давам). Browser-от пак ќе го прелисташ со page up/down наместо анимиран скрол. Вестите/временската прогноза/итн ќе ги прочиташ. Текстот во маилот пак ќе го прочиташ...
А многу напор е сето тоа да се замрзне на ниво на прелистувач или апликација, настрана што така може и да се наруши изгледот и функционалноста на самата страница.
А што правиме со пишувањето? Секоја буква бара ново освежување, макар и само да се ограничи на местото на пишување. Само еден мејл да напишеш, екранот ќе потроши како да си вртел книга од 300 страници.
И сето тоа само за екранот. Каде е достапноста на апликациите за чет и друга комуникација, кои треба да се постојано онлајн за да функционираат? А тоа е најголемиот потрошувач моментално, кога телефонот не се користи.
Со тоа што надвор на сонце ќе можеш ко човек да читаш, наместо да појачуваш светло и контраст на (енергетски захтевен) максимум. Или да се буташ во затворен простор за уредот да ти биде читлив а не мачење да го читаш. Не знам дали си приметил, ама преносните уреди повеќе се користат надвор. И освен ако не си вампир (или тинејџер), надвор обично си дење а овде окулу ~300 денови во годината е сончево... Е-инк екран на мобилен уред има многу повеќе смисла од лцд и дериватите.
Денешниве екрани немаат проблем да се гледаат на јако сонце. А надвор не значи директно пладневно сонце.
Но надвор секој ден се стемнува и е ноќ. Каква видливост имаат овие екрани ноќно време? Или во темни простории? Треба или позадинско светло што троши енергија или да си носиш лампичка да го осветлиш екранот за да воопшто видиш што има на него.
Екраните се, но сѐ друго не е така црно-бело како што сакаш да го прикажеш.