• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Eddystone beacons во Македонија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Kaurex

Intern
19 октомври 2017
41
10
Здраво дечки, на факултет имам проект за Андроид што вклучува користење на Google Eddystone beacons за добивање на nearby messages. Дали некој се сретнал до сега со тоа и дали некаде се продаваат кај нас во државава, или доколку знае каде е најдобро онлајн да се нарача исто така?

Тука има некои информации за тоа што го барам, доколку некој може да види.
 

Faktorium

Intern
19 јули 2013
52
38
Тешко тука кај нас, јас барав iBeacons, примарно за iOS но работат и со андроид, во мк немаше никаде. Спас најдов на ebay/aliexpress.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,588
2,922
Тука има некои информации за тоа што го барам, доколку некој може да види.
Гледам на списокот ја има Зебра. Инфокод работат со нивни производи. Не верувам дека имаат, но чисто прашај дали може да ти набават. Само гледај да знаеш што точно ти треба.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Kaurex

Intern
19 октомври 2017
41
10
Тешко тука кај нас, јас барав iBeacons, примарно за iOS но работат и со андроид, во мк немаше никаде. Спас најдов на ebay/aliexpress.
Гледав и јас на aliexpress, пишува supports Eddystone, само не знам колку се сигурни и дали можам да ги регистрирам со Google платформата. Ептен ми е за проект па да не испадне да чекам 1-2 месеци за џабе додека стигне.
 

Faktorium

Intern
19 јули 2013
52
38
^ Работиме со iBeacons, јас развивам iOS , ама и колегата за Android ги скенира иститите. Го прашав ми рече дека ја користи оваа библиотека "com.radiusnetworks.ibeacon"
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,590
Мислења
821,389
Членови
28,246
Најнов член
BarrierKult666
На врв Дно