1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Тестирање на ароми/вкусови

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Sharlovski, 1 Мај 2018.

  1. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Ни фали една ваква тема за споделување на искуства наши па и туѓи околу вкусовите кои ги користиме во течностите, една иста арома ја доживуваме различно, различни атомизери, греачи, вати, има безброј варијации, битно е да сме што по објективни.
    Можеби ова ќе е и поттик за оние кои се двоумат да започнат со миксање, соодносот на процентите, мешање итн. а за останатите корисни информации.
    После пробани 200тина различни ароми и уште толку комбинации, најпосле ми текна ко на голем да почнам да пишам белешки, истите тие можат да се најдат на познатите страници за ароми/рецепти и реддит, колку и да сме нубци во описот на аромите, поубо ми е кога ќе прочитам некој “наш“.
    Моите белешки кои ќе ги постирам ќе се комбинација на лично искуство и дел од страните пишани погоре, најмногу ради речникот кој ми е мал за овој тип на објаснување/искажување. Често се случува да ми фали нешто да прочитам за да можам сам да си го опишам вкусот кој го доживувам али што повеќе ароми тестирам тоа подобро можам да се искажам.
    Вкусовите нема да се по некој редослед, едноставно така како што ги тестирам за рецептите кои ми требат да ги направам, така ќе ги постирам.
    Најчесто дозирањето би изгледало вака (со исклучоци) и гледам да созреат недела дена пред да ги пробам, ако на некоја арома и треба повеќе време ја заменувам со друга, ми се нарушува соодносот на време/ќејф.

    TFA - The Flavor Apprentice / 5-8%
    CAP - Capella / 5-8%
    FW - Flavor West / 5-8%
    FA - Flavor Art / 2-5%
    INW - Inawera / 2-4%

    И додека го скоцкам ова ме најде 1 сатот, не стигнав ни 1 пример да дадам, утре т.е. денес малце покасно.

    Стартниот процент за аромите ми е препишан од веќе познати тестери, ако некоја не ми фати око (нос) тогаш ќе ја пробам пак различно концентрирана, тестирањето секоја посебно во 3-4 различни дозирања на првиот ден, 3, недела, месец дена зема многу време а тоа ми е лукзус. Искрено повеќе би сакал да го потрошам на некоја игра ама пак ова ми изгледа далеку по продуктивно, едно за мене ќе ги дотерам белешките, друго ќе ги споделам и се надевам на некој ќе му се најдат.
    Од искуство на други и моето ќе гледам да бидам кратот и јасен и да ги доловам што подобро и појасно вкусот кој го опишувам, како што би сакал јас да прочитам кога не би знаел ништо, да нема забегувања од типот: има нота во позадина од печено јаболко на жар од дабово дрво ама се осеќа дека со бензин е запален огнот.
    Имам проблем со јагоди (некои не ги осеќам воопшто) и аромите на Капела, користат нешто што јас лично не можам да го поднесам, посебно пудизните.
    За правописот ќе ме извините, толку ми е уката.

    Користам Макс ВГ, не се љубиме со ПГто, можеби губам на вкус али пак затоа сетапов нуди повеќе од нормална цигара/атомизер, никотин 0 и најчесто ќе биде Wasp Nano, SS316 Fused Clapton, 50W.
     
    Последна промена: 15 Јули 2019
    На Maki_SM, angeld, GoCe_ и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. MikickoHC

    MikickoHC
    Practice makes perfect

    1,773
    1,345
    26 Февруари 2016
    Машко
    Дегустатор на Е-Течности
    @Sharlovski
    E за ова ќе ти пишам 5+ на рака кога ќе се видиме. Шега на страна. Вакво нешто требаше да ни текне порано. Но никогаш не е касно. Шарло алал да ти е! Со ова ќе може да се помагаме и да си прошируваме хоризонти. Сите производители си имаат која арома што содржи и колку % е. За ТFA ги имам сите само да ги најдам. Мислам дека ми се во стариот телефон. Колеги идејава на Шарло е супер само од помош може да е. Кој има информации околу ароми, нека пише.

    Sent from my SM-N910F using Tapatalk
     
    bicikle, Sharlovski, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    За почеток 2 ароми затоа што се надополнуваат една со друга, можда требаше да ја ставам и Butterscotch Ripple ама ај потаму да не се премислам пак, редно е да почнам.

    FW Salted Caramel, 6%
    Опис:
    Богата, лесна, кремаста карамела, малку наблажува (очекував повеќе) и ми се чини дека е соленкаста ама на многу суптилен начин или можда дека името... има нешто.
    Соло: 5-7%
    Бидејќи и недостасува тежина, и треба помош од друга карамела, пример FA 1-2% (една од најдобрите) во зависно колку сакате да е доминантна карамелата и обавезно FW Butterscotch во сооднос 3/1 за да се добие инзвонреден комплетен кремаст карамела вкус.
    Микс 3-5%
    Тешко дека би имала примарно место во некоја рецепта, најмногу се користи за да ја истакни постоечката карамела во рецептата, пример соленкастиот вкус на испуштање ја збогатува тутунската течност во RY4 и ѝ дава поинаква димензија.
    Десерти, пецива, сладоледи одат добро но за тоа карамелата на FA е можеби подобра опција.
    Да се избегнуваат лесни и цитрусни овошја.
    Најчесто во микс со:
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Sweet Cream (TPA)
    Vienna Cream (FA)
    Super Sweet (Cap)
    Bavarian Cream (TPA)
    Butterscotch Ripple (FW)
    Butterscotch (FW)
    Cream Fresh (FA)
    Dairy Milk (TPA)



    FW Butterscotch, 5% (наредно би ја дозирал 6%)
    Опис:
    Никогаш не сум пробал и не можам да знам колку е блиску до оригиналот, лесен и доста кремаст, млечен вкус со путер, можеби има карамела во позадина, не сум сигурен, по тоа што најдов на интернет, главни состојки за да си направиш домашен се: путер, кафеав шеќер, крем и ванила, е тука ми фали карамела, ванила и посебно колку не е блага.
    Соло: 5-7%
    Сега гледам зошто ја мешаат со карамела за да добијат по оригинален вкус на “путерскоч?“ сооднос 3/1 со FW Salted Caramel или FA Caramel 3/0.5 бидејќи е таа по концентрирана.
    Микс: 2-4%
    Најдобро оди со пецива, крем, сладолед, лешник/бадем/орев и кафе.
    Да се избегнуваат лесни и цитрусни овошја.
    Најчесто во микс со:
    RY4 Double (TPA)
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Sugar Cookie (Cap)
    Vanilla Swirl (TPA)
    Pistachio (TPA)
    Caramel (FA)
    Bavarian Cream (TPA)
    Vanilla Bean Ice Cream (TPA)
     
    Последна промена: 1 Мај 2018
    На cacko1, Chicco69, bicikle и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. MikickoHC

    MikickoHC
    Practice makes perfect

    1,773
    1,345
    26 Февруари 2016
    Машко
    Дегустатор на Е-Течности
    За истово малку послободен кога ќе сум ќе пишам исто вака,може и некоја полесна рецепта.
    Sent from my SM-N910F using Tapatalk
     
  5. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    TFA Pistachio, 6% Max VG, Wasp Nano, SS316 Fused Clapton, 50W

    Опис:
    Не знам дали е кремаста или едноставно е мека аромата, сладок, вештачки вкус на ф'стаци кој повеќе е како комбинација на орев/лешник/бадем со многу интересна нота која не можам да ја опишам што е точно (ова ќе го пишам доста често ). Според тестериве е слична на вкусот од сладолед со ф'стаци. Лесна за памукот и коилите.
    Соло: 7%
    Не е лоша, му треба малку повеќе дозирање за да излезат сите ноти на површина, 10% бил максимум, немам пробано.
    Микс: 3-7%
    Најдобро оди со крем, сладолед, тутунски и одредени овошја како цреша, смоква, калинка.
    Да се избегнуваат лесни и цитрусни овошја.
    Најчесто во микс со:
    RY4 Double (TPA)
    Vanilla Swirl (TPA)
    Sugar Cookie (Cap)
    Butterscotch Ripple (FW)
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Caramel (Original) (TPA)
    Brown Sugar (TPA)
    Acetyl Pyrazine 5% (TPA)
    Meringue (FA)
     
    На Astraion, Metuzalem, bicikle и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    TFA Vanilla Swirl, 6% 30PG/70VG, Wasp Nano, SS316 Fused Clapton, 50W

    Опис:
    Лесна ванила, мaалку кремаста и блага, то е сè, прилично досадна и немам друго што да кажам, ако има некое магично својство на врзување на ароми како TPA Dragonfruit не знам, кога ќе кренам левел можда ќе научам.
    Соло: 6-7%
    Не би ја вејпал соло заради фактот што е досадна, бетар од гриндање крајни левели во Vanilla WoW, далеку од лоша ама нема интензитет, дури и ја смешав во 30/70 мислејќи макс ВГто е криво, стап... Како во позадина да стои и ванила и крем и сè, можда ако се крени до некој 10% ќе се донеси на некое дереџе ама има толку пубај ванили (INW Shisha Vanilla) шо не вреди ни да се мачам со оваа.
    Микс 2-4%
    Како што реков, можда магијата лежи во микс али чисто се сомневам, ова ми делува како една од по старите ароми и играње на сигурно, затоа е толку често употребувана.
    Можи да се микса со што ви душа сака, ванила...

    Најчесто во микс со:
    Bavarian Cream (TPA)
    Strawberry (Ripe) (TPA)
    Cheesecake (Graham Crust) (TPA)
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Sweet Cream (TPA)
    Dragonfruit (TPA)
    Marshmallow (TPA)
    Sugar Cookie (Cap)
    Sweet Strawberry (Cap)
     
    На cacko1, Astraion, Lokvan и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Не е арома/вкус ама мислам дека местото на постов му е овде.
    Тест на Глицеринот од Амбрела и споредба со Молин/Инавера бидејќи помеѓу овие два не можам да видам разлика.
    Сè е исто, од билд до памук, ватажи, само модовите се различни и бојата на дриперите :hay:

    [​IMG]

    Прво тој што го знам, Молин/Инавера, после првите 5-6 тргања, да го “пробие“ памукот, нема ништо, едноставно само пареа, ни вкус ни мирис, можда малку блажи али толку сум навикнат што повеќе благото не ни го осеќам.

    Одиме на Амбрела, прозведен во Чешка од Oleochem, уште кога го отворив шишето како да се осеќа некоја миризба, ај си реков, од штиракот можда.
    Само што го пробав на мала ватажа за да го разработам памукот, веднаш се насети дека има мирис, не знам точно на што, не баш на хемија ама има, и неможиш да го избегниш то никако. Му дадов на двајца вејпери да пробаат, како му велам, мириса? “не бе, арен си е... глицерин“, немаа никакви забелешки. Денес го пробвам пак, исто, мирисот е тука ама на секое влечење сè помалку го осеќам и се навикнувам, после 10 повлекувања.. толку, го нема. Се вратив на Молин/Инавера па пак на Амбрела и ете го пак, тука си е мирисот само овај пат ми требаа 5-6 тргања за да го снема, можеби е тука ама сега веќе како така да треба да е, ако го нема ми фали...
    Смешав овошна таму пак ич неможам да го насетам.

    Сума сумарум, би го користел, ако не можам да се снајдам од друго место, дефинитивно да.
     
    На cacko1, GoCe_, Chicco69 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Да се надоврзам на постот погоре, нити бојата не им е иста, го преточив во исто шишенце, претпоставувате кој е кој...

    [​IMG]
     
    На bicikle и gokica им се допаѓа ова.
  9. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Лево олеохем?
     
  10. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Да, не напишав и ми истече времето за едитирање.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    ауу... Лошо. Ако не примило шишето боја едино од некоја предходна манџа. Инаку вг то треба да е 100% проѕирно, ова гледа како не добро преработено...
     
  12. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Шишето беше чисто ко суза а и остантите се со таква жолтеникава боја, за манџи користам стакло.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    TFA RY4 Double 8%, 30PG/70VG, Wasp Nano, SS316 Fused Clapton, 50W

    Опис:
    Темната страна на карамелата, маалку кремаста и блага, тутунското од РУ4 што го знаеме скоро да не постои или е во далечна позадина. Ванила, читам има и тоа, јас не можам да ја намирисам.
    Научив дека скалата на RY e колку по мала бројката, тоа по тутунска, е ова е дупло РУ ама во карамелата, затоа нема ништо од тутунско.
    Соло: 8%
    Ја пробав прво на 6% и беше малку слаба, на 8% е таман, доби на интензитет, не е лоша соло али сака малку помош од друга карамела/ванила/тутунска, со “путерскоч“ исто се надополнуваат доста добро за да се добие прилично добар ADV (all day vape)
    Микс 3-5%
    Одговара со сè што може да се збогати со карамела, кремови, тутунски, пецива па и со некои овошја, да се избегнуваат цитрусни и лесни.

    Најчесто во микс со:
    Acetyl Pyrazine 5% (TPA)
    Vanilla Swirl (TPA)
    Graham Cracker (Clear) (TPA)
    Sweet Cream (TPA)
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Pistachio (TPA)
    Butterscotch Ripple (FW)
    Bavarian Cream (TPA)
     
    Последна промена: 13 Мај 2018
    На gokica, Metuzalem, OldSchoolPvP и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    CAP Vanilla Custard, 7%, 30PG/70VG, Wasp Nano, SS316 Fused Clapton, 50W

    Опис:
    Една од аромите кои не ми е баш по ќејф заради што имаме лично недоразбирање, нешто ми смета кај Капела и нивните млечни произоди, дали путерот или баш пудингот не сум сигурен.
    Квалитетно чуство на густина, баш “дебел“ кремаст вејп, пудингот е во преден план, путерот и ванилата во позадина, има мала блажина. Кастрд да ти било пудинг плус јајца, немам пробано.
    Соло: 8-10%
    Овие проценти се идеални, воопшто не би била лоша соло, проблем има тоа што и треба многу време да созрее, две недели +, ја пробав на месец дена бидејќи ја заборавив и не можам да кажам каква е пример на недела дена.
    Микс 3-8%
    Во микс со се и сешто, кремови, чоколада, овошја, пецива... може да се користи како додаток или како главна арома. Една од главните ароми за old school рецепти.
    Најчесто во микс со:
    New York Cheesecake (Cap)
    Bavarian Cream (TPA)
    Sweet Strawberry (Cap)
    Sugar Cookie (Cap)
    Strawberry (Ripe) (TPA)
    Sweet Cream (Cap)
    Vanilla Swirl (TPA)
    Butter Cream (Cap)
    Cheesecake (Graham Crust) (TPA)
    Meringue (FA)
     
    На gokica, cacko1, OldSchoolPvP и уште 3 други им се допаѓа ова.
  15. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    TFA Strawberry Ripe, 8%, 30PG/70VG, Wasp Nano, SS316 Fused Clapton, 50W
    Опис:
    Лесна, блага, маалку бонбонеста и како што вели и името, созреана јагода, не од пролетните и пластични по 500 денари кг туку оние летните, од бавча собрани. На моменти и преблага, не баш погодна за тие што сакаат неутрални течности.
    Соло: 8-10%
    Не ја бива, нема доволно густина, тежина па нити интензитет. Не дека не може да се вејпа ама во микс со друга јагода е 3 пати подобра.
    Микс 3-8%
    Според ЕЛР, убедливо најупотребувана арома, одлична во комбинација со други јагоди посебно со оние кои можат да придонесат во тежина, дава малку буст заедно со капка TFA Dragonfruit, FA Pear или INW Raspberry. Одговара со овошје, крем или пецива но лесно може да се изгуби вкусот од некоја веќе јака арома.
    Во зависно од тоа колку сакате да е јагодата истакната, толку и ќе дозирате. 3% за субтилна нота, 8% веќе е квалитетно дозирано и на граница да добиете само Етил Малтол. Кога ќе се остави на подолго време, знае да изгуби на интензитет.
    Пример за солидна јагода база или како “единечна“ арома.
    CAP Sweet Strawberry 4% + TFA Strawberry Ripe 4%
    TFA Strawberry 2% + TFA Strawberry Ripe 4%

    Најчесто во микс со:
    Bavarian Cream (TPA)
    Sweet Strawberry (Cap)
    Cheesecake (Graham Crust) (TPA)
    Sweet Cream (TPA)
    Sweetener (Sucralose/Maltol) (TPA)
    Strawberry (TPA)
    Vanilla Swirl (TPA)
    Vanilla Custard (TPA)
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Dragonfruit (TPA)
     
    Последна промена: 25 Мај 2018
    gokica, Chicco69, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. OldSchoolPvP

    OldSchoolPvP
    Practice makes perfect

    753
    1,184
    13 Февруари 2014
    Машко
    Еден мал осврт на Shorfillovi пратени за тест.
    Најпрво што се Shortfillovi бидејќи го нема во лексиконот. Тоа се течности веке смиксани со одреден vg:pg рејтинг во шише во коа треба да се стави само никотин.
    За пример овоа се 60мл шишиња во кои има 50мл течност веќе готова но без никотин и неа треба само да додадеме 10мл никотин кој е со јачина 18мг за да не испадне точно 60мл течност со 3мг јачина. Во принцип наменето е за земји во кои не е дозволено продавање на течности со никотин, па така во самиот шоп вие купувате течност посебно посебно никотин и дали дома дали на клупа или стоечки само го фрлати никотинот во шишенцето со течност.

    Будејќи јас немам 10мл шишенца со по 18мг никотин. Морам да го користам мојот 52мг никотин од кој ставам 3мл за да излезе смесата со 3мг никотин, тогаш добивам 53мл течност и луфта од 7мл што ја надополнувам со VG ( или ПГ по избор , но јас сакам малку поблаги течности а и танковите ми немаат проблем со викување на густи течности )

    [​IMG]

    Следниве течности на сајтот не можат да се најдат како shortfils но можат да се најдат како ароми, наменети се најверојатно за шопови низ UK.
    Ке почнам од тие што ми оставија најголем впечаток и ми се најубави. Тестирани во дробен дрипер иако не сум дрипер човек морав да користам да ги пробам сите за најбрз можен рок. Претпоставка дека се стоени 2-3 недели од кога се пратени + 2 дена од кога е ставен никотинот што значи се создреани.

    1. Guango
    WoW мрзнење на мозок и експлозија во гради. Гуава и засладено манго ( ни едното ни другото ги немам јадено ) али течноста е SICK AS TITS, комбинирано со надпросечни колични на koolada ( можеби има и mentol ама не сум сигурен ) што ти отвара мозок и седма чакра. Како да јадеш цело пакетче мастики airwaves ти ги отвара ноздрите и можеш да дишеш слободно. Сигурно е уште појак кога ке се направи свеж џус ама и покрај степување сеуште е јако. За некој кој не пробал течности со koolada може да му биде јако на грлo али јас обожавам Haisenberg па така сум навикнат и за тоа е на прво место, постои и без разладувачи ефект што доколку би ја зел би се нашла на последното место. Во глобала или ке ја сакаш премногу или ке ја мразил, една од оние течности кај што е стрикно за одредени профили на вејпери. Супер за жешкиве времиња

    2. Bubble Burst
    Враќање во детство и џвакање на орбит детска мастика со големи балончиња. Со мало количество на коолада и минт кој се осека во позадина. Но во глобала позадински, напред е блага мастиката со мал вкус на лубеничка. Иако не сум голем фан на ароми со гумени бомбони и мастики неможам да одолеам на оваа поготово и затоа што има коолада. Да можев би го тргнат тој минт што го осекам во позадина малку но нели не би била мастика без малку минт. За пред лапање е топ.

    3. Green Slush
    Премногу слатка лимонада, чуден вкус малку киселкаст али многу благ. Како да пиете свежо исцеден лимон ( ама како да не е еден вид на лимон, како да има 3 различни видови на лимон ) во мала чаша со 3 лажици шекер дури станува тешка од што е блага по некое време, ама незнам зашто ме влече цело време да ја парам има некој чуден зависен ефект. Тоа малку киселко те влече да ја париш цело време, и е таман да не те гребе на грло. Од киселото неможам да приметам дали има малку коолада во него но мислам дека има бидејки е освежувачка аромата.

    4. Lychee Lemonade
    Од кај никнуваат овошјава што ги немам пробано појма немам или можеби сум заостанат. Појма немам што е Lychee али дефинитивно е вкусно, измешано со лимонтус. Воденест вкус со чудносто слатко овоше и лимонтус, како некој освежувачки коктел.

    5. Hazel Dream
    Леле леле последно место не затоа што не е добра ,него зашто неможам да парам апетисани поготово не во летно време миризбата останува долго време и ми се тешки за чаинвејпинг. Ептен добра течност и верувам на многу ке им се допадне првите неколку влечења врапчиња ми летаат во гради али многу брзо отапувам и ми здосадуваат. Благ кремаст сладолед од лешник кој е ептен вкусен, вервам со повеке степување би станал уште повкусен. Верувам би бил добар да се измеша и со RY4 за да се добие малку тутунска нотка.

    Во глобала летни воденесто благи течности со оладувачки ефект.
    Штета уште неможам да најдам некоја течност со вкус на баничка со праз или растурена сарма.
    Незнаев дали во оваа тема или темата за DIY рецепти да постирам али сооглед на тоа дека се готови рецепти решив тука.Ако мислите дека би било попрегледно да се премести немам проблем.
     
    На Chicco69, gokica, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    404
    294
    9 Февруари 2018
    Машко
    се улетав да видам...ама малку ми се сврте со тие 8 фунти....
     
  18. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    TFA Cheesecake Graham Crust 30PG/70VG, Wasp Nano, N80 Fused Clapton, 35W

    Опис:
    Кремаст, полн и малку благ вејп, чизкејккој немам пробано многу и да дадам некој опис колку е ова автентичен вкус не можам но е помалку тортесто од CAP Cheesecake и има некој друг вкус, потемен, можда е тој Graham Crust што исто така појма немам што е (си реков еднаш да не го прам ревјуво на вкусов бидејќи врска немам ама ќе ме истрпите). Како да има мала нота на кокос ама неа почнав да ја осеќам само одкако прочитав на интернет да видам другите шо пишат.
    Соло: 6%
    Дефинитивно не, може колку да се проба и на тоа да остане, не гледам ништо посебно и зошто некој би го вејпал ова соло. Не е толку изразен чизкејкот за да би била интересна како сингл арома.
    Микс 3-4%
    Е тука веќе е нешто друго, нема во што не е употребуван вкусов, од овошја до торти, кремови, пудинзи, се и сешто, се додава за да се изразат кремастите и млечните ноти.
    Најчесто во микс со:
    Bavarian Cream (TPA)
    Strawberry (Ripe) (TPA)
    Sweet Cream (TPA)
    Vanilla Custard (TPA)
    Vanilla Swirl (TPA)
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Sweet Strawberry (Cap)
    Sugar Cookie (Cap)
    Biscuit (Inawera)
     
    Последна промена: 10 Јуни 2018
    На gokica, OldSchoolPvP, Chicco69 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    TFA Sweet Cream 5% 30PG/70VG, Wasp Nano, Ni80 Fused Clapton, 40W

    Опис:
    Густ и тежок путерест крем со млечна нота, по малку благ без ванили и такви додатоци, има и интересен страничен вкус која не можам да го дефинирам, можеби од високиот процент што го користев за тест.
    Соло: 4%
    Дефинитивно не му е тоа намената, можеби ако ве боли грло бидејќи ова има негативен удар :)
    Микс 1-3%
    Додакот во сè што може да се замисли за вејпање за додавање на тежина/густина, млечни ноти, одличен сврзувач на ароми, кремови, овошја, пудинзи, торти... можеби да се избигнуваат тутунски, таму не гледам причина зошто би се користел.
    Најчесто во микс со:
    Bavarian Cream (TPA)
    Strawberry (Ripe) (TPA)
    Cheesecake (Graham Crust) (TPA)
    Vanilla Custard (TPA)
    Sweetener (Sucralose/Maltol) (TPA)
    Marshmallow (TPA)
    Vanilla Swirl (TPA
    Vanilla Bean Ice Cream (TPA)
    Vanilla Custard v1 (Cap)
    Sweet Strawberry (Cap)
     
    На OldSchoolPvP, Chicco69, fis1976 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Сингл шот ароми кои лично ми се ОК:

    - Roasted Pecan & Cream (Wonder Flavors) - ја открив благодарение на шефот Шарловски (треба да одстои 10 дена минимум иако од повеќе нема зијан)
    - Banana Puree (Wonder Flavors) - може да се пие после 3 дена

    Питки се, сладуњави но малку посуптилни т.е. не се до толку изразени како на бабл гам, јагоди и сл.

    И двете се мешаат 7%.
     
    На Chicco69 и fis1976 им се допаѓа ова.
  21. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    431
    815
    15 Март 2016
    Машко
    Може малку аматерски ќе звучи моево мислење (ако не е за тука модератори бришете) ама еве да споделам и јас мислење за некои течности што ги имам пробано за ова кратко време. Покрај стандарните што им се бендисуваат на повеќето од вас (Pyramid, RY4, 555) би препорачал уште три други.

    Latakia (Inawera) - Тутунска арома, малку сладуњаста, се чувствува ванила, бадем, лешник, ме потсеќа на оние пури со вкус на чоколадо, дефинитивно all day vape.

    Forest Fruit (Inawera) - убава свежа арома на шумско овошје, одлична како втора арома во текот на денот да се рабие монотонија, капина, малина, јагода.

    Strawberry Shisha (Inawera) - одличен вкус на јогода, природен воопшто не се чувствува хемија или неприродност во вкусот, исто како и Forest Fruit одлична како втора арома во текот на денот.

    Браво до мајсторот (@Sharlovski ) ако има нешто да додаде нека си каже :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    @fis1976 друже, малце незгодно ми е кога ќе прочитам вака да ме фалиш а цела заслуга треба да оди кај тие што ги прават аромите е да, и 2% до мене што знам колку да ги дозирам :)
    Смасно ревју, мило ми е што ти се свиѓаат.
     
    На aalekso0 и gokica им се допаѓа ова.
  23. aalekso0

    aalekso0
    Intern

    16
    16
    17 Март 2018
    Машко
    Еве уште еден задоволен колега од Шарло . Течностите ти се Топ xD
    Е сега прашање дали некој ги користел аромите од Амбрела и кој се добри да се смикса нешто едноставно .
    а за посложени рецепти од Шарло.
    Не е лошо да ставиш ако веќе не си , ресепт од ry4 pistacio Лајк
     
    На Sharlovski му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    @aalekso0 ти благодарам, ќејфој сум кога ќе прочитам вака, што се однесува на рецептата ја имаш тука, потполно истата што ја користиш и ти.
     
    На gokica и aalekso0 им се допаѓа ова.
  25. krema

    krema
    Professor

    8,985
    8,738
    24 Јуни 2009
    Машко
    Имав прилика да тестирам ароми (миксови) by @Sharlovski, секоја пофалба и не ме чуди новата полица со огромниот асортиман на ароми.
    Respect!
     
    Последна промена: 4 Јули 2018
    На Sharlovski и aalekso0 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...