1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Новајлија

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од MarioB, 20 Септември 2018.

  1. MarioB

    MarioB
    Intern

    19
    13
    20 Септември 2018
    Машко
    Можеби и не е правото место за ова но после 2 годишно истражување конечно налетав и на македонскиов форум за кој не бев свесен дека воопшто постои. Не бев свесен дека имало голем број на вејпери и во Македонија хаха и моето прашање е можеби поставено повеќе пати, но ќе ме извинете молам. Како што приметив повеќето од вас набавуваат VG и PG и си прават сами свои течности. И јас сам правам течности, а VGто и PGто ги добив од пријател кој работи во болница. После неколку тестови открив дека PGто има некаков си проблем затоа што првите течности што ќе ги направев обично имаа вкус на некаква си хемикалија како сапун... одвратно, па почнав да ги правам само со арома VG и дестилирана вода и беа добри. Моето прашање е од каде вие ги набавувате вашите бази VG, PG и доколку некој набавува никотин од некаде би било супер да сподели. И да не ја должам уште многу приметив дека и кај нас во Umbrella имаат донесено многу делови (волна,жици,греачи...) и VG и PG, дали се добри дали да ги купам од тука или пак да нарачувам онлајн.
     
    bicikle, Sharlovski и на Metuzalem им се допаѓа ова.
  2. krema

    krema
    Professor

    8,620
    8,364
    24 Јуни 2009
    Машко
    @MarioB
    Welcome to the club :)

    Претежно од полска бази, но и од умрела може.
    Доста е дискутирано на ова тема, може да sирнеш и во индекот.
     
    bicikle, MarioB и на gokica им се допаѓа ова.
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,930
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Добре дојде, @MarioB

    Како што кажа професорот, од Умрела PG-то VG-то се релативно добри, како што и ќе видиш во индексот според искуствата, проблемот е што често ги нема. Релативно се поволни затоа што не плаќаме поштарина што ја крева цената за нарачки од странство со голема тежина, а инаку не се евтини сами по себе, плус и трипати досега ја менуваа земјата на потекло, но се јадат.

    За никотинската база не знам каков е квалитетот затоа што е доста поскапа, а јас лично имам многу, па не ми затребало и не сум користел од Умрела. Мислам дека и таа често им ја снемува.

    За земање од странство на тие три работи е проблем тежината (за поевтините поради поштарината), а за никотинските бази што веќе поради директивата (види индекс ако не знаеш) во Европа има само „капки за очи“ што се поскапи. Но сепак, дури и така се исплати (ако си на низок % на никотин), а можеш да пробаш дали се` уште даваат од големите бази Аромашите (и ПГ/ВГ може од таму, најевтина поштарина). Види и на последните страници од главната тема, што не се индексирани, има интересни опции од Германија.

    За жици и памуци од Умрела мислам дека се дупло/тројно поскапи одошто од Кина, но бидејќи општо не се скапи работи, можеби може за итни случаи, инаку ние повеќето работи ги купуваме од Фастек - најчесто таму е најевтино, најдобра поддршка, форум/дискусии, искрени рецензии, избор на пошти, релативно брзо стига...

    Волна колку што знам не користиме. :hay:
     
    Sharlovski, Ace Lud, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. MarioB

    MarioB
    Intern

    19
    13
    20 Септември 2018
    Машко
    Разгледав малце повеќе на форумов и се сретнав со страницата molinshop и ја сретнав следнава готова база NicBase VPG Optima 3 mg/ml 100ml . Досега не сум користел готови бази, и не сум пазарел од тука. Како што приметив поштарината е бесплатна а 20 евра за 1Л од оваа база е солидна цена. Додека се тепам да барам никотин можеби е подобро да се придржувам до ова. Има ли нешто што треба да знам пред да користам нешто како овој производ ?
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,930
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Молин затворија малопродажба за физички лица, ова е демек за правни, но се сомневам дека може да се нарача, само прво да им се прати мејл. Ако не се лажам, @Bla4KRa1n не пријави дали му стигнала нарачката.
     
    На MarioB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    8,620
    8,364
    24 Јуни 2009
    Машко
    Убаво би било сите нови почетници (новајлии) кој сакат да почнат или веќе почнале да се претстават овде и каква опрема користат во моментот.

    @Metuzalem може и во индексот некаде да ја линкнеш оваа тема за новајлиите (не сум видел дали има). :)
     
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,930
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Нема да читаат, џабе. Не дека ги обвинувам, на пример не се снаоѓаат по форуми или не ја следеле темата (огромна е, ќе свртат 2-3 страници и ќе се изгубат), не го нашле индексот, и така натаму...

    А да правиме ново правило (задолжително) е глупо, само нови правила и ограничувања, уште толку ќе се исплашат. :)
     
    На OldSchoolPvP му/ѝ се допаѓа ова.
  8. krema

    krema
    Professor

    8,620
    8,364
    24 Јуни 2009
    Машко
    Нема потреба од притисоци, :) ако бараат новајлиите мислење за мод/амортизер тогаш ќе им бараме лична карта. :D
     
  9. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    892
    1,991
    28 Јануари 2017
    Машко
    Ќе те замолам за вакви ремек дела, аудиото да е добро а не вака штуро.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  10. krema

    krema
    Professor

    8,620
    8,364
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не најдов нешто подобро, сите му се мутни како и самиот он.
    Еве нешто подобро. :)
     
  11. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,930
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Еве едно добро аудио ако продолжите со оф-топик. :innocent:

     
    На krema и Sharlovski им се допаѓа ова.
  12. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    892
    1,991
    28 Јануари 2017
    Машко
    @Metuzalem одма бичкијата додека не ти се скрши, 4 пати паднавме во каналот.
     
  13. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    Од цигари се откажав, ама од Аца Лукас тешко... ( sry за off)
     

Сподели

Вчитување...