1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Лексикон на поими

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 27 Април 2018.

  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Лексикон на поими поврзани со електронските цигари

    Давајте предлози што да се стави, придонес (напишете нешто па ќе го вметнам во првиот пост), наоѓајте грешки или прашувајте ако налетате на некој израз што не ви е јасен.

    Одвреме-навреме ќе ја надополнувам темава.

    -----

    18650 (и други бројки) батерии - Литиум-јонски батерии што најчесто ги користиме за вејпање; бројките ги означуваат димензиите, на пример оваа е 18 милиметри дијаметар и 65 милиметри должина; нулата на крај означува дека е цилиндрична

    510 дрип тип - Големина (дијаметар) на дрип тип што долго време беше стандард и делумно се` уште е; најчесто за усно, но може и за дробно

    510 конектор - Стандарден конектор со навој кај 99% атомизери и модови за нивно меѓусебно поврзување

    810 дрип тип (Goon style Drip Tip) - Поширок дрип тип кај кој о-рингот не е на него, туку во дупката за дрип типот во атомизерот; секогаш за дробно

    Acrylic (PMMA, акрил) - Вид пластика, кршлива и не многу термички отпорна, но проѕирна и сјајна; се прават танкови од неа

    ADV (All Day Vape) - Манџа што вејперот може да ја користи цел ден без да му здосади и без да му изгуби вкус, односно без да го фати vaper's tongue; Мод, атомизер или манџа што вејперот секојдневно ги користи

    AG (Aqueous glycerine) - VG во кој е додаден одреден процент дестилирана вода; понатаму тој AG се третира како VG при пресметувањето на соодносот на компонентите во манџата

    Airflow, Bottom - Воздухот доаѓа на грејачот од долу

    Airflow, Side - Воздухот доаѓа на грејачот од страна

    Airflow, Top - Воздухот доаѓа на грејачот од горе

    Airflow - Проток на воздух; дупчиња/канали за проток на воздух

    Airflow Control (AFC) - Регулатор на airflow-от

    Alien Wire - Комплексна жица (составена од повеќе жици) или грејач направен од неа

    Atomizer (Atty, Vaporizer, атомизер, атомајзер, испарувач, распрснувач) - Направата што ја претвора течноста во пареа, демек ја разбива во атоми

    AWG (American Wire Gauge, Gauge) - Систем за означување на дијаметарот на жиците што многу често се користи меѓу вејперите

    Base (база) - Течност за електронски цигари во која нема арома; составена од ПГ, ВГ и никотин, или без некоја од тие компоненти; изразот понекогаш се употребува и за deck

    Battery Sag - Voltage Drop на батеријата при употреба (се гледа/мери во однос на неа)

    Battery Wrap - Обвивката на батеријата што служи како изолатор и што во секое време треба да биде цела и нескината

    Bore - Дијаметарот на некоја дупка; Често се користи за дриптипови, па така имаме Wide Bore Drip Tip (широк) или Narrow Bore Drip Tip (тесен); не мора да се однесува на класата (510/810), туку општо дали е широка или тесна дупката

    Bottom Fill - полнење од долу на атомизерот, при што истиот треба да се одврти од модот

    Break-In Period
    (период на разработување) - Време потребно да помине додека wick-от или setup-от да почне да работи со полн капацитет или да исчезне непријатниот мирис од него

    Build (билд) - Исто што и сетап, направен и монтиран грејач и фитил; чинот на правење сетап

    Bypass (бајпас, премостување) - Режим на работа кај електронски мод при кој се заобиколува/исклучува регулацијата (но не и заштитите) и тој работи како механички мод - дава се` што има батеријата да понуди.

    Cartridge (кертриџ) - Затворен систем на атомизер/глава и резервоар за течност се` во едно; може да се полни, а може и не

    Carto Tank - Атомизер во кој се става картомизер :hay:

    Cartomizer (Cartidge Atomizer, картомизер) - Многу стар систем, затворена долга цевка со апсорбирачки материјал и намотка, претходник на денешните глави и кертриџи

    CDR (Continous Discharge Rating) - Стандардна спецификација на максималната струја на празнење (во ампери) на батеријата при долготрајно празнење

    Chain Vaping (швајсување) - непрекинато пафкање

    Chamber (комора) - Делот од атомизерот во кој се наоѓаат deck-от, post-овите и се разбира build-от

    Chimney (оџак) - Делот од атомизерот што ги поврзува комората и дриптипот.

    Chuff Cap - Горна капа со интегриран дрип тип

    Cigalike - Електронска цигара што личи на аналогна цигара по формата, големината и бојата

    Clapton Wire - Комплексна жица (составена од повеќе жици) или грејач направен од неа; личи на жица од гитара и затоа е наречена според гитаристот Ерик Клептон

    Clearomizer (Clearo, клиромизер, клиро) - Проѕирен атомизер, изразот во пракса се користеше за тенките атомизери со глави, кои кога се појавија беа проѕирни и тоа беше big deal :hay:

    Clone (клон) - Ископиран уред од страна на Кинезите, често со помал квалитет, но секогаш со пониска цена од оригиналниот уред

    Cloud Chasing - Правење големи облаци пареа, секогаш со дробно вејпање

    Coil Head (глава) - Тело со сетап најчесто предвидено за замена кога ќе се „потроши“, но многу од нив можат да се чистат и/или премотаат

    Coil (намотка) - Намотана жица што служи како грејач

    Daily Rotation (дневна ротација) - Менување на атомизери или течности на неколку часа како дел од мерките за борба против вејперски јазик или чисто од мерак :hay:

    Deck - Платформата на атомизерот на која се прави build-от; на неа се постовите, ако ги има

    Delrin (POM, делрин, ПОМ) - Вид пластика релативно отпорна на високи температури и релативно тврда (што не би се рекло според кинескиот квалитет на тоа што го претставуваат како неа :hay:)

    Direct Lung Hit (Direct Lung, Lung Hit, DL, D2L, дробно, белодробно, инџекшн, ајншприц) - Чинот на вдишување пареа директно во белите дробови

    DIY (Do It Yourself, „направи сам“) - Самостојна изработка на манџа (најчесто) или на нешто друго, но посложено од обичен setup

    Drip Tip (DT, дрип тип, дриптип, усник, муштикла) - Врвот на електронската цигара што се става во уста и низ кој вејпаме :hay:

    Dripping (дрипање) - Чинот на накапување течност во RDA; таквите атомизери

    Dry Burn (драј брн, сувогор) - Метод на чистење на грејачот со пуштање струја низ него „на суво“ без манџа за да се изгорат наслагите

    Dry Hit (драј хит) - Несакано и непријатно вејпање од сув грејач на кој нема манџа поради различни причини

    Dual Coil (дупли грејач) - Сетап или глава со два грејачи

    Genisis (неправилно Genesis затоа што името доаѓа од GENIal SImpler Siebdampfer, го измислил Германец, но најчесто се користи неправилното; генезис, џенезис) - Атомизер со wick од mesh (што понекогаш се заменува со друг материјал, како на пример памук, и тогаш тоа се преклопува со RDTA)

    GTA (Genesis Tank Atomizer) - Се користи за атомизери кај кои комората е во средината на танкот, демек како кај genesis-ите; но во овој случај целата комора е потопена во танкот

    High Drain (Hi-Drain, хај дрејн) - батерии што се способни да дадат многу ампери при празнење (имаат висок CDR); повеќето „обични“ 18650 и слични батерии не се такви, односно кај нив за други намени се гледа да имаат што поголем капацитет, а струјата на празнење не е важна; само Hi-Drain се погодни/безбедни за вејпање

    Hybrid (хибрид, хибриден мод, хибриден атомизер) - Комплет или некој дел од него што нема 510 конектор и батеријата е во директен контакт со атомизерот

    ICR, IMR, INR и слични ознаки - Го означуваат типот на 18650 батеријата, односно нејзиниот хемиски состав; меѓутоа, Кинезите ги испомешаа тие ознаки (за сите ги ставаа најбезбедните) и тие веќе не значат ништо паметно

    Juice (e-juice, e-liquid, џус, манџа, чорба, течност за електронски цигари, течност) - Тоа што испарува во атомизерот; нашето гориво, очигледно :hay:

    Kanthal (кантал) - Легура на FeCrAl што најчесто се користи за жица за грејачи

    Kick (кик) - Мал електронски склоп што се става во механички мод за да го претвори во регулиран мод

    Kit (комплет) - Мод + атомизер

    Koh-Gen-Do (когендо, коџендо) - Вид (марка) памук пресуван во облик на плочки, погоден за правење wick

    Lithium-Polymer батерии (Li-Po) - Тип батерии што се користат како вградени во електронските модови (не се вадат/заменуваат)

    Liquid Control (Juice Flow Control) - Регулатор на дотокот на течноста од танкот до грејачот

    Loose MTL (лабаво усно) - Усно вејпање со поотворен airflow

    Mechanical Mod (Mech Mod, Unregulated mod, механички мод, механика, нерегулиран мод) - Мод кој нема регулација и/или заштита, само тело, батерија, копче и 510 конектор

    Mesh (меш) - Метална мрежичка, најчесто од СС, што може да се користи и како грејач и како фитил

    Mod (мод) - Телото во кое се става батеријата и/или електрониката; најчесто е се` друго освен атомизерот

    Mouth to Lung Hit (MTL, M2L, усно) - Чинот на вдишување пареа во устата, па во белите дробови, најсличен на аналогна цигара

    Muji (муџи) - Вид (марка) памук пресуван во облик на плочки, погоден за правење wick

    Ni200 (Nickel, NI, никел, чист никел) - Материјал (жица) за грејачи, само за температурна контрола

    Ni80 (Nichrome, нихром) - Легура на никел и хром што често се користи за жица за грејачи

    Nic Shots (Nicotine Shots, „капки за очи“) - Никотинска база што се продава во мало шишенце поради законски ограничувања во некои земји и се меша со безникотинска база или shortfill за да се добие употребливо количество никотинска база или готова течност

    O-Ring (о-прстен, о-ринг, гумичка) - Најчесто користениот елемент за дихтување меѓу различните компоненти на атомизерот

    One Shot Concetrate - Коктел ароми според некој рецепт што се третира како поединечна арома и само тој се додава во базата место неколку поединечни ароми

    Over Discharge Protection - Заштита на модот да не ја испразниме премногу батеријата, што може да биде штетно по здравјето на литиумските батерии

    Pass-through - Мод со кој може да се вејпа додека му се полни батеријата; таа функција на таквиот мод

    PDR (Pulse Discharge Rating) - Спецификација на максималната струја на празнење (во ампери) на батеријата при кратки пулсирања; Практично секогаш е поголема од CDR, меѓутоа, секој производител ја мери различно и нема стандардизација, па најбезбедно е да ја занемариме и да се водиме според CDR

    PEEK (пик) - Вид термопластика отпорна на високи температури и механички оштетувања; веројатно „најдобрата“ пластика

    Personal Vaporizer (PV) - електронска цигара

    Pod (под, „кларинет“) - Затворен систем на батерија со готови кетриџи за вејпање; најчесто мал, лесен, со слаб throat hit и со правоаголен или друг некружен облик

    Polycarbonate (PC, поликарбонат) - Вид пластика, малку поеластична и поотпорна од акрилот, најчесто мат; се прават танкови од неа

    Post - Столб на кој се поставува сетапот

    Preheat - Предзагревање на грејачот со поголема ватажа од зададената со цел тој побрзо да ја достигне зададената ватажа или температура; најчесто се користи кај комплексни или дебели жици

    Propylene Glycol (propane-1,2-diol, PG, пропилен гликол, ПГ) - Компонента на манџата

    Protected Battery (заштитена батерија) - 18650 батерија со малку електроника во неа со разни заштити; најчесто не е погодна за во регулиран мод затоа што има мал CDR и голема должина (не ја собира во лежиштето); понекогаш може да се користи во механички мод

    Puff (паф, пафкање) - Едно вдишување и издишување на пареа

    Pyrex Glass (пирекс, пајрекс) - Вид боросиликатно стакло со низок коефициент на термичка експанзија, погодно за танкови

    Quartz Glass (кварцно стакло) - Вид стакло со низок коефициент на термичка експанзија и голема отпорност на високи температури, погодно за танкови

    Quenching - потопување загреан метал во ладна вода, како mesh при оксидирање или понекогаш грејач при dry burn

    Random Color - Кај Кинезите нема бирање боја од тој производ, туку ќе ти пратат која им дојде :hay:

    Rayon (рејон, вискозен памук, вискоза) - „Вештачки“ целулозен памук од кој може да се прават wick-ови

    RBA (Rebuildable Atomizer, „со мотање“) - Атомизер што е предвиден за корисникот самостојно да си монтира сетап во него; такви глави

    RDA (Rebuildable Dripping Atomizer, dripper, дрипер) - Атомизер без резервоар во кој накапуваме течност

    RDTA (Rebuildable Dripping Tank Atomizer) - Дрипер монтиран врз резервоар

    Regulated Mod (регулиран мод, електронски мод) - Мод што има електроника со помош на која се регулира волтажата, ватажата или температурата

    Resin (синтетичка смола) - Материјал од кој често се прават телата (страниците) на модовите и има убав изглед, со увртени бои; за Кинезите тоа често значи било која пластика со такви бои :hay:

    Restricted Lung Hit (рестриктивно дробно) - Дробно вејпање со позатворен airflow

    Reverse Polarity Protection - Заштита на модот од обратно ставање на батеријата

    RSA (Rebuildable Squonking Atomizer, Squonking RDA, Bottom Feeding RDA, BF RDA, сквонкер) - Дрипер или понекогаш танк во кој течноста доаѓа низ дупнатиот пин на 510 конекторот

    Semi-Regulated Mod (полурегулиран мод) - Механички мод со една или повеќе заштити (од краток спој, обратен поларитет на батеријата, прекумерно празнење на батеријата), кој сепак работи како механички мод

    Setup (сетап) - Комбинацијата на wick и coil монтирани во RBA или во глава

    Shake'N'Vape (Shake and vape) - Арома или One Shot Concentrate што е подготвена да се вејпа веднаш по миксањето со базата, што значи дека не и` треба steeping; Чинот на таквото миксање

    Short Circuit Protection - Заштита на модот ако настане краток спој во него или ние го направиме на атомизерот - тогаш го прекинува контактот со батеријата за таа да не отиде во thermal runaway или venting

    Shortfill (Short Fill, шортфил) - Веќе смиксана манџа со одреден однос ПГ/ВГ/арома и подготвена во неа само да се стави никотинска база, најчесто капки за очи

    Sick As Tits - Нешто што тукушто сме го добиле и пробале и сме воодушевени и за нас е најдоброто нешто на светот... се` додека не се појави следното :hay:

    Side By Side (SBS) - Мод кај кој атомизерот се монтира странично до батеријата, а не над неа и е најчесто вовлечен во телото.

    Silica (силика, фибер) - Вештачки материјал за wick на кој што може да му се прави и dry burn, но послабо wick-ува :hay: од на пример памук и веќе скоро воопшто не се користи

    Single Coil (единечен грејач) - Сетап или глава со еден грејач

    Spit Back (Spitback, Spit-Back, спитбек) - силно прскање манџа од грејачот при работа, често дури и до устата на вејперот

    Spitback Protection (Spitback Shield) - Бариера против spitback-от, најчесто вградена во top cap-от или drip tip-от

    Squonking Mod (Bottom Feeder, BF Mod, исто сквонкер) - Мод со дупнат пин на 510 конекторот и шишенце со чие стискање ја потеруваме течноста во squonking RDA-то)

    Squonking (Bottom Feeding) - Чинот на стискањето на шишенцето во сквонкерот, како и враќањето на вишокот течност во него; таквите атомизери или модови

    SS (Stainless Steel, нерѓосувачки челик, инокс, СС) - Материјал за жици, атомизери и модови

    Starter Kit (почетнички комплет) - Во него (би требало да) има се` што е потребно за вејпинг, освен можеби потрошни делови (глави и/или течност); не мора да значи дека е само за почетници

    Steeping - „Зреење“ на манџата со нејзино одлежување извесно време на темно место, при што се „развива“ вкусот и се спојуваат состојките

    Step-Down Converter (Buck Converter) - Електронско коло (дел од регулираните модови) што го спушта напонот од батеријата (на својот излез дава понизок напон одошто на влезот)

    Step-Up Converter (Boost Converter) - Електронско коло (дел од регулираните модови) што го крева напонот од батеријата (на својот излез дава повисок напон одошто на влезот)

    Sub Ohm (сабом) - Грејач на кој отпорноста му е помала од 1 ом; таквиот сетап или атомизер

    Tank (танк, тенк, резервоар) - Резервоарчето (делот од атомизерот) што ја држи течноста); целиот атомизер кога се сака да се нагласи дека има резервоар

    TCR (Temperature Coefficient of Resistance) - Коефициент (бројка) што опишува како се менува отпорноста на жицата со менување на температурата; се користи при температурна контрола

    Temperature Control (температурна контрола) - Ограничување на температурата на грејачот со помош на електроника и жица од погоден материјал за таа да не ја надмине зададената вредност

    TFR (Temperature Factors of Resistance) - Низа TCR-ови што може попрецизно да го опише однесувањето на жицата при различни температури; може да биде во облик на низа бројки, табела или графикон

    Thermal Runaway - Критична хемиска реакција во батеријата и причина за venting; веќе е помината точката кога може да се контролира или спречи

    Throat Hit (TH, удар во грло) - Чувството на грлото што се добива при вејпање; многу слично како гребење во грло, но не е сосема исто

    Titanium (TI, TI1, титан, титаниум) - Материјал (жица) за грејачи, само за температурна контрола

    Top Cap (горна капа) - Горниот поклопец на атомизерот

    Top Fill - Полнење од горе на атомизерот преку горната капа

    Twisted Wire (увртена жица, уплетена жица) - Две жици увртени една со друга (силно) со кои потоа се прави грејач

    Ultem (PEI, ултем, алтем) - Вид термопластика, слична на PEEK, со малку послаба термичка и механичка отпорност од неа

    Vaper (вејпер, корисник на електронска цигара) - Лице што вејпа

    Vaper's Tongue (вејперски јазик) - Затапување на сетилото за вкус, при што вејперот не ја чувствува или слабо ја чувствува аромата на манџата

    Vaping (вејпинг, вејп, вејпање, парење) - Чинот на вдишување пареа од атомизер

    Variable Voltage - Регулирање на волтажата на модот; таков мод

    Variable Wattage - Регулирање на ватажата на модот; таков мод

    Vegetable Glycerin (VG, растителен глицерин, ВГ) - Компонента на манџата

    Vent Hole(s) (дупки за вентилирање) - Отвори на модот за излез на гасовите во случај на venting на батеријата; ако ги нема, тогаш е бомба

    Venting (вентилирање) на батерија - Испуштање гасови или искри од батеријата при краток спој или екстремно прегревање

    Voltage Drop (пад на напон) - намалување на напонот при употреба поради загуби во контактните точки насекаде во батеријата, модот, атомизерот, грејачот и меѓу нив; Поважен е кај механичките модови и таму се мери/разгледува; Регулираните модови можат во голема мерка да го надоместат

    Vooping - вејпање на WC шоља :hay: (vaping + pooping)

    Wick (фитил) - Материјалот што ја доведува течноста до грејачот; чинот на тоа доведување, „влечење“ течност; опис колку добро материјалот го прави тоа

    Wrap (круг, навивка) - Едно завртување на жицата на coil-от

    Аналогна цигара - Класична цигара со тутун

    Гаќи (sleeve, silicone sleeve) - Футрола/навлака за модот

    Грејач - Грејниот елемент, очигледно; може да биде coil и во поново време mesh
     
    На ТАТА_МАТА, Tom Ford, viktoraleks и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Скратеници за производители и продавници на ароми што често се среќаваат во рецептите

    FA - Flavour Art
    FW - Flavor West
    IW - Inawera
    LA - LorAnn Oils
    M4S - Mental4Smoke
    RL - Ritchy Liqua
    TDM - Tino D'Milano (Inawera)
    TEF - The Eliquid Factory
    TFA - The Flavor Apprentice (дел од TPA)
    TPA - The Parfumers Apprentice
    WG - Wera Garden (Inawera)

    -----

    AL - Atmos Lab
    AV/BM – Azure Vaping/BlueMist (same company)
    BF - Baker's Flavors
    BFD - Bickford
    CAP – Capella
    CG - Crave Gourmet
    CK - Country Kitchen
    CT – Chinese Tobacco
    CW - Cupcake World
    DKS - DKS Aromatics
    DV – Decadent Vapours
    DSV – Dark Side Vapor
    ECX – ecigExpress (uses TPA/TFA for signature line)
    EGFD – Ella’s Gournet Flavor Drops (highly concentrated Capella)
    ESS - Essence Flavor Concentrates
    FA – Flavour Art (concentrated or condensed depending on supplier, check ingredients for specifics)
    Fa/PA/TPA/TFA – The Perfumer’s Apprentice/The Flavor Apprentice (TFA is now being sold as Fa)
    FE – Fruit and/or Flavor Express (ecigexpress)
    FF – Flavor Fog
    FVH - Flavorah
    GF - German Flavours (germanflavours.de or vaperstek)
    GP – Good Prophets
    FW – Flavor West
    HC – Health Cabin
    HS - Hangsen
    HV - Heartland Vapes
    INA/INW – Inawera
    JF – Jungle Flavorz
    LA – LorAnn
    LAN – LorAnn Naturals
    LB - Liquid Barn
    LF – Liberty Flights
    LQA - Liqua
    M&B - Marsden and Bathe
    M&P - Mom and Pop's
    MBV – Mount Baker Vapor
    MFO - Medicine Flower Organic
    MFS – My Freedom Smoke
    MJ - Mama J's
    MOL - Molinberry
    MVJ - My Vape Juice
    NF – Nature’s Flavors
    NM – Nielsen Massey
    NN – Nude Nicotine
    NV - NicVape
    101/OoO - One on One
    ON - Olive Nation
    OS - One Stop DIY Shop Flavors
    SCE - Silver Cloud Estates
    SB - Spice Barn
    SM – Seedman
    SVE - Silver Cloud Estates
    TF - Taste Flavor Company
    TD - Tino D'Milano (Inawera)
    TE – Tobacco Express (ecigexpress)
    TP – Tasty Puff
    TW – Totally Wicked
    VR - Vapor Renew
    VS - Vapor Shots
    VZ/VZ SC- Vaping Zone/Vaping Zone Super-Concentrated (Some are from Baker’s, Russian Company)
    WG - Wera Garden (Inawera)
    W2V - Want2Vape

    Misc. DIY Abbreviations

    AP - Acetyl Pyrazine
    ACV - Apple Cider Vinegar
    CP - Crock Pot
    EM - Ethyl Maltol
    NET - Naturally Extracted Tobacco
    PG - Propylene Glycol
    PGA - Pure Grain Alcohol
    SC - Slow Cooker
    UC - Ultrasonic Cleaner
    TA - Tobacco Absolute
    VG - Vegetable Glycerin
    WTA - Whole Tobacco Alkaloid


    (дрпнато од различни форуми)
     
    На Tom Ford, viktoraleks, Sharlovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  3. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    417
    774
    15 Март 2016
    Машко
    Уште вчера сакав да пишам ама викам ај да не ја грдам темата, ама денес пак ја отворив, ја читам и си викам не можам да не речам браво и благодарам! (модератори слободно може да го избришете постов како што реков да не ја грди темата)
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Фала, ако има потреба да се качат некои мислења погоре во иднина, ќе го бришам или узурпирам тој пост. :hay:

    [ резервирано ]
     
    На fis1976 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,138
    11,131
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    [ резервирано ]
     

Сподели

Вчитување...