1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Батерии - 18650 и други

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 15 Декември 2017.

  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Во оваа тема се дискутира за батериите кои се користат во електронските цигари, односно „влошките“ кои се ставаат во модовите и изгледаат вака:

    vtc5.jpg

    Најчесто се користат литиум-јонски 18650 батерии, но во последно време на популарност добиваат и другите (поголемите).

    Главен извор на податоци ни е тестерот Battery Mooch (неговиот Youtube канал), кој редовно спроведува многу ригорозни тестови на повеќето батерии што ги има на пазарот, под услови што соодветствуваат на нашите потреби (високи струи на празнење). Планирам да го апдејтувам овој прв пост со сите негови нови табели што ќе се појавуваат.

    Релевантен список на препорачани батерии од сите големини за РЕГУЛИРАНИ модови (ако имаат копчиња за горе/долу, дисплеј и слично; најчесто ги користиме нив):

    Regulirani.jpeg

    Релевантен список на препорачани батерии од сите големини за МЕХАНИЧКИ модови (без заштити и/или регулација, ептен високи ампери, но релативно мал капацитет):

    Mehanicki.jpeg

    Силно се препорачува да се користат само овие батерии од горните две слики поради безбедност. Тие за механички модови слободно можат (и препорачливо е) да се користат во регулирани, додека обратното не важи.

    Најсвежите тестови на повеќето 18650 батерии од Муч:

    [​IMG]

    За референца ги оставам старите слики затоа што има податоци за многу други батерии, иако може да се застарени (производителите го смениле составот или препродавачите го смениле изворот):

    *Edit [20.01.2018]: Mooch прави ретестирања и ги повлече табелите па ги врати. Препорачува секогаш да се бараат најновите информации од неговиот блог.

    Ова е неговата најнова кратка листа на најдобри/препорачани батерии за вејпинг во неколку најкористени големини:

    [​IMG]

    Старите табели се` уште важат, а имаат многу повеќе податоци:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Табелата за 18350 ја тргна затоа што тестирањата му биле стари и планира да прави нови, но нека седи:

    [​IMG]

    Еве ја и новата:

    [​IMG]

    -----

    Друг извор може да биде табелата што ја состави колегата @ARMac и која му стои во потпис: Google Docs.

    -----

    Трет извор на податоци за батериите од различни големини и производители може да е AccuDB. Тоа е независен сајт (организација или човек) што тестира батерии и според табелата можат со еден поглед да се најдат неколкуте најважни податоци што ни требаат. Има и ретки батерии што не можат да се најдат кај Муч, како и такви што не се наменети за вејпинг, туку на пример за батериски светилки и слично. Само на германски е (засега?) но лесно се разбира од табелата. Таа може и да се сортира по колони.

    -----

    Четврти извор на податоци (а за мене втор по веродостојност по Муч затоа што баткава прави многу тестирања, иако порано беше повеќе настроен за батериски светилки) е овој. Малку (многу) е комплицирана табеалата со многу колони, но верувам дека кога би ми затребала и би ја научил, би ми била многу корисна.

    -----

    Слободно секаква дискусија за батериите овде, засега и за полначите, понатаму можеби ќе отвориме посебна тема за нив.
     
    На zdrnik, gokica, Lokvan и уште 16 други им се допаѓа ова.
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    [ резервирано ]

    (каде да се набават и препораки)

    {За прва помош, привремено може да се прочита во оваа тема, каде што се наведени двата најдостапни начини за нас (од кој едниот е скап). Трет би бил од Алиекспрес, каде што врие од фалсификати}.
     
    Skopski4Ever, krema, psyside и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Предупредување да не се користат оштетени батерии, овие имаат поинаков хемиски состав од АА батерии и лесно можат да експлодираат. Исто така, да не се мешаат различни батерии во модови што примаат повеќе од една.

    [​IMG]
     
    На ТАТА_МАТА, Skopski4Ever, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Мучот отвори свој Youtube канал. Првото видео му е интересно (барем за мене) и очекувам уште многу такви.

    (Ставено во првиот пост).
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,531
    2,299
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    ооо гуру па ти си ја освежил темата со најдобриот и најобјективен избор на чичко Муч досега, што се однесува до 18650.
    Кој е за високи ватажи слободно да си зима од 25R, батериите се феноменални ем евтини, без разлика што се 2500mAh, се понашаат ко да се 3500, особено за МТЛ под 20 вати. :)

    Пријатно сум изненаден од нив. :)
     
    Chicco69, krema, Sharlovski и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    889
    1,984
    28 Јануари 2017
    Машко
    Тој шо е за купвење батерии, немојте на вакво нешто да се залетате бидејќи овие се на фејкот фејк. Како шо пишува и погоре, не постојат батерии погодни за вејпање 18650 шо имаат поголема од 3000 mah а овие пак наведени 4800 со 9000, ни во елетрик не би ги ставил. Ни срам ни перде, ги заболе дали на некој ќе му напрет беља или не.
     
    bicikle, Metuzalem, Chicco69 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,802
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    9000mAh lol акумулатор за сканиа
     
    На bicikle и Ace Lud им се допаѓа ова.
  8. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    889
    1,984
    28 Јануари 2017
    Машко
    По краток разговор со Васиљ шо ги продава батерииве, по прашање колку ампери се, ми рече дека немал време да се замарат со мене и да си ги гледам јаболката (пошто виде од Ресен сум)
    Вистина ми падна тешко дека имам уште 50 тона и не ми се продадени.
     
    На ARMac, Lokvan, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    889
    1,984
    28 Јануари 2017
    Машко
    Чисто да се надоврзам на муабетов, не било за џабе јадењето јаболка, го смени огласот во батерии за електронски уреди :)


    2018-02-17_08h37_00.png
     
    bicikle, Metuzalem и на ARMac им се допаѓа ова.
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,802
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    На АлиЕкспрес LiitoKala имаат официјална продавница.

    Она што сум го слушнал (прочитал) порано е дека овој производител ги препакува батериите од познати производители во ЛитоКала пакување. Дали некој има мерено или нашол потврда дека ова е стварно така.


    На пример за
    NCR18650-35E

    Brand Name: LiiitoKala (Built-in Samsung battery)
    Model: Lii-35A(For 3500E)
    Type: Li-Ion 18650
    Nominal Capacity: 3500mah(3300-3500mah)
    Nominal Voltage: 3.7V
    Weight: 47g±1g
    Rechargeable Battery: Yes
    Rechargeable Times: Up to 500 times
    internal resistance: ≤38mΩ
    Limited Charge Voltage: 4.2v
    Working Voltage: 2.75-4.2V
    Size: 65.5mm x 18.5mm (Diameter)
    Place of Origin: China HongKong

    и слични спецификации на нивната страна LG 18650 battery-Liitokala 官网

    LiitoKala INR26650-50A comfirms its 20+A continuous claims (HKJ REVIEWED!)

    [​IMG]
     
  11. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не гледам зошто би лажеле, особено затоа што се скапички и со скап шипинг. Би им верувал колку и на другите Кинези, можеби малку (ама ептен малку) повеќе затоа што е демек некое име. Значи, севкупно, не премногу. :hay:

    А за 26550-ките бев ептен попален да ги земам, но ми излегоа Ijoy-ките, па овие не стигнаа на ред додека да го укинат шипингот за батерии од GearBest и/или Fasttech.
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  12. krema

    krema
    Professor

    8,603
    8,342
    24 Јуни 2009
    Машко
    А добро, има ли некоја најава повторно да испорачуваат батерии, мислам на GB FT и остали кинези, или можеби оваквата ситуација ќе се растрга до недоглед!?
    Се` поретки се поштенските компании кои не прават проблем во својат товар да имаат литиумски батерии.
    Инаку литокала полека по полека се издигнува како бренд :)
     
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не сум чул за најава дека ќе се смени ситуацијата. СнаЏи се па живи. :hay:
     
  14. krema

    krema
    Professor

    8,603
    8,342
    24 Јуни 2009
    Машко
    Абе имам алергија од nkon :D
     
  15. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,496
    702
    3 Март 2018
    Liitokala што се полнач/банка ти бива? Иамаат и за капацитет?
     
  16. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    За Lii-500 пишував неколку пати во темата, супер задоволен сум.

    Има за мерење капацитет, и колку наполнил при обично полнење и два долги теста со полнење и празнење.

    Мерењето на внатрешната отпорност му е непрецизно и неупотребливо, како и на повеќето евтини уреди.

    Полнам на него повеќе од година секој ден и немало утка.

    За другите модели не знам.
     
    Lokvan, Sharlovski и на bicikle им се допаѓа ова.
  17. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,496
    702
    3 Март 2018
    А може и како банка да се користи ? За зорт, за аман, инаку не би требало да го користам како банка.
     
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Може, само имаше ситница што го спречуваше да се користи како УПС - ако снема струја, автоматски да префрли на батерии. Тогаш ќе беше совршен. Но и вака си работи како обична банка.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,496
    702
    3 Март 2018
    Не мора толку лагодности, и рачно да го префрлам ќе бидам среќен :) Тоа каки банка епте ретко, кај ќе носам циглав џеб :)
     
  20. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    889
    1,984
    28 Јануари 2017
    Машко
    Според Муч, Самсунг извадија по добри батерии (24S) од Сони кои се сметаа за најдобри до сега ако ја исклучиме цената. Ако не се искурназат и ја задржат истата цена, ќе знаеме што да пазариме без двоумење барем тие што сме на по голема ватажа.
     
    gokica, krema и на Lokvan им се допаѓа ова.
  21. skopje_mkd

    skopje_mkd
    Gaining Experience

    250
    143
    5 Февруари 2016
    кај да се најдат 18650 кај нас во македонија ...

    гледам горе има табела незнам за челна ламба кои би биле најдобри ... ако има некој користено да даде предлог дека купив од пазар за 100 денари батерија катастрофа ....
     
    Изменето од модератор: 22 Мај 2018
  22. krema

    krema
    Professor

    8,603
    8,342
    24 Јуни 2009
    Машко
    Во умрела имаат аваст ако не се лажам.
     
  23. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,023
    10,883
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @skopje_mkd Батериските лампи, колку што знам, влечат до 3 ампери (барем просечните), така што буквално секоја од табелата би ти одговарала. Гледаш само да има што повеќе mAh-ови за подолго траење. На пример, првите две од првата колона, High Capacity 18650. Може и другите од таа колона, иако се overkill.

    За таа намена, веројатно можат и тие од огласи, но сепак би бил многу претпазлив за нив, како што си видел. Најмал проблем е што лажат со капацитетот (не мора нашите да лажат, така ги добиле), туку што најлошите кинески фалсификати се небезбедни.

    Постојат омоти (последната слика) за скоро сите познати батерии, а фалсификаторите (во Кина тоа не е толку морално проблематично) имаат и други методи.

    @krema Мислам дека аваст нема да му помогне премногу. :innocent:
     
    skopje_mkd, gokica и на krema им се допаѓа ова.
  24. lumixoid

    lumixoid
    Gaining Experience

    114
    127
    22 Септември 2008
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  25. krema

    krema
    Professor

    8,603
    8,342
    24 Јуни 2009
    Машко
    Па и не знам некој друг во МК да продава вакви батерии а да не се чкарт, а за гафот никој не ми е криФ :D Avatar требаше да биде. :)
     
    На gokica и Metuzalem им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...