• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

eBay лансираше веб-страница за микро заеми

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Интернет продажниот гигант eBay пушти во употреба веб - страница за да им овозможи на луѓето да инвестираат во претпријатија во сиромашни заедници ширум светот и да си ги повратат нивните пари.
- Слично како микрофинансиските организации кои даваат заеми без камати на луѓето во земјите во развој, Microplace.com на инвеститорите им нуди профит за финансирање на луѓето за да изградат подобар живот, изјави основачот Трејси Тарнер.
- Всушност вие инвестирате во светската сиромаштија и за првпат инвестицијата се враќа. Можете да го земете профитот и да инвестирате во повеќе луѓе во виртуелниот круг, изјави Тарнер.
Нејзината визија за MicroPlace започна да се раѓа во 2005 година, откако таа живеела некое време со едно семејство во Кенија кое го сочинувале самохрана мајка и нејзините три деца. Кенијката купил машина за шиење со 100 долари што ги позајмила и почнала мал домашен бизнис за училишни униформи за локалните деца.
Жената го отплатила долгот и успеала да испрати еден од нејзините синови на колеџ во САД.
Посетителите на веб-страницата можат да ги бараат инвеститорите по земја, гледајќи слики на луѓе кои бараат заеми и пишуваат за нивните бизнис цели.
MicroPlace ги поврзува инвеститорите со микрофинансиските организации во повеќе земји и ја проверува нивната легитимност.
Извор:СИТЕЛ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,571
Мислења
823,625
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно