Е-Данок?

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,436
1,566
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Таму каде што работам нема, објаснив претходно, фактура може да добие купувачот, нема поента компанијата мене да ми издава фактура, ниту е возможно. Таков е системот, компанијата е од САД и работи долги години.
Инаку, замисли работам со приватно лице за приватна услуга, ми плаќа преку Payoneer. Каква фактура или друг документ да биде приложен тука ? :) А сосема е легитимно да се добијат финансиски средства од физичко лице преку Payoneer. Истото важи и за обичен трансфер банка-банка, не постојат фактури или било што слично во таков случај. Единствено човек може опис да даде и ќе биде на 'жими мајка', нема формални документи кои можат да бидат прикачени, ниту можам да поверувам дека е тоа задолжително. Исто како и со примерот со фирмата од Австралија, никаков документ не ми беше побаран од НЛБ.

П.С.
Не се карам, само дискутирам :)

Убаво што Билјана се појави пред да појдам кај професионалецов на дотичната тема, бидејќи ова никој претходно не го споменал (referring to this - Е-Данок? ), а гледам е сопка од самата банка. Кај нас како да не постои термин фриленсер, се мора да е со договор за дело, за авторски права, за хонорар... не работат така глобалниве платформи, нема договори, нема фактури (освен таму каде што има), примаш пари и плаќаш данок и тоа е тоа, не разбирам по кој основ НЛБ бара документ со податоци кои можат да бидат и трговска тајна.
Не бе какво расправање :) Фактурите ми ги бараат секогаш клиентите заради нивно сметководство (значи уште пред јас да им побарам за да прикажувам во УЈП). Инаку правно гледано ми нема поента баш затоа што физичко лице кај нас не може да издава фактура, башка што фактурата нема ни потпис ни печат (единствено што сум ја пратил преку мејл па можеби тоа има некаква важност...).
А можеби си во право, мене никој од УЈП не ми барал фактура да прикажувам, јас им праќам пошто така ми има кажано пријател а и онака веќе ги имам пошто им ги праќам на клиентите на нивно барање. Можеби е доволно извод од транскацијата од банка за УЈП. Не знам, не тврдам ништо :)
 
NENO19

Gaining Experience
30 јануари 2011
69
51
По основ на закон за банки, девизни работење и упатство од НБРСМ за девизно работење и распоред на девизни дознаки (приливи/одливи).

Sent from Телефон using Tapatalk
Сакаш да кажеш Законот не покрива модерен тренд како фриленсер ? Ауу, ужас Закон.

Еве тебе истото прашање - Замисли работам со физичко лице за некоја услуга, ми плаќа преку Payoneer. Каква фактура или друг документ да биде приложен тука ? Што вели Законот ?
Што со тие што вршат стотици продажби месечно, зарем треба засебно фактури или било каков друг документ ? Ако е за некаков извештај како што напоменав и претходно (пдф од дашборд на пајонир корисничката сметка), тоа нема никаква валидна вредност, исто како скриншот да сум им пратил, ни печат ни параф ни ништо нема за да потврди дека е валиден документ од валиден ентитет со валидни немодифицирани податоци.

Банка не може да форсира да дадеш документ кој не постои, нешто смрди овде.
 
Последна промена:

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,783
3,123

Прочитај законите ќе ти се разјасни за кај нас. Дали се или не аутдејтед друг муабет.
Хинт: не ги заболе за твоето фриленсерство. Документирај како си дошол до парите. Излажи ако сакаш. Напиши ф-ра рачно. Важно приложи документ. Си има и зашто бараат и што значи сѐ.

Инаку според законите кај нас и за физичко на физичко услуга, ДА треба да издадеш документ, дури и овде кај нас и тоа да го пријавиш у УЈП.

Ако сервисот што го користиш не ти дава некој докуме т, сам ќе си направиш. Ако треба на лист хартија.

Никаде (освен исклучоци у африка) не може тек така да летаат пари без трага, како на филмовите или како мали џокица замишља фриленсинг. Инаку перење пари, избегнување даноци, финансирање нелегални активности,... Како би се контролирале ?

Sent from Телефон using Tapatalk
 
NENO19

Gaining Experience
30 јануари 2011
69
51
Документ не постои по дифолт односно не е достапен за продавачи, како да приложам документ тогаш ? Под претпоставка дека "извештај" за трансакции од пајонир/фивер/итн не е валиден документ.

Али ако пишување фактура рачно е доволно... жити контролата на перење пари и се друго што наведе, исто како да ја нема.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,783
3,123
И само да дополам. Банка не ти бара да докажеш, него само да покажеш документ со кој ќе го оправдаш приливот пристигнат по шифра интернационална за комерцијално работење. Докажување ако има потреба ќе го правиш прее други институции.

На пример ако чиче од Австралска ти прати поклон пари, друга шифра е, и нормално нема да треба да доставуваш фактура. Туку ќе потпишеш изјава у банка дека прифаќаш подарок. Е ако е чиче онда тоа е второ колено и по наш закон треба да пријавиш исто и да те оданочат.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,783
3,123
Документ не постои по дифолт односно не е достапен за продавачи, како да приложам документ тогаш ? Под претпоставка дека "извештај" за трансакции од пајонир/фивер/итн не е валиден документ.

Али ако пишување фактура рачно е доволно... жити контролата на перење пари и се друго што наведе, исто како да ја нема.

Банка не контролира, само помага у собирање податоци. Контролата и докажувањето ќе го правиш со други институции ако треба.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
NENO19

Gaining Experience
30 јануари 2011
69
51
Неделава ќе прашам на релевантно место каде што треба и ќе споделам одговор со вас како ми било кажано да правам, а имам и близок пријател раководител на НЛБ експозитура е, со него отпосле разговор. Па можеби инфото на некој ќе му помогне. Поздрав.
 
chroot

Intern
12 ноември 2021
8
16
Здраво на сите

Каков документ докажува потекло на пари?

Од поодамна немам работено на интернет, и сега се вратив. На три сајтови сум upwork, pph и redbubble. Пробно пуштив нешто ситно од pph на payoneer а имам редовен клиент на upwork и продажби на redbubble и имам за земање.
Е сега картичката payoneer истечена, ги симнав во НЛБ на доларска тие пробните стигнаа $35, треба да однесам документ договор во банка. Дали знае некој што да им однесам?
А јас би сакала да ги симнувам на банка и да плаќам данок, ама ајде upwork се проекти со клиенти. Redbubble e print on demand, нема ни клиент.

Јас збунета, :) помагајте

Ќе симнеш од Пејонир извод за трансакцијата кон НЛБ. На самата трансакција има знакче, не го памтам како изгледаше/се викаше, кликашна него и ти дава детали дека ти си пуштила пари од Пејонир кон твоја сметка од НЛБ. Тоа е доволно за да се прокнижи во НЛБ.
 
biljana_mk

Intern
21 ноември 2021
5
1
Ќе симнеш од Пејонир извод за трансакцијата кон НЛБ. На самата трансакција има знакче, не го памтам како изгледаше/се викаше, кликашна него и ти дава детали дека ти си пуштила пари од Пејонир кон твоја сметка од НЛБ. Тоа е доволно за да се прокнижи во НЛБ

Фала, ќе видам, немам време да пишувам ама ќе се навратам да кажам дали се поврзав успешно, баш ќе е добро од телефон пријавуваш плаќаш данок, мир во куќа
 
NENO19

Gaining Experience
30 јануари 2011
69
51
Бев денес во консалтинг фирма, па резиме од кажаното. (Одговорноста секако си останува ваша, ова не е правен совет)

Ако добиеш пари од Payoneer, на НЛБ треба да прикачиш документ од Payoneer во врска со трансакцијата, не од трета страна (фактура од Upwork да речеме). Иако ми остана мисла од еден член претходно што истакна дека вади од картичка, не влече на банкарска, а си плаќа данок. Во тој случај праќачот е третата страна (пр. Upwork) но УЈП нема како да провери и потврди бидејќи парите не легнале во наш систем, освен ако не си предмет на истрага секако... Исто така трошоци за работење (споменав outsource и самиот претходно) слободно од средствата на Payoneer да се трошат, нема поента данок да плаќате за нешто што е расход во работењето, а за која сума се очекува и дотичниот што го користите за outsource потоа и самиот да си плати данок за истата. Секако ако еден ден му фатите око некому... нема да ви помине трошокот за, не знам, патики од $400 што сте ги потрошиле, лесно се докажува каде се трошеле парите. А потоа она што ќе ви остане, на наша банкарска сметка, при распределба прикачете само било каков извештај од Payoneer во врска со трансакцијата кон вашата банкарска сметка (Се препорачува да го содржи вашето име во него ! ). Потоа следи ова - Е-Данок? , при што јас напишав нешто друго околу одбитоците (т-ци за работење, доколку ги имате). И ми беше кажано во теорија не мора секој месец да пријавувам, ако имате мала сума а големи трошоци за трансфер па не се исплати - како на пример повлечете $50 заработени а Payoneer вели минимум $15 за трансфер, јбг, нека се соберат доволно и на крај по 2-3 месеци ќе платите данок за се. За минијатурни суми никој не прави проблем. А самата обврска за плаќање данок се креира моментот кога ќе ви бидат 'cleared' средствата на платформата (пример, Upwork).

Многу злоупотреби се правеле и од компании, вклучително и со крипто-валути, и институциите биле запознати со се, а ќе дошол скоро ден кога ќе мора да бидеме налик EU држава, така да плаќајте си даноци и тоа е тоа. Да не се случи Србија и кај нас.
 
Blagojcebt

Gaining Experience
1 септември 2009
135
50

Што се случи во Србија ?
Се уште нема ништо од тоа, оданочени се само парите испратени на банкарска сметка.

Мислам дека само можат да ја блокираат картичката и да си форсиран да испраќаш на банка ( нешто што се случи во Русија пред некој месец)
 
Zbunet

Intern
22 февруари 2021
9
5
Бев денес во консалтинг фирма, па резиме од кажаното. (Одговорноста секако си останува ваша, ова не е правен совет)

Ако добиеш пари од Payoneer, на НЛБ треба да прикачиш документ од Payoneer во врска со трансакцијата, не од трета страна (фактура од Upwork да речеме). Иако ми остана мисла од еден член претходно што истакна дека вади од картичка, не влече на банкарска, а си плаќа данок. Во тој случај праќачот е третата страна (пр. Upwork) но УЈП нема како да провери и потврди бидејќи парите не легнале во наш систем, освен ако не си предмет на истрага секако... Исто така трошоци за работење (споменав outsource и самиот претходно) слободно од средствата на Payoneer да се трошат, нема поента данок да плаќате за нешто што е расход во работењето, а за која сума се очекува и дотичниот што го користите за outsource потоа и самиот да си плати данок за истата. Секако ако еден ден му фатите око некому... нема да ви помине трошокот за, не знам, патики од $400 што сте ги потрошиле, лесно се докажува каде се трошеле парите. А потоа она што ќе ви остане, на наша банкарска сметка, при распределба прикачете само било каков извештај од Payoneer во врска со трансакцијата кон вашата банкарска сметка (Се препорачува да го содржи вашето име во него ! ). Потоа следи ова - Е-Данок? , при што јас напишав нешто друго околу одбитоците (т-ци за работење, доколку ги имате). И ми беше кажано во теорија не мора секој месец да пријавувам, ако имате мала сума а големи трошоци за трансфер па не се исплати - како на пример повлечете $50 заработени а Payoneer вели минимум $15 за трансфер, јбг, нека се соберат доволно и на крај по 2-3 месеци ќе платите данок за се. За минијатурни суми никој не прави проблем. А самата обврска за плаќање данок се креира моментот кога ќе ви бидат 'cleared' средствата на платформата (пример, Upwork).

Многу злоупотреби се правеле и од компании, вклучително и со крипто-валути, и институциите биле запознати со се, а ќе дошол скоро ден кога ќе мора да бидеме налик EU држава, така да плаќајте си даноци и тоа е тоа. Да не се случи Србија и кај нас.
Ова баш мене ме интересираше , јас го користам Пајонеер подолго време од кога немаше опција за префрлување на банка. Е сега сакам од нова година се да префрлувам на мкд сметка ( да бидам полегален - ептен фама се крева околу), проблемот е што 40-50% од парите што ги примам не се за мене ( ги префрлувам на други Пајо корисници , outsourcing , купувам теми , плугини , хостинзи итн итн ) и "профитот" го вадев со картичката ( сега со банка) , Ме интересира дали треба да пријавувам данок на сите пари , или само на профитот ( мојот дел) за после кога УЈП ќе ги добие листите со трансакции од акаутите :) да немам проблем
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,021
Мислења
870,304
Членови
30,356
Најнов член
JanaTrpkovska1
На врв Дно