1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Е-бизнис, кој платежен систем?

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од FATAL ERROR !, 4 Април 2014.

  1. FATAL ERROR !

    FATAL ERROR !
    Баниран/a

    579
    269
    24 Август 2011
    Се изреволтирав од некои теми на форумов, има доста пишувано за платежен онлајн систем, НО сите на латинична подршка! фак, очи ми испаднаа, па ќе си отворам тема...

    Мал избор има во Македонија за ваков платежен систем, кој ќе оди онлајн, во план сум да отворам страничка, на која ќе има одредени производи.

    Моментално ги собирам потребните ресурси за почнување, па застанав до платежниот систем.

    Саат време на cpay.com.mk барав контакт и копче за регистрација, НЕ најдов.
    А и според дизајнот, луѓево ми изгледаат многу непрофесионално.

    Муабетов ми беше, странава што ќе ја правам ќе биде на државно ниво, значи нема да се продава надвор од границиве на државава.

    Тутунска банка имаат онлајн платежен систем т.е. e-comerce, бев кај нив во експозитура, но има некои предуслови кој треба да ги исполнам. Како прво ми треба фирма, нивниот платежен систем неможел да се одобри на физичко лице, мислам дека и во другите банки е овој најважен предуслов.

    Наидов на cpay, но кај нив на страната нема тотално никакви подетални информации што ќе ми бидат од корист.

    Мене ми треба платежен систем што ќе работи на сите картички што се издаваат во Македонија, е сега имам опција и со 2checkout но го немам користено и незнам дали прифаќа картички од Македонија, дали при плаќање ќе бара акаунт кај нив и слично.
    Несакам да биде со акаунт и слични глупости, потребен систем ми е некој сличен како што го имплементираат cpay, внесуваш број на картичка, име/презиме, ccv и толку.

    Која солуција е најдобра за овде во Македонија како физичко лице да имплементирам ваков платежен систем?
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,326
    24,913
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    На Dinamit и FATAL ERROR ! им се допаѓа ова.
  3. FATAL ERROR !

    FATAL ERROR !
    Баниран/a

    579
    269
    24 Август 2011
    Им пишав мејл, но дали ти знаеш кои се условите за соработка и сл, како провизии и тн..
     
  4. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,804
    1,559
    22 oктомври 2012
    Машко
    И за cPay (CaSys) мислам дека ти треба фирма...
    Тоа е уствари cPay... :)
     
    На bobmkd и FATAL ERROR ! им се допаѓа ова.
  5. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    350
    236
    24 oктомври 2010
    Машко
    За сите платежни услуги во Македонија треба фирма. И Casys и ХалкБанк, Унибанка и Тутунска. Друга опција ти е 2Checkout, WorldPay и слично. Сите прифаќаат VISA i Mastercard но не и Maestro. Како и да е ќе прифаќа македонски картички. Од друга страна незнам некоја друга македонска страна освен Grouper што има онлајн плаќање работи профитабилно.
    Ова е мејл што ми го пратија Casys пред една година отприлика

     
    На FATAL ERROR ! му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FATAL ERROR !

    FATAL ERROR !
    Баниран/a

    579
    269
    24 Август 2011
    Благодарам на брзите одговори, може да се затвори темава, или да се продолжи дискусија околу оваа тема.
     
  7. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    153
    77
    1 Декември 2010
    Машко
    Може да го поставиш документот/објаснувањето за да видеме подетално како оди трансакцијата ?
     
  8. FATAL ERROR !

    FATAL ERROR !
    Баниран/a

    579
    269
    24 Август 2011
    Еве го документот, и мене истото ми го вратија...
     

    Прикачени датотеки:

    На P.Overdrive и alex-st им се допаѓа ова.
  9. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    153
    77
    1 Декември 2010
    Машко

    Благодарам :) Веќе ги исконтактирав јас и мене ми го пратија истово, сепак ова се многу малку податоци за да пример се испрограмира модул за наплата за одредена платформа. За понатамошни информации ми рекоа да се консултирам со банката преку која би била имплементирана самата наплата
     
    На P.Overdrive му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stefan

    stefan
    Gaining Experience

    357
    133
    13 Април 2007
    Машко
    дали некој знае колку чинат овие модули за плаќање што ги издаваат Тутунска ,Халк, Стопанска ?
     
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,326
    24,913
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    api-то ти е бесплатно ако потпишеш договор со нив, имплементацијата ја наплаќаат.
     
  12. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    153
    77
    1 Декември 2010
    Машко

    Имаш подетални информации околу тоа колку точно чини имплементацијата на ваков модул во OpenCart, WordPress(WooCommerce) итн ?
     
  13. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,326
    24,913
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    ја зимам околу 400е
     
    causevd, stefan_v и на alex-st им се допаѓа ова.
  14. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Да не отворам нова тема ... дали некој може да ми даде совет (би било добро да е од лично искуство) за пејмент процесор надвор од Македонија? Ми треба некој кој нема да ме блокира кога ќе му текне (како Пејпал) а секако да е културен со цена и провизии (ако воопшто има таков за нас).
     
  15. Strumjan

    Strumjan
    Intern

    85
    3
    2 oктомври 2008
    Машко
    Нашата веб продавница го користи системот на Халк Банк, тоа е сега 3D Secure на Асеко, и клиентите од странство најнормално ни плаќаат (си пазарат де од нашиот сајт).
    И преттоа, додека банката беше повразана со Касис исто немавме никаков проблем. Но, сепак, овој новиот систем е некако по кориснички настроен.
    Како и да е, секако ти треба фирма.
     
  16. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Се е тоа ок, ама некако мислам дека најмалку 50% од потенцијални плаќачи ќе изгубам ако видат дека се плаќа преку наша банка а не некоја УС. Инаку за нашиве размисливав за Тутунска.
     
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ако имаш странски купувачи у план е океј. За нашиве е боље со македонски процесор - плаќање на рати и сл. само преку нив ќе функционира.
     
    Последна промена: 28 Јуни 2014
  18. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,417
    598
    3 Мај 2010
    Машко
    Паа не се гледа дека е од наша банка или така нешто(зборам за CaSys). Си се бира за клиентите на кој јазик да им се прикаже.

    Инаку ако на некому му треба готов модул за cPay(ака CaSys) кој работи за OpenCart нека ми пише ПП.

    Инаку странскиве процесори дозволуваат Sole Proprietorship(македонскиве очигледно не пошто бараат фирма) , некој од подобрите се 2CheckOut, BlueSnap итн. Кај нив исто не мора да се регистира купувачот за да плати(плаќа без регистрација).
     
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Јазикот мање битно, ќе им пише на трансакцијата некакви трошоци за конверзија од странска валута во долари
     
  20. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,417
    598
    3 Мај 2010
    Машко
    Не. На CaSys во долари/евра можеш да избереш со API-то пишеш колку што знам(значи може и како долари или евра да ги примаш парите).
    За имплементацијата за OpenCart која ја правев а и во самиот OpenCart се си прави автоматски(и нема да има никакви конверзиски трошоци).
    Кога се во продавницата се бира валутата на прозиводот(ако има повеќе валути), во позадинскиот систем се бира која ќе биде основна валута(и кој е соодносот кон другите) и самата продавница си прави конверзија пред да биде купувачот испратен кон процесорот.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  21. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Супер. Значи останува уште провизиите да се споредат, цената на имплементација и дали сакаш воопшто парите да се појават на сметка на нашиве банки или не :)
     
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,326
    24,913
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Имам имплементирано http://robokassa.ru/en/ на еден клиент од Русија. Системот им работи многу добро не треба логирање не треба ништо, APi то можеш да го искодираш да си плаќаат преку твоја страна дирекно, ептен е бонбона, ама имам еден проблем парите можеш да си ги подигнеш само преку webmoney што не е прифатливо бидејќи неможеш да си ги подигнеш у македонија никако.
    Така да оваа варијанта отпаќа, ја спомнав само колку информација на некој ако му се надје. :/
     
  23. goranmitev

    goranmitev
    Intern

    75
    44
    27 Август 2010
    За 2checkout да кажам од искуство. За отварање на акаунт поминуваш ни процес на верификација. Ти бараат да испратиш документи за идентификација, адреса ово оно, податоци за бизнисот шо ќе го правиш, значи детални се ептен. До сега сум немал проблем со наплата од нив. Проблемот е што провизијата е 5.5% од трансакција. Плус после парите кога ги повлекуваш на сметка ти зима уште нешто провизија.

    За интеграција, ако немаш некој многу голем сајт со многу производи, во 2checkout админ панелот имаш опции да си креираш производи. Со креирање на производ добиваш единствен линк, тој линк си го ставаш кај сакаш на сајт, и со кликање на тој линк корисникот може да ти плати преку 2checkout. При плаќање секогаш бара име, презиме и адреса.

    Зошто го користам? Затоа што при плаќање има опција корисникот да ти плати преку Пејпал. Тоа до сега на ниеден друг процесор го немам најдено. Иако немаш Пејпал парите ти стигаат во 2checkout акаунтот при што после ти си ги повлекуваш на банкарска сметка.
     
    stefan, DeeJayZone, stefan_v и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. stefan

    stefan
    Gaining Experience

    357
    133
    13 Април 2007
    Машко
    goranmitev, даде солиден одговор, но јас пак да прашам :)

    Да прашам во врска со 2checkout, дали мора да испратиш некој документ во врска со регистрирана фирма или може накратко да им објаснам што ке продавам ? Планирам да покренам online сервис, нема да продавам артикли туку електронска услуга. Значи тие шипинг адреси не ми треба, тоа ваљда може да се кастумизира картицата ?
    Немам фирма регистрирано физичко лице сум :)
    Собраните пари можат да се withdrawal директно на трансакциска / девизна сметка ?
     
    Последна промена: 26 Септември 2014
  25. goranmitev

    goranmitev
    Intern

    75
    44
    27 Август 2010
    Фирма не е потребна мислам. А документи што ќе ти побараат тоа ќе пратиш. Ако добро се сеќавам ми побараа и фотокопија од документ за идентификација (л.к или пасош). И да, парите на трансакциска се повлекуваат како банкарски трансфер, стандард. За тоа ти треба IBAN и Swift, кои ги добиваш од банката.
     
Слични теми
  1. angelce
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,504
  2. didi
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    4,902
  3. vladence
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,123
  4. kires
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    2,302
  5. dacta
    Одговори:
    38
    Прегледи:
    8,005
Вчитување...

Сподели

Вчитување...