1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Dynaphos студио опрема

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Whisky Vishera, 9 Февруари 2016.

  1. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Незнам каде да се консултирам, па отворам нова тема. Ако веќе има ваква дискусија тогаш нека биде префрлена.

    Иако pixplus е официјален застапник за Dynaphos, цените се малце солени (30-40 евра поскапи за моноблок блиц).

    Планирам да отидам до Софија во продавницата во Dynaphos http://dynaphos.com/ и да купам фото опрема во вредност од 500 - 600 евра.

    Моето прашање е, што ме очекува на бугарска - македонска граница со гепек пун фото-опрема? :)

    Може ли пред граница да ги извадам сите елементи од фабричко пакување и да се вадам на муабетот дека сум сликал нешто во Софија приватно?
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,419
    3,137
    24 Септември 2012
    До 350евра смееш да внесеш преку граница без надомест.
     
  3. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Не можеш да се вадиш со тој муабет. Процедурата за да изнесеш толку опрема е прво да ја пријавиш на излез. Со тело,објектив,блиц па и некоја ситнурија која тие нема да знаат што е веројатно ќе се протнеш (јас и тоа пријавувам за секој случај), ама за блокови цели нема шанси.

    Или направи си дупло дно на гепекот или плати си. Можеш да пробаш да се правиш мутав, ко да не си знаел што треба бидејки прв пат излегуваш, може ќе ти се смилуваат така.

    ... Или на две одења купувај, како што кажа @mdeni до 350е преминот ти е слободен.
     
    Последна промена: 9 Февруари 2016
  4. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Значи до 350 евра со сметка не би требало ни на едната ни на другата граница да прават проблем? Значи би требало да можам да купам 2 вакви http://dynaphos.com/product/2/67/2039_expert_qs-300_studio_flash и да си немам никакви проблеми.

    Инаку во БГ овој модел е 160 евра (без данок) (се надевам тоа што ќе го доплатам во данок ќе ми го вратат назад на граница)
    Кај нас во МК истиот модел е 230 евра.
    Разлика од 70 евра.
     
  5. Motherboard

    Motherboard
    Gaining Experience

    150
    189
    4 Септември 2015
    Машко
    Друга примамлива варијанта ти е да одите 2-3ца и секој да пријави по нешто :).
     
    На Oktar и Whisky Vishera им се допаѓа ова.
  6. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,419
    3,137
    24 Септември 2012
    Toa за враќање данок на граница од Бурагија не ми се верува дека ќе го направиш. Не е тоа Грција.
     
  7. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Ти во продавницата ќе си платиш со данок и ќе побараш да ти дадат формулар за данокот. Па на враќање ќе отидеш во бугарската царина и ќе побараш да ти удрат печат на формуларот. На наша граница ќе си преќутиш / ќе им кажеш дека си купил нешто под 300е и ќе покажеш сметка. Данокот ќе си го вратиш на второ одење до Софија во продавницата од каде што си ја купил опремата.

    Не верувам дека ќе запали она со повеќе луѓе во кола, претпоставувам работите би ги гледале како внесена роба комплет во колата. Во автобус можеби, не знам..
     
  8. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    No idea how taxes work. Ако имате предлог каде би можел да набавам моноблокови кај нас освен пикплус, или да барам на старо некаде? Друга варијанта ми е да нарачам од AliExpress http://www.aliexpress.com/item/Stud...50&btsid=c997e271-9203-4d5e-ad41-71eedf87d4bf

    Брендот Godox е идентичен со Dynaphos. Дури мислам дека се само сменети етикетите на едните и другите :)

    Последна опција ми е PixPlus - секако, тука ќе имам гаранција и support.
     
  9. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    А може и кај браќата во Солун да се тркне, они имаат на кило продавници за фото-опрема :)
     
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Треба да прашаш во продавницата дали ќе ти дадат формулар за враќање на данок. Ретко кој го прави тоа во БГ. И ако да тогаш не може на граница туку треба да се вратиш во Софија по поврат на парите.
     
    goce03, mdeni и на Oktar им се допаѓа ова.
  11. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Аман со тоа 350 евра :) Тоа е за работи што ти се НЕОПХОДНИ при престојот во странство. Прочитајте ги малце прописите. Дека цариниците прогледуваат низ прсти - да. Дека може да те здрви со 15% царина и 18% ДДВ на лице место (или да ти го одземе ако не си го пријавил) и тоа може.
    Иначе денес имаше некаде вест дека му одзеле камера на граница и дека има пријава за прекршок... Непријавена.

    http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=333
    * употреба која не е поврзана со било каква дејност од професионална или комерцијална природа, стока во личен багаж на патникот подразбира предмети за лична употреба, неопходни на патникот за време на неговото патување.

    http://customs.gov.mk/ShowNews.aspx?ItemID=3101&mid=1099&tabId=&tabindex=0

    "брз канал" е за стока до 800 евра - 15%+18%. Ако нејќеш, треба преку шпедитери и сл.
     
    Последна промена: 9 Февруари 2016
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Сум враќал данок и од бугарија, малку се тупаџии бугарите на граница ама генерално ке завршиш без проблеми. Aко враќаш данок неможе да ги криеш стварите и ке ти ги бараат да ги покажеш (ова кај бугарите). Инаку тоа 350 евра е по човек, земи уште еден со тебе и немаш гајле.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Процедурата со данокот ти е иста секаде. Предност кај Солун е што ако отидеш во одморска сезона веројатно границата ќе ја минеш и без печат да ти ставатна пасошот, а камо ли да те проверуваат што носиш.


    Искрено, освен за објектив/тело/филтри и слични потрајни работи не би се замарал за мкнење од страна. Поготово средна/ниска класа студиска опрема. За 50 еур заштеда не ти се исплати маката. Тука бар имаш гаранција. Кога веќе се потрудиле луѓето да донесат нешто, едно време ни ова го немаше...
     
    gokica, Oktar и на Whisky Vishera им се допаѓа ова.
  14. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    70 евра е разликата по парче моноблок, 140 евра за 2 парчиња.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Одземи два пати одење до Софија од заштедата.

    Каде го прочита ова? Која граница? Ако е точно, којзнае што носел човекот. Претпоставувам студио во багажник како колегава наш... Или ептен му апстинирала сопругата на цариникот... Во мое (скромно) искуство генерално за тело и 3-4 објективи цариниците ми забележувале дека немало потреба да пријавувам (и на излез и на влез) и дека се гледало дека е моја опремата.
     
    Последна промена: 9 Февруари 2016
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    И мене оваа вест ми е малку веројатна, постојано патувам со тело (не мислам на моето секси вајарско тело), два објективи, батерии, блиц, од скоро и со гопро и остали тракатанци и сум поминал низ многу граници и аеродроми и никогаш никаде не ми правеле проблем или па ми рекле нешто. Единствено ме опоменуваат дека не треба да ставам батерии во чекиран багаж, али тоа е скроз небитно во ситуацијава.
     
    Последна промена: 9 Февруари 2016
    На pepo123 и goce03 им се допаѓа ова.
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    http://www.kumanovonews.com/vesti/digitalen-aparat-zaplenet-na-tabanovce
     
    На pepo123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Да бе мајката... ама за воља на вистината тука станува збор за опрема од 2500 евра, а они двајца по 350...

     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Муабетот ми е дека кутии од нова опрема се црвено знаменце за било кој цариник. Ако замижи, океј, ама ако не замижи - за било која вредност може да царини, нема везе 350 евра. Практично смее да се увезуваат без царина само потрепштини, не нови производи...
     
    На pepo123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    На плин возам, ептен ми е ефтино :)
     
  21. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    УФФФ, упм... Зар само само апарат во ранец заплениле? Нели е технични личен предмет тоа. Опашај околу врат и крај. Од ранецот не ставиле слика, баш сакав да видам дали сосе кутија ги бутнал гревот.

    Нека му е на здравје 4К снимање, што да кажам.
     
    Последна промена: 9 Февруари 2016
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,432
    10,328
    13 Јуни 2009
    Најверојатно кутиите од апаратот биле во гепек до ранецот. :)

    Но како и да е по правило скапа техничка роба при излез од Македонија треба да се пријави. Па така ако се враќаш со апарат од 2000 евра дури и да си го носел со себе од дома може да ти прават проблем ако не бил пријавен.

    Само што сето ова одзема време па најчесто не се бават цариниците со такви формалности како упис на опрема. Мислам дека се запишуваше во пасош на страната со печат за излез но не ме држете за збор.
     
    На pepo123 и kirev им се допаѓа ова.
  23. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Ми требало време од февруари до октомври да се одлучам да купам опрема. Ете се зема нешто, што од пиксплус што од алиекспрес.

    2 Блиц глави или monoblocks Dynaphos / Godox QS300 ~ 28.000 ден.
    2 Стативи Jinbei 300FP со воздушна амортизација ~ 8.000 ден.
    1 Softbox Godox 60 x 90 ~ 2.500 ден.
    1 FT-16 Reciever + Trigger Set ~ 1.500 ден.
    1 FT-16 Reciever ~ 900 ден.

    Во план е уште еден стандарден Softbox, еден Octa Softbox, Honeycomb Grid, и уште еден блиц :)

    20161017_010042.jpg 20161013_121806.jpg
    20161005_111201.jpg
     
    На skullmonkey, Војвода, xenon и уште 4 други им се допаѓа ова.
  24. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Неколку примери од разни сликања деновиве :) Последната слика е автопортрет.
     

    Прикачени датотеки:

    На Boce!, skullmonkey, smole и уште 5 други им се допаѓа ова.
  25. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,776
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Птрмногу светло по мој вкус. Пробај да уфрлиш малку драма со разместување на светлата. Нека има малку сенки да се осети текстура на работите.
     

Сподели

Вчитување...