Starr
Gaining Experience
- 30 декември 2017
- 149
- 80
Здраво, отварам нова тема пошто старата ми вика форумот е веќе стара 
Имено 2 месеци се отепав од читање и бирање и кревет и душек, и умот шашма ми се направи од тоа колкава филозофија ти било да купиш и кревет и душек. И на крај пак утнав и кревет и душек. На нет пишува се и сешто, де ова чинело де ова не чинело, и затоа би сакала искуства од прва рака, т.е. вашите искуства.
Сега брзо го купив овој кревет само со димензии 120x200, и сета пресреќна дека има латофлекс а беше на добар попуст и дека не е без подница или со обична иверка штица, но среќата кратко траеше пошто отпосле научив дека имало 300 врсти латофлекси
и овој мојот бил не баш добар.(штичките се флексибилни, закривени, на 7цм растојание, па накај средината на 2 места по 10цм а по краевите 2 штички по 4цм) Потоа купив душек од Алмеро, Натура софт, доста се фалени Алмеро и реков нема да згрешам, е сега ради буџет купив од поевтините но се надевав дека ќе биде добар,херкул јадро незнам ова она, и него го утнав! Не сум воопшто задоволна, многу е некако чуден, кога притискам со рака нема никаква амортизација туку е тврдо како летва да има внатре е.е , во споредба со Премиер од Симпо, кој исто така е од обичните е многу полош. Решив да купам нов да го платам поскапо и да го фрлам овој, и оп изненадување. не можело покет душек на мојот латофлекс, и сега испаѓа и кревет џабе купив, абе ми се плаче.
Е сега, се прашувам дали е до душекот, до латофлексот или е до мене (може јас сум проблемот)
Дали некој има душек Натура софт од Алмеро и како сте задоволни?
Дали латофлексот кој го гледате на сликата е толку лош па затоа и душекот ми изгледа лош?
Мене спиењето не ми е убаво, како на трамполина да спијам, е сега чаре?
Дали да менувам подница, дали душек, дали јас да се менувам
Сериозно живци искинав со овој креветот и душекот и ми иди од прозор да ги фрлам, ги купував со ќеиф а не ми чинат, и ептен ми е криво
пс Пробав да го вратам т.е да го заменам душекот за поскап со доплата, но во Алмеро директно кога се јавив ми рекоа, не знаеме ова е продавница, прашајте кај што сте го купиле. а кога прашав кај што го купив ми рекоа НЕ не вршиме таква замена (абе луѓе чекајте не ни прашавте во Алмеро дали вршат таква замена и одма не)
Дали Алмеро врши замена кога не сте задолволни од производот? Јас навистина не сум, се чувствувам излажана, толку реклама за душек полош од оние пред 20 години, немам каде да прашам пошто очигледно да ги најдеш ти треба ЦИА.
Сори, многу се измачив со ова креветов и душециве, а треба да е едноставна работа и тие „стручњаците“ што ми продаваат да речат, чекај каков кревет имаш, каква подница, овој душек може овој не може.
Секое искуство и совет се добредојдени
Имено 2 месеци се отепав од читање и бирање и кревет и душек, и умот шашма ми се направи од тоа колкава филозофија ти било да купиш и кревет и душек. И на крај пак утнав и кревет и душек. На нет пишува се и сешто, де ова чинело де ова не чинело, и затоа би сакала искуства од прва рака, т.е. вашите искуства.
Сега брзо го купив овој кревет само со димензии 120x200, и сета пресреќна дека има латофлекс а беше на добар попуст и дека не е без подница или со обична иверка штица, но среќата кратко траеше пошто отпосле научив дека имало 300 врсти латофлекси
Е сега, се прашувам дали е до душекот, до латофлексот или е до мене (може јас сум проблемот)
Дали некој има душек Натура софт од Алмеро и како сте задоволни?
Дали латофлексот кој го гледате на сликата е толку лош па затоа и душекот ми изгледа лош?
Мене спиењето не ми е убаво, како на трамполина да спијам, е сега чаре?
Дали да менувам подница, дали душек, дали јас да се менувам
Сериозно живци искинав со овој креветот и душекот и ми иди од прозор да ги фрлам, ги купував со ќеиф а не ми чинат, и ептен ми е криво
пс Пробав да го вратам т.е да го заменам душекот за поскап со доплата, но во Алмеро директно кога се јавив ми рекоа, не знаеме ова е продавница, прашајте кај што сте го купиле. а кога прашав кај што го купив ми рекоа НЕ не вршиме таква замена (абе луѓе чекајте не ни прашавте во Алмеро дали вршат таква замена и одма не)
Дали Алмеро врши замена кога не сте задолволни од производот? Јас навистина не сум, се чувствувам излажана, толку реклама за душек полош од оние пред 20 години, немам каде да прашам пошто очигледно да ги најдеш ти треба ЦИА.
Сори, многу се измачив со ова креветов и душециве, а треба да е едноставна работа и тие „стручњаците“ што ми продаваат да речат, чекај каков кревет имаш, каква подница, овој душек може овој не може.
Секое искуство и совет се добредојдени
Атачменти
Последна промена: