D
Администратор
Официјален демант на D
Ова важи за сите оние кои ги имаат читано моите постови каде што пишувам за разни македонски компании и нивните случаи.
Нека служи ова како еден вид disclaimer за сите мои постови, оние кои се истакнати и оние кои допрва ќе бидат истакнати.
Ако некој мисли да ме нападне како некој што само седи и јаде трици за Он.нет, НетПрес, Утрински, Инвестирајте во Македонија, како и многу други компании за кои имам пишувано и допрва ке пишувам, нека размисли добро дали ги има аргументите за тоа и дали тоа го прави чисто од инает или лутина, или пак од валидна причина.
Секојдневно посетувам македонски веб страни, и сум иницијатор да се подобри содржината и квалитетот на македонскиот веб, и тоа е целта позади сите мои постови. Не сум на ничија страна, туку сум независен во секој случај и мислењето позади моите постови е само мое.
Пишувам за реални случаи, и обично секој пост го аргументирам со некаков доказ - дали е тоа детално анализирана слика или нешто друго не е битно. Сакам да им истакнам на членовите како треба и како не треба, обично најдобро се учи кога ке се добие знаење од грешки, но нека не бидат тоа вашите, туку туѓите за да се минимизираат загубите.
Добив коментар дека само јадам тоа што не треба за туѓи компании затоа што сум љубоморен - не сум, немам ни зошто да бидам. Пишувам за членовите, доколку не се сложувате со мојот личен став никому ништо.
Моето мислење не го истакнува и мислењето на Македонски ИТ форум ниту пак на останатите администратори. И ние (сите администратори и модератори) сме исто така членови на форумот и имаме право на свое мислење.