Taurus
Модератор
Taurus's setup
- Processor & Cooler
- i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
- Motherboard
- Gigabyte Z68P-DS3
- Storage
- WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
- PSU
- 460W Gigabyte Superb Real Power
- RAM
- 2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
- Video card
- Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
- Case
- Gigabyte LUXO X140
- Mouse
- Zalman ZM-M300 Black
- Keyboard
- Sweex Illuminating
- Audio
- DeLux 2.1
- Monitor
- Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
- OS
- Win 8.1
Почнувајќи од 1 Јануари 2025та година, во Македонија ќе се пременува нов правилник базиран на регулативата ЕУ 2019/945...
Во кратки црти:
Тоа е во кратки црти од тоа што фатив некои белешки. За подетални информации за регулативите, категориите, обуката има на следниве линкови:
Во кратки црти:
- Има 3 категории на дронови (UAS - воздухоплови без екипаж). Категориите се формирани врз основа на нивото на ризик кој го претставува дронот, а не од комерцијални или приватни операции или големината на воздухопловот без екипаж:
- Отворена (она што е интересна категорија за повеќето):
- дрон со тежина повеке од 250 грама или во случај при удар да може да се пренесе кинетичка енергија над 80 џули;
- дрон кој е опремен со сензор (камера, микрофон) кој може да сними лични податоци (тука влегува и мини серијата од dji);
- Посебна
- Сертифицирана
- Отворената категорија се дели на подкатегории:
- А1 - дронови помали од 900 грама и летање над луѓе;
- А2 - дронови помали од 4 кг. и летање во близина на луѓе;
- А3 - дронови помали од 25 кг. и летање далеку од луѓе;
- Забрането летање на дронови во затворена просторија;
- Операторите на воздухоплови без екипаж се регистрираат (се регистрира операторот, а не дронот). Во профилот на операторот ќе има можност за додавање на повеќе дронови. Лепенките на дроновите си ги лепиме сами.
- Осигурување на дроновите:
- физички лица дронови над 500грама;
- за комерцијална употреба се осигуруваат сите дронови;
- Подготовка и полагање на испит за далечински пилот:
- А1 - самостојна подготовка за испитот и полагање онлајн (опцијата ќе е достапна од 2025та година). Полагањето ќе биде бесплатно и ќе може да се полага додека не се добијат доволен број на поени;
- веб апликација за најава на летови (почеток на 2025та година);
- минатата недела бев на работилница организирана од АЦВ, каде освен за новата регулатива се презентираше и новата веб апликација за најава. Тоа најмногу ме израдува, бидејќи после креирање на профил, пријавата на нов лет ќе се прави на мапа, за помалку од 1 минута, и тоа може пред самиот лет, нема потреба 24часа порано, како што беше претходно...
- Подготовка за самообука за полагање на А1 / А3 испит за далечински пилот на Воздухоплови без екипаж