Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем Драстичен пад на FPS при 100% usage на графичка Asus RTX 3070ti OC

Nightwalker

Gaining Experience
18 ноември 2007
231
373
Nightwalker's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 14400F & Noctua NH-U12S redux
Motherboard
Gigabyte B760M DS3H DDR4
Storage
SSD M.2 Samsung NVMe 980 PRO 1TB & 970 EVO Plus 500GB & 1TB Western Digital SATA3 64MB Caviar Blue
PSU
Gigabyte P750GM Real Power, 80Plus GOLD, Modular
RAM
Kingston 3200MHz DDR4 CL16 Fury Renegade Black (2x16GB)
Video card
TUF Gaming GeForce RTX™ 3070 Ti OC Edition 8GB GDDR6X
Case
Genesis Irid 503 ARGB
Mouse
Glorious Model O 2 PRO 1K
Keyboard
Glorious GMMK 2 Full Size (96%) White
Audio
Onboard
Monitor
MSI G27CQ4
OS
Windows 11 Pro
Како што вели и самиот наслов.

Темава ја отворам под претпоставка дека конфигурацијата на која ги играм долунаведените игри е и повеќе од доволна за константен FPS при max-level settings - 1440p. Доколку очекувањата ми се преголеми, ве молам посочете ми го тоа, затоа што и сам не знам дали мојот став е прецизен.

Моментално привремено играм два AAA наслови: Forza Horizon 5 (extreme preset со 2 custom намалени сетинзи) и AC Valhalla (ultra preset со 2 custom намалени сетинзи). Двата ми се наместени на највисоки графички детали и ги играм на 1440p.

Се' до моментот кога GPU Usage (мерам со MSI Afterburner ==> Riva Tuner Statistics) е 98-100%, FPS имам стабилен и без никакви падови, но веднаш штом стигне до споменатите проценти (густо населени делови во игрите, или сцени богати со детали), игрите бележат пад од 10+ FPS. Ситуацијата се стабилизира штом процентот повторно опадне. Доколку процентот се држи на 98-100% подолго време, воопшто не допира до стандардниот FPS.

  • GPU Температурата во ниеден момент не покажува над 72 степени. Просек е 65-66 степени.
  • CPU не качува над 60 степени.
  • Доаѓа до пад на FPS независно дали имам ставено лимит на, на пример, 60FPS (играње на ТВ, паѓа до 45-46FPS), или 90FPS (играње на монитор, паѓа до 65-FPS).
  • Истото се случуваше и при играње на Uncharted 4 со ultra preset (без промена на сетинзи), иако во таа игра поретко GPU Usage достигнуваше 100%.

На интернет најдов многу конфликтни информации околу овој проблем. Добар дел од дискусиите се базирани на постови кои тврдат дека вакви игри ТРЕБА да одржуваат GPU Usage на 100% и дека тоа значи дека графичката го користи сиот потенцијал. Истовремено, наидов на 10ина постови од луѓе кои го опишуваат апсолутно истиот проблем како мојот, односно FPS Drop при 100% Usage. Кај овие вторите, обично се дискутира температурата на графичката, но бројките барем според MSI Afterburner воопшто не се проблематични.

1671893680761.png

Игрите ги играм на следнава конфигурација. Матичната е MSI B460M MORTAR. Секој совет или мислење се добредојдени. 1671894053833.png

ЕДИТ: Темава ја отворив со минимизирана (alt+tab) Валхала. Прелистувач Фајрфокс со отворени 5 табови. При враќање во Valhalla главно мени, GPU Usage беше 99%, а температура 66 степени.
 
Последна промена:

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.944
17.833
Доаѓа до пад на FPS независно дали имам ставено лимит на, на пример, 60FPS
Пробај ова да го решиш со помош на Nvidia Inspector
Заклучи ги фрејмовите и во играта и во Nvidia Inspector. Додатно побарај на нет какви подесувања треба да имаш во Nvidia Inspector.

Не го решавај проблемот во Nvidia Control Panel
 

Aowek

On your way to fame
14 април 2012
1.062
923
Сличен проблем кај мене има во Warzone, Chaosgate, Gotham Knights. Темепратурата над 72ц ни кај мене не е мрдната.
 

Nightwalker

Gaining Experience
18 ноември 2007
231
373
Nightwalker's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 14400F & Noctua NH-U12S redux
Motherboard
Gigabyte B760M DS3H DDR4
Storage
SSD M.2 Samsung NVMe 980 PRO 1TB & 970 EVO Plus 500GB & 1TB Western Digital SATA3 64MB Caviar Blue
PSU
Gigabyte P750GM Real Power, 80Plus GOLD, Modular
RAM
Kingston 3200MHz DDR4 CL16 Fury Renegade Black (2x16GB)
Video card
TUF Gaming GeForce RTX™ 3070 Ti OC Edition 8GB GDDR6X
Case
Genesis Irid 503 ARGB
Mouse
Glorious Model O 2 PRO 1K
Keyboard
Glorious GMMK 2 Full Size (96%) White
Audio
Onboard
Monitor
MSI G27CQ4
OS
Windows 11 Pro
Пробај ова да го решиш со помош на Nvidia Inspector
Заклучи ги фрејмовите и во играта и во Nvidia Inspector. Додатно побарај на нет какви подесувања треба да имаш во Nvidia Inspector.

Не го решавај проблемот во Nvidia Control Panel

FPS Limit имам ставено во Riva Tuner Statistics и самите игри. Nvidia Control Panel ми е unlimited. Ќе го ѕирнам Nvidia Inspector, првпат слушам за алаткава.

Сличен проблем кај мене има во Warzone, Chaosgate, Gotham Knights. Темепратурата над 72ц ни кај мене не е мрдната.

Иста графичка?
 

TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.376
9.189
Ова е многу едноставно или јас нешто не разбирам...

Кога таргетираш 60ка (пример) и ја добиваш 60ката лесно, тогаш нормално е да има помала искористеност на графичката.
Кога доаѓа до 100% искористеност, тогаш е нормално да не можеш 60ка да добиеш бидејќи перформансите кои ги бара играта се поголеми од моќта на графичката.

Нешто утнувам?
 

Nightwalker

Gaining Experience
18 ноември 2007
231
373
Nightwalker's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 14400F & Noctua NH-U12S redux
Motherboard
Gigabyte B760M DS3H DDR4
Storage
SSD M.2 Samsung NVMe 980 PRO 1TB & 970 EVO Plus 500GB & 1TB Western Digital SATA3 64MB Caviar Blue
PSU
Gigabyte P750GM Real Power, 80Plus GOLD, Modular
RAM
Kingston 3200MHz DDR4 CL16 Fury Renegade Black (2x16GB)
Video card
TUF Gaming GeForce RTX™ 3070 Ti OC Edition 8GB GDDR6X
Case
Genesis Irid 503 ARGB
Mouse
Glorious Model O 2 PRO 1K
Keyboard
Glorious GMMK 2 Full Size (96%) White
Audio
Onboard
Monitor
MSI G27CQ4
OS
Windows 11 Pro
Ова е многу едноставно или јас нешто не разбирам...

Кога таргетираш 60ка (пример) и ја добиваш 60ката лесно, тогаш нормално е да има помала искористеност на графичката.
Кога доаѓа до 100% искористеност, тогаш е нормално да не можеш 60ка да добиеш бидејќи перформансите кои ги бара играта се поголеми од моќта на графичката.

Нешто утнувам?

Оттука и моето главно прашање. Дали ја преценувам мојата конфигурација (иако според сите бенчмаркови што ги гледам, не треба да има никаков проблем за 1440p) или се работи за нешто друго?

Затоа што независно дали лимитот ми е 60FPS или 90FPS, игрите го достигнуваат тоа лесно при палење. Но моментот кога GPU Usage стига 98+ проценти, FPS-то наеднаш опаѓа. Ова најчесто се случува во густо дотерани делови во игрите, но работата е што не секогаш подеднакво се случува.

На пример, во Валхала има ситуации кајшто треба да се враќаш во истите подрачја. Подрачјето А некогаш тера 60FPS на ТВ без проблем со истите „цел куп“ детали, но некогаш паѓа на 45-46FPS ако GPU Usage покаже 100% додека сум таму, со истите „цел куп“ детали.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.944
17.833
FPS Limit имам ставено во Riva Tuner Statistics и самите игри. Nvidia Control Panel ми е unlimited. Ќе го ѕирнам Nvidia Inspector, првпат слушам за алаткава.
Батали Riva Tuner. Соработката треба да биде на релација игра<>Нвидиа Инспектор
Исто така (во Нвидиа Инспектор) ќе наместиш Power management mode = Prefer Maximum Performance

Еве ти копи/пејст од reddit

(nvidia only) Guide LOD and Stutter fix
you will need the following

Latest nvidia profile inspector https://www.guru3d.com/files-details/nvidia-profile-inspector-download.html

common sense (something the dev team apparently doesn't have )

5 to 10m

step 1. start forza horizon 4 and turn dynamic optimization off close it don't run it again until you have finished with profile inspector

step 2. the magic Run nvidia profile inspector(as admin)

click on the drop down menu and find the profile for Horizon 4

change the following settings

under sync and refresh change Frame rate limiter

to whatever your refresh rate is in my case 75hz

Change Vertical Sync to FAST Sync (note I have not tested any of this on a gsync display as I don't have one )

Change Vertical Sync Smooth AFR behavior to On

under texture filtering change Anisotropic filtering setting to 16x

change Texture Filtering LOD BIAS to -1.000 (you can go as low as negative -2.000 but I don't remend that unless you have a 1080 or better

under common change Power management mode to prefer maximum performance

under other change Memory allocation policy to ****Aggressive_Prelloction

click the little Up arrow in nvidia inspector and export it you will need to re-apply this after every driver update

hit apply

start forza horizon 4 goto the video options make sure vsync is on and the frame rate is properly changed to whatever you set with nvidia inspector


Провери и Power Management во Windows
 

Nightwalker

Gaining Experience
18 ноември 2007
231
373
Nightwalker's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 14400F & Noctua NH-U12S redux
Motherboard
Gigabyte B760M DS3H DDR4
Storage
SSD M.2 Samsung NVMe 980 PRO 1TB & 970 EVO Plus 500GB & 1TB Western Digital SATA3 64MB Caviar Blue
PSU
Gigabyte P750GM Real Power, 80Plus GOLD, Modular
RAM
Kingston 3200MHz DDR4 CL16 Fury Renegade Black (2x16GB)
Video card
TUF Gaming GeForce RTX™ 3070 Ti OC Edition 8GB GDDR6X
Case
Genesis Irid 503 ARGB
Mouse
Glorious Model O 2 PRO 1K
Keyboard
Glorious GMMK 2 Full Size (96%) White
Audio
Onboard
Monitor
MSI G27CQ4
OS
Windows 11 Pro

omegaRED

Adeptus Astartes
13 септември 2011
2.506
3.411
Скопје
omegaRED's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5800X & NZXT Kraken X63
Motherboard
ASUS TUF Gaming X570 Plus
Storage
2TB Samsung 970 EVO Plus, 1TB Silicon Power P34A80, 6TB WD Red + 2TB Toshiba
PSU
CoolerMaster Vanguard V1000
RAM
4 x 8GB Kingston HyperX @ 3600 MHz
Video card
MSI RTX4090 Suprim X
Case
NZXT H710i black/white
Mouse
Logitech G903 Lightspeed
Keyboard
Keychron Q3
Audio
SteelSeries Arctis Pro Wireless & Logitech X540
Monitor
LG UltraWide 38WN95C-W
OS
Windows 10 x64 Pro
Пад на FPS во интензивни сцени е секако нормална појава. Играш со VSync?

Испратено од SM-N986B преку IT.mk форум апликација
 

The_Witch_Hunter

Unstoppable
23 мај 2012
1.304
3.008
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D | ROG Ryuo III 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade 2TB | Samsung 970 EVO 1TB | WD Purple™ WD20PURX 2x2TB
PSU
Corsair HXi Series™ HX1000i
RAM
Kingston FURY™ Renegade DDR5 32GB 6400MT/s
Video card
ASUS TUF Gaming GeForce RTX® 4090 OC Edition 24GB GDDR6X
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
ASUS ROG Claymore
Audio
Creative A250 | ROG Strix GO Core
Monitor
Dell AW3821DW
OS
Windows 11 Pro
И јас мислам дека нема ништо невообичаено тука. Едноставно графичката нема сила да го одржи таргет фрејмрејтот во тие ситуации кога паѓаат перформансите, затоа и искористеноста рипа на максимум.

Туку не ми е јасно зашто лимитираш толку ниско кога имаш 165Hz монитор (претпоставувам со VRR). Лимитирај на 160 и остави ја графичката да си тера на 100% цело време.
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.348
7.189
Скопје
www.facebook.com
Дали мислиш на GPU memory junction temp?
Да, тука ти е ок со температурите. Овака може да се дешава и со термал тротлинг кога е температурата на меморијата над 100 степена, кај тебе не е овој случај.
 

boksata

Fast & Curious
27 декември 2017
468
768
Кај амд на max core clock ја дропнува волтажата на меморијата за да го одржи јадрото стабилно, можеби страдаш од истото.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.944
17.833
Колку е температуратата на меморијата при гејминг?
Легитимно ти е прашањето и има логика но никогаш нема да крени толкави температури како при копање. Освен ако нема правено акробации со термалните падови..
Пад на FPS во интензивни сцени е секако нормална појава. Играш со VSync?

Испратено од SM-N986B преку IT.mk форум апликација
Нормална појава во „непредвидливи“ игри како што е оваа и симулатори. Затоа луѓето ги заклучуваат на half refresh rate со Vsync off (или on, во зависност од играта)


Играње без никакви проблеми само на конзола.
 

omegaRED

Adeptus Astartes
13 септември 2011
2.506
3.411
Скопје
omegaRED's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5800X & NZXT Kraken X63
Motherboard
ASUS TUF Gaming X570 Plus
Storage
2TB Samsung 970 EVO Plus, 1TB Silicon Power P34A80, 6TB WD Red + 2TB Toshiba
PSU
CoolerMaster Vanguard V1000
RAM
4 x 8GB Kingston HyperX @ 3600 MHz
Video card
MSI RTX4090 Suprim X
Case
NZXT H710i black/white
Mouse
Logitech G903 Lightspeed
Keyboard
Keychron Q3
Audio
SteelSeries Arctis Pro Wireless & Logitech X540
Monitor
LG UltraWide 38WN95C-W
OS
Windows 10 x64 Pro
Малку почетнички очекувања...

Ако бенчмарци и слично те навеле дека конфигурацијата е способна да тера сѐ на ултра и да вади 60-70 FPS - не е погрешно. Но, бенчмарците имаат:

  • просечен FPS
  • 99% low
  • 99.9% low

Ти гледаш просечен FPS од 60, и си викаш топ, тоа е тоа.

Но, аналогија, ако возиш кола во 3-та со притисната папуча за гас на 50%, нема да се движиш со иста брзина на право, на угорница и удолница. Просечната брзина по поминати 100км ќе ти биде да речеме 90км/ч, ама на право си возел 90км/ч, на угорниците 60км/ч, на удолниците 150км/ч - ова ептен ептен упростено, чисто за илустрација.

Исто и со FPS - на отворени сцени со 3 дрва и една куќичка, ќе вадиш 90fps, ама во градови, со многу објекти и детали, ќе вадиш 50fps. Просекот ќе ти биде негде околу 70fps, и тоа е тоа.

99%/99.9% low ти е минимум FPS во 99% односно 99.9% од времето (ги отфрлаш 1% односно 0.1% од најниските FPS). Овие вредности, ако ги видиш саглам тестовите, се најчесто добри 20-40% пониски од просечните FPS.

Ако сакаш да си се провериш, пушти игра со вграден бенчмарк (Shadow of the Tomb Raider или која и да е друга) и според слична конфигурација (најбитно со 3070 Ti графичка) и види дали ќе извадиш приближно ист просечен FPS како на HW Unboxed, Tech PowerUp или слични сајтови.

Испратено од SM-N986B преку IT.mk форум апликација
 
Последна промена:

Nightwalker

Gaining Experience
18 ноември 2007
231
373
Nightwalker's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 14400F & Noctua NH-U12S redux
Motherboard
Gigabyte B760M DS3H DDR4
Storage
SSD M.2 Samsung NVMe 980 PRO 1TB & 970 EVO Plus 500GB & 1TB Western Digital SATA3 64MB Caviar Blue
PSU
Gigabyte P750GM Real Power, 80Plus GOLD, Modular
RAM
Kingston 3200MHz DDR4 CL16 Fury Renegade Black (2x16GB)
Video card
TUF Gaming GeForce RTX™ 3070 Ti OC Edition 8GB GDDR6X
Case
Genesis Irid 503 ARGB
Mouse
Glorious Model O 2 PRO 1K
Keyboard
Glorious GMMK 2 Full Size (96%) White
Audio
Onboard
Monitor
MSI G27CQ4
OS
Windows 11 Pro
Фала ви на сите за издвоеното време. Имајќи предвид сите ваши одговори, ова се сведува на комбинација од мои нереалистични очекувања плус „ненавикност“ со оглед на тоа што само пред некој месец за првпат се префрлив на 1440p со 3070ti. Претходно сите игри ги играв на 1080p со 3060ti и спиеја на „заклучени“ 60FPS.

Уште еднаш благодарност, слободно ставете ѝ клуч на темава.

Ако сакаш да си се провериш, пушти игра со вграден бенчмарк (Shadow of the Tomb Raider или која и да е друга) и според слична конфигурација (најбитно со 3070 Ti графичка) и види дали ќе извадиш приближно ист просечен FPS како на HW Unboxed, Tech PowerUp или слични сајтови.

Не го знаев овој одличен YouTuber. Еве, во споредба со неговиот тест јас вадам +9 average FPS на оверклокирана графичка. Така што перформансите се тие. 1671902738602.png
 

The_Witch_Hunter

Unstoppable
23 мај 2012
1.304
3.008
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D | ROG Ryuo III 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade 2TB | Samsung 970 EVO 1TB | WD Purple™ WD20PURX 2x2TB
PSU
Corsair HXi Series™ HX1000i
RAM
Kingston FURY™ Renegade DDR5 32GB 6400MT/s
Video card
ASUS TUF Gaming GeForce RTX® 4090 OC Edition 24GB GDDR6X
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
ASUS ROG Claymore
Audio
Creative A250 | ROG Strix GO Core
Monitor
Dell AW3821DW
OS
Windows 11 Pro
Многу позахтевна резолуција е 1440p од 1080p. За да ги одржиш истите перфпорманси што си ги имал на 1080p со 3060 Ti ќе ти треба 80% побрза карта, а 3070 Ti е само 25% побрза.
 

Nightwalker

Gaining Experience
18 ноември 2007
231
373
Nightwalker's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 14400F & Noctua NH-U12S redux
Motherboard
Gigabyte B760M DS3H DDR4
Storage
SSD M.2 Samsung NVMe 980 PRO 1TB & 970 EVO Plus 500GB & 1TB Western Digital SATA3 64MB Caviar Blue
PSU
Gigabyte P750GM Real Power, 80Plus GOLD, Modular
RAM
Kingston 3200MHz DDR4 CL16 Fury Renegade Black (2x16GB)
Video card
TUF Gaming GeForce RTX™ 3070 Ti OC Edition 8GB GDDR6X
Case
Genesis Irid 503 ARGB
Mouse
Glorious Model O 2 PRO 1K
Keyboard
Glorious GMMK 2 Full Size (96%) White
Audio
Onboard
Monitor
MSI G27CQ4
OS
Windows 11 Pro
Рандом update: случајно забележав дека resolution scale во AC Valhalla ми било „по дифолт“ наместено на 120% (не знам како не ми текна да ѕирнам овде порано). Го спуштив на 100% и просечниот FPS на играта во просечно-населени подрачја ми скокна од нестабилни 85FPS на константни 100-105FPS.

1672054695871.png
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
46.519
Мислења
964.177
Членови
34.887
Огласи
2.610
Најнов член
aleksimonovski
На врв Дно