• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Драјвери за Пентиум 2...

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Набавив една скапаница, пентиум 2 на 450 мегахерци, 64 мегабајти меморија со случаен пристап и 7 гигабајти тврд диск. Нејзината конфигурација е следната:

матична плоча: Gigabyte GA-6BXC

графичка картица: AGP Video Card Rage IIC 4MB

мрежна картица: SMC EtherPower II 10/100 SMC9432BTX

звучна картица: 16bit chip avance logic inc. ALS120

Другите работи се во ред. Сега проблемот ми е што сакам да ставам Windows ME или Windows NT. Би ве замолил да ми кажете кој оперативен систем ќе работи на оваа конфигурација, и, драјвери за хардверот. И, ако може (обавезно!) линкови до драјверите. Значи, ми требаат драјвери за графичката, звучната и мрежната картица.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Другите работи се во ред. Сега проблемот ми е што сакам да ставам Windows ME или Windows NT.
Немој Windows ME, мува да поминит ќе паднит системот.
Со '98 би требало добро да функционира.
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,030
450
Подобро му е Windows ME, 98 има повеќе недостатоци отколку Windows ME.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Јас викам 98 да си ставиш. На стариот конмпјутер имав таков, одличен беше.:)
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,030
450
Сум ги испробал и ME и 98 на пентиум 2 433 mghz, 128 рам, 4 мега графичка... Горе долу се слични, но со тек на време 98 почнува да успорува. Тоа е разликата и затоа ти го препорачувам Me. Сеа за драјверите, немаш CD. Обично се исти драјверите за постарите компјутер, па ако познаваш некој побарај му.
 
M

Mr.Alien

Гостин
www.driverguide.com
Мека и Медина за драјвери.
Стави Win ME, а ако си во можност, надгради ја РАМ меморијата со цел 128 МБ модул (или два), а 64-ката извади ја, или пак стави една 256-ка.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
A бе тој компјутер ми го донесоа од Германија, требаше да биде пентиум тројка, ама овој дечково врска нема од компјутери. И немаше никакви цедиња, не беше во куќиште, туку во делови и го склопив. Инаку самиот оперативен имаше лиценциран антивирус, не ми текнува кој беше ама го делитнав оти ми го кочи. И сега има Windows 98, но е на германски јазик, па сакам да го форматирам и да ставам на англиски. Имам учено германски јазик ~2 години но ништо не знам. Ако може да се спаси од формат, мислам да се претвори германскиот јазик во англиски, кажете веднаш за да не ги бришам драјверите затоа што никако не можам да најдам драјвер за графичката. Инаку за звучната картица и мрежната најдов. :)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Види вака.....да претвориш Германска во Англиска верзија мислам дека ќе ти треба посебен додаток, како што имаше за додавање Хрватски на времето, пред едно 4 години, ако ме држи сеќавањето добро. Стварно не знам дека постои и друг начин, така да ако некој знае нешто баш ме интересира.
Но, не треба да се плашиш од формат. Види во Control Panel дали е инсталирана поддршка за Англиски. Потоа, инсталирај EVEREST, AIDA или сличен дијагностички програм и репортот сними го во html или .txt формат, па постирај да видам/видиме од кои компоненти е составен системот, па да ти ги побарам/ме драјверите.
 

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Ja би рекол да ставиш Windows 2000, за таа конфигурација би требало да го тера добро, а и не е лош тој ОП имам малце работено на него.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
@Mr.Alien, пробав како што ми кажа, немаше никаква опција во контрол панел, си ги утепав прстите од речников, па ми пукна вентилот и објавив оглас за рам. Надградив рам и ставив ХР. Единствен недостаток е тоа што при гледање на филмови, филмот е како slide show, слика по слика. Тоа е поради слабата графичка. Инаку, навистина го ценам твојот труд кој вроди со висококвалитетен звук. Сите песни од Тоше Проески, без совршено чисти и нема никакво шуштење. Драјвери за други работи нема да ми треба, за графичка нема потреба, иако пробав за неа. Драјвери за графичка нема да треба бидејќи овој компјутер ми е за музика.

Поздрав до сите!

Темата може да се затворе...

Зоран, и уште еднаш благодарам за драјверите. :)

Само, ако некој знае зошто кога го гасам компјутерот ми се појавува: It's now safe to turn off you computer. :chudenje:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Шибни и драјвери за матичната, без обѕир дали ти е само за музика или не. Можеш да имаш нестабилности во системот доколку работи без драјвери за матична плоча.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Нема никакви нестабилности, сепак имам драјвери од MetalGear, ќе ги ставам на хард дискот. Кога ќе забележам некој проблеми, ќе ги инсталирам. До тогаш мислам дека нема потреба. :D
А што може да се случи ако не инсталирам драјвери а?
 
M

Mr.Alien

Гостин
Кочење, споро работење, особено при читање/запис во хардот, избацување од апликации......за кратко време ќе збесниш :D.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Е споро работи, но тоа е заради процесорот. И брзината на хард дискот и рам меморијата. Не мислам дека е заради матичната. Единствено графичката ми прави сериозни проблеми, филмовите слајд шоу се...
За музика нема гајле, работи као подмазано. А на спор компјутер сум навикнат. Јас нема да збеснам ако седам на него, туку ти ќе збесниш ако седиш на него затоа што си навикнат на брз компјутер. У право сум а? :D
 
M

Mr.Alien

Гостин
Види....ај инсталирај ги и драјверите за графичката, па пробај со видео, да видиш дали ќе ти сецка.
За илустрација, на Pentium 2 машина со PCI графичка од 2 МВ може да се потера DivX филм, барем во Windowed мод, без OSD. И тоа течно, со одвај видливи сецкања, кои ако се усредсредиш на дејствието на филмот подсвесно ќе го игнорираш. Јас ги истерав цел Alien Ressurection и Swordfish без сецкања на тоа машинче (ми беше оставено на преинсталација).
На едно друго машинче пак, DVD ми тера со сосема мало сецкање на Fullscreen, без сецкање во windowed, додека DivX тера со едно 15-16 фрејмови во секунда (отприлика). Тоа е со onboard графика, 8 МВ shared, без 3D акцелерација.
Пробај, не те кошта ништо, освен што ќе мораш да ја победиш мрзата :p.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Единствените драјвери кои успеав да ги најдам за графичката, го пребарав цел е-свет и најдов само едно, но при инсталација ми се појави грешка и не се инсталираше. Мислам дека фалеше некој фајл во фолдерот од драјверите, но не се инсталира. Сега сум без драјвер за графичка, но тера понекако. И кога се стартува windowsot, тоа синиот екран од каде ти покажува на кој јузер да се логираш, се покажува слика по слика бојата.
И навистина имам голема мрза, треба да конектирам кабли за монитор, маус, тастатура, звучници, и се то... :p
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Ај нема везе темава нека се затвори, најдов драјвери за звук, доволно ми е.
Чао.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,503
Мислења
822,028
Членови
28,044
Најнов член
codeo
На врв Дно