1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дополнителен рутер за подобар вајфај

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од gokica, 15 Мај 2019.

  1. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,200
    9,057
    23 oктомври 2012
    Машко
    Наша грешка, требаше да те спремиме пред да тргнеш кон овернет и полесно ке ги прифатеше сите тие работи :( mi scusi...
     
    На gokica и 123456 им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    А бе ај не ме зезај и ти сега на овие нервози што ги кркав денес :) Не е твоја или нечија обврска да ги спремате луѓето како да купат. Супер ми помогнавте во темиве за што сум неизмерно благодарен.

    И веќе бев решен да купувам микротик АЦ на квадрат. Пред да тргнам им се јавив и културно ми објаснија дека им е најнов во понудата. Им кажав дека тргнувам накај нив. Ама после следеше губење на драгоцено време од животот обидувајќи се да набавам еден моч*н рутер. Никогаш повеќе.
     
    Krkac, Sukhoi и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Не си достојав на зборот. Ме јадеше црвот. И тоа не за Микротик туку за Убикјути.

    Најбрзо.ком беше опција ама ги продаваат само тањир без адаптер т.е. инџектор. Сакав да нарачувам онлајн ама си реков да не треба да се бафтам со царини зашто сепак е поголемо кутивче ова аксес поинтот.

    На крај голтнав кнедла и си земав UAP AC-LR од овернет. Вифи е страхотно добро ширум цел стан. И тоа уредот е поставен на биро позади врата :)

    Наредно кога ќе имам време ќе си земам уште Mikrotik Hex S па да намалам кабли.
     
    Necromancer, Oktar и на shooter им се допаѓа ова.
  4. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Земи го обичниот Hex заштеди пари. Сигурно не ти треба оптички влез ? Хардверски сњ идентични. ;)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    http://all4net.mk/product/rb760igs-hex-s/

    На овој мислев. Има PoE излез за чинијава и плус хардверски е ист со EdgeRouter X (ако не се лажам).
     
  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Хардверски се сите 3 исти. Обичниот hEX овој новиот hEXS и Еџ рутерот. Овој новиов hEX има плус оптичка порта и PoE на LAN5. Тоа е се што го прави различен од минатогодишниот hEX.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,054
    4,204
    4 ноември 2013
    Машко
    Не фрлај пари, дојди во ПП, ке ти заштедам некој денар :)

    Btw... не ја следев темава иначе ке ти дадев POE адаптерче за Ubiquiti уредот... и тука ке ти заштедев али јбг :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Една од причините зошто не се оптегнав за PRO е и тоа дека Hex S портата со струја може да напојува само Lite и LR. Ете да намалам кабли и адаптери. Бар така читнав на брзинка па може и да е грешно.

    Ех да знаев шо убаво ќе ми дојдеше. Побарав ама само во Логинг видов некој адаптер за 2500. Ај нема врска ќе терам вака. Убикјутиво е лудница за домет но и во поглед на софтвер.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Софтверот е добар, НО мора да биде активен контролерот нонстоп за да имаш преглед на тоа кој се закачил, колку трафик направил итн.. Ако го користиш без контролер, немаш преглед на овие податоци.. Малку е комплицирано, но најбитно од се е што е екстра стабилно во секој поглед.
     
    Последна промена: 22 Мај 2019
    На gokica и Oktar им се допаѓа ова.
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Се извинувам за нубско прашање.

    Дали Unifi AC може да се контролира преку вифи или мора кабел?

    И дали автоматски си менува канали според заситеност во тек на работа или само при бут?

    Благодарам.
     
  11. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    513
    312
    2 Март 2010
    Машко
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Пробав. Не го гледа уредот. Пишува дека требало да биде фактори сетинг т.е. да свети бел ледот. Ама мене веќе ми е конфигуриран преку ЛАН и е во функција. Нема логика да го ресетирам.
     
  13. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    911
    2,024
    28 Јануари 2017
    Машко
    Убо си мислеше да си земиш некое ефтино ТП Линкче, next next finish.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Ха, ха. Арно викаше другар. Шо ми требаше оваа беља :)

    Него и овој уред е таков. Сетиран и пуштен во употреба за само неколку минути откако го отпакував. Полесно здравје. Штом еднаш е сетиран нема потреба да му се пристапува. Си работи.

    Е сега ентузијастички сакам да му ги откријам сите дополнителни цаки и можности. Ама барам помош овде зашто немам време да читам на нет искрено.
     
  15. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    423
    316
    26 Јуни 2012
    Машко
    А како го исконфигурира претходно? Го користеше нивниот софтвер за конфигурација, или?
    Треба дека да му направиш "adopt" на кој и да ти е моментално контролер, само ако си опалил next-next-finish генерира комплексен пасворд за пристап и можно е да си го одминал па да не може сега да му пристапиш и да мора одново да го ресетираш. Инаку дифолт user и pass е ubnt ubnt.

    Канали автоматски менува, т.е подесен е на ауто мод од старт.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Супер штом канали менува во тек на работа.

    Го даунлоудирав софтверот од убикјути. Си направив мој јузер и пас за пристап до чинијава. Не направив акаунт за нивниот клауд или што и да е за бекап. И се е во ред. На десктопот кој ми е врзан со кабел го стартувам јава контролерот, се логирам и си менувам што сакам. На тањирот му направив и фирмвер апдејт.

    Е сега дали кога ќе го исклучам десктопот можам да му пристапам во сетинзите на тањиров од друг компјутер или мобилен преку вифи на иста мрежа? И ако да, како тоа да го направам?

    Претпоставувам дека клауд ки би било едно од решенијата ама не ми се исплати за еден тањир да купувам и контролер само за ова.
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  17. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    423
    316
    26 Јуни 2012
    Машко
    Можеш да му пристапиш штом си на иста мрежа со него е сега незнам за од мобилен како би одело. Од друг компјутер може така што ќе треба тој бекап фајлот да го импортираш и на другиот компјутер.
    Но ова колку што знам е ако сакаш да смениш кој да е „главен“ за контрола на чинијата. Инаку по моја логика на секое палење на различниот компјутер и обид за пристап констатно ќе го превзима акесес поинтот(ќе прави adopt). Верувам дека ќе работи ама не би рекол дека е пракса, повеќе еднаш да го сетираш на тој пц и толку.

    Инаку тоа оди вака, од главниот PC кај што имаш веќе пристап одиш во софтверот на unifi и доле лево во settings>maintenance>кај backup>download backup и ќе ти се симне фајл нешто *.unf.

    На другиот компјутер при самото стартување на софтверот нели има setup, тука ќе видиш има за да лоадираш бекап фајл. Нешто беше со alternatively.. тука load и внеси го фајлот од погоре *.unf.

    Пробај вака па кажи дали е тоа што мислиш. Малце им е тиња за пристап вака, не е како кај класичните рутери укуцуваш IP од било каде и тераш ама тоа е, enterprise уред е :).
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Супер! Фала ти на појаснувањето. Ќе го пробам штом го пуштам десктопот и направам бекап. Баш ќе известам што сум направил. Штета што не се пристапува како кај рутер ама не е страшно. Ионака мене повремено би ми бил потребен пристап. Си работи супер.
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  19. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    501
    401
    20 ноември 2013
    Машко
    тањирот може да има само 1 контролер, како што ти кажаа погоре со бекапот ќе треба нон-стоп да правиш адопт што не е идеално.

    не ти се исплати да зимаш контролер за еден со, солидна алтернатива е rpi

    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
    На Oktar и gokica им се допаѓа ова.
  20. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,200
    9,057
    23 oктомври 2012
    Машко
    @gokica Уредот не е наменет за директен пристап до него и конфигурирање, наменет е да биде дел од нешто поголемо и понапредно. Тебе ти треба јунифиејд конторлер и не ти треба да купуваш хардвер од кај нив, тоа е обичен софтвер кој работи одлично и на РПи. Во принцип, контролерот ти е потребен за да сетирање и за метрики и дијагностики. Во принцип ти никогаш нема да пристапуваш на чинијата, туку секогаш ке пристапуваш на контролерот кој патем е обичен веб сервер. Имаш и апликација за на мобилен која се поврзува со контролерот а дополнително и контролерот можеш да го поврзеш со клауд контролерот на убикјути и да имаш пристап до него од секаде (ова не го препорачувам).
    Лонг стори шорт, дедицирај едно РПи, ваљда досега сите на форумов имаат по едно, инсталирај УниФај контролер и тоа е тоа. Во принцип мноооогу ретко ке менуваш нешто, ама убаво е да го имаш, дава некои убави информации околу брзини, потрошувачка, загуба на пакети, околни мрежи итн итн итн.
     
    На gokica и null_ptr им се допаѓа ова.
  21. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,161
    3,450
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    [​IMG]
     
    На fuzzjaw, igor_xxxx, dashbog и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Ви благодарам другари. Сепак ќе одам со бекапирање. Евентуално во иднина контролер ако земам уште некој тањир. Ќе го земав контролерот и сега ама ми треба друг свич со ПоЕ. Така ќе ме фати ѓаол и пол за да решам пристап од секаде.

    Р-Пи немам (за срамота). Не сум земал само зашто немам време да го сетирам, надоградувам и проработам како што треба.

    Како и да е за прв пат во собата кај што е тањирот брзината на Вифи е еквивалентна на LAN. Апсолутно не гледам разлика нит во пинг нит во стабилност и брзина. Јак е легенов УПМ.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,200
    9,057
    23 oктомври 2012
    Машко
    Тоа сакав да ти кажам, ама изгледа не се изјаснив убаво. Инсталирај контролер на билокој твој персонален сметач, тоа е веб сервер, го старташ и он си ги има сетинзите, самп запази тој персонален сметач секогаш да ја има истата адреса. Контролерот воопшто немора да е постојано ап енд ранинг. Немој со бекапи и ристори да си го расипуваш раатот и бараш бељата.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,082
    13 Јуни 2009
    Благодарам. Да и јас така си викам. Видов дека ставаат контролер на Гугл клауд ама некако не ми се допаѓа тоа решение. Искрено и не се замарам повеќе со контролер. Нека тера.

    Само што изгледа има некои сетинзи со кои мора да се позамарам. Денес два пати падна нет на триесетина секунди. Не знам дали е тогаш кога телеком менува IP. Си доаѓа пак автоматски по 30 сек. ама во тој краток интервал нема нет. Вака не беше со претходни рутери. Но ај да не замарам повеќе, кога ќе имам време ќе пребарувам нет. А и ништо чудно да оди на продажба па да пробам нешто ново.

    Еба*о тањирот, сега ни од десктоп не можам да му пристапам. Контролерот не се старта. Не е ова за мене. Ах златен ТП линк...
     
  25. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Јас го заборавив кога последен пат направил прекин на интернет. 99.99% има аптајм. Кај тебе има некоја зезалица што треба да се намести. Незнам само што толку си сњ фанал со тој контролер ? Си имаш рутер ид него команди со се. Чинијата е само АП.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...