1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дополнителен рутер за подобар вајфај

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од gokica, 15 Мај 2019.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,084
    13 Јуни 2009
    Имам хуавеи рутер од телеком кој зрачи вифи.

    Сега сакам друг рутер ТП линк исто да зрачи вифи (иста мрежа т.е. SSID) и со тоа да добијам подобар сигнал на повеќе места во станот.

    Дали сум на прав пат:

    1. Двата рутери ќе бидат поврзани со лан кабел (на по еден од нивните лан портови)
    2. На двата треба да е вклучен DHCP.
    3. По дефаулт првиот рутер има адреса 192.168.100.1 додека вториот рутер 192.168.0.1. Не знам дали треба да го зменам ова т.е. на вториот рутер да му доделам адреса 192.168.100.2 на пример.
    4. Треба да лимитирам DHCP рејнџ на прв и втор рутер да не се поклопуваат (на пример првиот до 125 а вториот од 126-255).
    5. Претпоставувам треба да се на различни канали т.е. првиот на 1-6 а вториот на 11.
    6. Двата се со ист SSID и пасворд на 2.4 гигахерзци.
     
  2. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    224
    196
    25 Април 2011
    1. Кабелот треба да е поврзан на WAN портата на TP Link-от
    2. Доколку сакаш да бидат во иста мрежа, не би требало да имаш DHCP на вториот
    3. Можеш да ја поставиш 192.168.100.2 како WAN IP на TP Link доколку не ти треба тоа што го спомнав во точка 2 или како LAN IP доколку би биле во иста мрежа
    4. Неможеш да имаш исти range на двете DHCP-а, според твојот сетап вториот ќе доделува 192.168.0.xxx
    5. Би било добро да се на различен канал за да не си сметаат еден на друг
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Никако на двата DHCP, најверојатно ќе имаш проблеми.
    Ај првин види дали на тоа ТП Линкот (незнам што модел имаш за да проверам) имаш нешто Access Point mode. Ако да, онда тураш статичка ИП, на пр. 192.168.100.2, гетвеј и иста вифи мрежа ставаш, ист секјурити и ист пасс и генерално си наместен.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,864
    2,801
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Не, најубави еден рутер да доделува ip адреси,, не е добро и двата да доделуваат, може и обично доаѓа до конфликти, иако разграничуваш со ip кој од каде до каде да доделува.

    Напрај вака, само еден да доделува ip адреси пример 1 виот.
    На вториот тп линк исклучи DHCP, и локал ip на вториот рутер стави ја надвор ор рејнџ на доделувањето на ip адреси од првиот рутер.
    Пример ако ти е подесен да доделува 1 виор од ****.5-299
    Стави го вториот со исклучен DHCP да има локална ****.1

    И лан кабелот од првиот ќе го боцнеш во lan porta на вториот рутер, не во wan порта.

    И си good to go



    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    damil, GGTT1 и на gokica им се допаѓа ова.
  5. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    501
    401
    20 ноември 2013
    Машко
    1. Двата рутери ќе бидат поврзани со лан кабел (на по еден од нивните лан портови) - ok
    2. На двата треба да е вклучен DHCP. - рутер 1 ќе води ред за тоа, на 2 не му треба
    3. По дефаулт првиот рутер има адреса 192.168.100.1 додека вториот рутер 192.168.0.1. Не знам дали треба да го зменам ова т.е. на вториот рутер да му доделам адреса 192.168.100.2 на пример. - статична на вториот х.х.100.2
    4. Треба да лимитирам DHCP рејнџ на прв и втор рутер да не се поклопуваат (на пример првиот до 125 а вториот од 126-255). - покриено во чекор 2
    5. Претпоставувам треба да се на различни канали т.е. првиот на 1-6 а вториот на 11. - рутер 1 може на канал 1, вториот на 7 или 11
    6. Двата се со ист SSID и пасворд на 2.4 гигахерзци.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,471
    1,533
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Го пробал ли некој ова или некое слично вакво, што појачува/продолжува WiFi сигнал од рутер?
     
    На gokica и xristijanGTI им се допаѓа ова.
  7. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Јас. Обавезна опрема за по одмор ми е

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На Skorp, gremlin, yasho и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,084
    13 Јуни 2009
    Сега ми е многу појасно. Ви благодарам.

    На телекомскиот рутер рејнџот на адресите во DHCP е 192.168.100.2 - 254. Значи од 2 до 254.

    Дали треба да го лимитирам да почнува од 3 до 254 ако на вториот рутер му зададам статична адреса 192.168.100.2? Претпоставувам да но сепак да си прашам зашто ако не мора да го рчкам телекомскиот, и нема. Убаво си има наместен канал 11 телекомскиот, па така на ТП линк ќе му зададам друг слободен канал.

    И уште едно прашање. На пример се шетам со телефонот по дома и сигналот на едниот рутер ослабува. Претпоставувам дека телефонот автоматски ќе се префрли на другиот рутер т.е. канал кој има појак сигнал. Дали при ваквата промена ќе падне конекција? Ако играм игра, дали ќе ме исфрли од сервер кога префрла канал? Дали има застој?
     
    На vlavot му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,175
    2,869
    24 Септември 2012
    Нема да се префрли автоматски. Тоа е роаминг и го нуди Јубиквити како опција. Некој "квази" роаминг ќе зависи од ѕелефонот колку е глуп. А повеќето се гробишта глупи и ќе држат на 1 цртка врска иако има слободна мрежа со 3 цртки. Ама сето тоа ќе зависи и ќе треба да се проба.

    Стави да почнува од 10, не од 3 DHCP.
     
    На vlavot и gokica им се допаѓа ова.
  10. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    159
    122
    20 Јуни 2009
    По претпоставка дека немаш пуштено кабел од еден до друг спрат/стан и дека двата рутери ќе бидат еден до друг:

    дали е опција да го ислучиш WiFi-то на првиот и да зрачи WiFi само TpLink-от?
     
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,084
    13 Јуни 2009
    Е опција. Само што ТП линкот претходно почна да ми прави проблеми. Паѓаше нет и требаше рестарт. Сега е само свич.

    Телекомци ми донесоа хуавеи пред некој ден и сега само тој емитува вајфај. Ама опсегот на хуавеи е послаб. Па така во попладневните часови имам полоша конекција во собите каде не е рутерот.

    Сакав да пробам со двата рутери со тоа што сега ТП линкот би бил растеретен т.е. нема сите домашни вајфај конекции да бидат на него и плус гејминг ПЦата по дома ни се врзани со кабел за разлика од претходно кога се играше на вајфај од еден ПЦ.
     
  12. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    224
    196
    25 Април 2011
    До сега ќе инсталираше DD-WRT и ќе го научеше на памет :)
     
    На The-spiki и gokica им се допаѓа ова.
  13. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,084
    13 Јуни 2009
    Да. Искрено немам многу време. Со оглед на тоа што ТП линк работеше одлично се до пред месец два, и притоа пред некој ден му инсталирав апдејт и пак исто, сепак мислам дека толку му е векот. Ништо не беше сменето во мрежата за да нешто се зезне.

    Затоа и немам желба да си играм нешто посебно со него.
     
  14. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    501
    401
    20 ноември 2013
    Машко
    Како се однесува играта кога навистина ќе снемаш интернет, си продолжува кога ќе дојде пак или...?? бидејќи рутерот уште те 'чува' по стара ајпи адреса (би требало :)) па ако играта со 'пакетите' праќа и приватна ајпи тогаш нема да види разлика и ќе си продолжиш најнормално

     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    966
    1,101
    11 Март 2011
    Прочитав дел од погорните мислење, но не се, така да не видов дали некој препорачал, наједноставно решение мислам дека е

    1. Телекомскиот да е со DHCP
    2. Исклучи DHCP на ТП-линк
    2. Од телекомскиот Лан во ТП-Линк во Лан и вториот би требало да служи како бриџ

    Јас од практични причини задавам различни SSID на мрежи дома, за да знам каде сум конектиран.
     
    Oktar, gokica, Sukhoi и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,864
    2,801
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Токму така, наједноставно, и најпрактично и најфункционално, ова го кажувам бидејќи кај мене на 3-4 спрата врзував рутери, и ова е најубавото решение.
    Со тоа што безжичните мрежи и кај мене се со различно име поради тоа што со исто ги дава двете иси мрежи и како што кажа дени не се синхронизирани да префрлаат од еден на друг рутер.

    Секако најубаво е, еден дедиќејтед гејтвеј убиквити, исто свич исто дедичејтед со 10 порти, и од тој свич да излегуваат 2-3 Убиквити ац ац про безжични аксес поинтс кои се врзани со жичен кабел до свичот, и само гејтвејот доделува ip адреси.

    Но ова кошта околу 500-700 еур :)

    Сеа замислете дека тп линк дава за 690 денара, во едно, гејтвеј, свич и безжичен аксес поинт , (кое целото го нарекува рутер) и после заебаваат кочат не работа, епа не работат :D
     
    smole, gokica, Sukhoi и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,348
    10,084
    13 Јуни 2009
    Ви благодарам на одговорите. Значи сепак тоа се две мрежи на некој начин па така е можеби најдобро и да имаат различен SSID.

    500-700 евра и не е така страшно. Новиот ASUS RT-AX88U рутер чини 26,000 денари преку Нексио. Баш му се подумав да го земам па да се чаталам овде. Но сепак ова убикјути ми изгледа како добро решение.
     
  18. I.Cage

    I.Cage
    Intern

    28
    13
    13 Јуни 2018
    Машко
    Има опција коja се вика wireless repeater.

    Тоа значи дека вториот рутер од кога ке се конектира на "хуавеи рутер" го пренасочви сигналот и не треба да сетираш ништо повеќе од тоа.

    - SSSID останува исто. (ако сакаш можеш да го смениш)
    - WPA - останува исто. (ако сакаш можеш да го смениш)
    - Работат на една фреквенциа (нема интерференција)
    - DHCP-Server нема потреба да сетираш.

    Не сум сигурен дали TP-link има таква опција. MikroTik знам дека има. Избарај на нет дали TP-Link има wireless repeater.
    Искрено мислам не, али можда во новиве верзии да имет вметнато.

    Види Слика!![​IMG]
     
    Последна промена: 15 Мај 2019
    На BlackOuttheWoRlD и The-spiki им се допаѓа ова.
  19. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,673
    1,117
    16 Јуни 2010
    Машко
    Да ама ако оди со репитер губи половина од bandwidth-от на мрежата, нели бидејќи на ист канал слуша и потоа емитува. Освен ако не најде некој репитер што има една антена на еден канал со која само слуша, а друга антена со друг канал на која се прави реемитување. Ама сепак оваа другото решение со кабел е подобро генерално.
     
    На vlavot и Oktar им се допаѓа ова.
  20. I.Cage

    I.Cage
    Intern

    28
    13
    13 Јуни 2018
    Машко
    Како си сигурен дека губи bandwidth? Каков резултат си имал на една и друга страна? Јас мислам дека нема загуби. Освен ради разликовитоста на уредите
    На пример: iphone има во континуитет проблем кога се конектира на MikroTik мрежа.
     
  21. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,673
    1,117
    16 Јуни 2010
    Машко
    Епа ајде како со едно радио ке праќаш и примаш сигнали истовремено? Мора да почекаш да го примиш сигналот прво, па потоа со истото радио да го пратиш во етер. Ете каде е загубата во протокот. Wireless-от и онака е half-duplex медиум така да ова со репетитор треба да е последно решение.
    А ке работи, тоа не е спорно у никој случај.

    Офтопик: Горе рутерот, тој од 26к е џабе фрлени пари. Тие реклами со соберени брзини од 2-3 wifi стандарда и неверојатни брзини од 6.7 гигабити и што ти уште не, тоа се тешки глупости. Ако се дава пари за wifi инфраструктура, се купува нешто што е reliable и е лесно за менаџирање. 2-3 тањира на Unify се многу подобро решение него било кој асусов "gaming" рутер со 116 антени расфрлани на него. И нормално ако се гејма, кабел и решен проблем. Нема сеуште сигурна и reliable вифи солуција да спречи ping spike у сред game и куп нервози поради тоа :)
     
    The-spiki, vlavot, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. I.Cage

    I.Cage
    Intern

    28
    13
    13 Јуни 2018
    Машко
    Да, wifi e half-duplex тоа е така. Лигиката ти е точна. Само јас сакам да знам дали си тестирал, со која опрема и каков резултат си добил.
    Јас се базирам на MikroTik. Кога со тој уред правиш wireless rep. автомацки уредот креира виртуелен интерфејс и од она што сум користел и гледајки на официалниот МТ форум никој се нема пожалрно на такво нешто. Станува збор за виртуелен интерфејс и се препорачува за домашна употреба. Во таков случај нема да осетиш ништо. Зато прашувам кои се твоите резултати.
     
  23. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ти можеш и 10 вортуелни интерфејси да напраиш на крајот преку една цевка искачаат.
    Значи при вајарлес репеатер, секој репеатер генерално губи околу 50% од брзината, за разлика кога би бил закачен на првиот рутер.
    Јас сум пробал. Хувеи од телеком главен вифи. Спеед 20/5 (толку ми е оптиката). Асус врзан во рипитер вајарлес (9/2). Истиот асус во аксес поинт мод врзан со лан на хаваито (20/5). Тестирано со ист лаптоп како клиент во трите случаи.
    Дека работи вајарлес репитер работи, дека никој не се жали може и тоа. Ама дека брзината е иста, е немогуча работа со едноставни рутери кои не се наменети за градење мрежа од вифи со одделни радија внатре за интерконекција и одделни за комуникација со клиентите.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На flashgordon007, vlavot, gokica и уште 2 други им се допаѓа ова.
  24. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
    Искористи го времето за поважни работи.Земи си Unifi и заборави го во некој ќош. Толку.
     
    Speedster, smole и на gokica им се допаѓа ова.
  25. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,864
    2,801
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Се што сакав да кажам го кажаа @Sukhoi и @marv рипитерот е тотална безвезална работа, бидејќи како што кажаа горе, треба да слуша и да продолжува/екстендира, што значи голем дел од радиот сигналот оди на слушање.

    Да рутерот од 26.000 е глупост и немој да фрлаш пари на гимици.

    Најдобро решение според мене е ова
    1- Ubiquiti Networks - UniFi® Security Gateway

    2- Ubiquiti Networks - UniFi® Switch 8

    И две вакви,
    Ubiquiti Networks - UniFi® AP AC PRO

    И си завришил за наредните 20 години :)
     
    Speedster, Oktar, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...