1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Doogee Turbo DG2014 - 5 инчен смартфон

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од olikomerc, 19 ноември 2014.

  1. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,483
    3,383
    11 Декември 2008
    Машко
    Овојпат за рецензија имаме модел од еден нов бренд DOOGEE. Се работи за нова компанија на кинескиот пазар, која е меѓу главните играчи кога станува збор за производство и продажба на смарт телефони. Во оваа рецензија ќе се запознаеме одблизу со Doogee Turbo DG2014, прекрасен и ептен тенок 5 инчен смартфон со 2 сим картички, кој нуди одлична изработка и солидни перформанси за кои ќе видиме подетално понатаму во рецензијата. Телефонот може да се најде во повеќе бои: бела, црна, сина, жолта, а повеќето од нив ги има и може да се видат во Анхоч.


    IMG_2865.JPG
    20140103101156625.jpg
    Самиот смартфон доаѓа во добро спакувана бела елегантна амбалажа, а внатре покрај телефонот се наоѓаат и додатоците што одат со него, сите во бела боја: полнач, усб кабел, слушалки, 2 заштитни фолии за екранот плус една веќе нанесена и упатство за употреба на македонски јазик.

    IMG_2879.JPG
    IMG_2869.JPG
    IMG_2870.JPG
    IMG_2875.JPG

    Технички Спецификации:

    Оперативен систем: Android OS 4.4.2 (Kit-Kat)
    Chipset: Mediatek MT6582
    CPU: Quad-core 1.3 GHz Cortex-A7
    GPU: Mali-400
    Дисплеј: 5.0" HD 1280x720 pixels, IPS capacitive, OGS Full Lamination
    Меморија: ROM 8GB / RAM 1GB
    SIM картички: Dual SIM Card (1 x Mini-SIM и 1 х Micro-SIM)
    Камера: 13MP со LED FlashLight
    Предна камера: 5MP
    Батерија: Li-ion 1750mAh
    Димензии: 143 x 72 x 6.3mm
    Wi-Fi: 802.11 b/g/n
    Bluetooth: Bluetooth 4.0
    GPS: GPS, AGPS
    Видео Формати: MP4/ 3GPP/ H.264

    Дизајн и хардвер:

    На изглед телефонот однадвор делува многу елегантно, има коцкаст изглед, од напред целиот екран е покриен со стакло (OGS Full Lamination-линк) и кога е изгаснат екранот делува многу симпатично, комплет е црн од напред поради стаклениот изглед. Од страните е метален, поточно поголемиот дел од куќиштето е направено од легура од алуминиум и магнезиум што го прави поцврст и стабилен, а воедно и модерен и елегантен. Поради OGS технологијата, е и многу тенок со само 6.3 милиметри така да може да се вброи меѓу најтенките смартфони на пазарот.

    IMG_2980.JPG
    IMG_2995.JPG


    На горниот дел се наоѓа усб приклучокот за полнење на телефонот и поврзување со компјутер и 3.5мм аудио излез за слушалки. На предната горна страна се наоѓа предната камера и Proximity сензорот.

    Од левата страна е копчето за вклучување (Power), а од десната страна се Volume копчињата за регулирање на јачината на звукот.

    Капакот од задната страна е нешто како половина гума половина пластика, со ситни дупчиња по него, нежен на допир и не се лизга од раце. На задната страна долу се наоѓа звучникот и логото на производителот, а горе е камерата која е малку испакната и се приметува дека малку штрчи. Под капакот е батеријата, а има место за 2 сим картички, од кои едната е Mini-SIM, a втората е Micro-SIM како и слот за мемориска картичка.

    10.jpg

    Од хардверска гледна точка, овој смартфон е солидно опремен со 4-јадрен Mediatek процесор MT6582, има 1GB RAM меморија и 8GB внатрешна меморија. Екранот е 5 инчи IPS со HD резолуција 1280x720 и OGS Full Lamination (One Glass Solution), со ултра-осетлив тач ретина дисплеј. Боите се одлични и прецизни и нема никакво изобличување на боите како и да се сврти телефонот под кој било агол. Има и автоматска регулација на осветлувањето на екранот што е се почесто изоставено кај поновите модели на смартфони од големите производители. Тачот си функционира лесно и прецизно.
    Батеријата е со 1750 mAh и со нормално користење со 2 сим картички, вклучено WiFi во поголемиот дел од денот, го работев околу ден ипол првиот пат, после следното полнење не го малтретирав многу и надмина 2 дена и некој саат, а со почесто користење издржа до кај еден ден.

    b9ce559e-ae7f-4556-adb1-1e7216b07969.jpg

    продолжува надолу во нареден пост...
     
    Последна промена: 19 ноември 2014
    На Enis-Phantom, Luxell, FLEGMA и уште 14 други им се допаѓа ова.
  2. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,483
    3,383
    11 Декември 2008
    Машко
    IMG_3013.JPG

    IMG_3023.JPG


    Телефонија:


    За телефонирањето нема никакви проблеми, одлично се слуша, исто и од другата страна.

    11.jpg


    Софтвер:

    Телефонот доаѓа со Android 4.4.2 Кит-Кат оперативен систем. При работење, инсталирање разно-разни апликации, тестирање, бенчмаркови итн, не наидов на некои потешкотии, сосема нормално си работи и софтверот не покажа некаков баг или слично.

    Screenshot_2014-11-18-06-55-57.png

    Screenshot_2014-11-18-06-56-08.png

    12.jpg

    13.jpg

    продолжува во нареден пост...
     
    Последна промена: 19 ноември 2014
    На Luxell, FLEGMA, RagingDemon и уште 9 други им се допаѓа ова.
  3. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,483
    3,383
    11 Декември 2008
    Машко
    МОМЕНТАЛНО СЛИКИТЕ НЕМОЖЕ ДА ГИ ПРИКАЧАМ (ЌЕ БИДЕ ВАЉДА)

    Камера:


    Телефонот е опремен со 2 камери од кои задната камера е со резолуција од 13MP и има лед флеш, додека предната е 5MP. Камерата е составена од 5 различни специјални леќи за поживи и поостри слики. Во прилог следуваат неколку слики направени со нив од кои може да се види со каков квалитет се истите.

    1111.jpg
    111.jpg


    Тестирање:

    Во прилог еве и неколку тестови од најчестите програми за тестирање, колку да се види и спореди со други модели.

    antutu.jpg

    geekbench.jpg
    cpuz.jpg

    Заклучок:

    Доколку барате телефон до 8-9000 денари, вреди да му се даде шанса и на овој модел. Пред се има елегантен изглед, квалитетна изработка, прекрасен 5 инчен IPS екран, доволно RAM и ROM меморија, како и две солидни камери напред и позади. Како плус би го навел поседувањето на 2 сим картички и тоа едната мини-сим другата микро-сим така да нема да има потреба од додатни сим адаптерчиња. Телефонирањето е без проблеми, проксимити сензорот е ептен брз, а и самото работење со телефонот, движење низ менито, отварање апликации, се си работи брзо без укочувања и лагирања. Како минус може би била батеријата која би требало да биде барем над 2000-2500 mAh за ваков вид на телефон, иако со нормално работење комотно ќе држи ден ипол до два.
    Нормално кога ќе размислиме за оваа цена, овој смартфон нуди одлични перформанси, а секако тука вреди да се спомене и гаранцијата од 1 година.

    За крај голема благодарност до Анхоч за отстапениот модел на тестирање.
     
    Последна промена: 19 ноември 2014
    На Luxell, Tawe, Necromancer и уште 14 други им се допаѓа ова.
  4. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    867
    524
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Браво оли супер рецензија (до пола :D).Кога ќе сликаш со камерата објави и ноќни фотографии и фотографии направени во затемнета просторија.
     
    Стап, olikomerc и на kirev им се допаѓа ова.
  5. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Хардверски ми делува како конкуренција на iPhone 6 :D
     
    На Harrabed, tupacan, Војвода и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,730
    24,791
    4 Септември 2008
    Одличен телефон во тој ценовен ранк и секако одлична рецензија, ми се свиѓа како изгледа интерфејсот, дефинитивно е далеку од другите кои изгледаат несериозно и како дизајнирани за мали деца.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,587
    5,106
    20 Април 2007
    Машко
    Во последно време кинескиве телефони прават парче насекаде. Навистина од напред изгледа одлично.
    Прилично добар хардвер, на хартија, верувам дека не е проблем истото да биде и во пракса.
    Неколку луѓе кои ги познавам користат овакви телефони, конкретно од овој бренд и досега се прилично задоволни.
    :)
     
    На StalkeR и olikomerc им се допаѓа ова.
  8. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,956
    2,919
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Баш ме интересира колку интернет брзина ке изваде тоа WIFI- Hotspotot на EDGE мрежа ? Бидеќи ако го земам телефонов да не се покаам околу тоа со спор Wifi - Hotspot . На пример Quart купен од АМЦ имаше околу 12кб/сек а додека една каначка од Алкател 26кб/сек нет .И двата телефони се на ONE мрежата.
     
    На bate mile и olikomerc им се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,730
    24,791
    4 Септември 2008
    И да, одлична рецензија, браво olikomerc, ќе заборавев :)
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  10. STEFF

    STEFF
    Unstoppable

    1,500
    2,255
    4 Јули 2013
    Одлична рецензија, само мала негативност на DOOGEE телефониве е недостаток на 900MHz мрежата за 3г на вип, се друго е ок :)
     
    На edin.ademovic, Enis-Phantom, bobmkd и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    513
    312
    2 Март 2010
    Машко
    Браво, супер рецензија. Ме интересира како се покажа со греење при користење? Грее ли многу?
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,004
    18 ноември 2009
    Супер рецензија, обичнo телефони во овој ценовен ранг идат со мизерни 4гига внатрешна меморија што не е случај тука и тоа е голема предност.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  13. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,826
    1,350
    10 Август 2010
    Машко
    Топ рецензија, само ми фалат уште некои работи за да биде туто перфекто:
    -Слики во ноќно време
    -Скриншот од Screen on Time.

    :)
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,243
    24 Март 2009
    Машко
    Прв пат кога ја видов марката мислев дека е Dodge, а оно уствари била Doge
    [​IMG]

    Одлична рецензија патем :D
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  15. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,826
    1,350
    10 Август 2010
    Машко
    [​IMG]
     
    Kajsibebraat, olikomerc и на RagingDemon им се допаѓа ова.
  16. bobmkd

    bobmkd
    Gaining Experience

    372
    190
    18 ноември 2008
    Машко
    Јас за тоа го вратив :( а ептен ме бендиса, извинете за офтопик
     
    Enis-Phantom, STEFF и на olikomerc им се допаѓа ова.
  17. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,483
    3,383
    11 Декември 2008
    Машко
    Благодарам на сите за поддршката :)

    За жал не сум тестирал тоа, бидејќи и сим картичката која ми е за пробување нема вклучен интернет од оператор.

    едит: Изгледа не поддржува, ова ваљда 900 е за 2G Network само штом и bobmkd проверил со сигурност :).

    Network:
    Dual SIM (Dual stand-by) (one Micro SIM card)
    2G Network: GSM 850/900/1800/1900MHz
    3G Network: WCDMA 850/2100MHz

    Нема да загрева многу, најнормално по малку само, иако на игри не го оптеретував многу, само 10-15 минутки пуштив 2-3 игрици и не загреа воопшто над нормалното.
     
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,956
    2,919
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Би те замолил да го тестираш кога ке бидеш во можност бидеќи сум настрвен за зимање , бидеќи ке ми биде и како примарен телефон за wifi hotspot на компјутеров.
     
  19. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,483
    3,383
    11 Декември 2008
    Машко
    Нема да можам за жал, денес го вратив телефонот :(

    Ама ако сакаш да го купуваш, објасни им претходно за ова во Анхоч па може и они на лице место ќе го испробаат пред да ти го пратат (ако го нарачуваш онлајн).

    Исто така, верувам дека ако нешто не ти се допаѓа или не ти врши работа, ќе може и да го вратиш назад.
     
    На Pane24 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dorian

    Dorian
    Intern

    27
    3
    8 Јуни 2010
    исто мислев и јас да го купам телефончево, али и ја сум на вип. Ептен ми прави кејф дизајнот, камерата како што гледам е подобра од други кинески брендови со приближно таа цена, освен фактот дека ниедно видео, на ниеден телефон до сега што сум гледал рецензии, не се замарале да направат асални фотографии, дневни и ноќни за да се види убаво квалитетот на камерата и лед флешот. Без разлика дека е ефтин телефонот, не очекуваме многу, ама добро е да се знае 100% реалната ситуација, а изборот пак зависи од лично нас. и не е 6,3мм дебел, повеќе од 8мм е. 6,3мм може да е само на краевите, а не на телефонот општо.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  21. bobmkd

    bobmkd
    Gaining Experience

    372
    190
    18 ноември 2008
    Машко
    Не поддржува 3G на 900Mhz, само на 850Mhz, така стои и во спецификациите но и јас не ги прочитав внимателно пред да го купам. Откако го вклучив и го пробав видов дека нешто не е во ред па ги препрочитав спецификациите и се посомневав дека е заради тоа што 3G-то на ВИП работи на 900Mhz а во спецификациите стои дека телефонот подджува 3G само на 850Mhz. Го вратив на Водњанска и сервисерот ми потврди дека е тоа проблемот и рече дека реагирале во фабриката т.е. им кажале дека кај нас има провајдер чија што 3Г мрежа работи на нестандардна фреквенција па затоа бараат во иднина да се корегира тоа доколку е можно.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  22. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ти вратија пари без проблем?
     
  23. bobmkd

    bobmkd
    Gaining Experience

    372
    190
    18 ноември 2008
    Машко
    Ми понудија да ми вратат пари или да земам телефон од друг бренд, јас земав телефон.
     
    На tomaso, kirev, STEFF и уште 2 други им се допаѓа ова.
  24. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,587
    5,106
    20 Април 2007
    Машко
    Anhoch се закон!
     
    На Harrabed, bobmkd, viktormkd и уште 3 други им се допаѓа ова.
  25. Dorian

    Dorian
    Intern

    27
    3
    8 Јуни 2010
    Што телефон зема другар?
     
Слични теми
  1. maci
    Одговори:
    30
    Прегледи:
    2,257
  2. GreenRoot
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,951
  3. SaleSk
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    2,703
  4. gremlin
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    776
  5. GreenRoot
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    2,876
Вчитување...

Сподели

Вчитување...