1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Донации и помош за #поплава 2016

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од uradi_sam, 12 Август 2016.

  1. uradi_sam

    uradi_sam
    Gaining Experience

    178
    110
    30 Јануари 2009
    Машко
    Бидејќи неможам да постирам во темата донации, како член од поплавено подрачје. Иако е сеуште рано сепак ако може кој колку може да се склопуваат компјутери и друга опрема за оние што се целосно поплавени дечиња.Лично ќе ве однесам да ги дадете на нив. Во моментов кој сака да помогне нека земе гумени чизми, лопата и да билда со чистење кал.
    Извинете што овде ја ставам темава, прфрлете ја кај треба, благодарам однапред на сите.
     
    На Duke, gokica, Hristijan_95 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас имам матична плоча, процесор, рам меморија и хард диск што можам да го донирам. Мислам дека ќе ослободам и едно куќиште, имам и тастатура и маус. Ми фали монитор за да се склопи компјутер за донација.
    Веќе еден од Стајковските компјутери е кај мене на бесплатен сервис. Тоа е најмалку што можам да направам за несреќните.
     
    smole, D и на borcep им се допаѓа ова.
  3. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,056
    2,959
    2 Септември 2012
    Машко
    Од мене:
    1. Напојување Sata label 500w (реални околу 200w) - потполно исправно
    2. Процесори LGA 775 : 1. Intel D 356 3.33GHz 2. Intel Celeron 430 1.8GHz - потполно исправни
    3. Хард диск Western Digital WD Green WD5000AADS 500GB - има по некој бед сектор , меѓутоа одлично работи како системски.
    4. Монитор (црт, комплет со кабли) - во работна состојба.
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,574
    6,361
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Донеси ја плочата што праевме муабет.
     
  5. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Na Stajkovecot mu se nasolzija ocite koga mu rekov deka ke mu ja sredime bez pari.Ke ti ja donesam denovive, mozebi i denes.

    Najgolemata katastrofa od se e sto Stajkovchani ziveat od zemjodelstvo. Sega velat vrz nivite ima pola metar kal, ke pominat uste najmalku 3-4 godini dodeka moze povtorno da se sadi bilo sto. Ne znaeme sega ni koja niva chiva e, megjite se zatrupani. Kako ke ziveat vo narednive 5 godini dodeka uspeat nesto da zasadat mene ne mi e jasno. Del on niv ke se iselat vo stranstvo, del ke se preselat vo skopje, del ke bidat zrtvi na etnicko cistenje... E togas naebalo Skopje i Makedonija.
     
    marto, Harrabed и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  6. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,574
    6,361
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    До сите оние што имаат проблеми со дефектни апарати од поплавите во Стајковци, нека ми се обратат лично мене, без лажење као у стилот поплавено ми е ова а тој живее во центар.... Колку ќе ми дозволат финансиите, толку и ќе можам да поправам бесплатно. Ве молам само сериозно да биде. Не можам да одам да чистам и помагам бидејќи работам по минимум 16 часа на ден, но затоа можам вака да помогнам. Ајде ангажирајте се сите, и да им помогнеме на луѓево, посебно на сиромашните семејства.
     
    На sas_klar, Krkac, Harrabed и уште 13 други им се допаѓа ова.
  7. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,574
    6,361
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Плус ако се соберат многу апарати, би замолил некој електроничар да дојде и да помага. Предност имаат само саглам мајстори, не хобисти.
     
    На Krkac, uwemi, STEFF и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Во понеделник во канцеларија ќе собереме сите работи што ги имаме а не се користат - од типот РАМ, графички, напојувања, вентилатори, монитори и ќе ги доставиме. Не знам сега колку точно ќе има и што, но во понеделник може да прецизирам.

    Дали @uradi_sam може да ти ги доставиме на тебе или пак @Astro со цел да се проверат и изготват цели конфигурации, ако имате директни контакти со населението? Најискрено не би сакал да ги даваме на пунктови на црвен крст или слично за да избегнеме злоупотреби.
     
    На Krkac, Daniel86, borcep и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Монитор може да доставиме ние.
     
  10. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Благодарам. Никако на пунктови. Јас имам блиски во Стајковци, би организирал дистрибуција со нивна помош. Не заборавајте дека и кабли од секаков тип дека требаат.

    Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
     
    На borcep и D им се допаѓа ова.
  11. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Ние може да ги доставиме во понеделник сите делови и вишок кабли од канцеларија. Плс пиши ми во приватна порака број и ќе се чуеме во понеделник.

    Ни треба доброволци кои би ги склопиле конфигурациите со доставените делови.
     
  12. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    И уште нешто само, имам простор за тестирање и склопување ама ми фали едно обично биро. Ако некој има на заем за пар недели молам нека ми пише во ПП.
     
  13. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    624
    1,187
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Дечки, ги организирав моите по дома да најдат се што имав оставено по кутии, подруми, итн и наидоа на следниве работи:
    • Lan кабли, сигурно има дваесеттина метри. Некои се со конекторчиња некои не. Има PC to Speakers кабелче, Power Cable, DVI to VGA, неколку кулерчиња, Папка за CD-ња, термална паста скоро цела, USB сплитерче, HDD 80ка ко што ме служи сеќавање со некој bad сектор али функционираше, PSU конекторчиња, се наоѓа и некој Scart кабел.

    • А ми се наоѓа по дома и склопено кукиште од памтивек, али беше функционално се додека не рикна напојувањето (најверојатно). Куќиштето е со 2 гига рам DDR1, некој celeron процесор ко што ме служи сеќавање и плус хард а можда и два од по 80 гига. Им го имав оставено на моите како бекап компјутер покрај лаптопот, имаше инсталирано 7-ца и си функционираше топ, се до моментот кога им рикна и не се пушти пак. Пренесено им беше дека проблемот е до напојувањето. И година дена е во мирување. Искрено не можам да гарантирам дека само тоа е проблемот, али сепак нешто од таму може да ви се најде.
    Е сега вака, има една ситуација, пошто не живеам во МК, лично не можам да ги однесам работите што ќе олеснеше се, па затоа ќе треба да го договарам татко ми со некој од вас, или ако има некој да помине од Ѓорче (односно му е успут) да ги собере, топ.

    Како што гледам по дискусијава, работите би се носеле кај @Astro, така? Да ми кажеш како си со време друже, да видам и татко ми како е со време, пошто скоро секој ден е на работа во Железара, па да видам тајминг некако да ви се поклопи?
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ќе се поделиме како е оптимално. Нешто ќе земам јас кај мене, нешто на работа, нешто кај некој што ќе се пријави како доброволец. Јас сум во Тафталиџе така да Џорче не е многу далеку. Ќе се слушнеме во понеделник да се организираме.
     
  15. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    624
    1,187
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
  16. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,826
    1,350
    10 Август 2010
    Машко
    Да се направи список од донирани делови и делови кои се потребни за комплетирање на конфигурации?
    Би било попрегледно така.
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tomi

    tomi
    Guru

    9,864
    9,107
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Донирам еден компјутер само хард диск му фали. Во понеделник може @Astro да се чуеме да ти го предадам или на некој друг ?
     
  18. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ќе го земам јас и така сме блиску.
     
  19. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,208
    1,190
    10 Септември 2010
    Ако оди преку наши членови, јас финансиски ќе помогнам за што фали ситници само кажете што треба, а ако е преку црвени крстови итн тогаш не.
     
    Oktar, borcep и на D им се допаѓа ова.
  20. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не не.
    Вака се договоривме, еве ќе пишам да знаат сите. Компјутери никако нема да даваме на црвени крстови или месечини, ниту пак пунктови.
    Имаме наши луѓе од стајковци и околината кои ќе ни достават списоци со Имиња и презимиња, адреси и телефонски броеви (кои нормално нема јавно да ги објавиме). Најгоре на листата ќе бидат по проценка лицата на кои најмногу им треба компјутер, ученици, луѓе чии приходи зависат од поседување на компјутер дома. Тука не можеме да бидеме сосем прецизни но ќе проценуваме. Ќе составуваме компјутери и истите ќе им ги делиме на луѓето лично, тогаш кога ќе имаат услови за тоа. Нашиве што ги познаваат тие луѓе ќе ни помогнат како можат. Значи нема да бидеме ни ДПМНЕ ни СДСМ ни било каква друга интересна партија. Сакаме само да го дадеме својот придонес и други да научат од нас.

    За се ќе се водат списоци и истите ќе бидат дадени на увид на кој ќе побара, но од оние кои ќе донираат. Таа е замислата сега за сега додека не одлучиме поинаку, а ќе одлучуваме логички и разумно.

    Уште не се пријави никој кој би помогнал окулуи склопување и тестирање.
     
    На Jovan2389, Krkac, igor_xxxx и уште 6 други им се допаѓа ова.
  21. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,771
    1,258
    17 Август 2014
    Машко
    Јас сум од Стајковци, ако ви треба нешо логистика кажете..
    Не сум поплавен јас иначе ок сум
     
    На Krkac, Oktar, igor_xxxx и уште 3 други им се допаѓа ова.
  22. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ќе треба логистика. У најмала рака да потврдиш дали списокот со приоритетни семејства е исправен. Ако имаш некој познат на кој му треба компјутер или сервис на монитор/ЛЦД телевизор јавувај.
     
    На DarkEnchanter му/ѝ се допаѓа ова.
  23. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,771
    1,258
    17 Август 2014
    Машко
    Види има бајаги куќи (според мене од 200-300 куќи) каде што начисто имаат све изгубено, немаат ништо освен празни зидови со кал...
    Така да мислам да почекаме малце зашто сигурно у моментов не им е до компјутер, пошто и да им донираме компјутер на што ќе го стаат или приклучат :)

    Ова е добра иницијатива само да причекаме малце да се стабилизираат работиве недела две три.

    У тој период може да се составуваат конфигурации и после само да се поделат.
     
  24. Astro

    Astro
    Guru

    5,975
    8,087
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Епа тоа ни е уствари планот. Нема ни струја сега веќе. Ние да сме спремни со компјутери па ти направи проценка кога ке е најдобро да се делува.
     
  25. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,574
    6,361
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Најбитно е да се чисти деловите за да може да се работи фино со нив, и да биде прегледно. Кој ќе има нешто да донира, прво нека помине кај мене у сервис у лисиче, да ги издуваме добро со компресор, имам најмалку 8 бари константен притисок. Потоа може нешто да оди кај Астро, нешто кај мене. Можам да склопувам по една конфигурација на ден, за повеќе немам капацитет. Кој ќе сака да помага, ќе му оставам и клуч од дома, да може да си работи кога јас не сум таму. @Astro ете ако сакаш склопувај кај мене дур не сум дома, ја кога ќе се вратам од работа може да фатиме заедно.
     
    Fredy, AleksandarCaki и на D им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. JasSum
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    464
  2. AleksandarBR8
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    500
  3. l1d0v1c
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    925
Вчитување...

Сподели

Вчитување...