1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Домени и нивната законска регулатива

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Pulse, 10 Јуни 2019.

  1. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,199
    1,251
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Не успеав да најдам слична тема на оваа, па може да ја користиме во контекс на домени и све околу нив.

    Мене ме интересираше, дали би можел да се најдам во проблеми доколку регистрирам домен со .мк наставка, а името да содржи т.е. во целост е име од голем бренд во Македонија.

    Поточно денес закупив 2 што беа дропнати од пред 3-4 дена, или да чекам и да омрсам бркови ако сакаат да ги откупат? :D
     
  2. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,623
    1,397
    27 Јануари 2011
    Машко
    И они ке чекаат ти да се изарчиш неколку години и да ги ослободиш.
     
  3. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Џабе си ги купил, ако утре решат они да ги регистрираат ке мораш да ги ослободиш. ТОа го воведоа пред некоја година баш поради вакви работи. Имаш еден лик од куманово што има продавница за компјутерска опрема и го купи анхоч.мк и носеше кај него на сајт. Исто е ама не е исто. Анхоч си потегнаа постапка за добивање на домејнот според таму некои закони за индустриска и интелуктална сопственост како и претпознатлив бренд и незнам што и си го добија. Истото му се деси и на ликот од Чаир мислам дека беше што го имаше регистрирано гоогле.мк и бараше чинам 50к евра за домејнот. На крај беше среќен што не го тужеа а он само вредно си го плаќаше неколку години мислејки дека ке се омрси.
     
    На DrMTR, yasho, Avid и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    777
    663
    27 Јуни 2012
    Ако го купи skopsko.mk џабе ти е, ако сакаат може и на суд да завршиш пошто си лесно достапен тука во Македонија. За да си немаш проблеми контактирајги и отстапи го доменот.
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    820
    876
    9 Декември 2015
    Машко
    Џабе фрлени пари. Ќе си го добијат домејнот назад глатко. Тоа ме потсети на времето на Фејсбук кога отворив Фан страница Skopsko. За неколку месеци собрав 40.000 лајкови и бројот растеше. Целта не ми беше заработка, го направив од досада и на неколку дена објавував слики од Скопско со коментар. Еден ден кога решила скопска пивара да го земе пејџот од Фејсбук ниту ме известија, ниту ме прашаа едноставно ме тргнале од администрација и толку. :)
     
    Boldozer, Oktar, DonFrozex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,478
    25,531
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Има закон. Со прикажување на лист од централен регистар дека ја поседуваш фирмата која носи исто име со доменот, истиот го добиваш лаганица...
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    790
    706
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Да не знаеш со кој закон/правилник е регулирано тоа?
     
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,478
    25,531
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Не знам. Ако се јавиш во марнет и ако се синхронизирани ќе го добиеш тој одговор. Мене од бив ми е информацијата.
     
  9. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,367
    3,075
    4 Септември 2008
    Порано имало арбитража, сега сите спорни ситуации се решаваат на суд. Немора да значи дека одма на некого ќе му го отстапат доменот, ќе треба да си докажат на суд. За имиња на фирми може ќе оди полесно, но за генерички имиња или брендови малце потешко, ако брендот не е заштитен (трејдмарк) може и нема да добијат на суд тие што тужат.

    upload_2019-6-11_14-2-2.png
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Ти задоцни 10 години за таа измама... да им го продадеш доменот на тие што би те добиле на арбитража ... ама побрзо и поефтино им е да ти дадат тебе помалце од колку што ќе беше трошок регуларно да ти го одземат со званична постапка за арбитража.
     
  11. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,620
    157
    11 Април 2007
    Машко
    Тешко да се најдеш во проблеми се додека не ги користиш за измами како што правел дечкото од Куманово со доменот на Анхоч.

    Трејдмарк е име плус да кажеме најпросто индистријата во која се нивните продукти или услуги.

    Така да, карикирам ако доменот е microsoft.mk ти направи еден COMING SOON пејџ со MicroSoft Croissants на пример, стави некоја слика со кроасани и мирен си.

    Пример за ова се компании како Delta Airlines. Во САД има сигурно уште илјада „Делта“ компании кои се во различни индустрии и сите имаат право на доменот delta.com, ништо Delta Airlines не е попривилегирана од другите.

     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  12. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,883
    1,453
    10 Август 2010
    Машко
    +1 од домените нема да се омрсиш, во најдобар случај ќе завршиш без тужби.

    Доколку регистрираш трејдмарк за странска компанија, која уште не е пристуна на мк пазарот (големите компании како правило прво регистрираат трејдмарк, потоа се останато прават) имаш шанси да заработиш нешто, бидејќи таа компанија нема право да работи под тоа име.
     
  13. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,776
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Да не отворам нова тема:
    Доменот не е повеќе валиден. Истиот е влезен во заштитен период.
    Што значи ова? Тој што го имал купено не го купува веќе? Колку време треба да помине за да можам да го купам доменот? Поминати се повеќе од 3 месеци.
    Валиден до: ХХ.03.2019
     
  14. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Заштитниот период трае 120 дена. Би ти рекол да пробаш да го регистрираш ако се поминати 120 дена.

    7. Заштитен период на домен

    Доколку доменот не биде обновен до датумот на кој истекува регистрацијата, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави измена на податоците за доменот.
    Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. По истекување на заштитениот период од 120 дена, доменот се брише и повторно може да се регистрира од друг регистрант.
     
    Последна промена: 19 Јуни 2019
    На DonFrozex и JasSum им се допаѓа ова.
  15. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,776
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Да почекам еден месец и да си го земам доменот.
    Ок.
    Фала на инфо :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    303
    235
    13 Март 2017
    Машко
    Да се наврзам на оваа тема, да не отворам нова. Македонски домеин, кој не е домаин на некоја фирма или заштитно лице, туку „инфо“ интересен домаин, регистриран далечна 2014, апдејтиран 2015 до јануари 2020. Така само стои, немало веб ниту пак некој редирект до нешто, едноставно си е закупен и не користен.

    Бидејќи сакам да го купам, која е постапката ако да речеме, сопственикот не го продолжи? Се чека како што кажаа погоре +120 дена? Не сакам да го контактирам тој што го има закупено, бидејќи мислам дека ќе го продолжи за нема повторно да биде активен..
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Процедурата е таа, или чекаш да се ослободи или го откупуваш од сопственикот.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    303
    235
    13 Март 2017
    Машко
    Значи никад. Сигурен сум дека ќе продолжат со обнова. Нема некоја „цака“ да се заобиколи процецот па да му го лапнам името? :D Бар мене ми е за работа, нема да стои празен..
     
  19. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,199
    1,251
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    има, го контактираш лицето, му носиш една луј витон ташна и твој е :D
     
    Goran995, Boldozer и на coNNectMKD им се допаѓа ова.
  20. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Види со Ципрас ако сакаш да лапнеш нечие име, он има искуство на таа тема :D Инаку нема врска дали стои празен или не, тоа ти е како парцела во катастар, ако си ја купиш и си плаќаш редовно давачки за неа, твоја си, неможе да дојде некој да се насели на неа само затоа што тебе ти стоела празна, јеби га, ваљда и ти би сакал да твојот домејн да биде заштитен некако. Инаку, на твое место, ја би почекал да видам дали ке го ослободи, ако не, ондак контактирај го, понуди му некоја соодветна сума, он ке бара пута 5, па ке се изнервираш и ке решиш дека можеш да работиш и со друг домејн а него ке му остане да си го плаќа и понатака... но може и да биде разумен дечко.
     
    На omegaRED, cipiripi, M.Pix и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,620
    157
    11 Април 2007
    Машко
    МарНет домените ги ослободува во 1 часот по полноќ. Напрај си потсетник и надевај се дека барем еден ден ќе го заборават :)

     
    На Oktar и coNNectMKD им се допаѓа ова.
  22. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    303
    235
    13 Март 2017
    Машко
    Ајде здравје, следната година:D Пак го продужиле..
    expire: 08.01.2021
     
  23. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,623
    1,397
    27 Јануари 2011
    Машко
    Еве еден пример од Босна, кај нив не важат закони
    Vedran Alajbegovic
     
  24. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    435
    1,299
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @hipo

    Важат ама толку му било гајле на некој да ги спроведе. Исто и за facebook.mk, on the good side барем не ги користат за scam/phishing.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  25. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,367
    3,075
    4 Септември 2008
    За facebook.mk не решиле уште да си го земат, инаку без проблем ќе го добијат.
     

Сподели

Вчитување...