1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Домашно аудио студио

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од imperial, 18 Април 2019.

Тагови:
  1. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,392
    1,990
    12 Август 2009
    Машко
    Нека биде ова место за искуства со аудио интерфејси, софтвер и слични помагала за аудио продукција. Без борба кој програм или хардвер е подобар, само лични искуства.

    Мене ме интересира споредбата помеѓу Focusrite и Presonus комплетите кои се продаваат кај нас. Оние со микрофон и слушалки... дали вредат за нешто или ?
    Дали е потребно да има MIDI влез и излез на картицата или тоа може преку USB да се додаде.
    Пример снимање на миди фајл од електрични тапани во DAW.
    Која е минималната PC конфигурација за 4 канали истовремено да се снимаат од кој 1 е MIDI.

    Постирајте и свои снимки, со нагласено, која опрема и додатоци се користени.
     
    Fatal1ty_, Oliver! и на sas_klar им се допаѓа ова.
  2. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    489
    373
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Добра тема!

    Можеш да дадеш пример за "Focusrite и Presonus комплетите" - ме интересира што конкретно продаваат и каде?

    Во однос на снимање на миди фајл од електрични тапани во DAW - ова во слободен превод (скоро) секогаш би требало да значи
    најлесната работа на светот - поради тоа што се работи за снимен MIDI сигнал кој може да работи на многу канали паралелно без процесорот да трепне...

    Гужвата настанува кога го реално време (или "во живо") нафрлаш многу _аудио_ канали и ги процесираш низ reverv, delay, echo, flanger итн
    Сè додека машината не е преоптеретена од вакви или слични работи, MIDI буквално ништо не ти може :)

    Сепак, да видиме што разгледуваш па да го анализираме.

    Поздрав!
     
    На imperial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    516
    329
    11 ноември 2015
    Машко
    Еве слики од моето домашто студио, имам сунгери но немам време кога да ги залепам, истите сунгери што се на сликата ги имам и исто ми е во план да ја направам собата, но предниот ѕид каде што се звучниците да биде целосно излепен со сунгери и на истиот ѕид имам ставено 5цм стиродур. Сакам малку да го соберам звукот да ми дојде на седина на соба пошто ми бега.
    Инаку звукот е испеглан од Трактор музичката карта и од самата миксета, пошто миксетата има звучна карта во неа. Имам настапувано на места каде сум го слушнал звукот како звучи дирекно од миксета и два CDJ, и на истото место со мојата опрема и има голема разлика. Звукот си е дигитален, се зависи кој каков звук сака да слуша. :)

    Yamaha HS7
    Pioneer PLX-500
    Pioneer CDJ-400
    Pioneer DJM-750MK2
    Traktor Kontrol X1 MKII
    Traktor Scratch A6
    Traktor Audio 10
    Denon DJ HP1100

    Ми преостанува уште да земам
    Focusrite Scarlett 2i4
    Ortofon Concorde MKII Digital

    И пред месец дена на аукција од Ebay зедов фул пакување Traktor Audio 8.

    И живи здрави ако даде господ да земам Pioneer DJM-900NXS2 и Pioneer CDJ2000NXS2. :)
     

    Прикачени датотеки:

    Последна промена: 13 Мај 2019
    Necromancer, imperial и на spiritBreaker им се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,512
    24,444
    4 Септември 2008
    Want.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,392
    1,990
    12 Август 2009
    Машко
    Овие ги гледав:
    Focusrite
    2i2
    Solo
    PreSonus
    iTwo Studio
    Audio Box

    Софтверот не ме интересира.. иако изгледа со Studio One ќе се работи.

    Сега овие се со 2 канала, а има и Berinnger со 4 излези... па дали ако на 3 од нив (гитара, бас, вокал) ставам ефекти (Amplitube), 4тиот да е миди од сет тапани, и тој со superior drummer 3, ќе има каснење.
    Оваа варијанта со 4 канали е повеќе за вежбање, за снимање и онака ќе се оди еден по еден инструмент.
    Напомена, се работи за тотално аматерско домашно снимање. Не барам квалитет, само функционалност.

    Еве и мониторите се спомнаа, па предлог и за некој активен сет кој се продава кај нас. Нормално квалитет во сооднос со остатокот од „студиото“.
     
  6. apo808

    apo808
    Intern

    39
    16
    16 Август 2016
    Машко
    Би ти препорачал да одиш со Focusrite, поголем market share, и подобра поддршка од аспект на драјвери. Е сега немој да очекуваш не знам каков квалитет од тој микрофон и слушалки, меѓутоа не знам ни какви ти се побарувањата/очекувањата. Во аудио светот дефинитивно важи "колку пари - толку музика". Од искуство исто ти кажувам, ако сакаш нешто посериозно да правиш, подобро заштеди и купи нешто посолидно бидејќи брзо се "надраснуваат" ефтини компоненти ако знаеш што правиш.

    Со снимањето миди и 4 канали аудио нема да имаш проблем ако се само толку со било каква конфигурација. Имај во предвид дека процесорот на компјутерот ти е основа во аудио светот, што појак процесор тоа помал sample rate на аудио картицата ќе можеш да возиш - а со тоа и помало latency. SSD би ставил по секако а рам дури и 8GB ти се доволно. Рамот е потребен кај sample based vst инструметни како Kontakt, ако не користиш тоа не ти треба многу рам.

    Монитори би ти препорачал Adam Audio, или нешто слично. Би бегал од KRK од лично искуство конкретно со пониските нивни серии.

    Напиши буџет одприлика колку би одвоил за компјутер, звучна и монитори одделно па да ти помогнам со поконкретни предлози.
     
    На imperial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,392
    1,990
    12 Август 2009
    Машко
    Тоа е проблемот, немам буџет, сакам да дознаам колку отприлика ќе фати. Немам преференци, што би ми вршело работа од нечиво искуство.
    Пример, i3 конфигурација дали е доволна или треба појак cpu.
    Некоја од тие 2 картици, немам потреба за повеќе.
    Од семплови само Superior Drummer за тапаните.
    Да можам асални демо снимки да направам за почеток, понатаму или во асално студио или ќе се земе поасална опрема.
    Не е електронска музика, Rоck, Metal.. тој правец е музиката.
     
  8. apo808

    apo808
    Intern

    39
    16
    16 Август 2016
    Машко
    тогаш можеби би одел на старо PC, јас лично така се "подновив" со стара i7 од @gOJDO, прашај го можеби има некоја конфигурација на лагер за околу 25к склопив компјутер i7 4790, SSD + HDD, и 16GB рам. Focusrite комплетот и Adam A7x/Yamaha HS7 монитори. Adam се многу поскапи меѓутоа далеку друга класа од Yamaha-та.

    25к PC + 15к Focusrite комплет + монитори (Adam се 60к комплет, а за Yamaha не можам да најдам цена али се околу 30к)
     
    На imperial и gOJDO им се допаѓа ова.
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    7,938
    10,130
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ај сега и јас ко лаик што нешто научил да се уфрлам. Процесорот е основа, како што кажа @apo808. Реално нема потреба од поголем број на тридови, т.е. од i7, и i5 од 4-та генерација или понов ќе брка работа доколку е на соодветно висока фрекфенција. Пред некое време ги тестиравме процесорите во Ableton на компјутер за во студио на Џоле Грујовски и практично немаше забележлива разлика меѓу i5 4690 и i7 4790(16GB DDR3-1600 CL11). Значи на подеднакво ниска латенција со комплицирани семплови се јавуваа „пуцкања“ т.е. прескокнувања и на двата процесори кои горе доле имаа практично иста работна фрекфенција. Па така за намалување на латенцијата практично е потребен е повисок клок и побрзи мемории со пониски латенции. Затоа со ограничен буџет јас би препорачал K процесор од 4-та генрација со некои побрзи мемории.
     
    apo808, GGTT1 и на imperial им се допаѓа ова.
  10. apo808

    apo808
    Intern

    39
    16
    16 Август 2016
    Машко
    Threads & Cores count има врска за големи проекти со многу канали, впрочем Ableton има добра поддршка за истото. За помали проекти како што планира @imperial, нема да осети некоја разлика, да не речам ич.

    Multi-core CPU handling FAQ

    Секако, зависи и кој софтвер ќе го користиш, некои можеби и немаат инкорпорирано добра multi-thread поддршка и џабе ќе ти биде се.
     
  11. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    516
    329
    11 ноември 2015
    Машко
    На Necromancer и imperial им се допаѓа ова.
  12. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,553
    2,882
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Од практични причини, барем за мене, јас многу сакам едно numark ns7iii ili traktor kontrol s4....
     
  13. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    516
    329
    11 ноември 2015
    Машко
    Никој пат не ми правале ќејф контролерите, но ако треба да изберам, би избрал Traktor Kontrol S4.
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  14. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,553
    2,882
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Да се разбериме, и јас ги сакам 2000 nexus2 - ките, ама прескапи се. И 900ките вршат работа, топ се. Кажими, 400ките лесно се мапираат со тракторот? И дали се целосно мапирани? Ако користиш трактор. Серато и рекордбокс не ме интересираат :)
     
  15. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    516
    329
    11 ноември 2015
    Машко
    Без никаков проблем ги препозна Traktorot, сите можни функции што ги има самиот CDJ, истите работат и на Traktorot и сум презадоволен како работат.
     
    Последна промена: 14 Мај 2019
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    516
    329
    11 ноември 2015
    Машко
    @spiritBreaker почнав да купувам плочи од 90те па нагоре, сакам да направам една добра колекција, и сакам да се вратам на времето кога се пушташе музика само на плочи без никакви додатоци од денешното модерно време. Се знае класика два грамофони и миксета. :)
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  17. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,553
    2,882
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Имам едно другарче исто собира, башка сега беше зел 5ти грамофон numark ttx (ги користи со кодирани плочи за на тракторот) ама и некогаш си врти од плочите. Мислам дека конкорд игли користи, не сум 100% сигурен :)
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    516
    329
    11 ноември 2015
    Машко
    Од грамофони ценам само Technics 1210 MK2, но многу тешко да ги најдеш добри зачувани, ѕверови од грамофони. Немаат смрт.
    Али колко што разбрав Pioneer ја купил фабриката за производство на Technics грамофони, последните две верзии што се на Pioneer грамофони PLX500 и PLX1000 се од Technics фабриката.
    Колку е точно незнам.
     
  19. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,553
    2,882
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Не сум гледал многу многу пионир грамофоните, првиот шо го извадија беше мех... Ништо посебно... Барем такви ривјуа читав. Не сум знаел дека ја купиле фабриката на техникс за грамофоните, значи кренале на квалитет уште толку :) а 1210 мк2 по ибеј сеуште се наоѓа за околу 500 евра од парче. Немаат смрт. Едно време ги бев намерачил (буџет) Reloop rp 2000, за добра цена беа, ама немав кој да ми ги донеси.
     
    На gOJDO и BorisSapphire им се допаѓа ова.
  20. apo808

    apo808
    Intern

    39
    16
    16 Август 2016
    Машко
    уште има такви дечки ;)
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  21. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,392
    1,990
    12 Август 2009
    Машко
    Поради лошата просторија, највероватно монитори нема да има за сега... тоа значи слушалки.
    Од искуство со AKG К99, не сум задоволен во однос на разлика на звук во слушалки и на HIFI звучници.
    Преголема е разликата во басот, го нема на слушалиците... а и соодносот на инструментите не е ист.
    Па некој совет ако имате... од искуство.
     
  22. apo808

    apo808
    Intern

    39
    16
    16 Август 2016
    Машко
    јас ги имам К120, ама скоро ич и да не ги користам, од каде си? ако си од Скопје можеш да ги пробаш ако сакаш да видиш дали ти прават мерак па да си купиш такви :) моите не планирам да ги продавам а и плус кабелот зеза.. во секој случај монитори > слушалки
     
    На imperial му/ѝ се допаѓа ова.
  23. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,392
    1,990
    12 Август 2009
    Машко
    Не ми е битно да се слушалките добри, битно ми е да звукот на нив (при миксање) да е најсличен со оној кога слушаш на HIFI опрема.. дома на звучници.
     
  24. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,553
    2,882
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Имам дома KRK KNS 8400,феноменални, избалансирани, прекрасен звук. Ќе поминам ако сакаш некој ден да ги слушниш во живо.
     
  25. apo808

    apo808
    Intern

    39
    16
    16 Август 2016
    Машко
    сите звуци се најразлични.. би рекол треба да се нај flat, а да тестираш на повеќе системи - добро познат процес при аудио миксање кој сеуште се применува и важи, патем за добар микс и мастер во профи студиа се користат и повеќе пара различни монитори.
     

Сподели

Вчитување...