• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Домашна Математика за Звук (па и Видео)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
778
482
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Си правам некоја математика и баш се загреав за нешто во следниов ранг:
DENON AVR-X1300W BLACK...
Одсекораш ми бил мерак звукот па можеби ќе земам нешто конечно.
Прво се мислев за активни KRK од Артист, ама никако не ми врзува идеја како да врзам цела домашна мрежа на нив. Најверојатно ќе се оди на опција на гледање на производи од Нептун. Така да препорака и за звучки од нивна продавница исто би било добро (иако можно е да се оди со таа тематика без многу брзање). Однапред благодарам за одвоеното време и експертиза.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
778
482
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
ping
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,136
12,703
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
pong

Мислам дека е грев да поврзеш вакви звучки со ваков рисивер. Провери ја цената на рисиверот и во Болин, они продаваат денон и може имаат поубава цена, ова ми делува малку скапичко. Јас мојот го зедов од болин, повисока класа од овој и го платив 600 евра, додуша со некој попуст од 50тина евра.
Ако веќе сакаш да правиш убав сетап, пошто си тргнал со убаво рисиверче, погледни во алфа аудио што имаат да понудат. Силвер серијата букшелф се одлични звучки, али ако буџетот е лимит тогаш и бронз серијата ке завршат одлична работа. Практично билошто ке заврши подобра работа од ова пиониров.
Имај наум дека ќе сакаш и центар и сабвуфер. Добар и моќен саб е скупичка работа.
Би ти рекол за почеток да идеш на варијанта рисивер + два букшелф звучника па понатака да надоградуваш зависно од потребите. Ако немаш намера да купуваш саб, пошто е скап нели, тогаш дефинитивно барај нешто од силвер на монитор аудио. Центарот ти треба за филмови, ако не гледаш многу филмови, ке преживееш и без него.
Иначе денонот ти е добар почеток, јас земав една класа погоре, поради поголема можност и поголема поддршка на формати. Засега сум презадоволен.

П.С. Имај наум, си повлеквит меракот, ке те кошта :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
778
482
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Ако не е надвор од темата гледам некои споредби на net и некако ми се меша математиката... нешто што кошта 350£ кај нас го продаваат за 44к... па колку ли е царината ме интересира? Или кај нас марживе се нестандардно високи... чисто за споредба Denon AVR-X2300W (Surround Sound Amplifier)
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,136
12,703
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Не глеј од страна, освен ако не е грција или бугарија, па да повратиш ддв не се исплати. Станува збор за голем и тежок уред за кој поштарината ке кошта колку цел уред тука а да не збориме за царина и данок. Грција моментално има доста високи цени на електроника, поради качениот данок. Јас бев наум да земам од грција, ама многу мала ми искачаше разликата. Би ти препорачал да не се замараш со странство. Освен ако немаш некоја опција од србија, они знаат да имаа убави цени и добар избор.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
778
482
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
благодарам @Oktar за инфото кога ќе бидам подготвен да инвестирам во звук ќе те имам на ум за консултација за звучници (вкусот за amplifier ни е скоро исти)
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,136
12,703
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Хммммм... Шознам, прилично стар модел кој на страната на зец вика е latest addition :D ама страната има многу поголеми проблеми од описот на звучките. А колкав е буџетот? Искрено ја не би. Би вложил во поскапи и подобри звучки пошто рисиверот полесно и поверојатно е да го смениш. Овие се ептен консјумер серија, се комплет за 300 евра, али нема вуфер. Погледни ЈБЛ во нептун што имаат или па Klipsch. Не земај цел сетап одеднаш ако си лимитиран финансиски. Незнам дали ти треба сараунд освен ако намената не е домашно кино. Ја би зел поквалитетни букшелф со вуфер.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
778
482
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@Oktar потсвесно или не те послушав окулу советот за појачалото па не се "истргнав" премногу за него...
купив половно, прилично зачувано Pioneer VSX-423k (кое претпоставувам е модел од 2013)...
го зедов бидејќи решив дека за некои опции (да не шетаат премногу кабли, bluetooth, network, 2 зони, итн)
моментално не би доплаќал плус 15-30к...
оптимист сум, ќе се најде workaround за опциите кои фалат...
сега на ред се звучниците...
бидејќи сум ограничен финансиски (а и кој не е?),
би те замолил тебе, а воедно и останатите кои имаат искуство за совет...
се мислам накај 15ти да одвојам 30к за звучници
(иако беа 15к, а увидов дека со толку може да се купи само low-end,
па некако магично се наквасија до 30к и би сакал така да остане, барем сега за сега)
добив понуда од Zec за JAMO S 626 (пар) некаде 30к (без 100мкд)
се размислував и ми текна дека имав совет од тебе, за 2 bookshelf и sub, па ја вклучив и следнава варијанта:
KLIPSCH R-15M BLACK + KLIPSCH R-10SW BLACK
кое би било подобро решение ???
(и во двата случаи се планира да биде надградувано до 5.1,
само во втората варијанта надградбата "ќе повлече" повеќе)
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,136
12,703
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Епа ајде да ја затвориме темава. Уште утре оди и земи ги додека има на лагергарант се последни останати.
SILVER 2 BLACK OAK MONITOR AUDIO

Додуша незнам како ке звучат со пионирот али верувам дека ке бидеш задоволен.

П.С. Чекам утре слика од сетапот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
778
482
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
би ја замолил режија за попрецизно да ја префлри темава во
Видео и аудио продукција (ако воопшто има потреба)

што уствари се случуваше (како што читав повеќе и повеќе):
прво: се решив за 8 омски звучноци место 6 омски поради тоа што сакам помалку "да го горам" AV amplifierot...
второ: кога размислував за звучниците размислував за опција и за надградба плус до floorstanding
(иако сега се испостави дека на овој простор, стан од 60-тина квадрати, не му е воопшто потребно таква опција)...
трето: се решив да бидат звучниците поголема моќност од amplifier-от
за да не се случи оној куршлус, кога ке се расположам малку повеќе јас или некој кој е присутен во станов

одбрав два bookshelf, еден Sub и еден централен JBL Studio
(ако успеам воопшто да го активирам телевизорот некако
и да слушнам некој дијалог на централниот, или проблемот е до ARC кабелот)
2 * JBL Studio 230, 1 * JBL Studio 250P, 1 * JBL Studio 225C


по кратко убедување се решив да ги купам во готово а не да вадам кредит за нив и со тоа заштедив 270мкд месечно +
некој 8% попуст од Аудио Центар Болин ми заштедија нешто над 100е отколку да купувам со Happy кредит од Neptun...

со нив купив и 10 метра AudioQuest 1,5ка кабел иако препораката од amplifierot после тоа се испостави дека била 1(кец)

Е сега главниот дел:
После едно 20 години слушање на "комунистички (социјалситчки)" систем, кој колку-толку го остреше слухот
(иако го софистицирав и на останати места, нели нормално),
ова ми дојде онака како награда за посветеното време на сета музика што сум ја слушал до сега
(се надевам ќе се наградам и понатаму, иако не можам да најдам замерка на звукот,
или пак да сум слушнал овие денови некаде нешто подобро)

прво што слушнав на нив (без смеење ќе молам) беше Каролина Гочева,
и забележав дека и при ниска волуменажа (гласност) музиката па и Каролина звучеа прилично "богато"
, што не беше воопшто случајот кај претходникот нивен...

во однос на елекгронска музика (каква што преферирам)
можам да забележам дека денес слушав некаде 12 саати (имав прилично работа) John Digweed
и увото "ми се замори" дури пред некои два саати, кога всушност и паѓа концентрација после напорен ден...
басот на 230-ките е сосмеа доволен и чист и мислам дека се полн погодок за електроника
што значи се прашувам дали имаше воопшто потреба од Sub-от
(секако дека има де - па електроника слушам, не само Каролина)

кога сме веќе кај Sub-от, на овој простор и со овој amplifier, пуштен до половина,
Sub-от е доволно да се пушта до половина и веќе е весело и за мене и за комшиите
(иако на нив сеуште им немам "искрено честитано" нов звук)

прилично одлично (бидејќи бев по одличните оценки, а не по чистите 10ки) искуство до сега
иако (нели .flac i .wav, ама суште само преку bluetooth оди звукот) е само недела-две во прашање...

NOTE: Единствена забелешка морам да кажам дека имам е
кога тивко преслушував албум или два од Pearl Jam на мала гласност (немаше дефинираност некоја),
ќе мора да се провери тоа повторно во скоро време и да се процени од која гласност нагоре треба да се слуша тоа...

Слика нема да ставам од Setup-от бидејќи "се срамам" од каблите кои се расфрлани насекаде
(работа која ќе мора да и се посвети време наскоро)...

благодарност @Oktar за секој добронамерен совет
а @latko или останатите можат да кажат добри и економични сталки каде се наоѓаат...
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,760
Мислења
850,013
Членови
29,463
Најнов член
AleksMit
На врв Дно