Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Домашен Медиа Сервер

astojkovski

Intern
12 ноември 2008
258
36
Здраво дечки. Имам во план да спремам домашен медиа сервер. Од него ќе се бара
  1. да може да стрима два PLEX излези во 1080p или 1 во 4к во исто време. Телевизорот е поврзан со Xiaomi Android Top Box, така што во овој случај серверот би бил само Data Streamer, не би го користел за видео излез во овој случај.
  2. да може да стрима flac-ови за PLEX и фајловите да се достапни во мрежа за да може да се пристапат преку аудио ресивер со LAN можност
  3. да биде тивок и да троши најмалку можна струја, дали би можело некако да работи 24/7, или сметате дека е подобро да го палам/гасам цело време?
  4. последно, моја желба и замисла, но не задолжително, бидејќи компјутерот е многу далеку од дневната, и нема можност за спроведување нови кабли, а е поврзан со LAN, дали има можност доколку на овој сервер ставам GPU и го поврзам со HDMI или DisplayPort во телевизор, да стримам гејминг сесии од главниот компјутер, контролирајќи ги преку контролер поврзан со серверот. Не сум запознаен со ваков стриминг, а PC-то во канцеларија ми е со GPU 3070, така што доколку би можел да го искористам и за тоа би било фантастично.
- Какви компоненти ќе ми се потребни, на што да внимавам при избирање на истите, и што препорачувате да биде оперативниот систем на машината?

Фала однапред на помошта на сите!
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.217
4.200
Скопје
hackitfree.github.io
Предлагам само стварно запознаени со ваков вид на технологија да се јават со совети - не вака како мене приучени па да трескаат свашта :)
 

Vlecka

Gaining Experience
28 јуни 2013
430
225
Vlecka's setup  
Processor & Cooler
i5-3570k w/ stock
Motherboard
Gigabyte Z77-DS3H
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB EZEX
PSU
Cooler Master B Series 600W
RAM
2x4GB Kingston HyperX Blue 1600 MHz
Video card
Nvidia GT1030
Case
Cooler Master N200
Mouse
A4Tech X-748K
OS
Windows 7 Ultimate
За стриминг делот имаш повеќе опции, пример Parsec и Steam. Хост апп е пуштена на серверот, клиентска на телевизорот. Контролерите ти се врзани на телевизорот и клиентската апликација праќа инпути до серверот. Овој враќа слика и сите се среќни.

Теоретски Парсек е оптимизиран и за некој Stadia-like гејминг, кај што ти си на одмор и играш на компјутерот дома, ама немам стигнато до таму.

Низ документацијата на парсек има и препорачани систем спекс. Пази со графичките, се што е без хардверски енкодер не го бива (пример сите Nvidia со X во името, ала GTX1050, се ок, ама GT 1030 не е).
 

k3b

Gaining Experience
12 декември 2017
355
286
Ako sakas da gledas Dolby Vision i Atmos na plex nema da ti funkcionira znae da pravi gluposti..

Jas koristam nesto slicno vakvo so Apple tv, Denon2600 i B&W 5.1

Koristam Infuse na ATV koja raboti bez problem so DV i Atmos..

Probay so Emby za muzika.. mozes da si napravis albumi, covers i se ostanato so tagovi i slicno ..


525b3221932851d69ec050fc0a1ab6cc.jpg




Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.132
Мислења
975.260
Членови
35.440
Најнов член
Tr.Krstev
На врв Дно