• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Договори кои ја запечатиле судбината на Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Victor Bivell е австралиски Македонец (неговите се од Егејска Македонија) кој има мала издавачка куќа во Сиднеј (Politecon). Издава наша литература на аглиски, како и книги напишани од некогашните деца-бегалци кои живеат во Австралија (oral history).

На овој линк ќе ги најдете договорите (некои и тајни) за поделбата на Македонија во 1913 како и некои други многу интересни работи.

Еве наколку наслови:


• Treaty of Friendship and Alliance Between Bulgaria and Serbia
• Secret Protocol Between Greece And Serbia
• Treaty Of London 1913
• Treaty Of Bucharest 1913
• Treaty Of Neuilly.......

Браво за човекот!!!:bravo:
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Добро може ли овие договори некако да ги искористиме и со нив да добиеме нешто?
 

Dare

Intern
8 април 2007
141
2
историјава крие многу тајни кои ги нема во историските учебници или на други лесно достапни места, како и сегашноста...
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ igorkrst

За ова имаше и во дневните весници, но веста помина некако непомпезно. Браво за постот! :bravo:
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Абе паметни се грциве.
Не знам кој беше, ама еден договор требаше да истече сега, и требаше поново да се дебатира за Егејска македонија, ама на времето тие избркаа 600 000 македонци, направија размена со Турција, испратија едно 2-3 милиони турци , примија грци кај нив, и сега и да сакаме, во тој дел живеат само грци.
Друга приказна ќе беше ако тие 600 000 остана, досега ќе беа едно 700 000 - 800 000 , е тогаш не ќе можеа така да си играат, пошто тоа се ипак големи бројки.

Ама, мислам дека покасно или порано, грците ја губат војната со нас.
Еве и со името, и они знаат дека кај да е сите ќе не викаат Македонија, само ги залажуваат грците со лаги, дека се они во право.

Не знам колку знаете, беше актуално пред некое време, беше прнајден Каменот на Розета, мислам дека беше најден негде во Египет, и тој е од античките макдонци. Имав шанса да ги видам буквите кои биле испишани на него, и ако тоа биле навистина антички македонци (а тоа е сто посто сигурно), тогаш таа азбука со сугурност можам да тврдам дека нема ништо заедничко со грчката, многу од буквите се денешни словенски. Баш имав шанса да разговарам на темата со човекот кој работеше на нивно дешифрирање проф.др. Аристотел Тентов, и тој се согласи дека не можеле да ја дешифрираат англичани и грци пошто немаат појам од кирилица.
Така да тоа што грците го тврдат со античките македонци, демек пишувале на грчки не држи вода. Тоа и науката го потврдува.

Инаку се верува дека Александар, походот кој го направил во Азија, не бил прв таков, туку имало друг антички македонски крај Дионис, кој го направил истот многу години пред Ацо , и дека Каменот од Розета е од тоа време останат во Египет. Ама за сетоа тоа, сеуште се собираат информации и не е уште докажано. Ама со време се ќе биде.

Ама тажно и жалосно е тоа што нашава држава не моќна или не сака, да ги брани своите граќани кога се на грчка територија.
Има многу стории на наши , појдени во грчка на сезонска работа, и пошто рекле дека се од македонија, биле пикнати взатвор и биле тепани, а нашава држава не мрдна со прст.
Немам линкови за ова, или писмени докази, се се тоа кажувања од луѓето, не гледам причина да не верувам, или на барем дел од тоа.

@Mr.Alien
Епа тука лежи проблемот, тогаш требаше, ако владата не презема нешто , цела македонија да појдеше пред собрание или на плоштат, ќе се дадеше тежина на истот, и светската јавност ќе видеше. И поинаку ќе се однесуваа.
Ама секогаш кога се работи за национални или државни интереси, ние некако си премолчуваме. Толку ни е страв, или толку си ја сакаме државата?
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Па малце по малце се повеќе држави не признаваат под уставното име.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Грциве полека сфаќаат дека губат, барем за името. Еве гледај последнава амбасадорка, Гросоманиду, истотака новинарката што ја избркаа од работа.
Моментално држат статус кво со кобајаги-преговорите за името. Ако ние решиме да ги прекинеме разговорите они ќе бидат во уште полоша положба, ама им ги лижеме нозете за да не ни ставаат сопки насекаде. Имаат многу јако лоби во Европа, УСА и Австралија.
Имаат интелектуалци кои не’ поддржуваат ама таму е далеку од демократија иако се во ЕУ им се закануваат.

Мене многу ми е криво за раселените од Егејска Македонија и тие што останале таму, таа битка ќе ја добијат Грците.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
lol

Луѓе, дај малку chill out. Гледам некои тука забегале малку..

Историја си е историја, nothing more, nothing less.
Нема *Македонија* што да бара некаде. Ние сме Македонија (И во секој случај не луѓето во дијаспората)

Дајте тоа што веќе го имаме да го сочуваме и да го направиме пријатно и убаво место. Доста е од битки и препукувања, сегашнава ситуација ни е трагикомична.

Лично, баш не ми е гајле кој како не признава и што се случувало пред 1000-2000 години на местото каде што живееме.
Треба да гледаме во сегашноста и иднината.
 

S

pwnz0r1lla
8 март 2007
1,550
52
www.it.com.mk
Лично, баш не ми е гајле кој како не признава и што се случувало пред 1000-2000 години на местото каде што живееме.
Треба да гледаме во сегашноста и иднината.
Ubavo recheno... ubav post Andrijeski :bravo:

"The most important time in history is now, the present" - Talib Kweli ;)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
@Andrijeski
До некаде се слагам со тебе.

Пошто не не бива со пушки, затоа што сме цивилизирани, да се вооружиме со знаење. Да бев Норвежанин многу полежерно ќе уживав во сегашноста.

Во секој случај ги прифаќам добрите намери.
 

Dare

Intern
8 април 2007
141
2
НЕ. Мораме да учиме од историјата. Не од фактите како што ни се прикажани во учебниците по историја, туку преку вакви работи, договори, што точно се случувало, мотиви за војните и други работи. Многу работи од историјата се повторуваат денес а ние не сме ни свесни за ова.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Така е Даре. И не треба да станеме параноични, туку само да сме поучени.
 

Dare

Intern
8 април 2007
141
2
Еве неколку брилијанти quotes од Winston Churchill меѓу кои и:

Study history, study history. In history lies all the secrets of statecraft.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,557
Мислења
820,448
Членови
28,214
Најнов член
vanadi
На врв Дно