Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Додадени нови форуми и категории

Статус
Затворена за нови мислења.

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Додадени се некои нови категории и некои субкатегории се преместени.

Конечно, толку бараниот форум Софтвер е креиран.
Категоријата Драјвери е преместена од Хардвер и сега се наоѓа под Софтвер. Исто како и Софтвер за мобилни телефони, PDAs и MP3 players која дојде од Мобилна телефонија и друго.


Имаше потреба и од нов форум поврзан со Радио и Телевизиски сигнал, пред се' заради големиот интерес за сателитски антени и слично.
Сега има нов форум "Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и негова обработка."
Со под-форуми: Генерална дискусија; Антени, предаватели, апарати/уреди и останата опрема; Електронски медиуми; Телефонија и телеграфија.

Исто така и во делот за Едукација од разбирливи причини е додадена категорија "ИТ Сертификација".



Следуваат уште измени и додатоци меѓу кои би ги издвоил:
ИТ Огласи каде би имало и ИТ Берза, барање и нудење работа поврзана со ИТ и слично,
Блогосфера, најверојатно посебна субкатегорија во делот на генералната интернет дискусија.
Download секција во која би бил издвоен исклучиво квалитетен софтвер препорачан од членовите на форумов (најверојатно преку дискусиите во Софтвер форумот)


Доколку имате некои забелешки во врска со горенаведеното, напишете ги тука.
Благодарам за досегашните сугестии, доколку имате и други интересни предлози можете да ги напишете во делот превиден за тоа. Сите ќе бидат разгледани.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
48.851
Мислења
1.002.108
Членови
36.638
Најнов член
Dina M

ит маркет

На врв Дно