Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Добри лаптопи за Linux?

Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1.908
1.244
Здраво

Се откажав од Mac OS затоа што сакам да користам Linux, на Desktop сум со Arch, а на лаптоп би се задоволил и со Ubuntu ако морам.

Е сеа проблемот е земав лаптоп (Lenovo Yoga 7) и не тера баш најдобро со Linux. Најголем проблем е тоа што процесорот повеќе грее кога е на Linux, e.g. вентилаторите се почесто оклучени. На Windows е феноменално тивко, а овој проблем и battery life ми намалува.

Сакам да праша, ако има корисници на Linux тука што го користат на лаптоп, кои модели би ги препорачале?

Океј ми е да има 4-5 саати батерија, најбитно е харверски да е добро оптимизиран и да работи на Linux слично како и на Windows.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.461
14.740

По ова прашање најдобро да консултираш Reddit. Таму има тоа што ти треба, екстензивна база на сериозни корисници.
 
kebe

Gaining Experience
29 март 2012
254
225
Здраво

Се откажав од Mac OS затоа што сакам да користам Linux, на Desktop сум со Arch, а на лаптоп би се задоволил и со Ubuntu ако морам.

Е сеа проблемот е земав лаптоп (Lenovo Yoga 7) и не тера баш најдобро со Linux. Најголем проблем е тоа што процесорот повеќе грее кога е на Linux, e.g. вентилаторите се почесто оклучени. На Windows е феноменално тивко, а овој проблем и battery life ми намалува.

Сакам да праша, ако има корисници на Linux тука што го користат на лаптоп, кои модели би ги препорачале?

Океј ми е да има 4-5 саати батерија, најбитно е харверски да е добро оптимизиран и да работи на Linux слично како и на Windows.
Братче стави Убунту и не се заебавај со Арч. Тоа е за невработени гикови и нердови што имаат премногу слободно време.

Инаку, јас имам обратно искуство на релативно нов лаптоп, исто Леново. На Виндоус по 5 минути збрчуваат вентилаторите, на Убунуту Линукс, може да поминат саати и ниеднаш да не забрчат.
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
343
475
/home/coki

Корисник на Windows би рекол: Братче стави Windows и не се заебавај со Ubuntu. Тоа е за невработени гикови и нердови што имаат премногу слободно време
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
934
1.256
Чудно е да ти брчи на Линукс. Мене искрено не ми ја оптеретува ич машината Убунту, не се ни осеќа некој процес или нешто што го кочи. Можеби треба да си ставиш повеќе рам или општо појака машина да земеш.
 
Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1.908
1.244
Братче стави Убунту и не се заебавај со Арч. Тоа е за невработени гикови и нердови што имаат премногу слободно време.

Инаку, јас имам обратно искуство на релативно нов лаптоп, исто Леново. На Виндоус по 5 минути збрчуваат вентилаторите, на Убунуту Линукс, може да поминат саати и ниеднаш да не забрчат.

Чудно е да ти брчи на Линукс. Мене искрено не ми ја оптеретува ич машината Убунту, не се ни осеќа некој процес или нешто што го кочи. Можеби треба да си ставиш повеќе рам или општо појака машина да земеш.

Можеби нешто со AMD процесорот, искрено не ми текна тогаш да проверам ама може ја работеше графичката на моменти.

Не обожавам Убунту, прелесно е и не научуваш ништо ново. Кажав, на лапоп би ставил Убунту само заради тоа што има подобра компатибилност со лаптопи.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.461
14.740
Каде бе со тој памет, каде без Active Directory? Играјте си со Линуксот таму и не дигајте ѓурултија :LOL:
 
kebe

Gaining Experience
29 март 2012
254
225
Можеби нешто со AMD процесорот, искрено не ми текна тогаш да проверам ама може ја работеше графичката на моменти.

Не обожавам Убунту, прелесно е и не научуваш ништо ново. Кажав, на лапоп би ставил Убунту само заради тоа што има подобра компатибилност со лаптопи.
Повеќе ќе научиш на систем кој функционира отколку на некој кој не функционира. Убунтуто фабрички е најдобро конфигуриран за секаков хардвер. Арчот не е, сака многу чепкање. Тоа што ти ќе смениш нешто во некоја затскриена конфигуирациска датотека на Арч не е учење туку е губење време. Ако не сакаш Убунту, види таму нешто ко Федора, и тоа треба да има добра хардверска поддршка.
Мислењето е автоматски споено:

Каде бе со тој памет, каде без Active Directory? Играјте си со Линуксот таму и не дигајте ѓурултија :LOL:
Астро те молам немој да ја киднапираш темава, најди некоја соодветна и таму праќај вакви небулози. Виндоус како серверски оперативен систем заедно си сите негови пропратни технологии, ИИС, Актив директори, Ексчејнџ и што ти знам се големо срање. Не за џабе 90 отсто од сите сервери во светов се на Линукс. Тоа што во некоја забаталена фирма си користите Виндоус Сервер и Актив Директори, тоа е ваш проблем, на светско ниво друго кажуваат бројките.
 
Последна промена:

coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
343
475
/home/coki
Можеби нешто со AMD процесорот, искрено не ми текна тогаш да проверам ама може ја работеше графичката на моменти.

Не обожавам Убунту, прелесно е и не научуваш ништо ново. Кажав, на лапоп би ставил Убунту само заради тоа што има подобра компатибилност со лаптопи.
Компатибилноста воглавно се должи на јадрото. На понов хардвер дури поголема компатибилност ќе имаш од дистрибуција што вози поново јадро. Било која поставка специфична за дистрибуцијата можеш да ја видиш и примениш кај тебе.
Повеќе ќе научиш на систем кој функционира отколку на некој кој не функционира.
Ако за тебе не функционира, не значи дека и за другите е така. Steam не тукутака го земаа Arch за основа на SteamOS >= 3, кој вози на Steam Deck
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
934
1.256
Што има разлика меѓу Убунту и Арч, и двата се користат со терминал и исти команди. Сеа едниот што доаѓа празен без ништо не го прави поарен од Убунтуто кое е конфигурирано за све.
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
343
475
/home/coki
Што има разлика меѓу Убунту и Арч, и двата се користат со терминал и исти команди. Сеа едниот што доаѓа празен без ништо не го прави поарен од Убунтуто кое е конфигурирано за све.
Не реков дека го прави поарен или не. Се забега од прашањето и проблемот што го има @Futurelakimens. Членот сака да научи и да си го реши проблемот, а добива коментари од типот на тие погоре. Најмногу би го издвоил пристапот како главна разлика меѓу двете дистрибуции. Нешто како купуваш спремен компјутер или сам си правиш конфигурација, склопуваш, инсталираш и слично. За повеќе можеш да прочиташ тука.
 
gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.600
2.620
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Е сеа проблемот е земав лаптоп (Lenovo Yoga 7) и не тера баш најдобро со Linux. Најголем проблем е тоа што процесорот повеќе грее кога е на Linux, e.g. вентилаторите се почесто оклучени. На Windows е феноменално тивко, а овој проблем и battery life ми намалува.
пиши точна спецификација. ова „на Linux“ е Archlinux ?
Која дистрибуција ја имаш на лаптопот и дали TLP ти е подесено?
TLP знае(ше) да прави глупости. не знам дали е препорачано во современо време.
 
Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1.908
1.244
Фала ви за коментарите, ме мотивиравте да пробам уште еднаш со Arch и понов kernel.

Ќе ве известам што и како.

Еве го инфото кое сум пропуштил да го ставам на старт:
  • Пробав со Ubuntu 22.04 LTS (23+ ми вадеше ерори често)
  • Океј беше се, освен графичка и звукот (лаптопот има 4 звучници, 2 бас, 2 требл) - пробував фиксови, ама не бидна
  • На моменти ги фураше фановите и трошеше батерија

Повеќе ќе научиш на систем кој функционира отколку на некој кој не функционира
Со ова искрено не се согласувам, на компјутерот користам Arch и можам да ти гарантирам дека врска ќе немав од Linux ако се ми беше мазно како на Ubuntu.

Не учиш само за промена на конфиг фајлови, учиш основи на администрација како основни команди, пример ls / cd / grep / find / rm, и апликациики како vim, исто учиш оснновен maintenance како инсталирање апдејти и други работи.

Најбитно што го учиш со Arch е како да се снаоѓаш со документација и инструкции, а и како сам да си ги решаваш проблемите, пошто ако поставиш глупо прашање на Arch forums брзо брзо те решаваат.

Звучи минимално, но на Ubuntu ништо од тоа не би научил.
 
gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.600
2.620
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Ултимативно, на Arch подобро/повеќе се учи пошто има помалце магија и индирекции.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.234
Мислења
977.115
Членови
35.547
Најнов член
minchevskis
На врв Дно