Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Добра зделка? Intel Optane SSD P1600X (NVME, 118GB) Newegg - 60$

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.367
13.245
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Полното име му е Intel Optane SSD P1600X SSDPEK1A118GA01 M.2 2280 118GB PCIe 3.0 x4, NVMe 3D XPoint Enterprise Solid State Disk. Цената во моментов со попуст му е 59,99 долари.

Е сега, што е толку добро кај овој диск?

  • Тоа што е Enterprise grade - огромна издржливост (TBW, не се сеќавам на бројката но далеку надминува кој било consumer SSD/NVME што може да се најде на пазарот).
  • Intel Optane серијата е добро позната одамна, а овој е еден од последните од неа (пуштен на пазарот во Q2'21), значи најнов.
  • Интел ја уби Optane серијата во јули 2022, значи веќе нема да има вакви дискови, ова е распродавање на залихи (но сепак се нови неотворени); а од други производители тешко да има ваква серија по разумни цени најмалку во следниве неколку години - производителите сега се тркаат по капацитет и набутување битови (QLC...). Овој е SLC или еквивалентно на тоа (подобро). Нема DRAM Cache, но не му ни треба - целиот диск е DRAM Cache. ;)
  • Дисков има страотно добри перформанси при запис/читање на мали фајлови (QD1) што е 99% од работата на оперативен систем (барем за Windows-ите сум сигурен). Wendell од Level1Techs мереше, подигање на Windows од Optane (можеби не беше овој, но на хартија ништо подобар) наспрема најбрз/најнов Gen4 (мислам Samsung 990 Pro) беше многу пати побрзо (сега не можам да најдам, но од сеќавање беше 5 секунди наспрема 50 сосе Windows Updates - тоа беа клонирани дискови, значи скроз исти).
  • Не му треба Overprovisioning, а можеби ни Trim (за ова второво не сум сигурен). Не се успорува кога ќе се наполни или при долг запис.
  • На M.2 конектор е, па може директно да се брцне во „обична“ матична и да се користи како обично NVME, за разлика од повеќето Optane-овци кои се со U.2 конектор и во најмала рака им требаат адаптери и/или драјвери.
  • Цената до пред оваа Нова година секогаш му била висока, секогаш над 100 долари, па ова е голем попуст.

Можни компликации за нас (и негативни страни):

  • Newegg испорачува само во USA, па испораката треба да се врши преку шпедитер. Јас одев преку Шипито и ме чинеше околу 25 долари вкупно (за нарачка со 2 комада внатре) со ограничен тракинг (уште не е излезена од САД, па не знам дали ќе има понатаму тракинг; следната поскапа пошта беше 30 и нешто долари, веројатно со полн тракинг, а понатаму беа брзи пошти над 70 долари).
  • И самата цена на дискот од 60 долари не е нешто поволна ако се занемари enterprise моментот, односно за тие пари со паѓањето на цените веќе може да се најде и диск со голем капацитет, но овој е за мераклии... :)
  • Релативно малиот капацитет за денешно време, односно собира оперативен систем и уште малку нешто инсталации, но тоа е поентата - да се забрза таму каде што е најкритично, а програмите/игрите може да се инсталираат и на друго место.
  • Поврзано со тоа, диск со мал капацитет зафаќа еден NVME слот, па можеби ќе има ограничено место за уште исти такви или други дискови.
  • Релативно малата секвенцијална брзина, но повторувам, тоа не му е намената на овој диск, а и така мал диск брзо ќе се пополни, па што ни прават разлика неколку секунди. :)

Инаку, погоден е за RAID поради издржливоста, не знам дали има кондензатори за довршување на записот при снемување струја како кај повеќето enterprise дискови, но сигурно е повеќе доверлив од повеќето други NVME-а (Интел вика дека има). Но со RAID не се добива нешто многу на брзина, а и на капацитет, па не знам колку би било корисно тоа. Може да се комбинира на пример со Primo Cache и солидно да забрза дури и обичен хард диск. ZFS-џии и други линуксаши го користат за кеширање и за лог фајлови, тоа и му е основната намена - голем број на записи (непрестано), а мали ситни.

Јас си нарачав 2 + 2 комада :oops: (и пред недела и нешто имаше попуст по истава цена, лупнав два и после се каев што не земав повеќе, па секој ден проверував... Цената осцилираше (и на Амазон, но таму секогаш беше повисока), пуштаат малку по малку додека не ги потрошат, порано беше лимит три од купувач, сега се четири).

И пазете, има други модели на Optane што се „лажњаци“, односно хибридни - делот со Optane е 32 GB, а 500 или 1000 GB од него се „обичен“ SSD. Вистинските Optane-овци од 1 тера почнуваат од 300 долари нагоре.

View: https://www.youtube.com/watch?v=tSUMBeaaiOo
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.338
12.562
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Се фино, само капацитетот да беше поголем. Ќе зафаќа слот чисто само за ОС.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.519
Мислења
964.178
Членови
34.887
Огласи
2.610
Најнов член
aleksimonovski
На врв Дно