1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

DLNA стриминг од сервер на телевизор

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од Bakimir, 21 Јануари 2016.

  1. Bakimir

    Bakimir
    Intern

    6
    2
    8 Февруари 2010
    Здраво на сите,

    Ме интересира, дали некој има искуство со некој Media Server преку кој што би можел да направам Stream програма која ќе можам преку DLNA да ја испраќам на Smart TV закачен во мрежа.
    Пример, потребно ми е од 8 до 12 часот да се прикажува само една иста слика, а од 12 часот до 4 часот да се вртат разни видеа од претходно направена плеј листа.

    Однапред благодарам.

    Поздрав.
     
  2. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    ( додека чекаш поточна информација )
    едно време MyCloud користеше twonky сервер за таа намена,
    сега мислам дека за таа намена се користи Plex.
    (не ме фаќај за збор)
     
  3. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,546
    3,459
    11 Декември 2008
    Машко
  4. goran_oh

    goran_oh
    Practice makes perfect

    1,293
    1,067
    26 Април 2013
    Машко
  5. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Зет ми се фали од http://www.ps3mediaserver.org/ иако е скоро три години стар... Пробај.

    Инаку ја лично би ти препорачал да го проработиш http://kodi.tv ( http://kodi.wiki/view/UPnP/Server ) зашто тоа време што ќе го потрошиш на учење на Коди е добро поминато време и ќе ти користи за сите можни уреди на кои што функционира.
     
    На Bakimir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bakimir

    Bakimir
    Intern

    6
    2
    8 Февруари 2010
    Ви благодарам на сите, пробував со доста, вклучувајќи го и Plex, но безуспешно. Kodi e нешто што прв пат го среќавам, моментално го симнувам да го прочепкам, па ќе ве известам ако излезе нешто добро.
     
  7. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    593
    202
    21 Август 2010
    Машко
  8. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,546
    3,459
    11 Декември 2008
    Машко
    Или нешто лошо ти е подесено, или имаш проблем со ТВ-то, мрежата или незнам што.

    Нема шанси да не ти работат Plex и PS3.
     
    На kirev и goran_oh им се допаѓа ова.
  9. darkoj

    darkoj
    Intern

    3
    5
    1 Декември 2015
    Машко
    Пробај со исклучен firewall и антивирус - некои антивируси имаат вграден firewall кој блокира DLNA
     
    На Викса му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Јас имам, иако нескромно звучи, прилично големо искуство со DLNA сервери. Најдобар и убедливо најкомплициран сервер е Wild Media Server кој не постои нешто што не може. Еднаш исправно подесен причинува прилично големо задоволство при користење ама за несреќа не е бесплатен. Има една пиратска верзија која се мота по торенти ама таа е од првите верзии кои не се баш user friendly.

    PS3 Media Server долго време беше устав и преамбула за DLNA но го згаснаа па среќа во несреќа е што развојот продолжи под ново име како Universal Media Server кој моментално има верзија 6.0 и е одличен.
    Програмот е cross platform кој во „јадрото“ е Java, подржува напредни подесувања но има и wizard за подесувања кои даваат задоволителни резултати.
    Подржани се титловите кои се рак-рана за остатокот на DLNA сервери кои шараат по нет.

    Plex е DLNA сервер кој ми задал најмногу главоболки и не е комплетно бесплатен. Во бесплатната верзија си го пика носот каде што не му го збира преку снифање на навиките и е прилично ограничен.

    btw
    Со инсталирање на DLNA сервер нем потреба да ги „праќаш“ филмовите кон телевизор. Во телевизорот ќе ти се појави серверот како икона/фолдер/лого и понатаму си ги отвараш фолдерите како да си на компјутер.
    Единствено треба да пазиш по некој случај да не биде запрен од firewall-от кој го користиш.
     
    На Bakimir и xenon им се допаѓа ова.
  11. goran_oh

    goran_oh
    Practice makes perfect

    1,293
    1,067
    26 Април 2013
    Машко
    Јaс гo кoристaм веке 3 гoдини Plex нa лг,прoблем никaкoв дo сегa,рaбoти перфектнo.
     
  12. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
  13. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,408
    347
    19 Април 2010
    Машко
    Дечки мислам дека погрешно го насочувате членот, според тоа што бара.. Сака вид на стрим, на кој ќе се прикажуваат слики и видеа? Ако правилно разбрав, најлесен начин би било еден PC, со хдми до телевизорот и плејлиста на датотеките што сака да се прикажуваат. Не знам напреден софтвер што можи да ги искомбинира сликите и видеата но, slideshow од сликите во кој било image viewer, и после 12 WMP плејлиста со видеата. :)

    edit:
    ако се работи за истата слика, и истите видеа, еден проект во premiere те дели од тоа што го бараш..
     
    На Bakimir и Isak Keyten им се допаѓа ова.
  14. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    Поентата на длна е хостот да не е во близина.
    А уште полесно е да пушти слика на самиот телевизор од усб, па да ја смени со далечинско да му врти видеото на рипит.

    Он праша за ДЛНА - добива сугестии за ДЛНА.
    Не значи дека нема други опции ама претпоставуваме дека знае што бара и сака.
     
  15. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,408
    347
    19 Април 2010
    Машко
    Во право си и ти..
    Ама претпоставуваме.. ако е како што мислам, има опции..
    Ако не е, барајте чаре, не се разбирам од медиа сервери :)
     
    На Isak Keyten му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Со UMS (Universal Media Server) може и да се стрима. Може да се одбери фајл и да кажеш Play to..
    Ама не е поентата во тоа (со DLNA)

    Со DLNA имаш комплетна слобода и користиш само едно далечинско. Згора на се UMS памти каде застанал, може да се подеси да направи "чаптери" на секои X минути, автоматско препознавање на кодната страна на титлот па нема потреба да медтиш CP1250 или CP1251, со два три клика имаш podcasts, квалитетот на транскодирање може да се менува директно од телевизор, адаптирано транскодирање за wifi, preview thumbnails.. како што гледате опции ко во приказна.
    И, на задоволство на обата табори, поддржува GPU assist transcoding за корисниците со слаб процесор.

    Оние пак со јак процесор ќе гледаат стрим директно од RAM за кратко време. Со јак мислам на Ivy, Sandy, Haswell.. било која варијанта.
    Најбитна работа на која треба да се внимава при подесување на секој DLNA сервер е одбирањето на Temp folder за транскодирање ако имате SSD.
    И тука Universal Media Server е брилијантен - транскодирањето се врши во RAM
     
  17. Bakimir

    Bakimir
    Intern

    6
    2
    8 Февруари 2010
    Си работи Plex, само не можам да го направам посакуваното сценарио.
     
  18. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Посакуваното сценарио ќе го имаш само со Universal Media Server кој подржува скрипти и напредни функции и најбитно m3u и pls плеј листи.

    Ама ко не го слушате Flegma шо да ви правам...
     
    На Bakimir и goran_oh им се допаѓа ова.
  19. Bakimir

    Bakimir
    Intern

    6
    2
    8 Февруари 2010
    Дечки,
    Не е проблем да опишам подетално, значи станува збор за сценарио со два телевизори на кои треба да се испраќаат дневни извештаи (статични, во форма на слики) за одредена активност во рамките на една компанија во период од 8 до 12 часот. Телевизорите се монтирани на приземје, а особите кои треба да ги испрааќаат извештаите се на различни катови, меѓутоа меѓусебно поврзани во мрежа. Поради ова, моја лична препорака беше да се набават смарт телевизори за да се избегне делот на дополнително каблирање, бушење итн. Од 12 часот до 4 часот треба да се вртат компаниски видеа и затоа споменав дали може да се направи некој вид на програма каде што ќе назначам од толку до толку саат да се пуштаат извештаи (презмени од мрежен фолдер како .јпг слики), а од толку до толку видеата. Моето познавање е дека функционалноста е можна со DLNA, но може и грешам, слободно препорачајте нешто друго. Значи идејата е да не се прави ништо од страната кај што се поставени телевизорите, освен нивно вклучување наутро.

    Однапред би благодарам.
     
    На kirev и olikomerc им се допаѓа ова.
  20. Bakimir

    Bakimir
    Intern

    6
    2
    8 Февруари 2010
    Ќе го проверам дефинитивно :), не е ништо пишано залудно ;)
     
  21. STEALTH

    STEALTH
    Баниран/a

    477
    558
    22 Февруари 2015
    Машко
    Знае ли некој дали на глупиов Плекс се тргаат тие категориите/фолдерите кои ги дава на тв-то (unwatched, by genre и сл.)?

    Како што читав нема таква опција.

    До денес ја користев основната LG Smartshare, али имаше некои багови и пробував баш пред малку Плекс и Сервиио.

    На Сервиио ме нервира што нема да направиш play директно на ТВ да ти го пушта и станува зезнато ако мораш да скролаш низ волкав фолдер со песни на тв-то.
    Али добро е што работи МНОГУ поедноставно од Плекс (кој е wannabe Kodi) и имаш да си бираш кои фолдери/категории да ти ги дава на тв.

    Плексор го избришав баш ради прашањето погоре. Зошто толку категории на фолдери без опција да ги тргнеш, сакам кога ќе влезам во Видео фолдерот да ми ги дава филмовите директно, а не милион фолдери за категоризација.
     
    Изменето од модератор: 28 Март 2016
  22. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    И сега се појави Flegma и ти препорача да го користиш Universal Media Server кој не е убав како погорните ама е ракета со еден куп опции. Ракета која не прави проблем со ништо. Особено брзо листа фолдери кои се може, нормално, да се подесат кои да се прикажуваат а кои не.
     
    На Kajsibebraat и STEALTH им се допаѓа ова.
  23. STEALTH

    STEALTH
    Баниран/a

    477
    558
    22 Февруари 2015
    Машко
    Сега ќе го пробам.

    Го спуштив и оној Mezzmo, не е лош, али е trial...
     
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Ништо освен UMS не ти треба. Евентуална мана е што зависи од Java ама..не е мана.
    Ги имам пробано сите DLNA сервери и ниеден не му е ни до коленици на овој. Овој е наследник на Play Station Media Server
    Најдобар, и најкомплициран е Wild Media Server ама UMS може што и тој на многу полесен и поедноставен начин. Take look no more..
     
    На kirev и omegaRED им се допаѓа ова.
  25. STEALTH

    STEALTH
    Баниран/a

    477
    558
    22 Февруари 2015
    Машко
    Не можам да најдам каде се опциите за автоматско освежување на зададените фолдери (ако ставаш нов фајл во меѓувреме) и опцијата Play to (да одберам јас видео фајл и да го пуштам од pc)
     

Сподели

Вчитување...