• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

DIY Ambilight за монитор

  • Ја почнал/а темата
  • #1

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
Знам дека се дискутираше во другата тема, но за овој (целосен) проект мислам заслужува засебна тема во која се содржи целиот материјал за изработка.
Претходен пост каде имав на кратко објаснето за DIY Ambilight.

Сега е направена целосна надградба и сетап со нова ЛЕД лента.
Мониторот од 24" е заменет со 27" и оттаму тргна и потребата за оваа надградба.
Лед лентата т.е резолуцијата на амбилајтот сега е со 209 диоди vs минатиот со 47. Претходната ЛЕД лента беше со 30диоди на метар, новата е со 144 :cool: .
Адекватно на ова заменето е и претходното напојување со ново, далеку помоќно.
Зголемен baudrate од 115к на 500к. За ова ќе објаснам подолу зошто беше потребно.

Оригиналниот проект и сите елементи се тука > Making an 'Ambilight' with WS2812B LEDs and Adalight: Proof of Concept - Parts Not Included

Архива со шема, код, и потребниот софтвер може да го симнете од тука.

Сите делови ги имам набавено од ибеј, освен адаптерот кој веќе го имав.
Лентата е оваа, која чинеше $17 за 2м - 5V WS2812B 5050 RGB LED Strip 1m-5m 30 60 144 150 300 Led Individual Addressable | eBay
И обично ардуино нано од $3 - 1pcs Nano V3.0 ATmega328P 5V 16M USB Micro-controller Board for Arduino | eBay

Друго од алат што би ви требало е леткум, калај, бланкерки, и резерва дуплофан.

Во идеални услови ова е еден ден работа, и не е ништо комплицирано за изработка, а добивате многу. За отприлика 1000-1500денари може да си направите амбилајт неколку кратно подобар од готовите решенија. Да не збориме за резолуцијата со лед и флексибилноста да си изберете лента како ви одговара.

Поврзувањето и шематскиот приказ е доста прост. Две конекции се до ардуиното едно кон заедничкото заземјување и едно кон лентата. Адаптерот е потребен само за лед лентата, ардуиното си останува приклучено преку USB кабелот и од него се напојува.
ambilight.png
Кај лентата се три пинови - плус, минус, и Din - Data In. Кај што има засек кај некои ленти истиот пин е бележан со Dout - Data Out.

Да се внимава само со насоката на лед лентата, бидејќи диодите се адресабилни мора да се запази редот при спојките кај ќошевите. Секоја лента има со стрелка обележано во која насока да се поврзува.
Пример:


Пациентите :))


Споредба претходната лента со новата


Тука, јас барем, со креп трака ги придржувам лентите додека помине целиот процес со сечење и лемење.


Е сега за лемењето има две варијанти. Една е да ги прилепите диодите па да лемите директ на монитор, што не го препорачувам ако немате многу искуство во лемење. Дека еден грешен потег и може да стопите пластика на мониторот. Другата варијанта е посебно на страна да залемите па да ја вратите лентата, и така да одите крај по крај.

Во мојот случај јас лемев директно, со подлога колку да не лета калај :).

* Додека го пишував постов приметив дека сликата со лемењето кај ќошевите сум ја избришал по грешка...
Но еве од веќе залемено и залепено како личи:


Иницијален dry-run дали работи во ред. Од ова по задолжителен чекор здравје, немој да залепите па после да искочи дека има ладен лем или некоја лента е наопаку :ROFLMAO: .


View: https://imgur.com/a/OxDZTDL

Пред да ја залепам лентата, го извадив оригиналниот дуплофан од неа и го заменив со друг. Кој, барем сега за сега ми личи океј.
Ардуиното е залепено со ептен малку силикон/течна пластика.


Е сега е софтверот на ред. Пред да го испрограмирате ардуиното ќе треба да измените неколку параметри во кодот.

Во кодот, во зависност од тоа колку лед има целиот амбилајт ќе треба да ја измените вредноста кај Num_Leds.
Ако исто е поврзана лед лентата на пин 6 од ардуиното, нема потреба да се менува кај Led_Pin.
Трето е baudrate-от т.е кај SerialSpeed за старт ставете 115200, па понатака преку тестирање ќе ја зголемите вредноста доколку има потреба.

C++:
// --- General Settings
static const uint16_t
Num_Leds   =  209;        // strip length
static const uint8_t
Led_Pin    =  6,         // Arduino data output pin
Brightness =  255;       // maximum brightness

// --- FastLED Setings
#define LED_TYPE     WS2812B // led strip type for FastLED
#define COLOR_ORDER  GRB     // color order for bitbang

// --- Serial Settings
static const unsigned long
SerialSpeed    = 500000; // serial port speed
static const uint16_t
SerialTimeout  = 150;    // time before LEDs are shut off if no data (in seconds)
За baudrate-от да објаснам во случај некој слично да се нафати да прави со 200лед. Просто речено е колку повисок baudrate толку поголем проток на податоци т.е повеќе ЛЕД и поголем рефреш рејт.

Е сега овие ардуина од ибеј бидејќи се копии а и самиот лимит на конвертерот кој го имаат не дозволува превисока вредност.
Во моето тестирање, повеќе од 500.000 и ардуиното не работеше воопшто... или пак „забегуваше“ и диодите на лентата се палеа рандом.

На оваа тематика многу добро има објаснето истиот автор на оригиналниот туторијал, може да прочитате повеќе на линков https://www.partsnotincluded.com/calculating-adalight-framerate-limits/

Пример за 209 лед како овој сетап, а со default-ен baudrate од 115200 максимум фрејмрејт што ќе можев да добијам е 16FPS. Оттаму со тестирање стигнав до 500.000, што веќе доаѓаме до по задоволителна бројка од 50тина FPS.

Да резимирам, при тест baudrate-от ќе треба да го менувате на две места и мора да е со иста вредност. Во кодот за ардуиното објаснето погоре, и при самиот сетап за амбилајтот во Prismatik.

Prismatik е софтверот кој се инсталира на компјутерот и се поврзува со ардуиното. Тој е задолжен да прави "capture" на боите по краевите од екранот, и тие податоци да ги препраќа на ардуиното.
За овој проект јас(а и по оригиналниот натпис) користам unofficial верзија која има многу повеќе опции и додатоци во неа. psieg/Lightpack
1615415846533.png

Сетапот е лесен.
Во Device > Run Configuration Wizard, внесувате на која COM порта е поврзано ардуиното, baud rate, бирате како да се наместени capture зоните, калибрирате, и толку.
Понатака опциите ќе ги штелувате по вкус.
1615415781956.png

Тоа е тоа :). Што имате прашања слободно прашајте или пишете ми.

Јас не можам да се изначудам колку топ излезе. Поготово огромниот скок со бројот на диоди направи страшна разлика, така да би ви препорачал ако ви е во план да изработувате да не штедите кај лед лентата.

Неколку бонус видеа, но секако во живо е миљон пати подобро. Преку камера не се доловува ефектот како што треба.
 

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,226
5,819
Мелмак
Одлично, детално, секоја пофалба!!! Браво! Looking forward да го пробам ова и сам некој ден наскоро. Ако има некои апдејти дали во софтверчево или општо нешто ако подобруваш те молам апдејтирај во иднина!
 

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,191
1,664
Дали има други модови на работа освен да е волку реактивно?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
Одлично, детално, секоја пофалба!!! Браво! Looking forward да го пробам ова и сам некој ден наскоро. Ако има некои апдејти дали во софтверчево или општо нешто ако подобруваш те молам апдејтирај во иднина!
Ти благодарам! Секако, штом има нешто плус обавезно апдејтирам на темава!

Дали има други модови на работа освен да е волку реактивно?
Да, има уште два дополнителни модови.
Едниот е Мood lamp кој има негови плус сетинзи т.е споро да прелева бои, ефект на оган(интересно), да врти ргб, или статично да избереш една боја за приказ.
Другиот мод е како VU метар, избираш извор и по музика да „игра“ ледот. Еднаш го пробав и мислев ќе добијам епилепсија... никад више :)))
 

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,191
1,664
А дали ако се зголеми grab interval ќе се добие како delay некаков?

Иначе интересен проект е ова и супер си го направил. Мене би ми било пререактивно вака да го користам иако тоа му е намената нели.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
А дали ако се зголеми grab interval ќе се добие како delay некаков?

Иначе интересен проект е ова и супер си го направил. Мене би ми било пререактивно вака да го користам иако тоа му е намената нели.
Да, и тоа е опција. Grab интервалот е на колку време да семплира, идеален услов е да е исто со рефреш рејтот на мониторот. Но секако доколку сакаш да е нешто поспоро можеш да го зголемиш интервалот.
 

dekomote

Unstoppable
11 ноември 2014
1,253
2,844
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 3700x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 411+II
PSU
EVGA Supernova G3 650W
RAM
2x8GB HyperX Fury RGB 3200 CL16
Video card
Gigabyte RTX 3070 Gaming OC
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Deathadder V2 Pro
Keyboard
Tada68 w/ Noble Yellows + Tofu65 w/ Kailh Box White
Audio
Presonus Eris 3.5, Sennheiser HD 205, JBL Tune600 BTC
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Предобро! Ова е го пробам со шини, да може да се закчи одозгора на мониторот место да се лепи. Ако успеам ќе пишам.
 

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,362
3,563
Битола
Браво за трудот. Едно време и јас размислував за ваков проект, но, не најдов време и трпение. Се решив за straightforwarrd решение со ист резултат преку нарачување на следниов кит којшто ги скока СИТЕ горенаведени чекори и вклучува сѐ што ти е потребно до инсталација на софтверот. Вчера цел ден го тестирав и функционира перфектно и со Prismatik и со AmbiBox. Ми стигна за 3 недели:

chrome_P0Q32Pn8Da.jpg
 

Nikola100

Gaining Experience
30 септември 2019
291
187
Skopje
Браво за реализацијата.
Детално опишан и изложен проект. Задоволството е во изработката , "troubleshooting"-от и ниедно "straightforward" решение неможе да се спореди .
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
Браво за трудот. Едно време и јас размислував за ваков проект, но, не најдов време и трпение. Се решив за straightforwarrd решение со ист резултат преку нарачување на следниов кит којшто ги скока СИТЕ горенаведени чекори и вклучува сѐ што ти е потребно до инсталација на софтверот. Вчера цел ден го тестирав и функционира перфектно и со Prismatik и со AmbiBox. Ми стигна за 3 недели:

Погледнете го атачментот 98448
Интересно, ова е уствари истото само кинезите го „спакувале“ подобро. Инаку се сложувам, ако некој не сака да се замара баш, ова е далеку подобра опција.

Ме интересира (ако може слика) како им се изведени спојниците на ќошевите?
И за лентата не знам како лимитираат број на лед, бидејќи тоа се става во самиот софтвер/ардуиното. Дека 99% сигурен сум нема да ти искочи да е точно 1м или 2м ледот и ќе мора да сечеш :unsure:.
 

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,362
3,563
Битола
ќе мора да сечеш
Сечев. Порачав 3x60 LED = 180 LED. Испадна 30 повеќе па на крајот останав со 150. За на ќошот можев додатно да порачам спојници, но, не го направив тоа (иако има) и ги свиткав. Секако не се гледа назад.

viber_image_2021-03-11_10-59-44.jpg
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
Може да се користат и спојки за поврзување на лентите, за да се избегне лемење или виткање.
За спојници без лемење, искрено не би им верувал дека ќе држат добро. Од причина што еееептен малку простор останува од самите лед-ови измеѓу, кај што е пресечено.
Е сега тоа аголникот со три пина е супер, далеку почисто би личело со тоа залемено наместо со жици. Фала ти на инфо, може да се порача ова и да се испроба :)
1615631682278.png
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,894
3,261
За спојници без лемење, искрено не би им верувал дека ќе држат добро. Од причина што еееептен малку простор останува од самите лед-ови измеѓу, кај што е пресечено.
Е сега тоа аголникот со три пина е супер, далеку почисто би личело со тоа залемено наместо со жици. Фала ти на инфо, може да се порача ова и да се испроба :)
Држат и тоа добро. Треба ептен силно да се повлече лентата за да се извлече од лежиштето и да изгуби контакт.
 

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,362
3,563
Битола
Наново ги залепив со поцврста двострана леплива трака. Ќошевите се свиткани и не се гледаат (затоа не порачав спојници). Со призматик функционира подобро отколку со амбилајт. 1 (3).jpg
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
Наново ги залепив со поцврста двострана леплива трака. Ќошевите се свиткани и не се гледаат (затоа не порачав спојници). Со призматик функционира подобро отколку со амбилајт.Погледнете го атачментот 98568
Гледам дека лентата е залепена од ќош до ќош, а не од средина па назад до кај држачот повторно во средина. Така ти се наместени и зоните во Призматик, right? Чисто превентивно, дека ако не се точно наместени ќе ти „забегуваат“ боите и нема да се точно упарени лед со зона.
 

stefan_mkd

Gaining Experience
18 март 2015
475
281
Браво за трудот да се документираш цел процес!

Имам едно прашање. Дали е можно да се постави контрола преку алекса?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
Браво за трудот да се документираш цел процес!

Имам едно прашање. Дали е можно да се постави контрола преку алекса?
Хммм, не знам искрено. Дај линк или слично за каков тип на контрола се работи.
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,576
4,283
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Честитки за трудот, навистина импресивно. Првите две клипчиња се одлични, ама третото со Witcher мислам дека е контра ефект или до мене е?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
796
963
Честитки за трудот, навистина импресивно. Првите две клипчиња се одлични, ама третото со Witcher мислам дека е контра ефект или до мене е?
Бара навика малку, ама па и од друга страна најдобар ефект има со разновидни бои на сцена. Приметив и јас дека баш не се долови со Вичерот, а таа игра ми беше нај при рака. На ова плус и дека снимано, личи дека е meh...
Ќе видам во некоја друга игра каде е по изразено, па ќе поставам видео пак.
 

DAoliHVAR

Gaining Experience
18 јуни 2015
114
74
DAoliHVAR's setup  
Processor & Cooler
i5 4460
Motherboard
asrock b85m pro
Storage
samsung evo 120 gb, 1 tb HDD
PSU
corsair cx550m
RAM
8 gig
Video card
r9 270
Case
deepcool tesseract
OS
windows 10
Направив слично пред некоја година, али директно поврзано со псу на компјутерот преку molex. Работеше ок али го извадив брзо пошто приметив дека 90% од времето го чувам изгасено. Сепак е интересен проект за соте што сакаат декорации и електроника. Едино би препорачал, почнете со по малце светла, бидејќи напојувањата стануваат брзо скапи како иде нагоре ватажа
 

stefan_mkd

Gaining Experience
18 март 2015
475
281
Најдов брзински решение.


Малце ми е многу работа во моментов :) Амбилајтот за сега го решавам со столна лампа насочена на зид :D
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,987
Мислења
854,275
Членови
29,626
Најнов член
dzihat0
На врв Дно