• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

DIY 3.1 sounbar

  • Ја почнал/а темата
  • #1

icemaher

Gaining Experience
27 мај 2009
70
79
Куманово
icemaher's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3400g
Motherboard
Gigabyte B450M‐H
Storage
SAMSUNG 250GB SSD 970 EVO Plus M.2 PCI‐E NVMe
PSU
500 NJOY 80+
RAM
2 x DIMM 8GB DDR4 3200Mhz Kingston CL16 HyperX Fury Black
Case
MS METROPOLIS PRO
Monitor
Benq BL2480
OS
Win10 Pro
Се надевам погодив подфорум каде треба да оди темава.
Одамна ги имам овој сет home theater MS Industrial ML-6015
Па решив од нив да направам 3.1/5.1 саундбар.
Со вклучени сараунд звучници секако е 5.1 ;) .

DIY Soundbar 5.1.png

Надворешни димензии 128см должина(поради 60" tv) х 10.6 см висина х 30см длабочина.
30см длабочина поради ногарки на тв кој ќе оди врз саундбарот.
Владимир Филевски ми помогна со совети што како големина на кутиите за сателитите и вуферот, исполна, дихтување и сл.
Едно големо благодарам до него, цар.
Првпат вакво нешто правам, па за да не биде погрешно, речиси ги ископирав димензиите кои ги имаа овие кутии.
Така да, сателитите се 16х9х8см.
Кутијата/комората за вуферот ја задржав иста само издолжена/снижена поради висината на саундбарот, 65х9х19.4.
8мм е материјалот со кој е изработен, ламинат, прицврстено со летвички лепак и шрафови.
Сите споеви на коморите се поминати со силикон.
Панелот со дугмиња е исечен колку треба и префрлен напред на саундбарот, залепен со пиштол за силиконски стапчиња.
Сателитите се целосно затворени, исполнети со памук. Фабричките имаа и напред и позади дупче и празни беа.
Под басот има 2см сунгер. Фабричката кутија немаше ништо, само бас, цевка и засилувач.
Засилувачот е одвоен од басот во посебен дел.
SAM_1646 - Copy.JPG SAM_1648 - Copy.JPG
Остануваат некои ситници да досредам, дихтунг гума на горниот раб на кутијата кај басот, наместо сегашниот самолеплив сунгер.
Некоја вентилација за засилувачот да направам.
Пробно ставив капачиња на шрафовите, а можно е да ги тргнам па да залепам фолија.
Или само бела кант трака на споевите кај што се гледа кафеавата страна од ламинатот.
Работев со тоа што имав материјал. Знам дека е подобро на изглед со медијапан и дека подобро ќе се конструира и звучи.
Горнава табла се отштрафува така да ќе имам некои измени, средувања.
Не се кој зна колку моќни сателитиве, пишува по 3 вати, басот 15.
Но врши работа, и посебен мерак е кога имаш направено сам.
За помоќен бас, имам и постар систем панасоник во кој го вклучувам влезот за вуфер, така да, за филмови ќе се слуша басот на 2 вуфера од Panasonic SA-AK27.

Снимив клипче како тест и го пуштив на yt, песната е слободна за користење, кој ги знае какви правила имаат.
View: https://www.youtube.com/watch?v=4SndDbOn8dQ

до сабајле можеби ќе го снема клипот на јутуб.
Се надевам не сум прекршил правила.
Ако и овде сум прекршил правила, избришете ја темава. :p

 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,721
11,158
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Секоја чест! Тука на форумот почитуваме вакви проекти.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

icemaher

Gaining Experience
27 мај 2009
70
79
Куманово
icemaher's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3400g
Motherboard
Gigabyte B450M‐H
Storage
SAMSUNG 250GB SSD 970 EVO Plus M.2 PCI‐E NVMe
PSU
500 NJOY 80+
RAM
2 x DIMM 8GB DDR4 3200Mhz Kingston CL16 HyperX Fury Black
Case
MS METROPOLIS PRO
Monitor
Benq BL2480
OS
Win10 Pro
На една слика горе се гледа каде е сместено трафо-то, дали е доволно само одоздола дупка меѓу летвите што го држат,
и целиот саундбар да се подигне со пример гумички или нешто сл.
за да прима воздух одоздола или мора и одозгора или некаде од позади на задниот капак плус отвор.
Природно да вентилира.
Само тука се осеќа малце топло кога работи подолго време, сепак е затворен од сите страни.
А и на старата кутија исто беше топло, па и потопло, иако беше во истата комора со вуферот/цевката.
 
Последна промена:

krema

Professor
24 јуни 2009
12,276
11,622
youtu.be
Ако го рокаш подолго време како на снимките, јас хитсинкот би го ставил некаде надвор од кутијата (одпозади) бидејќи тој највеќе ќе грее, додека трафото не би требало да грее многу.

Screenshot from 2021-04-20 23-21-16.png
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,717
Мислења
849,282
Членови
29,441
Најнов член
Nikii
На врв Дно