• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Дискусија за хостинг провајдери со сервери во САД

  • Ја почнал/а темата
  • #1
6 декември 2019
56
25
Мене лично ми е потребен VPS за да хостирам WordPress инсталација.
Кои провајдери имаат репутација за добар uptime и компетитивни цени?
 
wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
972
966
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3700X + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
MSI MPG Gaming PRO Carbon
Storage
Samsung 970 Evo Plus NVMe + HDD 1TB WD EZEX
PSU
NZXT C750
RAM
Corsair Vengeance RGB Pro 64GB
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
  • Ја почнал/а темата
  • #3
6 декември 2019
56
25
@wolverine фала ти!
Му текнува на некој како се викаше поголемата web hosting компанија што си ги откупуваше конкурентите и потоа паѓаше нивото на услуга што ја нудеа откупените фирми?
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,349
1,447
@wolverine фала ти!
Му текнува на некој како се викаше поголемата web hosting компанија што си ги откупуваше конкурентите и потоа паѓаше нивото на услуга што ја нудеа откупените фирми?
Сигурно мислиш на Endurance International Group (EIG), искуство од прва рака со Arvixe, пред и после купување, набркаа голем дел од сапортот, го затворија форумот, Windows серверите останаа на некоја стара верзија ...
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
701
447
@Mr.Jack Ќе сакаш да споделиш кој hosting provider претпочиташ во моментов?
Истите предлози од постот секогаш се ок. GoDaddy и EIG не. GoDaddy Reviews - Updated September 2021 | Review Signal

А за WordPress ВПС зависи дали сам ќе го менаџираш серверот или сакаш они да го прават тоа. Зависи буџет и колку јак сервер ти треба и дали сакаш хостингот да има некои екстра функции како панел со 1-click staging features
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10
6 декември 2019
56
25
Би сакал:
- unmanaged / cloud VPS на кој ќе си инсталирам GNU/Linux,
- лично јас ќе си вршам backups и воопшто не ми требаат секакви bells and whistles - целта ми е што повеќе од сетирањето и одржувањето да го вршам со SSH врска,
- плаќање по час, евентуално месечно. Не сакам годишен договор и сл. Едноставно сакам слобода во секое време да си платам колку имам 'пиено' и да си мигрирам на друг сервис,
- и, најбитно, да ја стопираат услугата, наместо да ми биде доставена сметка со огромна сума за плаќање ако ги прекорачам лимитите (мрежен проток и сл.).

Буџет ми е 15-тина евра месечно.
Ќе се поиграм со WordPress, можеби после ќе го заменам WP со хостирање статички страни изгенерирани со Next.js.
 
Било кој од популарниве Cloud/VPS провајдери ќе ти одговараат ако сам го менаџираш серверот. Изборот од прилика е ист и лесен. Linode, DigitalOcean, Vultr, OVH, RamNode, SkySilk...Сите поддржуваат разни Линукс дистрос, на некои можеш и да инсталираш твое ISO. Плаќањето по час е кај повеќето клауд провајдери. Од овие што ги набројав, со исклучок на OVH (ги немам користено долго време), сите други сум ги користам и сите имаат часовен билинг. Често правам сервери и ги бришам за еден ден и мене ми е битна таа опција. Само рандом предупредување ако не знаеш веќе: и да ти е стопиран серверот пак ќе ти наплатат, нема да наплатат само ако е избришан целосно.

Повеќето од овие леџит провајдерите те предупредуваат ако прескокнеш некои лимити и не прават намерно оверселинг и други шејди глупости. Не знам точно за секој, тоа прашај ги нив или види им на сајтот. Генерално сите овие се со добра репутација меѓу девелоперите и со години на пазарот, не прават шејди работи. Тоа најверојатно може да се очекува само од нов провајдер или од EIG баграта

Со твојот буџет можеш да земеш план што ќе ти е дури и повеќе од доволно за еден вордпрес сајт и статички сајтови. И на LowEndBox има провајдери што се многу поевтини од овие популарниве, ама јас лично немам искуство многу со такви и не знам што да ти препорачам. Мој совет ти е да не штедиш со LowEndBox провајдер ако буџетот ти е 15тина евра, а тебе повеќе од доволно ти се и 10евра за твоите потреби кај овие популарните провајдери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BEST

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,517
Мислења
858,354
Членови
29,929
Најнов член
Jov4e
На врв Дно