• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Дискусија за вредноста на Доларот ( $ -> € )

Дали ве засега вредноста на Доларот?


  • Вкупно гласале
    77
  • Ја почнал/а темата
  • #1

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1,034
1,226
На форумов кај што добар дел од членовите се фриленсери, маркетери, е-бизнисмени или било која друга варијанта од која заработуваме $$$, верувам би било во интерес да имаме тема на која што ќе можеме да дискутираме за моменталната вредност на доларот.

Доларот се смета како глобална валута, односно валута во која бизниси од различни држави се договараат да „вршат бизнис со“. Секако ги имаме и Еврото, Руските Рубљи, Кинескиот Јуан и други.. но Доларот е поставен како централна валута по која се водат и „мапираат“ многу други валути. (исправете ме ако грешам некои стручни термини).

Следејки теми на форумов (како онаа за Пејонир), се гледа дека многу луѓе не знаат како да ја искористат максимално вредноста на нивниот тешко заработен долар. (не е за кудење, многу од нас не се економичари по струка, но „маката“ не научила како да извадиме нешто поче од тоа што го имаме).

Да го земеме за пример парот од $->€ (Долар во Евро, овој мене лично ме интересира, но слично би важело и за $-MKD):
Во последнава година, не-пишан среден курс на овој пар е 0.90.
Односно за 1 долар заменет во евра добивате 0.90 евро-центи. (или 1000$ - 900 Евра).
Ова е без (можни) додатни конверзии од вашите е-банки на кои ги имате парите и/или банкомати кога повлекувате пари (ahem, GR, KS)
Како и секоја берза, ова вредност варира и вредноста на вашиот Долар може да оди нагоре или надоле (да добиете повеќе ЕУР за 1 Долар, или помалце).

Моменталнта вредност (29.07.2020 22:30) на Доларот е: 0.848
Google 'usd to eur' или проверете сервиси како XE (dot) com.
Воедно ова може и да се рече дека е и еден од најниските вредности на $->€ во изминативе две години.
Додека највисоката вредност беше 0.938

Проста математика, кога би ги замениле вие вашите 1000$ на 0.94, споредбено со 0.85:
1000$ * 0.85 = 850 ЕУР
1000$ * 0.94 = 940 ЕУР
940 - 850 = добивате 90 ЕУР повеќе, само со манипулација и чување на доларот до моментот во кој мислете вие дека е поволен (на оваа точка може да се дискутира до немај каде, секој сигурно си има лични преференци и мислења.)

Ова не го пишувам за да ве навлечам да верувате сите дека треба да ги чувате доларите дури не дојде 0.94 и да трпите за глад. Напротив, ова е само идеја како може да се направи некој денар поче од она што веќе го имате.
Лично јас сум задоволен кога курсот е 0.90+ и без мака ги мењам на оваа вредност.
Но нели, не секогаш е ова изводливо и некогаш парите ти требаат итно.

* Совет 1:
Ако на вашиот баланс имате опција за УСД и ЕУР и планирате да ги трошите во следниот период, направете си го есапот пред време и одлучете дали ќе ви се исплати да ги сменeте УСД во ЕУР сега, или подоцна.

* Совет 2:
Никогаш не менувајте пари за време на викенд.
Берзите се затворени и сите провајдери ставаат маргина од 0.5 - 2% (или колку и да одлучат) за да си ги покријат моменталните загуби за флуктуацијата на валутите за ова време).
Односно, ако во петок вредноста била 0.88, во сабота истиот период од денот би била од прилика 0.86.

* Совет 3:
Кога сакате да извадете ЕУР од вашата (на пр.) УСД пејонир картичка на банкоматот у тесалоники, ќе ве праша дали сакате тој да ви изврши конверзија. Не дозволувајте банкоматот да врши конверзија затоа што тоа е сличен rip-off како погоре опишан. Вашиот bank-card issuer сигурно има подобар rate!

* Совет 4:
Пазете се од сервиси како Пејпал and friends! (и потрудете се да избегнете конверзија од нив)
Дерат на дебело! На mid-market-rate курсот што е, додаваат уште 2.5-3% екстра, без да ви ги покажат тоа однапред.

Ја отварам темава да си помогнеме колку можеме и да им се расчисти ситуацијава на луѓето кои не се упатени толку во сето ова.
Моментално Доларот е најлош во последните 2 години, и ќе биде лошо за многу од нас ако продолжи со ова темпо.

Кои се вашите мислења? Зошто според вас доларот е вака лош моментално и дали имате некоја информација за менување на нештата?
Јас верувам дека вишите сили (читај US) си играат со вредноста на Доларот според тоа како им годи за нивната економија (пр. дали увезуваат или извезуваат во следниот период), но тоа е тема во која може длабоко да се навлезе и ќе се изгуби смислата на постов.

(Ќе ставам еден прашалник на крајот, чисто да видиме колку луѓе ги засега темава)
 

draganamon

On your way to fame
24 јануари 2016
424
527
Skopje
draganamon's setup  
Processor & Cooler
i7-6700HQ
Storage
250 SSD & 1TB HDD
RAM
16gb DDR4
Mouse
Logitech G9
Keyboard
Logitech G Pro
Audio
Logitech G51 5.1 & Creative Sound Blaster X-Fi 5.1
Monitor
Dell U2419H
OS
Windows 10
Супер тема. Јас имав (минато свршено време) стратегија пред глупостиве со Payoneer, колку можеш чувај пари на картичка и менувај крај на Откомври/почеток на Ноември (пред Black Friday). Тогаш америве увезуваат и доларот е висок.
 

goranzoran

Unstoppable
21 јануари 2011
3,317
2,791
скопје
Одлична тема!
42 денари беше едно доларче 2011 година но вредеше повеќе од сега пред кратко време, кога беше 58.
Screenshot_20200729-232754_Chrome.jpg
Историски гледано куповната вредност на хартивчето долар постојано паѓа.
После 10 години и 84 денари да вреди пак помалку ќе може со него да се купи од 2011 година кога бил 42 денари.
Ако се вратиме поназад...
Screenshot_20200729-233100_Chrome.jpg
Значи доларот станува се полош и полош како времето поминува...
СОВЕТ: ако имате баланс дигитален или хартија по дома сменете ги во нешто на што вредноста му расте.
 
Последна промена:

Jedah

Practice makes perfect
6 ноември 2007
991
1,494
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: Kingston A400 120GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
A4Tech OP-530NU
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
AOC 22" e2243Fw2
OS
Windows 10
Само златни прачки му е мајката
 

stefan_off

Gaining Experience
29 октомври 2009
414
343
MKD
stefan_off's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 7700K
Motherboard
Eurocom Torando F5
Storage
Samsung 960 Evo 256Gb m.2; Intel 660P 1Tb m.2; Seagate 2Tb 2,5inc 5400RPM
PSU
230W brick
RAM
16Gb DDR4 2x8Gb Kingston @2400mhz
Video card
MXM nVidia GTX 1070 8gb
Mouse
Logitech MX Master 2S
Keyboard
Logitech K520
Monitor
Benq BL3200PT 32`
OS
Win 10 64bit
Супер тема и инфо, фала.

Кои се вашите мислења? Зошто според вас доларот е вака лош моментално и дали имате некоја информација за менување на нештата?
За цената на доларот јас имам слушнато за Presidential Election Cycle Theory, но дали е така не сум гледал во детали. Изборите во УСА се во Ноември па можеби ке се поклопи со тоа што @draganamon го вели за Black Friday. Но во ова лудо време со коронава мислам дека ни една теорија нема да држи вода оваа година. Јас во Мај-Јуни 2014 менев долари во евра и избрав доста лош момент за тоа :( во наредните 6 месеци доларто проасна за +-6 денари, но тоа е животот...
 

Mechanic

Intern
2 мај 2016
120
42
Одлична тема!
42 денари беше едно доларче 2011 година но вредеше повеќе од сега пред кратко време, кога беше 58.
Погледнете го атачментот 89739
Историски гледано куповната вредност на хартивчето долар постојано паѓа.
После 10 години и 84 денари да вреди пак помалку ќе може со него да се купи од 2011 година кога бил 42 денари.
Ако се вратиме поназад...
Погледнете го атачментот 89740
Значи доларот станува се полош и полош како времето поминува...
СОВЕТ: ако имате баланс дигитален или хартија по дома сменете ги во нешто на што вредноста му расте.
А на што расте?
 

Jedah

Practice makes perfect
6 ноември 2007
991
1,494
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: Kingston A400 120GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
A4Tech OP-530NU
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
AOC 22" e2243Fw2
OS
Windows 10
На стан во Тафталиџе :D
 

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
115
214
Скопје
davorminchorov.com
Некаде имам прочитано некоја теорија дека доларот и нафтата се врзани, што значи ако се намали нафтата, се намалува и доларот. Американците од нафта живеат, и ако снема побарувачка за нафта во економска криза, нормално е да се намали.

Колку е ова точно, не знам.
 

whiterabbit

Gaining Experience
20 мај 2020
140
125
Многу почна да паѓа, под 52 денари е денеска. Да се продава или да се чека ако се качи пак?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1,034
1,226
Многу почна да паѓа, под 52 денари е денеска. Да се продава или да се чека ако се качи пак?
Тоа е милионското прашање :)
Имајки ги сите факти во обзир, ти сам треба да си одлучиш дали да ги мењаш...
Јас на овој курс не ми се исплати, буквално губам пари ако ги сменам сега, ќе чекам дури се врати барем до 0.88 еур.

п.с. сигурно е врзан со нафтата, само штета што не ја следам и таа тема па да знам како се тоа одразува на неговата цена.
 

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
648
1,355
Скопје
Некаде имам прочитано некоја теорија дека доларот и нафтата се врзани, што значи ако се намали нафтата, се намалува и доларот. Американците од нафта живеат, и ако снема побарувачка за нафта во економска криза, нормално е да се намали.

Колку е ова точно, не знам.
Точно е дека се врзани бидејки нафтата секаде во светот се вреднува и продава во долари. Но мислам не ти е точна констатацијата дека ако едното паѓа, паѓа и другото. Напротив, треба да биде обратно-пропорционално.

@DonFrozex ти ја сфаќам поентата, но јас би те советувал тоа да не го правиш тоа, освен ако немаш намера да чекаш месеци, а може и година. Ова не го тврдам со 100% сигурност, но прилично доста сум упатен во ова, бидејки последниве 5 години работам стрикно со долари и US пазар и го пратам курсот нонстоп.

И верувај незнаеш колку ми е тешко кога ова се дешава (на два пати до сега го јадев со 15-20% намалување на приходи ради пад на доларот). Ова е веќе трет пат што се случува тоа и крајниот епилог не ми делува дека ќе биде сјаен за нас. Бар не во блиска иднина.

Доларот е многу поврзан со нафтата, а најмногу поврзан е со економијата и се што се случува во САД. А нешто подрастично се деси (Трамп избран за претседател, корона, масовни убиства, протести, huawei бан...) доларот почнува да варира. Си играат со него како што им стигне. Во моментов GDP им бележи рекорден пад (од втора светска па наваму) и се додека не изберат нов претседател во ноември, јас лично не очекувам доларот да се крене. Напротив, мислам ќе паѓа уште толку. Очекувам мал пораст со почнувањето на NBA и NFL, малце да им живне економијата, но пореално ми делува дека доларот иде у "курац".

Веќе сериозно размислувам за разговор со сите клиенти што ги имам и менаџментот во фирмата каде работам да се превземе нешто бидејки ова не е на арно. За нив моментално ова ништо не значи, бидејки они разлика не приметуваат. Доларот кај нив си е долар. Бургерот си е $5. Нема промена во тоа :D Но фирма во која од 100 луѓе, 80-тина сме надвор од САД, за нас и тоа како ќе значи ако за некоја недела дојдеме до -20, -30% од платата која ја земавме во февруари.

Мој совет, вади што можеш да вадиш сега, или ако немаш проблем чекај, али биди спремен да чекаш со месеци ако не и година. Да не баксузирам и евентуален крах на доларот во блиска иднина. Најискрено се е можно со таа луда држава.
 
Последна промена:

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,176
1,958
Да дадам прост пример зашто ова не е пректично:

Да речеме Крсто е фриленсер. Тој заработува $1200 месечно - секој месец на сметки за струја, вода, парно и телекомуникации во старт му идат околку $300, месечно за храна му идат $500. Покрај ова, Крсто има и две деца, што се средношколци, па треба да одвои да им даде пари за алишта, искачање, екскурзија, нов телефон и остали ствари. Потоа треба да плати одмор за него и жена му. Дали тој може да си дозволиу да си игра со доларот или ќе ја проголта разликата за да може животот да му тече нормално?

Во принцип, Крсто е метафора за просечниот фриленсер во Макеоднија. Проблемот е што Крсто, не може да си дозволи да чека да го менува доларот кога има подобар курс затоа што парите му се врзани. :)

Е сега си има и исклучоци. За тие исклучоци исплатливо е да чекаат. И моабетов апла држи вода.

Се согласувам со @l1d0v1c - парите што ги правиме сега се помалку за разлика од пред неколку месеци и се со тенденција да бидат уште помалку.
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,775
2,665
2018-та беше бетер доларот а морав да сменам 5000 по 49.50, не стигаше буџетот за кола.
Така да 52 е ок цифра за доларот, ако оди под 50 тогаш веќе црвена ламбичка.
 

Spamalot

Gaining Experience
13 јуни 2011
915
224
Naftata e vrzana za dolarot, dolarot ne e vrzan za nafatata, sto znaci toa... vo zemjite od OPEK koga se trguva so nafta moze da se plaka samo do dolar i so nisto drugo, i ako vrednosta na dolarot paga, paga i vrednosta na naftata, obratnoto ne vazi, ako vrednosta na naftata se pokaci, toa ke znaci samo poveke dolari a ne promena na vrednosta an dolarot. Ova trguvanje e poznato kako Petrodollar, moze da vidite na youtube sto e petrodollar i kako vlijae na ekonomiite. Zemjite kade sto ekonomijata zavisi od nafta, vrzani im se lokalnite valuti za dolarot, za koga dolarot varira, da nemaat golemi skokovi/padovi.
Kaj nas i vo poveketo zemji od EU, valutata ni e vrzana so Evro, i nikogas nema da ima golemi razliki izmegu Denar i Evro, no moze da ima golemi razliki izmegu Denar i Dolar.
Se nadevam pomaga ova :)
 

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
648
1,355
Скопје
i ako vrednosta na dolarot paga, paga i vrednosta na naftata
Доларот константно бележи пад од март годинава. Зошто и цената на нафтата не пележи пад ради доларот? Освен тој пад со короната на почекот, од тогаш цената на нафтата е стабилизирана и оди колку толку во нагорна линија. А доларот константно паѓа. Зошто тогаш не падне и нафтата последниве 2-3 месеци?

Прашувам чисто информативно, без љутиш :D пошто тоа што го кажа ми нема логика со цените во последниве неколку месеци.
 

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,097
1,188
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
OS
Windows 10 Pro
Никој не може да ја предвиди вредноста на валутите ни еден месец во иднина. Влијаат премногу фактори, а сега поради короната е особено непредвидливо. На пример, падот на БДП е рекорден во САД, но во Германија е уште поголем (пад од 33% вс пад од 34%).
Инаку многумина во Америка сакаат да ослабне доларот, затоа што така им се зголемува извозот на производи, а се намалува увозот што на одреден рок значи зајакнување на економијата.
Последен пат вака кога тресна беше декември 2017-та и како што се гледа паѓаше едно месец дена и стигна до 0.80 и тераше така до април кога почна да расте. И сега мислам дека тоа би била долна граница ако продолжи да паѓа. Најмногу зависи од короната која ја измести цела светска економија.
 

Атачменти

Spamalot

Gaining Experience
13 јуни 2011
915
224
Доларот константно бележи пад од март годинава. Зошто и цената на нафтата не пележи пад ради доларот? Освен тој пад со короната на почекот, од тогаш цената на нафтата е стабилизирана и оди колку толку во нагорна линија. А доларот константно паѓа. Зошто тогаш не падне и нафтата последниве 2-3 месеци?

Прашувам чисто информативно, без љутиш :D пошто тоа што го кажа ми нема логика со цените во последниве неколку месеци.
E kako ne paga, ako eden barel e konstantno 50 dolari primer, a paga vrednosta na dolarot vo sporedba so drugite valuti primer evro, znaci deka paga i vrednosta na naftata, bidejki pak ke bide 50 dolari, samo sto sega toj sto gi dobiva dolarite ke moze mnogu pomalu stvari da si kupi so niv, neli ?
 

Sludge.Factory

Practice makes perfect
7 февруари 2014
903
1,321
Gostivar
Sludge.Factory's setup  
Processor & Cooler
Amd Ryzen 3600
Motherboard
Asus B450 Prime
Storage
WD Blue 1tb + SSD 240 GB
PSU
CM Masterwatt 750
RAM
16 Gb Gskill Sniper X 3600 mhz
Video card
2x Xfx RX 580 8Gb Crossfire X
Case
Nzxt h500i
Mouse
Steelseries Rival 100 Dota 2
Keyboard
Natec Thor 300 TKL
Monitor
Benq Zowie 24"
OS
Windows 10
unnamed.gif

Year to year inflation change 28%. Единствена шанса да се врати пак назад доларот спрема евро е да се повлечат пари од циркулација што е тешко веројатно наредниве неколку години. Ваше е да си одлучите ама голема е веројатноста доларот да се врати на ниво од 2006-2008 година на 40 и нешто денари, ако не и помалце.
 

whiterabbit

Gaining Experience
20 мај 2020
140
125
Јас губам 500 евра ако ги продадам сега наместо во Мај, кога доста $ продадов додека беше 57 денари...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1,034
1,226
Е ваква дискусија и сакав да се развие, и од членови кои што не биле толку активни, а сепак имаат добри мислења и ставови (на страна од троловоите :p )

“Ех да ги сменев кога... “ - е за мене исто како оние што се коцкаат: “Ех да го ставев Манчестер 2Х“... после је*ања нема кајања :D

И јас рачунам сега дека ако ги сменам губам неколку стотина евра, споредбено од пред само 2 месеци. Но исто така размисли и колку повеќе би изгубил ако доларот продолжи да паѓа и дојде пример на 0.70еур или 40мкд.
Врти сучи, дали е коцка или инвестиција.. зависи од перцепција :D

Се мислам сега како да ги мењам што да ги правам..
Ајде од „експертиве“ за алткоини, дали има некоја опција за купување (бит)коини сега со доларите, и начин на кој намалувањето на доларот нема да ни влијае многу?
Како е врзана цената на БТЦ.. со Долар, Еур или нема правило?

Гледајки ги овие графици ми изгледа ко вредноста на биткоинот да не е задесена од паѓањето на Доларот?
Но нешто ми вика дека пропуштам битен елемент и грешам многу :D

(да не дозволиме само да се претвори темава во тема за БТЦ и препукувања, че ве моља!)



 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,881
Членови
28,235
Најнов член
NikolaJovcevski
На врв Дно