• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Дискусија за јазици и граматика

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,901
9,400
Скопје

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,400
3,687
Битола
Целта на технологијата: да го унапредува човештвото преку заеднички јазик и да го олеснува животот на секој човек на планетата.
Хрватите и ним слични: Desktop = Radna Povrsina? Okay...
 
ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,945
9,463
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Целта на технологијата: да го унапредува човештвото преку заеднички јазик и да го олеснува животот на секој човек на планетата.
Хрватите и ним слични: Desktop = Radna Povrsina? Okay...
А на МК како е? Биро би требало да е. Во Кавадарци Ма'ста.
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,400
3,687
Битола
А на МК како е? Биро би требало да е. Во Кавадарци Ма'ста.
Поентата ми е некои работи не се преведуваат -- посебно ако преводот штети во развојот на технологијата. Англискиот е лингва франка во случајов и генерално иновациите доаѓаат од тие земји. Нема што да се преведува тука ништо.
 
Последна промена:

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,945
9,463
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Поентата ми е некои работи не се преведуваат -- посебно ако преводот штети во развојот на технологијата. Англискиот е лингва франка во случајов и генерално иновациите доаѓаат од тие земји. Нема што да се преведува тука ништо.
Се согласувам де, требале на српски Астал да пишат поразбирливо би било :D
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,693
14,750
Не ми е јасно зошто Авид се пренемаже. Можда дечкото е хрват..
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
1,740
1,067
ОК опција е Хрватски за постари луѓе и лица кои не знаат добро јазик. Повеќето апликации сами префрлаат на Хрватски кога ќе препознаат дека е поставен како системски јазик.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,212
4,479
SK
Поентата ми е некои работи не се преведуваат -- посебно ако преводот штети во развојот на технологијата. Англискиот е лингва франка во случајов и генерално иновациите доаѓаат од тие земји. Нема што да се преведува тука ништо.
Се обложувам дека во Хрватска некој што се обидува да зборува на литературен јазик не мора да кринџнува секогаш кога има прилика да слушне помлада генерација како чатуваат со френдовите, на пример за гејмање фортнајт или ворзоун, додека се слободни пошто скипнале скул... Во разговор повеќето од нив признаваат дека прво им текнува англискиот збор а дури потоа го бараат македонскиот превод, кој често воопшто и не го знаат. :)

Остај ти лигва франка друже, втор (или трет) јазик е добра работа - ама не може да биде добро да не се знае мајчиниот јазик. И да знаеш, преведените информатички поими не им се ни чудни ни смешни на деца кои раснеле со нив.

На Хрватите и ним сличните може само да им завидуваме за ценењето на сопствениот јазик, нешто што тек ќе се види за неколку генерации кога ќе почне да го снемува Македонскиот јазик. Ние веќе сега имаме некоја безвезна англомакедонска мешавина (дури и од официјални лица на јавни медиуми), додека во Хрватска уште долго време ќе се зборува литературен Хрватски...

/ot off
 
Никој не ти го напаѓа јазикот тебе, не ги стегај мадињата. Зависно полето на израз, различна јазична функција преовладува и мора да се оддржи. Жаргонот на технологијата и науката е битно да пренесува информации до што поголема група на луѓе -- како и што прецизирав во мојот исказ. Најважната јазична функција во оваа сфера е комуникативната и упростувањето и унифицирањето на терминологијата ја помага таа функција. Ти со тоа што инсистираш да се преведи settings во мои поставки заради некоја пуристичка цел да си го задржиш идентитетот ја нарушуваш таа јазична функција и се распаѓа јазикот во тој контекст. Никој не те спречва да не кринџаш дури си пишиш поезија дома, користи дијалект од баба ти ако сакаш, меѓутоа зависно социолингвистичките и прагмалингвистичките цели, јазикот ќе се потчинува на неговата основна функција. Технологијата бара еден јазик бидејќи сржта нејзина е зближување на луѓето и напредок на човештвото без разлика на раса, нација и се преостанато. Можам да ти понудам дополнителни четива ако си расположен да прочиташ. Не туку тресете националистички за сѐ и сешто.
 
ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,945
9,463
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Се обложувам дека во Хрватска некој што се обидува да зборува на литературен јазик не мора да кринџнува секогаш кога има прилика да слушне помлада генерација како чатуваат со френдовите, на пример за гејмање фортнајт или ворзоун, додека се слободни пошто скипнале скул... Во разговор повеќето од нив признаваат дека прво им текнува англискиот збор а дури потоа го бараат македонскиот превод, кој често воопшто и не го знаат. :)

Остај ти лигва франка друже, втор (или трет) јазик е добра работа - ама не може да биде добро да не се знае мајчиниот јазик. И да знаеш, преведените информатички поими не им се ни чудни ни смешни на деца кои раснеле со нив.

На Хрватите и ним сличните може само да им завидуваме за ценењето на сопствениот јазик, нешто што тек ќе се види за неколку генерации кога ќе почне да го снемува Македонскиот јазик. Ние веќе сега имаме некоја безвезна англомакедонска мешавина (дури и од официјални лица на јавни медиуми), додека во Хрватска уште долго време ќе се зборува литературен Хрватски...

/ot off
Чек чек, па нели Хрватите намерно менуваа зборови. Френд, френдица е општо прифатен сленг за другар/ка. Имињата како на пример на актери, воопшто не се преведуваат во Хрварска, решаваш крстозбор и Bruce Willis ќе го напишеш баш така, и тоа со две Л.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,212
4,479
SK
Жаргонот на технологијата и науката е битно да пренесува информации до што поголема група на луѓе -- како и што прецизирав во мојот исказ.
...
Најважната јазична функција во оваа сфера е комуникативната и упростувањето...
OK, се согласувам. Но тезата ти е во спротивност со тоа што си го напишал. Ајде тргни од некој што прв пат се сретнува со оваа технологија (како децата), или некој со мали познавања од информатика (како постарите)... Таквите верувал или не, таквите се мнозинството. Не се само деца или постари луѓе, туку и луѓе од секакви старосни граници. Колку врсници имаш што едвај во фајл менаџер се снаоѓаат и ти бараат помош за банални потреби? Татко ти и мајка сигурно не им е полесно да ги тераш да учат Англиски јазик, или да паметат зборови кои не ги разбираат, за да завршат основни работи и потреби на компјутер/телефон. Такви се мнозинството од луѓето.

Размисли, сите тие со мали познавања од информатика - што полесно/побрзо ќе разберат?
Дали полесен им е терминот „settings“ кој треба да го учат и да го научат, или терминот „мои поставки“ кој веднаш интуитивно разбираат каква функција има?

Ти со тоа што инсистираш да се преведи settings во мои поставки заради некоја пуристичка цел да си го задржиш идентитетот ја нарушуваш таа јазична функција и се распаѓа јазикот во тој контекст. Никој не те спречва да не кринџаш дури си пишиш поезија дома, користи дијалект од баба ти ако сакаш, меѓутоа зависно социолингвистичките и прагмалингвистичките цели, јазикот ќе се потчинува на неговата основна функција.

Технологијата бара еден јазик бидејќи сржта нејзина е зближување на луѓето и напредок на човештвото без разлика на раса, нација и се преостанато.
Зошто мешаш сега работи како „зближување на луѓето и напредок на човештвото без разлика на раса, нација и се преостанато“?

Зборуваме за олеснување на користењето на информатичката технологија од страна на обичните луѓе. За нив се преводите и адаптациите. Не се за мене а очигледно не се ни за тебе, пошто јас секако ќе одберам Англиски за јазик на било кој GUI. Но тоа не значи дека тоа што мене лично ми одговара, дека е најдоброто и за сите други, или дека е добро за нашата култура и јазик (кои ете некои од нас не си ги ценат).

Во врска со природното менување на јазикот и неговата еволуција - не, ова не е тоа. Ова овде е забрзано и вештачко наметнување на мноштво од странски зборови со поими за кои веќе постојат наши зборови. И не, не зборуваме за наметнување на употреба на македонски информатички термини на сите нас кои веќе сме во сегашнава наша информатичка бранша. Зборуваме за општа употреба од обичните луѓе и за едукација на идните генерации. Себично е ние од фелата да наметнуваме странски јазик на сите други, затоа што така е полесно - за нас. За децата кои сега почнуваат да учат, за нив „мои поставки“ утре ќе бидат исто толку природни и нормални како тебе и мене што ни е одомаќинет поимот „settings“.

Никој не ти го напаѓа јазикот тебе... Ти со тоа што инсистираш да се преведи settings во мои поставки заради некоја пуристичка цел да си го задржиш идентитетот ја нарушуваш таа јазична функција и се распаѓа јазикот во тој контекст... Не туку тресете националистички за сѐ и сешто.
Зошто сметаш дека само јас сум засегнат?
Зарем само мене ми е загрозен јазикот со ова што се случува? Тебе не?

Ти другар зарем не си одовде? Тебе кој ти е мајчиниот јазик?

Навистина морам да забележам дека некако премногу емоционално реагираш на оваа моја техничка забелешка. Зошто таков тон со мадиња/итн? И откаде потребата ги нарекуваш „националистички“ загриженоста за јазикот и за самата наша култура, како тоа да е нешто лошо?

Но ајде да не дигресираме. Мојата теза е дека Хрватите се во право кога употребуваат информатички термини од зборови на Хрватски јазик. Затоа што Хрватскиот јазик е природен и лесен за разбирање - за Хрватите. Потполно истото се прави и во повеќето нормални држави, како на пример Франција, Германија, Шпанија, итн... Зарем и сите тие за тебе се „националисти“? Хрватите, Французите, Германците, Шпанците... Сите користат информатички поими со нивните зборови од нивните јазици. Не се ниту „националисти“ ниту „пуристи“. Не е само дека тие повеќе си ги ценат културата и јазикот, туку реалноста е дека едноставно сакаат технологијата да ја направат полесна и подостапна за обичните луѓе.

Размисли малку за ова, и за предрасудите кои очигледно ги имаш... Не само ти туку и повеќето од нас. И не го разбирај ова толку лично.

едит:
Можам да ти понудам дополнителни четива ако си расположен да прочиташ.
Се разбира, на некоја друга тема зошто да не.
 
Последна промена:

boban984

Gaining Experience
5 јули 2007
170
314
Доволно е да се прошета во градски парк и да се начуе разговор на деца од 15-16год. да сфатиш која е поентата на @Lokvan
Поголема трагедија е што и официјални претставници на власта го прават истото и продолжуваат откако им е посочена грешката.
Вакви пример има многу, последно што ми текнува е наместо плоштад да се користи "Сквер" демек нешто wow
1632387471055.png
1632387514411.png

1632387400122.png
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,400
3,687
Битола
Не знам зошто го извиперувате муабетот наново спомнувајќи јазични практики надвор од ОВА МНОГУ СПЕЦИФИЧНО ПОЛЕ до коешто се обидувам да се држам. Никој не рече дека јазикот не треба да се штити на важното бојно поле, секојдневието и сите полиња на поетски израз (неповрзано со поезијата).

Јазикот ти не го чуваш и браниш ако преведиш Microsoft Windows во Микромек Прозорец.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,212
4,479
SK
Јазикот ти не го чуваш и браниш ако преведиш Microsoft Windows во Микромек Прозорец.
Тоа може да се смета како лично име, изворно треба да се пренесе... Исто како што Хари Потер не го преведуваме во Хари Лончар. :)

Инаку тоа за јазикот и културата беше споредно. Поентата (тезата) е дека македонски информатички поими се потребни за приближување и полесно користење на информатичката технологија од страна на обичните луѓе, исто и за нејзино полесно учење. Но да не се повторувам.

Чек чек, па нели Хрватите намерно менуваа зборови. Френд, френдица е општо прифатен сленг за другар/ка. Имињата како на пример на актери, воопшто не се преведуваат во Хрварска, решаваш крстозбор и Bruce Willis ќе го напишеш баш така, и тоа со две Л.
Неизбежно влијание на америчка поп култура, преку филмови/музика/итн. Барем кај нив ги корегираат во едукативна и во академска околина, и на медиумите зборуваат литературен Хрватски јазик. Овде се избегани од контрола работите, не само децата туку наставници/професори го прават истото, на медиумите пишуваат и неписмени, а јавни лица како политичари, премиери и слични се натпреваруваат кој повеќе наши зборови ќе замени со англиски као демек тоа ќе ги направи да изгледаат пописмено.

Доволно е да се прошета во градски парк и да се начуе разговор на деца од 15-16год. да сфатиш која е поентата на @Lokvan
Поголема трагедија е што и официјални претставници на власта го прават истото и продолжуваат откако им е посочена грешката.
Вакви пример има многу, последно што ми текнува е наместо плоштад да се користи "Сквер" демек нешто wow
Погледнете го атачментот 104349
Погледнете го атачментот 104350

Погледнете го атачментот 104348
Кринџам друже... ;)
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,400
3,687
Битола
@Lokvan Дали ти за Wi-Fi велиш „безжична верност“, за VPN „виртуелна (најди ми словенски збор за истото) приватна мрежа“ и ред други примери. Контраинтуитивно е да одомаќинуваш странски пронајдок и да му ставаш туѓо неприродно име со цел оддржување на јазикот.

Ти дали стар или млад ќе описменуваш технолошки ШТО НИКОГАШ не се сретнал со даден продукт сеедно ти е дали ќе му кажиш првиот пат дали се викаат поставки или settings. Ова обични луѓе те гледам го користиш мислејќи на старата генерација, епа изумира таа, обичниот човек (моменталната) средновчена генерација веќе е технички писмена и ако форсираш јазични политики во ова поле само штетиш на развојот на младината. Не му е на македончето интернет пристапот ограничен само на бандитски практики во оваа нива балканска, туку му треба контакт со светот за да просперира и поради тоа треба да биде јазично обучен. Нема никој тебе да ти речи дека таа и таа алатка е во тие поставки во фотошоп, а ти чаре бараш за да печалиш за леб.

Пропагирај јазични политки на место каде што се добредојдени, не тука каде штетат.
 
Последна промена:

Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
1,740
1,067
Да не одиме премногу офтопик, за да има промени во јазикот мора да има некоја институција која би предлагала вакви промени, ете кога се појави пандемијата во Хрватска веднаш се организираа натпревари да ги заменат англиските кратенки во медиумите, како локдаун, пандемија, респиратор, вакцина и сл. Секако со финансиска надокнада за најдобрите идеи, иако доста од овие решенија изгледаат смешно има некои кои се доста добри како друштвостај. Не гледам зошто не би било слично и кај нас во ИТ секторот. Nove hrvatske riječi: Znate li što su društvostaj, obustavka ili velepošast?
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,033
3,430
Поголема трагедија е што и официјални претставници на власта го прават истото и продолжуваат откако им е посочена грешката.
Вакви пример има многу, последно што ми текнува е наместо плоштад да се користи "Сквер" демек нешто wow
Најверојатно е така затоа што токму овој збор го има во речник со значење како што е искористен во контекстот.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,682
Мислења
862,300
Членови
30,042
Најнов член
Vilip
На врв Дно