1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дискусија за 3TB Hitachi диск од Сет

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од toshex, 28 Февруари 2019.

  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Поради дискусијата која се разви со @Astro на темата кај што купував диск околу одлуката да купам диск од Сет, како што ветив отварам тема каде ќе ги споделам деталите околу дискот.

    V0KaCi8.jpg xogUwhP (1).jpg

    Дискот дојде запакуван и изгледаше као нов. Го отворив, го сликнав за на темава и го ставив у компјутер синоќа. Го форматирав бавно и инсталирав HDTune за да го проверам.

    HDTune не најде никакви проблеми. У податоците пишува дека тотално време на работа на дискот е 8 саати (тоа беше после цела вечер седење кај мене вклучен у компјутер) шо значи според СМАРТ податоците дискот не бил воопшто вклучен пред ја да го инсталирам.

    Потоа инсталирав официјална алатка за дискови од HGST сајтот (WinDFT) со која го проверив со QuickTest дискот и исто не најде никакви проблеми.

    4 - OcsGSua.png 1 - eEh7B7w.png 2 - RkSB2OF.png 3 - rvQJHRk.png

    Други работи кои јас ги иам забележано:
    - дискот е прилично тивок освен коа прави „паркирање“ се слушаат неолку кликови едно по друго.
    - при рандом тест на WinDFT имаше гласни хард диск звуци шо мислам дека е нормално пошо апликацијата го тера дискот да ја мрда главата лево десно цело време
    - во моментов еве се врши тест, хард диск сијаличката на куќиштето свети цело време а јас не слушам никакви звуци

    Сега се врши Long Test дур го пишувам ова и ќе споделам податоци и од тоа. Се на се ко шо спомна и @gOJDO дискот си е топ и ко шо му кажале у Сет дисковите биле добри и немало РМА до сеа.

    Ако имаат други членови или членот @Astro некои прашања или забелешки, како и предлози за други тестови кои би сакале да ги извршам на дискот нека кажат.

    ЕДИТ: Не е реклама (неам нишо посебно добро да кажам за Сет) ама за референца еве линк до дискот:

    Hdd 3TB Hitachi

    - 3TB за 3500 денари
    - Enterprise серија на дискови
    - 7200 обртаи
    - гаранција 2 години од Сет

    Дискусијата вчера беше дека е предобра зделка ова и некои членови потенцираа дека е можно да се користени или пак refurbished дискови. Од ова шо јас го добив се гледа дека 0 саати има работено дискот пред јас да го купам.
     
    Последна промена: 28 Февруари 2019
    На The-spiki, Ребро, StalkeR и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    162
    39
    18 Јануари 2019
    Машко
    океј е ако работи,исправен си работи,само незнам што сакаш да кажеш ако е бавно земи си ссд и провери ја разликата.
    Пробај да не има bad sectors.
     
  3. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Под бавно сакав да кажам slow format - го оставив да си истера и да го пребрише цел диск. Имам SSD очигледно ова е за сториџ простор.

    Од сликите се гледа дека тестирав веќе и има 0.0% bad sectors. Мислам дека малце не се разбравме :)

    Дискусијата вчера беше дека цената е предобра за диск со таков капацитет, па денес ете тестирав за да видиме шо сум добил за таа цена.

    Исто отворен сум на препораки за други апликации освен HDTune у кои да го тестирам дискот.

    Може ќе биде корисно за членови кои бараат дискови пошо цената е стварно добра!
     
    На The-spiki и Nomad им се допаѓа ова.
  4. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Интересни факти за Hitachi диск. Јас имам користено изгледа постари серии и имам многу лошо искуство со нив, пошо видео едитинг бара нон стоп да вртат главите и многу често цркнуваа најбрзо од сите, Хитачи дисковите. Ама изгледа ова е некоја ревизија или нов модел. Btw, тие беа од 1TB големина во RAID сетап. И тоа е супер новост, пошо стално им биле bargain со цена нивните дискови.
     
  5. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Мене и 1ТБ дискот ми е Хитачи (ко шо научив денес хахаха) и тој си работи без никакви проблеми еве веќе неколку години. Ќе пуштам и нему тестови ако некого го интересира, само бавно идат тестовиве така шо ќе причекате. Surface Long Test тестов на WinDFT моментално е на 50%...
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,106
    8,296
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Кај Refurbished дискови, како што кажав тогаш, се бришат сите SMART параметри, така да не очекувај да ги најдеш. Ова се прави со специјален контролер, таков има @hipo ако има на темава нешто да додаде слободно нека каже, тој има најмногу знаење и искуство со дискови тука. Човекот си е професионалец.
     
    На The-spiki, StalkeR, Nomad и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Одлично би било ако додаде инфо и тој. Битно ете со тестови вика дека е исто топ и нема лоши звуци. Јас сепак мислам дека е добра зделка посебно дека и на старо не се наоѓа лесно по таа цена.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,106
    8,296
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ако е само добра зделка, тогаш океј, good for you.
     
  9. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Па ѓе ставам игри и видеа на него. Ќе биде штета ако цркне али на се шо е битно секогаш иам бекап или cloud backup така шо не е крај на светот. Сепак не ми е од критично значење да податоците на овој диск бидат до толку осигурани.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  10. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,598
    1,359
    27 Јануари 2011
    Машко
    Со здравје да си го користиш дискот, добар избор.
    Зошто толку страв дека ке рикне дискот, уште не си ставил ни килобајт податоци а размислуваш на расипување.Ако дискот е репариран во фабрика, јасно ке пишува на лепенкта дека е refurbish или recertify. А ако ти продаваат стар диск како нов одма ке се примети во СМАРТ, не мора да правиш други тестови.
     
    StalkeR, zirkach и на toshex им се допаѓа ова.
  11. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,546
    3,459
    11 Декември 2008
    Машко
    2013-та произведен?

    Може затоа е таа цена, некоја стара залиха останато или слично.

    Немам оптимизам за дисков, ама дај боже да ти се погоди.
     
    stefan_off, Nomad и на toshex им се допаѓа ова.
  12. krema

    krema
    Professor

    8,985
    8,740
    24 Јуни 2009
    Машко
    Богами си ги има годинките, но ако му е судено да работи - ќе работи без проблем.
     
    На olikomerc и toshex им се допаѓа ова.
  13. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Па еве според коментарите на другите членови (а и логично е не велам дека немаат право) заради ниската цена мислењето е "сигурно нешо не му чини на дискот".

    И ко шо спомна Астро - можело да се ресетираат смарт податоците.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  14. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    169
    118
    21 Мај 2017
    Дисков најверојатно е рефурб(99.9%), имам хитачи од 2013 со 1350 работни дена до сега и без никакви лоши сектори и грешки во смарт така да мислам дека немаат проблеми со квалитет.
    Конкретниов диск е солиден со брзините за годиштето
    UserBenchmark: Hitachi HUA723030ALA640 3TB
     
  15. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,993
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    Може да направам и тестови за брзина ако има интерес, макар мене не ми е од пресудно значење. Пресуден беше капацитетот и цената.

    Патем заврши деталниот тест на WinDFT и пишува дека дискот ги поминал сите тестови (не дава многу детали ова WinDFT иако речиси 8 саати го тестираше дискот).
     
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,106
    8,296
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не губи време со тестови за брзина, не не интересира :D
    Диск и брзина ти е како сирење и воена музика.
     
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,347
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не дека нема разлика од диск до диск, меѓутоа споредено со NVMe SSD секој диск е ужасно спор. Сепак, ако го користиш дискот многу често, a oсобено со големи фајлови, т.е. скевенциоанлни операции, не е сеедно дали чита со 100MB/s или 150MB/s.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Astro

    Astro
    Guru

    6,106
    8,296
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Зависи каде му се запишани фајловите, на надворешната или внатрешната страна и дали е соодветно дефрагментиран.

    Тууу еј, дефрагментација борот не сум го употребил десетина години хахаха
     
    На borcep и toshex им се допаѓа ова.
  19. Astro

    Astro
    Guru

    6,106
    8,296
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас сега приметив, дискот што си го купил е од 2013-та година?

    Како по ѓавоите е возможно диск со таква цена и таков капацитет да издржи на лагер повеќе од месец дена, а не па 6 години? Енибади ени ајдија?
     
  20. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,820
    2,051
    19 Јули 2013
    Може ги набавиле топтан од некоја чистка на залихи. Тоа што е произведен 2013-та не значи дека тогаш и е донесен кај нас.
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,347
    23 Јануари 2008
    Манга
    Споредувано диск со диск, надворешна со надворешна и внатрешна со внатрешна, не е сеедно дали чита/пишува со 100MB/s или со 150MB/s. Во зависност од густината на запис на платерите и брзината на ротација секвенционалните записи/вчитувања варираат. На пример јас во мојот примарен PC користам SSHD Seagate Barracuda 4TB кој ротира на 5900RPM но има платери од по 1TB, па побрзо пишува и чита секвенцијално од друг диск на 7200RPM со платери од по 500GB.
     
    The-spiki, StalkeR и на Astro им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...