• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Директориите (папките) во Linux

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Директориите во GNU/Linux
Структурата или распоредот на директориите(папките) во GNU/Linux оперативниот систем.
Еве ја сликата на дрвото со директориите во GNU/Linux, и по ред ќе објаснуваме за секоја од нив со примери затоа што се содржи во неа.

Код:
/
/bin
/boot
/dev
/etc
/home
/lib
/mnt
/opt
/proc
/root
/sbin
/tmp
/usr
/var
“/”
Root директоријата или кернелот, со ова започнува се, замислена споредба за ова може да се направи со C: партицијата во Windows, во неа се содржи се, и работната површина и документите и тотално се. Во оваа директорија се сместуваат поддиректориите т.е. главните директории во Linux.

“/bin”
Овде се наоѓаат главните програми без кои нема да може да работи Linux. Исто така овде се наоѓаат програми за поправка и обнова на Оперативниот Систем(ОС) како и негова модификација. Еве неколку примери за програми што се наоѓаат овде:


Код:
[B]bash
sh
ls
cp
grep[/B]
итн....

“/boot”
Овде се наоѓаат главните датотеки кои го поткренуваат Linux и го доведуваат во работа. Тука се наоѓа и сликата на Кернелот на Linux т.е. vmlinuz.

“/dev”
Во Linux секој уред прикачен на компјутерот (floppy, hard disk, cdrom) е претставен како датотека, т.е. хард дискот е претставен како датотека hda* и така сите овие датотеки се наоѓаат во оваа директорија која е една од најважните.

“/etc”
Овде се наоѓаат главните конфигурациски датотеки (датотеки кои содржат информации кои се потребно за правилно работење на некоја програма). За пример ќе го наведеме “/etc/X11/xorg.conf” ова е датотеката која ги содржи подесувањата за Xserver т.е. GUI подршката за Linux.

“/home”
Овде се наоѓаат директориите на сите корисници на Linux (под default). Кога администраторот ќе направи корисник, пр: Ана, на Ана ќе се додели домашна директорија (папка) /home/Anna.

“/lib”
Овде се наоѓаат библиотеките (модули) користени од многу програми како што се ls, rm.. итн. Не е препорачливо да се чепка овде, поради тоа ако се избрише една библиотека, можно е неколку програми да престанат да работат.

“/mnt”
Служи за монтирање (прикачување) на привремени единици за податоци (dard disk, cdrom итн..). Кога ќе ставите CD во вашиот CDROM во /mnt ќе се формира директорија и на таа директорија ќе се прикачи CD-то за да може да се влегува во него.

“/opt”
Служи за сочувување на друг вид на податоци на кои неможе да им се даде друго место (во некои Linux дистрибуции овде се наоѓаат иконите, звуците, итн..)

“/proc”
Овде се наоѓаат информации за процесите кои во моментот работат, информации за статусот на системот, брзината на процесорот, количината на RAM итн...
За да видиме колку имаме RAM или колку ни е брз процесорот ќе ги употребуваме овие команди:


$ cat /proc/meminfo - За RAM меморија
$ cat /proc/cpuinfo – За процесор


“/root”
Домашна директорија(папка) на системскиот администратор т.е. root корисникот.

“/sbin”
Слична е на /bin но овде се наоѓаат датотеки кои се неопходни за подигањето на Linux. Мора да се напомене овде дека од оваа директорија само root корисник може да повикува програми. Овде се наоѓаат:
ifconfig
iwconfig
итн...

“/tmp”
Директорија која содржи датотеки кои се формираат при работењето на некоја програма. Овде сите корисници имаат право на запис.

“/usr”
Кога ќе инсталирате некоја програма, таа се инсталира овде. На пример на Debian, програмите се инсталираат во /usr/local итн.. Сметајте го ова како Program Files

“/var”
Овде се содржат променливи на некои програми, податои кои можат да се менуваат со програмата за кои се наменети во текот на нејзиното работење, системски логови. На пример логовите се наоѓаат во:
/var/log

Напомена. Во некои Linux дистрибуции некои од овие директории можат да носат друго име, некои да се избришани а и некои да се додадени.

pozz
-Aleks
 

pudge

Intern
28 ноември 2007
128
1
seto toa e ok, bravo, ali mnogu se zacudiv koa procitav direktorite vo linux ??? :)) kakvi direktori :))) , smeni go vo direktoriumite vo linux za da te svatat
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Bravo Aleks!!!!!!!!!!!!!You are the best,nema podobar od tebe vo Linux.Treba da ti dadat diploma i sertifikat za Best Linux user i support.Nemam videno nikoj tolku da se zalaga za Linux i da im objasnuva na onie koi sakaat da gi prosirat svoite znaenja.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,498
Мислења
821,903
Членови
28,044
Најнов член
codeo
На врв Дно