1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дијагноза на SONY телевизор врз кој била истурена вода

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од NecrotoX, 14 Март 2017.

Дали се прави?

  1. Да, лесно е

    4 глас/а
    30.8%
  2. Можеби, но ќе кошта

    5 глас/а
    38.5%
  3. Не.

    1 глас/а
    7.7%
  4. Стварно не знам

    3 глас/а
    23.1%
  1. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,848
    2,699
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Како што кажува насловот истурив вода врз SONY KDL-32EX340, од горе кај што се дупките за вентилација, па таа се растекла надоле. Во моментот кога ја истурив телевизорот беше исклучен. После неколку саати пробав да го пуштам но зеленото светло само трепка и телевизорот не се пали. На support вика дека телевизорот треба да биде сервисиран:
    Но дали може некој вака да претпостави што би можел да биде проблемот или дефектот?
     
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,452
    6,564
    27 Март 2014
    @Daniel86 нешо можеш да помогнеш?
     
  3. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    350
    460
    20 Јуни 2012
    Машко
    Расипан е :)
     
    На SaleSk, Lokvan, Zippo и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. yasho

    yasho
    On your way to fame

    452
    577
    11 Јануари 2014
    Машко
    Секој што ќе одговори без да го отвори и види што станало внатре, ќе збори на памет. Немаш таков одговор во анкетата :)

    Дека може, најверојатно може (види прва реченица), дали се исплати ... кој знае?
     
  5. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,848
    2,699
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Па мислев нешто како можни дефекти.
    Вака јас како што можам да видам телевизорот ми изгледа нормално пред да пробам да го уклучам, значи црвеното за stand-by си свети, а кога ќе го уклучам дава сигнал само што наместо да остане зеленото да свети и да се појави слика како што е нормално, тоа се гаси, па пак се пали и така цело време додека не го исклучам пак. Значи не е скроз мртов, едно време мислев нешто фирмверот да не се пореметил или нешто, ама пробав и хард ресет и све, нејќе..
     
  6. zmija

    zmija
    Gaining Experience

    326
    194
    26 Мај 2007
    NoLifer
    стави го во ориз неколку дена
     
    На Oktar, Molec, Teget и уште 7 други им се допаѓа ова.
  7. architect

    architect
    Unstoppable

    1,962
    2,344
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    тука главното прашање би било : Како успеа да истуриш вода во делот за вентилација на телевизорот ?
     
    На PandaBomber и olikomerc им се допаѓа ова.
  8. krema

    krema
    Professor

    10,747
    10,305
    24 Јуни 2009
    Машко
    Две вреќи ориз таман :D
     
    На Zippo, Molec, olikomerc и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,278
    4,807
    4 ноември 2013
    Машко
    Подобро на пазар да го однесе и да го набута на некоја тезга :oh:
     
    На Zippo, Teget, olikomerc и уште 4 други им се допаѓа ова.
  10. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    974
    1,703
    20 Јануари 2015
    Машко
  11. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,583
    4,038
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Однеси го во кочани во некој амбар со ориз и тртни го таму нека отстое и нема да има гајле :D
     
    Teget, Arabian и на NecrotoX им се допаѓа ова.
  12. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    974
    1,703
    20 Јануари 2015
    Машко
    Не е ориз ама silica gel packets,јас би пробал полека со фен, ако небива на сервис, најарно @Daniel86
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,372
    1,441
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Чистил го со цревото. :D

    Инаку јас гласав ДА ЛЕСНО Е вие што гласавте ?
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,848
    2,699
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Добри сте со оризов :D
    Имам растение позади и над телевизорот, на прозорска даска. Го проверував дали има лисни вошки и сум го навалил, а во тацната од саксијата имало вода и се истурила. И не само вода, и малце земја влегла..

    Иначе го сушев неколку саати, ама проблемот е што не сум приметил веднаш кога се истурила водата и така тој стоел уштекан во струја, е сега дали тоа направило поголема штета не знам..

    Sent from my A8 using Tapatalk
     
  15. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,372
    1,441
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Добар си :D

    Истресе ли ја земјата во делот за вентилација ? Треба тоа да се исчисте, најверојатно мора на сервис да се носе.
     
  16. krema

    krema
    Professor

    10,747
    10,305
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не највероватно, туку обавезно!
    Сам од себе нема да се оправи.
     
  17. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,761
    7,226
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Една работа не ми е јасна. Зошто после истурање на течност во некој апарат упорно се обидувате да го уклучите? Предизвикувате уште поголема штета. Пробај еднаш на кратко, ако не сака, готово, магично нема да се поправи само од себе.

    @NecrotoX Не знам дали и колку може да се поправи вака зборувано преку форум, како што спомна Јашо погоре, би било само зборување на памет. Да го погледнам па ќе можам да дадам совет.
     
    На Lokvan, civikom, hipo и уште 8 други им се допаѓа ова.
  18. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,848
    2,699
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не е проблем земјата, повеќе е како ситен талог, водата е главен проблем.

    Иначе за сервис знам дека треба, јас не можам сам ни капакот да го отворам, ама мислев да не има некој искуство што би можело да биде или да не знае трепкањево на зеленото светло што значи. Најдов илјада кодови ама ако трепка црвеното светло, за трепкање на зелено освен тоа што го цитирав во првиот пост друго нема ништо.

    @Daniel86 2 пати вкупно се обидов да го уклучам, првиот пат затоа што не бев свесен што се случило и најнормално сакав да си пуштам ТВ, а вториот пат кога пробував хард ресет, откако претходно го сушев неколку саати.
     
  19. architect

    architect
    Unstoppable

    1,962
    2,344
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    според муабетиве, дефинитивно би ти забранил секаков електричен уред во близина, него ќути лисни вошки што не влегле внатре во телевизорот е тек тогаш би ти немало спас :D
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,848
    2,699
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не суди толку брзо, се деси рано сабајле, поспан бев..
    А растението е ОК, нема лисни вошки.
     
  21. krema

    krema
    Professor

    10,747
    10,305
    24 Јуни 2009
    Машко
    Уште тоа фали, вирус да му фати OS-от:)
     
  22. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    На StalkeR и NecrotoX им се допаѓа ова.
  23. Sm0k3y25

    Sm0k3y25
    Баниран/a

    279
    235
    7 ноември 2012
    Машко
    Тури му пепел купи си нов.
     
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,647
    13,006
    2 Август 2012
    Машко
    Затоа што е too mainstream да го чекаш да се суши :)
     
    Lokvan, Zippo и на smole им се допаѓа ова.
  25. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,848
    2,699
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Епа ајде да ја завршиме приказната со телевизоров :)

    После последниот пост во темава, телевизорот го однесов на сервис. Сервисерот го виде и констатираше дека е рикната матичната, а можеби и екранот ама без функционална матична не можеше да го провери. Бидејќи се работи за постар модел, матична требаше да нарачувам од ибеј, постоеше ризик и екранот да е цркнат, лево-десно и така го отпишав, го зафрлив на страна и купив нов.

    Сега пред 5-6 дена расчистував по дома, налетав на него и сакав да го фрлам. Ама го гледам и жал ми падна, личен SONY, во добра состојба, расипан на многу глуп начин.. Си викам дај онака чисто да видам што ќе бидне да го уклучам во струја и да пробам да го пуштам. Зимам даљинското, притискам на ON и одеднаш логото на SONY се појавува! :eek:
    Замислете, 10 месеци стоел така во некој ќош и се поправил сам од себе? Требало долго време да се исуши? Матичната воопшто и не била цркната?

    Откако се вклучи го поврзав на кабелска и почнав да гледам рандом канали. После 20тина минути работа се слушна еден непријатен, пискав звук после кој звучниците тотално откажаа. Сега се поврзани екстерни звучници и си работи најнормално како никогаш ништо да не се случило.

    Happy end.
     
    На Delta111, NERD., Krkac и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...