1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем Дијагностицирање неонка

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Avid, 16 Август 2019.

  1. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,464
    5,013
    21 Јануари 2009
    Неонката во кујна не ми работи, односно на палење двата краја остануваат портокалови и не се вклучува.
    При мало мрдање/подбутнување од левата страна за многу кратко засветува бело и ништо.
    Дали од овие симптоми може да се донесе заклучок дали е стартерот или тоа поголемото ballast кое не знам како се вика на македонски?
    Ако е стартерот да зеам и да го сменам а баластон не би го чепкал.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,102
    3,075
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    ja bi starterot. ili nova neonka.
     
    На Avid и yasho им се допаѓа ова.
  3. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    819
    758
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    А да ги извадиш стартерот и тоа другото и да си ставиш лед цевки, не е опција?
     
    На Avid и yasho им се допаѓа ова.
  4. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,464
    5,013
    21 Јануари 2009
    Па веројатно е опција ама ми делува дека е поскапа варијанта и има „многу“ правење барем за мој вкус.
    Под другото мислиш на баластот?
    Што е лед цевка? Тоа е замена за неонка ама не и треба стартер а и баласт?
    Неонката е сменета, проблемот е ист.
     
  5. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    819
    758
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Да, доаѓаат во стандард варијанти Т8, Т5, и идат директно на 220в, треба само да ги извадиш стартерот и баластот, и да врзеш 220 на конекторите.
    Поекономични(релативно), подолго траат, и го немаат оној проблем со трепкање што може да прави главоболки.
    Пример:
    Led Market | Лед Маркет - Online Продавница за Лед осветлување
     
    На DonFrozex и Avid им се допаѓа ова.
  6. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    99% е стартерот, пукаа ко крушки кога ги користев (одамна). Имаше лоши серии. Тоа баластот (сега и јас заборавив како се вика по нашки) е трансформатор и не може толку лесно да се расипе, односно ако се расипе (прегоре некоја жичка), има прекин во струјното коло и ќе има само темница... мислам.

    Едит (ќе експлодира):
     
    Последна промена: 16 Август 2019
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. martinmax

    martinmax
    Intern

    50
    27
    1 Март 2013
    Машко
    Сум имал исти проблем неколку пати, и јас гласам дека е стартерот.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    абре профеционалци сте за 100 теми не знаете да се снајдете со една неонка ;)
    LED стај си и не се замарај (2-3x) подолго време (и од неонка) ...
     
    boro1, Avid и на Arabian им се допаѓа ова.
  9. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    64
    103
    20 Јули 2016
    Машко
    Ballast-от се вика пригушница и ако е таа изгорена, воопшто не би се вклучувало ни портокалово, ни потсветнување, ништо. Башка изгорени пригушници сум видел само при крајно големи варијации на напон во индустриски услови (280V-480V трифазен напон кајшто нормално е 400V), во домашни услови не верувам да се случи вакво нешто ни во најбатал дел од дистрибутивен систем, може не е невозможно ама е крајно ретко.

    Или нов стартер (пази, декларирани се по моќноста) или да ги демонтираш и пригушницата и стартерот и да монтираш лед цевка (кај нив пази, има и такви со палење на двата краја т. е. фаза на еден и нула на друг, но и такви со палење фаза-нула на едниот крај и премостен друг крај. Тебе би ти требле од првите.)
     
    На Avid и Metuzalem им се допаѓа ова.
  10. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,464
    5,013
    21 Јануари 2009
    Фала на сите.
    Неонката е 45 сантима а не глеам на линкот погоре лед цевка со таа должина.
    Ама и вадење стартери и тоа белото и врзуење 220 на конектори ми се нешта што не би ги правел.
    Ако купам цела лед цевка со прекинувач арматура што ти ја знам, како се монтира, со штрафчиња? Нема нешо смислено полесно плукни залепи? :DDD ќе изнервирам некои, знам...

    Ова сеа глеам изглеа со 2 штрафа е некако монтирано.
    viber_image_2019-08-16_19-32-44.jpg
    viber_image_2019-08-16_18-32-47.jpg

    Пошо сум нуб, ми смрди работава дека утре ќе отидам на пазар по стартер...
     
  11. krema

    krema
    Professor

    8,976
    8,724
    24 Јуни 2009
    Машко
    Мењај стартер и ке биде се во ред. :)
     
  12. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,261
    744
    3 Декември 2008
    Машко
    Земи си лед, стегни си жиците, заштрафи го или залепи го со силикон, провери дали работи после отвори фрижидер, земи си пиво и седни уживај
     
  13. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,094
    3,012
    2 Септември 2012
    Машко
    Стартерот 103,7%. :)
    Закачалчето со пешкирчето ти е врв. :p
     
    На JunkieMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,464
    5,013
    21 Јануари 2009
  15. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,261
    744
    3 Декември 2008
    Машко
    Контактите на самите "фасонки" на држачот на неонката, може да ги подстегнеш со штрафцигерче само исклучи струјата. Би требало да си пали после најнормално. :D ова со стапчето е ЏИИИШШШ
     
    DonFrozex, DarkDeFnx и на igor_igor им се допаѓа ова.
  16. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,094
    3,012
    2 Септември 2012
    Машко
    Само "Mazda" неонка може така за запали, другите не. :cool:
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    64
    103
    20 Јули 2016
    Машко
    Наједноставни арматури се тие како првите од линкот од Лед Маркет, типлон и штраф систем и крај на приказната.

    Директна замена на неонката со лед цевка кај тебе потешко, не само на линкот погоре туку воопшто како локална понуда не сум сретнал друга димензија освен 60цм и 120цм. Да побараш по интернет и дали воопшто се произведува 45цм лед цевка, јас не сум барал искрено.

    Наједноставно ти е да смениш соодветен стартер за неонката, види ја моќноста на стариот и неонката и барај таков (ваљда 4-22W е).
     
  18. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,261
    744
    3 Декември 2008
    Машко
    LED трака и канал за лед, 10 штрафчиња и пола саат работа... ден денес немам никакви маки.

    [​IMG]
     
  19. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    64
    103
    20 Јули 2016
    Машко
    @Avid Види и ова ако делуваат расклапано тие страничните држачи со приклучоци за неонката, чисто да се осигураш.
    Макар што, според ова...
    ... би требало да е до стартерот.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,464
    5,013
    21 Јануари 2009

    View: https://youtu.be/av3-3SRPuIQ

    Ги стискав ги праев ги вртев ги пустев не можев. Штрафчињата од страните ги зацврстив убаво.
    Она што е интересно а го нема на видеото е коа го земав стаклото што стоеше порано врз неонката (одамна извадено) и со самото доближување до неонката без да допре ништо, се палеше неонката!?!?
     
  21. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,464
    5,013
    21 Јануари 2009
    Патем тоа у средина баластот е прежежок, скоро до се изгориш ако држиш прст неколку секунди.
     
  22. krema

    krema
    Professor

    8,976
    8,724
    24 Јуни 2009
    Машко
    Una magia.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Не ми се верува дека читам тема со преостанатите 2% батерија во која главниот лик има страв да поврзи две лицнасти факинг жици.

    На IT форум!
    Во 2019 година
     
    На Ceco, Стап, BEST и уште 5 други им се допаѓа ова.
  24. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,464
    5,013
    21 Јануари 2009
    Не ги осудувајте луѓето, ќе немате време да ги сакате.
     
    На yasho и 123456 им се допаѓа ова.
  25. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    890
    1,040
    9 Јуни 2011
    Машко
    Имав ист проблем (симптоми) у купатило. Прво беше проблем стартерот. Па баластот (или како и да се вика)... за на крај да испадне да си купам лед неонки и да ги заменам старите.
    Џабе потрошено време (3 пати идење до пазарче и ЕлектроМетал)
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...