1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Digital Marketing во МК

Дискусија во форумот 'Интернет Маркетинг' започната од Anchor, 21 oктомври 2018.

  1. Anchor

    Anchor
    Intern

    11
    4
    20 oктомври 2018
    Машко
    Извор:
    Едвај еден процент од македонските фирми продаваат на интернет, Македонија нема амбиент за поголема он лајн продажба

    Извор:
    Македонија нема амбиент за поголема интернет продажба | Телма

    Може некој да ми каже кои се тие (едвај) 5 квалитетни online продавници во МК?

    Мислења?
     
  2. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    168
    133
    20 Јуни 2009
    Можи мислат на операторите и некој слични :)
     
    На Anchor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    117
    64
    3 ноември 2008
    Одговорот може да ти го даде новинарката која го подготвила ТВ прилогот / статијата за Телма.
    Обиди се да ја контактираш преку веб страната.
     
    На DonFrozex и Anchor им се допаѓа ова.
  4. Anchor

    Anchor
    Intern

    11
    4
    20 oктомври 2018
    Машко
    Challenge accepted:

    Телма.jpg
     
    На cyberbaze и mrkela2009 им се допаѓа ова.
  5. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,497
    2,514
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас еднаш нарачав патики од Sportvision, од магацин/продавница во Скопје, до адреса во Скопје стигнаа за 8 дена.

    За споредба, пратка нарачана од quietpc од Англија стигна за 11 дена, а еднаш ми се потрефи видео игра од Zavvi (исто од Англија) да стигне за 5 дена.
     
  6. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,009
    536
    12 Април 2017
    Машко
    хахаха, преку германија ти ги носеле :D
     
  7. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Мала држава сме, а пред се и неписмен народ. Ова кај нас никогаш нема да функционира како што треба, секогаш ќе биде со мала застапеност во вкупната продажба.
     
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,003
    6,782
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    PCMarket.mk функционира (со тоа и техномаркет нели), Нептун функционира. Амц функционира.
    Топ Шоп - производи за убавина, слабеење, готвење и многу повеќе!
    Достава на храна - Кликни Јади да ја рачунаме како една еве
    Доминос пица

    Тоа се тие што сум ги пробал.

    Викаат eKupi.mk - Вашата интернет-продавница | Насловна работело ок.

    Сет имам пробано никој не се јави откако направив нарачка.
    Телеком.мк продава само телефони, за се друго на шалтер
    Со други немам пробано.
     
    На Anchor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    outleton функционира одлично
     
    На Anchor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RoninMK

    RoninMK
    Gaining Experience

    108
    107
    20 Април 2016
    Машко
    Постара тема ама да се надоврзам на муабетот... сега веќе има повеќе кои "функционираат" на овој или оној начин односно за мене права интернет продавница е доколку функционира и онлајн плаќање со платежна картица се друго се некои подваријанти кои не се како што треба.

    Е сега главно прашање што ми се наметнува кога ги читам ваквите вести е што подразбираат под "компании регистрирани за онлајн продажба"?
    Дали се тоа компании кои се пријавуваат некаде, незнам каде, можеби УЈП иако не сум запознаен дека има потреба од такво нешто се додека си имаш нормална регистрирана компанија со општа клаузула за бизнис?
    Дали мислат на сите кои имаат некоја од претходно наведените варијанти на интернет продавници или не ми се верува да е третата варијанта онаа вистинската, компании со функционално онлајн плаќање преку некоја од нашите комерцијални банки, па тие да го даваат списокот до релевантните институции?

    Се потрудив да бидам што е можно појасен со прашањево и се надевам некој со повеќе искуство или кој се занимава со ова има некаков одговор :)
     
  11. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,009
    536
    12 Април 2017
    Машко
    Незнам за која новост зборуваш, но не е потребно да регистрираш специјална компанија за онлајн продажба. Информацијата најверојатно ја добиваат преку Касис (кој работи со поголем дел од банките во РМ).
     
Слични теми
  1. Rusin
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,945
  2. direktor.e
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,668
  3. AnetaMK
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    988
  4. Dodo26
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    343
  5. Dejan Popov
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,196
Вчитување...

Сподели

Вчитување...