• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Ден на слободен софтвер 4.10.2008

  • Ја почнал/а темата
  • #1

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,365
653
damjan.softver.org.mk
Слободен софтвер Македонија ќе го прослави денот на слободен софтвер на 4.10.2008 година организирајќи презентации за слободен софтвер и слободна култура.

За таа цел, во 14 часот на плоштадот Македонија, група уметници колаборативно ќе сликаат платно посветено и инспирирано од овој ден.

Претходно во 12ч. , во културниот центар Точка, заинтересираните ќе можат да дојдат и да се информираат околу идеите за слободен софтвер, слободна култура, како и да се запознаат со активностите на „Слободен софтвер Македонија“ и идеите за понатаму.

Во текот на целото ова време, ќе делиме дискови со слободниот оперативен систем Ubuntu Linux, модификуван токму за оваа пригода со дополнителни пакети и содржини од уметниците кои за овој ден ни се придружија. На дискот има и слободен софтвер за други оперативни системи како и филм за слободната култура.


http://slobodensoftver.org.mk/vesti/sfd
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,365
653
damjan.softver.org.mk
Ubuntu-то кое ќе се дели е 8.04.1 LTS + сосе сите најнови update-и + додаден софтвер за гледање филмови, пуштање музика и сурфање + ажурирани преводи на Gnome-от и сл.

Дискот инаку работи и како Live, и може да се инсталира, исто како и оригиналните дискови од Ubuntu.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,540
Мислења
822,862
Членови
28,054
Најнов член
malo92
На врв Дно