1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Dell XPS 13" лаптоп во Македонија

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од gorgekara, 7 Март 2018.

Тагови:
  1. gorgekara

    gorgekara
    Intern

    18
    8
    2 Декември 2015
    Машко
    Разгледувам моментално лаптопи низ продавниците наши, но никаде не можам да најдам Dell XPS 13". Бидејќи макпетрол се официјални дистрибутери си помислив дека они може да имаат, но немаат ништо поставено на сајтот.
    ___

    Дали знае некој каде е можно да се најде ваков лаптоп и какви конфигурации има?
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    3,019
    3,427
    18 Април 2007
    Макпетрол се за DELL, но кога купив делл лаптоп од нив на гарантниот лист стоеше ITD дистрибуција, ама они на мало не продаваат, само на Анхоч, Макпетрол и остали продаваат на големо.
     
  3. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,603
    2,422
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Мислам дека ITD им се партнер и овластен сервисер а Макпетрол е само партнер/препродавач.
    Company Information
     
  4. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    323
    453
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    Anhoch можат да набават одредени конфигурации по изгор цени.
    Пушти си барање и за ден-два ќе те исконтактираат.
    13 - 14" лаптопи има доста избор, толку нема ништо по нашиве продавници што ти фаќа око ?
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Имаат салон во трговскиот беверли. Што и да имаш наумено, може да си го нарачаш и да ти го донесат.
    Од друга страна имам лошо искуство со Макпетрол.
    Лаптоп купен кај нив се водеше дека е купен некаде во африка и имаше локална гаранција. Бидејќи го имам купено од човек лаптопот немав никакви документи, освен тоа што имаше 5 годишна гаранција според интернет. Но немав забележано локација за гаранцијата.
    Кога стигнав да ми треба гаранција, во макпетрол ми посочија дека да, има гаранција, но сепак не во Македонија, па нарачување на дел и поштарина ќе коштаа повеќе од хардот што откажа.
    По некое време видов дека и лаптоп службен, исто така делл, купен од макпетрол, исто така има гаранција од истата афричка држава. Да го знаев тоа тогаш, имаше да ги торпедирам. Вака само пренесувам искуство од Макпетрол. ПОДАЛЕКУ ОД ТАМУ!
     
    JensenInterceptor, bxxxn и на draganamon им се допаѓа ова.
  6. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    732
    786
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    До пред 2 недели гледав имаше два модела на Telekom.mk, али сега проверив нема, само обични делл, не xps
     
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,251
    13 Јуни 2009
    Кажи кој модел те интересира и ќе пробам да ти најдам и кажам цена.
     
    На gorgekara му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mrmarko4fun

    mrmarko4fun
    Gaining Experience

    131
    84
    26 Јули 2017
    Машко
    студент
    Прашај го @Dinamit дали може да донесе и за цена, он носеше xps 13 едно време, но мене ми требаше 15ка.

    Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
     
  9. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,287
    6,400
    27 Март 2014
    Кај мене си стои Сервис Макпетрол. Како тоа не продаваат на мало ? Јас купив еден лаптоп од кај нив.

    Како тоа Афричка држава а купен од нив ? Пазарна инспекција ? Имаш фискална дека е купен од кај нив ? Си требал фа реагираш. Си бил пасивен. Кај мене кога проверам онлајн за гаранцијата според Service Tag ми дава дека е од Европа купен.
     
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,026
    6,852
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Lancom си носат самите, засебен увозник и сервис си се. Правев поголема нарачка пред извесен период, специјални модели со Quadro P5000 ми порачаа, за неполн месец стигнаа. Меѓутоа се работеше за прилично голема сума (колку гарсоњера во центар на Скопје)

    Јави се кај нив ќе ти кажат или прати им мејл. До сега со нив сум имал многу подобро искуство него со макпетрол 10 год. уназад.
     
  11. smole

    smole
    Unstoppable

    3,019
    3,427
    18 Април 2007
    Ок, ако сме буквални и јас купив монитор од кај нив, но ми нагласија дека тоа не им е пракса + немаат продавница за да влезеш и да купиш од нив директно.
     
  12. gorgekara

    gorgekara
    Intern

    18
    8
    2 Декември 2015
    Машко
    Не сум сигурен за моделите - на официјалниот сајт пронајдов модел со:
    i7-8550U
    8GB LPDDR3 1866MHz
    256GB PCIe Solid State Drive
     
  13. gorgekara

    gorgekara
    Intern

    18
    8
    2 Декември 2015
    Машко
    Ако не пак ќе идам со алтернатива некоја. Пак ќе гледам 13" само други производители.
     
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,251
    13 Јуни 2009
    Ќе пробам утре или најдоцна во понеделник да ти кажам цени на овој модел како и цени за нешто што има на лагер/може да се нарача преку официјален дистрибутер.
     
    На gorgekara му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,251
    13 Јуни 2009
    Имаш ПП.
     
  16. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,016
    618
    8 Август 2017
    Машко
    Тешко тој модел испод 70К денари.
     
  17. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Се води дека е купен во Ангола. Го купив од човек, кој делуваше сериозен и ми кажа дека нема документација за лаптопот. Проверив онлајн гаранција, и како што кажа, лаптопот е стар 2 месеца. Одлична цена и тоа е тоа.
    Не забележав никаде ангола на онлајн гаранцијата.
    Кога го однесов во сервис ми кажаа дека е од ангола и дека гаранцијата не е меѓународна. Тогаш баталив.

    Но кога го средував едниот лаптоп на работа, при симнување драјвери видов и дека тој има гаранција од Ангола. Е тогаш беше прекасно, гаранцијата истечена, а јас немам црно на бело дека сум направил замерка за дефект на лаптоп, оти го однесов, го погледнаа и ми го вратија одма пред мене.

    Макпетрол? Никогаш!
     
  18. smole

    smole
    Unstoppable

    3,019
    3,427
    18 Април 2007
    На гарантниот лист од лаптопот од работа (кој претпоставувам е купен со фактура во МК) стоеше дека е сервисер Макпетрол, ИТД или некој друг?

    Во вакви ситуации им пишуваш директно на Делл за да си проверат Макпетрол по кои канали набавуваат, кај големите фирми за било што најстрого е забрането да се користат производи од дистрибутивен канал наменет за друга земја, знам случаи кога доаѓале претставници од HQ да видат како продукт наменет за Х земја заврши во Y земја, а земјите се раздалечени илјадници километри.
     
  19. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    @smole ја побарав гаранцијата на работа. Би требало да ја добијам деновиве, па ќе пратам меил до делл. Вакви фукари фирми се тие што не блокираат у развој на држава. Не е името проблем, проблем се фукари што гледаат да ќарат на ситно а прават проблем на крупно.
     
  20. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,183
    3,525
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Баш пред некој ден го гледав моделов
    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_24&product_id=230627

    Не е Dell XPS, ама има позитивни критики на нет со оглед на цената.

    Го има и со 512GB SSD и графичка GeForce MX150
    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=2_24&product_id=230638

    ЕДИТ: Го има и во Сет за иста или слична цена.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  21. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,287
    6,400
    27 Март 2014
    Еве што пишува кај мене на страната на Дел.

    [​IMG]
     
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,251
    13 Јуни 2009
    Разликата во цена е оправдана. Имам кратко искуство со двата (малку постар модел на АСУС). Неспоредливо подобар е XPS.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    А замисли да купиш ОЕМ лиценца од И-беј наменета за Сомалија :oh: за 4 долари шо би рекол Рончич, ќе треба до @kirev да те убиеме на место :crazy:
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,183
    3,525
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Не сум имал искуство со поновиве серии на XPS, го посочив моделот бидејќи се слични конфигурациски.

    Испратено од Nexus 6P преку IT.mk форум апликација
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  25. RoninMK

    RoninMK
    Gaining Experience

    102
    108
    20 Април 2016
    Машко
    Во Бугарија модел 9360 со овие карактеристики и 3 год меѓународна гаранција е околу 1660€, ако сакаш можам да видам како би можел да стигне во МК и колку дополнително би чинело истото.
     
    На kolesk му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...