• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Dell UP3216Q-краток осврт

  • Ја почнал/а темата
  • #1

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,030
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Сакав да направам подетална рецензија зашто мониторот може да понуди многу повеќе од било кој стандарден монитор но времето ме гази.

Па така само на кратко ќе го презентирам со фотографии од интернет:

Dell UP3216Q:



Мониторот ги има следните спецификации:

Дијагонала: 31.5" / 80.01 cm, 16:9
Панел: In-Plane Switching (IPS) Technology
Нативна резолуција: 4K 3840 x 2160 @ 60 Hz
Контраст: 1,000:1
Осветленост (макс): 300 cd/m²
Време на риспонс: 6 ms (GtG)
Агли на гледање: 178°/178°
Подесивост: Tilt, swivel, height adjust
Бои: 1.07 billion
Pixel Pitch: 0.182 mm
Беклајт: LED light bar system
Фолија на панел: Anti-glare with 3H hardness

Конективност:
1 x DisplayPort
1 x mini DisplayPort
1 x HDMI (MHL) 2.0
4 x USB 3.0 with one charging port
1 x USB 3.0 upstream ports



Media card reader
Memory Cards Supported MS Pro HG
High Speed Memory Stick (HSMS)
Memory Stick PRO (MSPRO)
Memory Stick Duo (w Adapter)
MS Duo Secure Digital (Mini-SD)
Secure Digital Card
Mini Secure Digital (w Adapter)
TransFlash (SD, including SDHC)
MultiMediaCard (MMC)

Потрошувачка:
Типична: 70 W
ENERGY STAR: 93.4 W

Димензии:
Со постоље: 482.6-572.4 x 749.9 x 214.0 mm
Без постоље: 444.6 x 749.9 x 51.5 mm
Тежина (само монитор): 8.60 kg

Изгледа многу едноставно:





Има нативно 10 битен панел Sharp LQ315D1JG03 кој е изработен во IGZO технологија. Ова е нова технологија за која има да се пишува повеќе но можеби кога ќе најдам време.

Осветлувањето е GB-LED. Она по кое овој монитор се разликува од останатите е покривање на поголем простор на бои. Додека најголемиот број на монитори прикажуваат само sRGB спектар овој монитор може да покрие 99.5% од Adobe RGB меѓу другото.

Неговиот нативен гамут е и поширок од Adobe RGB.

Она по кое овој монитор се разликува од многу други е и фактот што може да биде калибриран хардверски. Самиот монитор има 14 битен програмибилен LUT кој дозволува калибратор да ги измери вредностите и истите да бидат запишани директно во мониторот. Оваа карактеристика го прави подобен за фотографи, графичари, печатници но и медицински институции за што е и сертифициран.

За хардверската калибрација и зошто е подобра од она кое може да го обезбедат стандардни монитори при калибрација ќе се осврнам подоцна.

До сега си играв со неговиот sRGB мод кој ми е мошне значаен за секојдневие. Можам да кажам дека ми го овозможи досега најдобриот и најпрецизниот sRGB приказ.

Едит 1: Во продолжение еве кои опции ги нуди менито:



Од присетите може да се избере:



При влез во главното мени доаѓаат низа опции:



Дефаулт контраст и осветлување се на 75%. 120 кандели осветлување се постигнуваат на осветлување од 32-33%.

Од инпутите може да се избере:



Кај бојата има низа опции:



Инпут боја може да биде:



Гамата може да биде за PC или Mac:



Повторно може да се изберат пресети:



Многу важна опција е зоналниот колор простор кој дозволува екранот да се подели на два дела и истовремено да прикаже два колор простори на левата и десната страна:



Во Display има други интересни опции:



Освен што може да се избере sharpness ниво тука може да избереме риспонс тајм на пикселите и нешто кое го нема на многу монитори: uniformity compensation. Оваа опција нуди изедначување на цел екран во поглед на бои и осветлување со цел да се надминат недостатоците на производство на панели. За ова малку подоцна.

Другите работи во менито следат на следните 5 скрина:











Просторот на бои може да се избире преку шорткат:



На располагање се и CAL 1 / CAL 2 за кои ќе се осврнам подоцна.

Ако имаме желба може за мониторот да одредиме топлина:



Преку менито за Custom Color ги имаме следните опции:









Сакам да напоменам дека сите овие опции и многу повеќе може да се изберат со клик на глувчето со помош на Dell Display Manager апликацијата. Немам оригинал фотографии но еве како од претходниот на овој монитор во мојот дом Dell U2713HM:



Може да се избере и пресет кој ќе важи засебно за различни апликации:

 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,030
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Малку околу Uniformity Compensation:

Панелите од фабрика никогаш не може да бидат произведени перфектно. Најчесто центарот е најточен и најсветол но по краевите мониторот најчесто е потемен. Кај мониторите со широк гамут има засилено осветлување со фосфор во боја кој исто така придонесува за шифт по краевите.

За таа цел постои опцијата за униформност (компензација). Истата е дефинирана во фабрика со посебен метод на калибрација. Изедначена е со фабричката калибрација и влијае на осветлувањето кое е зонско. Па така во некои зони додава напон а во други го намалува врз ледот со цел да се добие изедначеност т.е. униформност.

За да се види на дело како функционира човек треба да е пред екранот. Фотографии не се верни за тоа колку е ефикасна но ќе пробам да доловам.

Еве како изгледа дефаулт екранот на 32% осветлување без опцијата за униформност:



Еве како изгледа со вклучена униформност:



Забележувате дека целиот приказ станува поуниформен, посебно во крајната лева и десна страна.

Се надевам дека успешно го доловив онака на брзинка. Од левата страна на фотографијата навлегува сончева светлина во собата па може да има малку шифт кој настанува од тоа на фотографиите.

Uniformity Compensation има само еден левел т.е. вклучено или не. Нема повеќе степени како кај многу поскапи монитори. Истата може да биде вклучена во голем дел од модовите но не и кај хардверски калибрираните пресети што според мене е огромен недостаток.

Друг интересен фичр на мониторот е можноста на екран истовремено да прикаже два простори на бои. Можеме да избереме комбинација на било кои два од sRGB, Adobr RGB, DCI-P3, REC709, CAL1 и CAL2. Истото е многу корисно кога работите во еден простор на бои но сакате да видите како вашиот резултат ќе изгледа на монитор во друг простор на боја.

Еве како форумот изгледа во sRGB на Dell UP3216Q:



Во Adobe RGB се е подречаво и невообичаено:



Фунцкијата Zonal Color Space ни овозможува симултано да ги видиме двата простори:



Многу корисна опција. Инаку не знам колку може да долови фотографијата но еве како се разликуваат иконите во различен простор на бои (намерно и позадината е избрана во изразити бои):



Околу хардверската калибрација можам да кажам дека навистина сум импресиониран. За жал истата може да биде спроведена само со калибратори на Xrite пред се заради тоа што оваа фирма го создала софтверот за калибрација на Dell.

За моја среќа успеав да набавам:



Нативно калибриран дисплејот има бела боја од околу 7000К што е за 500К повисоко од посакуваната 6500К. Хардверската калибрација во sRGB мод го доведе до 6485К и контраст од 914:1 што е фантастичен резултат.



Не сум имал време да се позанимавам со DisplayCAL многу зашто треба да се открие дали има дрифт и дали е соодветна phosphor корекцијата за овој панел. Со сигурност знам дека истиот наспроти Xrite I1 Profiler мери пониско осветлување но од првичните мерења сепак sRGB профилот е одличен:


Се разбира дека меѓу едниот и другиот софтвер има разлики во мерењето. Јас лично повеќе му верувам на Xrite (првиот слајд од калибрација) зашто сите спектрални карактеристики на дисплејот се вградени од Dell. Вториот слајд е од софтвер кој сеуште официјално не е оптимизиран за овој панел.

За мониторот има да се зборува уште многу и се надевам ќе продолжам кога ќе најдам време. Пред се за хардверската калибрација и резултатите кои се фантастични.

Мониторот може да се купи за некои 72000 малопродажна од Анхоч или ИТД дистрибуција.

Anhoch PC Market Online - Monitor 32" Dell UltraSharp UP3216Q Ultra HD 4K w/Premier Color

Најверојатно го има и во други фирми кои соработуваат.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,030
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Ги апдејтував првите два поста со нови информации. Во првиот го презентирав менито на мнониторот а во вториот ги презентирав две значајни карактеристики по кои овој монитор се разликува од многу други.

На крај би сакал да зборнам за еден друг фичр кој го немаат повеќето монитори. Тоа е можност за хардверската калибрација.

Овој монитор има вграден чип во него кој може да складира 14 битна лукап табела на бои и тоа два слота односно два профили.

Сите знаеме дека калибрација е потребна за да го доведеме мониторот до некој стандард. На пример 6500К бела боја, sRGB, Adobe RGB, Gama 2.2 и сл.

Независно дали калибрацијата ја правиме со помош на уред или одокативно преку контрол панелот на графичката картичка или мониторот ние ги поместуваме кривите на зелената, црвената и сината боја. Наједноставно кажано ние пред се треба за некој степен да го намалиме интензитетот на фабричките бои (при дадено ниво на осветлување) за да дојдеме до посакуваниот резултат. Намалувањето на интензитетот на бои на ваков начин ги намалува и градациите на бои. На пример ако ја намалиме црвената боја која имала првично вредности од 0-256 сега таа ќе има можност за вредности од 0-253 на пример. Тоа значи дека 3 нијанси се скратени за возврат на калибрација.

Хардверската калибрација не доведува до намалување односно губење на нијансите на бои. Затоа професионалните монитори имаат ваков чип во мониторот со цел да овозможат најдобро искуство при работа со бои.

За крај една работа која ја научив додека прелистував страни за калибрација. АМД има предност пред Нвидиа за софтверска калибрација. 8 битната лукап табела на Нвидиа произведува бендинг наспроти 12 битната лукап табела на АМД. Ова се однесува на гејминг картиците. Професионалните картици од типот на FirePro и Quadro го немаат овој проблем. Меѓу нив се преферира Quadro заради поиспегланите драјвери.

Ако воопшто некој сака да постирам фотографии од лагом тестот кој мониторот го поминува невидено добро дури и со фабричката калибрација, пишете.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,412
28,111
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Фала ти за пренесување на искуството, жал ми е што нема поголем интерес, кај нас нема многу луѓе што користат или користеле вистински хај енд монитор, па претпоставувам од таму помалата активност на темата. Кога човек еднаш ќе користи монитор кој има хардвер лут - поготово 8/10 битен панел наспроти 6/8 битен со емулација - се друго е гола вода, а тек за поларизер да не отварам уста.

Се уверив лично на неколку пати. Постирај обавезно мада тоа не е правилен начин за да се долови :)

Едит, не ни видов што се си уфрлил него го прочитав само последниот пост, аууу страшно добро срочено!
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,030
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Фала ти за пренесување на искустото, жал ми е што нема поголем интерес, кај нас нема многу луѓе што користат или користеле вистински хај енд монитор, па претпоставувам од таму помалата активност на темата. Кога човек еднаш ќе користи монитор кој има хардвер лут - поготово 8/10 битен панел наспроти 6/8 битен со емулација - се друго е гола вода, се уверив лично на неколку пати. Постирај обавезно мада тоа не е правилен начин за да се долови :)
Ти благодарам за поддршката.

Мене ми е мерак да напишам иако знам дека нема многу интерес. Но мислам дека со поголемиот интерес за фотографија полека дури и кај нас ќе се зголемува интересот за подобри монитори. Посебно монитори со широк гамут.

Исто сакав да напишам директно од искуство зашто на интернет се среќаваат многу небулози за вајд гамут мониторите. Како нивната sRGB емулација не е добра и измиена на пример. Ова апсолутно не е точно. Посебно денес со овој развој на технологијата кога sRGB е многу попрецизен отколку на монитор со помал или за нијанса поголем простор од sRGB и на кој нема извршено мерење т.е. калибрација.

10 битна боја не ми е во фокус во моментов но наредно можеби за да си поиграм со целиот потенцијал на мониторот ќе купам една Quadro.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,412
28,111
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Ти благодарам за поддршката.

Мене ми е мерак да напишам иако знам дека нема многу интерес. Но мислам дека со поголемиот интерес за фотографија полека дури и кај нас ќе се зголемува интересот за подобри монитори. Посебно монитори со широк гамут.

Исто сакав да напишам директно од искуство зашто на интернет се среќаваат многу небулози за вајд гамут мониторите. Како нивната sRGB емулација не е добра и измиена на пример. Ова апсолутно не е точно. Посебно денес со овој развој на технологијата кога sRGB е многу попрецизен отколку на монитор со помал или за нијанса поголем простор од sRGB и на кој нема извршено мерење т.е. калибрација.

10 битна боја не ми е во фокус во моментов но наредно можеби за да си поиграм со целиот потенцијал на мониторот ќе купам една Quadro.
Порано (5 + години) имаше фрка со емулација кај средната класа на панели, кај твојот нема шанси :)

Јас бев ептен ригоризен за sRGB вс нативен aRGB, ги памтиш дебатите претпоставувам :D
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,775
2,665
Убаво презентирано како и секој пат.
Многу сум задоволен од мојот Dell U2715H после година дена гледање во него, и од тогаш сум верен на Dell мониторите.
Овој би бил перфектна замена за мојот ама реално немам потреба од 4К бомбона монитор а и 72те илјади се голем дилбрејкер.
Во мојов случај би земал уште еден U2715H и би ми останале 50ина илјади, кои би ги инвестирал во 1070ка и евентуално 960ка ССД. :)

Ако некој се мисли да скока на 4К овој монитор би бил легендарен апгрејд. Dell ♥
 

HardCorec

Unbeatable
4 ноември 2013
3,340
4,768
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 4790
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 240 & 480gb
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x4gb 1600mhz
Video card
Radeon RX570 4gb gddr5
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Браво МАЕСТРО @gokica !
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,030
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Порано (5 + години) имаше фрка со емулација кај средната класа на панели, кај твојот нема шанси :)

Јас бев ептен ригоризен за sRGB вс нативен aRGB, ги памтиш дебатите претпоставувам :D
Да имаше доста дискусии кои денес за жал се многу помалку на форумов.

Убаво презентирано како и секој пат.
Многу сум задоволен од мојот Dell U2715H после година дена гледање во него, и од тогаш сум верен на Dell мониторите.
Овој би бил перфектна замена за мојот ама реално немам потреба од 4К бомбона монитор а и 72те илјади се голем дилбрејкер.
Во мојов случај би земал уште еден U2715H и би ми останале 50ина илјади, кои би ги инвестирал во 1070ка и евентуално 960ка ССД. :)

Ако некој се мисли да скока на 4К овој монитор би бил легендарен апгрејд. Dell ♥
2715H е одлично парче хардвер. Јас го имав претходникот до скоро и бев презадоволен.

Онаму каде 4К брилира е работа со детали. Фотографии со повисока резолуција се многу подетални а рабовите и прелазите изгледаат пофино. Ова не е соодветно да го гледаш на два монитори на пример. 4К видео е исто така treat. За игри не сум меродавен зашто одамна не сум упалил ниедна. Но во секој случај ако твојот монитор ти е доволен тогаш не ти треба широк гамут а со самото тоа може во иднина да си купиш sRGB 4K монитор и да заштедиш на таков начин. За жал 4К од 30 инчи па нагоре се сеуште скапи.

72 илјади се малку во однос на тоа по која цена се продаваат еквивалентите на EIZO и NEC. А со оваа цена кај Dell доаѓа панел со транспарентни транзистори (Sharp IGZO) кои на 4К овозможуваат поле за стабилност на боите без PWM (или бар над 1KHz), константност на бои и осветлување без наредна калибрација со месеци (потврдено од печатница). Хардверска калибрација е исто така невидено богатство за професионалци. Но сето ова е значајно само за луѓе во професијата. И за некои ентузијасти како мене. :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,574
Мислења
820,972
Членови
28,238
Најнов член
$КИКО$
На врв Дно