1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Dell UP2716D или Dell U2718Q? Магаре или змија?

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од skullmonkey, 11 Март 2019.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,832
    2,975
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
  2. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    772
    339
    5 Јуни 2007
    Машко
    +1 за U2718Q. Го имам истиот. Е сега тој другиот не го знам, али со овој нема да погрешиш за што и да ти го треба.
     
  3. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,832
    2,975
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Освен резолуцијата, ова е разлика.
    Панелот кај едниот е IPS, а кај другиот In-Plane switching Technology
     
  4. AleksandarCaki

    AleksandarCaki
    Practice makes perfect

    601
    1,424
    19 Јуни 2015
    Машко
    Архитект
    IPS= In-plane switching technology :)
     
    На Oktar, Costigan_Jr, gocetan и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,503
    3,408
    11 Декември 2008
    Машко
    :D:D In-Plane Switching Technology или скратено IPS
     
    На Costigan_Jr и skullmonkey им се допаѓа ова.
  6. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    IPS panel - Wikipedia
    IPS (in-plane switching)
    Не знам зошто, но поскапиот иако има помала резолуција има поголем опцег на бои. Ако ти требаат подобри бои, поскапиот. Ако ти треба резолуција, работиш со 4к, тогаш поефтиниот.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,165
    13 Јуни 2009
    Првиот е со широк гамут т.е. ARGB а вториот е со sRGB гамут како и најголемиот број на монитори во употреба.

    Првиот се користи за работа со бои и поддржува хардверска калибрација.

    Доколку не се бавиш професионално со алатки кои бараат широк гамут не го гледај овој монитор. Оди си со вториот т.е. 4К.
     
    Oliver!, Costigan_Jr, olikomerc и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. Tozo8

    Tozo8
    Gaining Experience

    36
    81
    3 Декември 2016
    Машко
    UP2716D e AH-IPS подобар панел има од U2718Q. Исто така UP2716D може да прикаже и поголем спектар на бои бидејќи има 100% покриеност на sRGB и Adobe RGB. Ако не ти е битна резолуцијата подобар избор според мене ти е UP2716D.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,165
    13 Јуни 2009
    Поголема покриеност на бои не значи подобро. За обичен корисник е полошо односно ќе биде врзан само за еден мод на мониторот - sRGB емулација.
     
    На Oktar и skullmonkey им се допаѓа ова.
  10. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,832
    2,975
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Работам со бои и фотографии. Така да битно ми е и тоа.
    Иначе за ИПС скратеницата... *фејсполм*
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,165
    13 Јуни 2009
    @skullmonkey само ако си решен да работиш со широк гамут размислувај ја првата опција. Кога ќе го вклучиш мониторот се ќе биде џиш зашто дефаулт е Адобе РГБ бојата. Сите модови се џиш и треба да вклучиш алатки како фотошоп на пример па во тој софтвер да вклучиш широк спектар на бои за да дојде она што го гледаш со нормални бои. За да сурфаш на тие модови ќе треба да најдеш браузер што поддржува широк гамут. За гледање на филмови ти треба плеер што поддржува мапирање на бои.

    Единствено нешто кое ќе ти биде употребливо во секојдневие за играње, сурфање, гледање филмови ќе биде модот за sRGB емулација. Другите модови како movie, theater, gaming итн. ќе ти бидат џиш.

    Јас имам таков монитор и знам за што зборувам.
     
    На Psycore, zdravkovskii, Tajson и уште 6 други им се допаѓа ова.
  12. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    165
    93
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Го имам и јас мониторов, и да, сè е џиш освен sRGB. Искрено, немам идеја како се користат модовите и не ми е јасна калибрацијата.
    Ќе сакаш да образложиш или да пратиш добар линк да видам ?
     
  13. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,832
    2,975
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,165
    13 Јуни 2009
    Мониторот е наменет за работа во ARGB просторот на бои. Калибрација не може да го промени тоа т.е. нема да го намали интензитетот на боите. Доколку не користиш алатки за работа во ARGB тогаш си врзан за sRGB модот.

    Боите на овие монитори знаат да бидат попрецизни од стандардните монитори. Имаат супериорни панели и електроника за контрола на приказот. Но пред се се наменети за професионална работа со графика, фотографија, печат и сл. во поголем простор на бои.

    Dell UP3216Q-краток осврт
     
    На zdravkovskii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    165
    93
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    ја прочитав рецензијата, одлична е и некои работи ми се појасни. Ама не ми помага да ја разберам вредноста на мониторов и како можам да го искористам до максимум.

    п.с.
    @skullmonkey ако сметаш дека е офтопик ова и не помага, бриши го ќе препрашам во ПП
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Во соодветен превод:
    Не се купува формула ако сакаш да возиш низ град и да одиш до пазар. За тоа се зема обично возило. Ама со обично возило не се тркаш на стаза, за тоа ти е формулата.
    Мониторов е наменет за работа (трки), не е наменет за секојдневие (одење на пазар и носење деца).
     
    На gokica и yasho им се допаѓа ова.
  17. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    165
    93
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    во ред, ама јас не прашав тоа, нели?
     
    На Gaston му/ѝ се допаѓа ова.
  18. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    509
    407
    20 ноември 2013
    Машко
    Кај може да се видат овие монитори во живо?

    Пример U2719D или U2718Q, колку знам во Макпетрол не ги вклучуваат...


    @zdravkovskii не се за тебе ако гледаш способности за што им немаш работа.


    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,821
    3,894
    5 Јули 2013
    QHD е премногу за 27", а да не споменувам 4K. За удобно користење препорачувам 32" QHD или над 35" за 4К.
    Земајќи го ова во предвид, веднаш би го отпишал 4К моделот од предложените.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Зошто си купил алат што не знаеш да го користиш? Си купил формула, затоа што си се водел по девиза, штом е скап и има многу бои, мора да е подобар. Да подобар е. Формула 1 е подобро од Опел Астра караван, ама не можеш да ја возиш низ град и да донесеш куповки од пазар. За таа намена имаш астра караван. Многу поефтино, со послаба технологија, ама смееш да ја возиш низ град и ги извршува потребите. Тоа е поентата.
    На 24 монитор се познаваат пиксели при работа, не гледам зошто на 27 не би идел со 4К? За работа е мониторот, ќе се гледа од блиску.
     
  21. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,821
    3,894
    5 Јули 2013
    Пиксели се гледаат и на 6 инчи при 4К , а тоа зависи од далечината на која се користи уредот. Јас зборувам за далечина која е препорачана, односно минимум 60cm.
     
  22. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    772
    339
    5 Јуни 2007
    Машко
    О соколи, ја пиксели на 27" 4к не глеам :D
     
    JasSum, zdravkovskii и на moongose им се допаѓа ова.
  23. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    165
    93
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Сите се жалите оти форумов станувал сè полош и полош, а кога ќе праша човек обично прашање одма flexing и напаѓате со одговори за кои никогаш не било поставено прашање.

    Кој кажа дека им немам работа? Кој кажа дека не знам што значи AdobeRGB, и дека не работам фотошоп, давинчи, премиер итн.

    Тоа што прашав во стилот на *ELI5*, не значи дека сите треба да плукате и напаѓате - наместо да објасните. Ама очигледно и вие немате поим, бидејќи досега некој ќе кажеше. Не?
     
    На olikomerc и Banjifiko им се допаѓа ова.
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,165
    13 Јуни 2009
    @zdravkovskii за жал и јас го имам истиот одговор. Мониторот си има своја специфична намена. Ако не работиш во ARGB, си го користиш sRGB модот.

    Нема како да те поучиме да ги ползуваш ARGB способностите на мониторот освен да прегледуваш или работиш со материјал во ARGB.

    Најголем број од содржините кои ги користиме како на пример филмови, игрици, содржини на Интернет се во sRGB простор на бои. За да сурфаш во ARGB модовите и содржините да имаат соодветна боја ти треба фаерфокс браузер кој поддржува колор менаџмент. Потоа за да филмовите ти имаат природна боја на ARGB мод на мониторот ти треба на пример MPC-HC. Овие поддржуваат колор менаџмент доколку ги конфигурираш. Меѓутоа сето ова ти е изгубено време зашто sRGB модот на мониторот нема потреба од акробации.

    За да ја видиш моќта на ARGB ќе си земеш DSLR или камера/телефон кој може да слика ARGB па ќе си фотнеш неке сликче со огромен контраст, изразити бои и сл. Па ќе си отвориш фотошоп и ќе вклучиш ARGB поддршка. Е тогаш ќе може да видиш повеќе бои споредно со стандарден монитор.

    Овие панели се 10 битни нативно. Ако имаш Квадро или Фајр про графичка прелазите на нијансите на бои ќе бидат уште помазни во Фотошоп.
     
    На null_ptr и skullmonkey им се допаѓа ова.
  25. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    165
    93
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Во ред, до тука се разбираме и сме на исто ниво. Читајќи ги твоите постови добив впечаток дека има поопширно и посложено објаснување за користење на модовите.
    Да, работам со АРГБ и нормално го користам кога е боја во прашање. Секако дека не сум професионалец, затоа и прашувам овде.
    Цел овој муабет испадна некако лаички без соодветни објаснувања. Ќе се пробам пак на гугл.

    А, @skullmonkey јас ти го препорачвам мониторов бидејќи неможам да се пожалам и има огромна разлика меѓу овој и U2414H.
    2.5K Резолуција на 27" е сосема доволна и нема да имаш проблеми со Scaling.

    Повеќето модови кои ги спомена @gokica јас конкретно ги користам кога работам боја и правам проверка како би изгледало на повеќе монитори. (дали е така намената пак ќе кажам не знам - оти никој не ми одговори )
     

Сподели

Вчитување...