1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Dell U2311H vs Dell 2209WA vs NEC EA 23WMi

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Taurus, 10 Септември 2010.

  1. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,337
    993
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Во дилема сум помеѓу овие два монитори.

    Dell U2311H vs Dell 2209WA

    Еве некои карактеристики за нив тука:

    Panel Size: Dell U2311H58.4 cm (23”) Dell 2209WA22"
    Aspect Ratio: Dell U2311HWidescreen (16:9) Dell 2209WAWidescreen (16:10)
    Panel Type: Dell U2311HIPS ( In-Plane Switching ) Dell 2209WAIPS - In Panel Switching
    Resolution: Dell U2311H1920 x 1080 at 60 Hz Dell 2209WA1680 X 1050 at 60 Hz
    ......

    Еве и едно видео (tnx lazarus)
    http://www.youtube.com/watch?v=bM9SbBB2ng0
     
  2. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    Во овој случај се работи за многу деликатно и специфично прашање. Во моментов како што размислувам би одел можеби на 16:10 варијантата...
    Од ова на видеово како да 2209 има подобар агол на гледање, но можеби окото ме лаже...
    Повторно ке кажам...Пределикатно прашање си поставил...Голема дилема...
    Како и да е мислам дека најдобро ти знаеш која намена ке има мониторот. Спрема тоа направи го изброт. Нема да згрешиш било кој да го одбереш, се разбира можеби и цената игра улога.
     
  3. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,810
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    Taurus,

    Dell U2311H, подобрен нов панел,за разлика од Dell 2209WA подобра изработка-дизајн. Подобар контраст, помал риспонс тајм, подлабок приказ на црна боја, подобар приказ на бела (појасна) полесно читање на текст (побистро) помалце менување на боја (color shift) при менување на агол на гледање, па и на краот на краиштата погoлема резолуција 1920x1080 vs 1680x1050.

    Едиствена мана е што е 16:9 но набројаните предоности се многу поважни и играат поголема улога од тоа.

    Се на се дефинитивен победник е Dell U2311H :bravo:

    Зимај и не се мисли, да не се разбереме погрешно се до пред неколку месеци Dell 2209WA беше најдобриот монитор IPS (22) но времињата се сменија Dell и неколку други брендови исфрлија одлични модели со IPS панели за просечните корисници кои не се 24 инчни така што 2209WA веќе не е најдобар избор, иако сеуште е одличен монитор за парите.

    Ќе заборавев нешто, се повеќе се шпекулира дека во фабриките на Дел овој монитор се бара многу така што QC- контрола на квалитетет ( е пренасочена од старите модели на поновите) така што ако го зимаш има помали шанси за недај боже нешто да не е ок со него или да има пример, мртви пиксели или позадинско пробивање на светлина (backlight bleed)

    Се говори за Dell U2311H, ова го кажувам со тешко срце зашто бев голем фан на 2209, но нели, времето и технологијата иде напред :)

    Сепак најдобрата 23 на пазарот е NEC EA231WMi (но се разбира и поскапа,сепак ако си за абсолутно најдоброто да знаеш кој монитор е убедливо најдобриот избор) за повеќе информации и директна споредба со Dell U2311H погледни го постов

    исто така видео на Јутјуб со споредба, на она што најмногу нервира кога гледаш филм/слики т.е. загубата на детали во потемните делови од филмовите/сликите. Обавезно гледај го во 1080p. Немој да се разочараш и ова да ти го смени мислењето и Dell e oдличен избор и пред се е поефтин од моделот на NEC нели.
     
    1 person likes this.
  5. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    Ајде сеа во деали. Коментарите се обележени со болдирани и зацрвенети букви.
    Панелот како панел кога станува збор за ИПС технологијата е таа...Единствено нешто што е поразлично е димензијата односно големината на панелот. Значи се работи за ИПС, а не С-ИПС, АС-ИПС, не е П-ИПС итн да не ги редам сите.
    Риспонс тајмот греј ту греј е помал кај 2209, односно 6мс, а 8 кај У2311.
    Аголот на гледање е идентичен и кај двата монитори, но од она што успеав да го виадам на снимката од видеото, подобар агол на гледање имаше 2209. :ermm:

    Контрастот и кај двата модела е ист. 1000:1....Зарем и ти почна да паѓаш на маркетингот за динамички контраст милион према еден кога знаеш каков е исходот од него? :LOL:

    За и околку сликата не би коментирал бидејки се е јасно...Поголема резолуција, повлекува помал пиксел пич, пооштра слика, можност за гледање на филмови во ХД итн. Дизајнот е релативна работа. Некому се допаѓа едниот, некому другиот, но понекогаш и тоа знае да биде причина за крајната одлука. Мене лично и двата ми се подеднакво убави и искрено доколку би се двоумел помеѓу овие модели изгледот нема да има никаква улога.

    И по мене ова е најголемата маана, но можеби резолуцијата му е пак од друга страна поголема предност.

    Баш така...Секојпат технологијата од напред, времињата се менуваат и потребите за нешто подобро и поголемо и поквалитетно, нормално се поголеми.

    Сепак тоа се шпекулации...Не верувам дека контролата на производот може да изгуби на квалитет заради тоа што се произведува нов модел на монитор. Доколку еден монитор е да речам стар модел и повеќе не се произведува, доколку е заменет со нов подобар, продажбата ке се одвива на веќе направена залиха која претходно била подложена на квалитетно направена контрола. :bravo:

    Немој на човекот да му ствараш трилема, кога во моментот си е во дилема и е на добар пат да си одбере прекрасен монитор, нормално без никакво каење кој и од овие два да ги одбере.
    Па во скоро време да прочитаме и некое ривју :bravo::bravo: да видиме некоја слика и да чуеме некое мислење на задоволен корисник :D
     
    1 person likes this.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    @ Salesk,

    Кога тоа го пишува на Хардфорум обично секогаш шпекулациите стануваат реалност затоа што тие информации ги даваат дилери на фирмите, истите тие дилери и сопствениците на мониторите кои приложуваат мини ривуја се разбира, имаат огромнорно реноме на тој форум затоа што никогаш не лажат, нели не е Америка Македонија, таму корисникот е прво место секогаш. Друго за контрастот, далеку од тоа дека паѓам на тие трикови туку гледав ривјуа на Флатпанес каде што пишува дека подобар контраст постигнува поновиот модел, кој воедно е и подобрен панел. Да во право си дека основата е таа но сепак има подобрувања во поглед на риспонс тајм приказ на црна боја и најмногу за контрасот. доказ истото го говори и ривјуто на корисникот на Хардфорум што го постирав во предходниот пост, кој ги има двата монитора и ги споредува директно во истото. Значи сепак подобар панел е новиот иако мали се подобрувањата (освем за контрастот каде што се големи) сепак ги има и влијаат во квалитетот на сликата :)

    Значи од 50-на корисници што го имаат тој монитор а претхондо користеле 2209WA
    сите викаат дека новиот модел е подобар избор, значи не зборам на памет него се работи за директно исксутво на корисници кои ги користеле/користат двата монитора нели. Хардфорум е ризиница на инфромации кога се работи за монитори и инфромациите од овој форум имаат голема прецизност и веродостојност :bravo:

    Сепак двата монитора се одличен избор, со IPS панели и многу подобар квалитет на слика од било кој "добар" TN :)

    За крај прашањето е колку он би можел да ги воочи тие разлики знаејќи дека не е сопственик на двата модела нели :)

    П.С. Моделот на Нец е само 60-на евра поскап, а во многу делови од ривјуото на корисникот го победи на 2311H.
     
  7. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    Знаев дека ке те испровоцирам со ова за контрастот :LOL:
    Една од можните работи за кој се вели дека е подобар контрастот, верувам дека е пиксел пичот. Поголема резолуција, поситно зрно, пооштра слика, делува дека контрастот е подобар. И покрај тоа што си во право за информациите на форумот, јас повеќе им верувам на инструментите и вредностите кои тие ги покажуваат, а според техничките упатства на производителот контрастот е идентичен ( зборувам за контраст, а не динамички контраст. тој не го дискутирам и не го земам за никаков репер)

    Точно така. Промените се мали но сепак се корисни. Од гледна точка на конструктори, и од математичка и електронска гледна точка, за решавање на комплексни проблеми се користат интеграли, диференцијали итн итн да не замарам...За да можеш нештото да го прикажеш што пореално потребно е да го прикажеш на што повеќе сегменти. Колку се тие сегменти поситни, толку ке имаш подобар приказ и на бои и на линии, а и на сликата како конечен производ.
    Значи просто кажано, поголема резолуција, поголем број на пиксели, помал дот пич, подобра и пооштра слика :bravo:
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    Хахах знаејќи колку го мрзам ништо чудно :LOL::bravo:
     
  9. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,337
    993
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Тука пишував за намената на компјутерот http://it.com.mk/forum/showthread.php?p=204497#post204497
    Само што отворив нова тема за избор на монитор, бидејќи џабе ми е цела конфигурација ако немам добар екран.


    И јас сум за 16:10 повеќе, ама во овој случај вертикалата е речиси иста, а во хоризонтала добивам многу повеќе, ќе можат да се сместат цела колона алатки повеќе, што ми е многу битно.

    За агол на видливост ми е битно кога ќе седнам пред мониторот, да е иста видливост кога ќе се поместам малку полево/подесно, немора да има екстремен агол на видливост.

    А каде може да са набави овој модел NEC EA231WMi и по која цена?

    :bravo:

    Дали имате искуство со овие:

    Вчера требаше да одам да се договориме околу деталите (ми дадоа многу добра цена за Dell U2311H), ама ми искрснаа други обврски.

    Фала на сите за помошта. :bravo:
     
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    Dell си е Dell, сега за недајбоже можеби би ти било подобро преку Макптетрол да одиш, амо пак од друга страна ако не се лажам мислам дека цела роба за Македонија (Dell) иде преку Макпетрол така да на некој начин исто ти е.

    Друго за NEC, можеш преку Невада да порачаш само што рачунај дека е 70 до 100-на евра поскап, предностите на моделот на NEC vs Dell ги виде во постот со директна споредба што го постирав претходно.Кој и да го земеш нема да згрешиш и двата се одлични монитори, сепак јас како горд и презадоволен сопственик на NEC би идел на нив како the best of the best :bravo:

    Едит: сега гледам зашто ти е мониторот, дефинитивно моделот на NEC.

    Eве зашто по втор пат, мислам дека за работа во Фотошоп (генерално користење на мониторот за дизајн или поточно работа на фотографии) ова е прилично битен момент, деталноста на црната боја и деталите во сенките на истата. За да приметиш за што станува збор гледај го видеото во 1080п квалитет. Мониторите на NEC се ненадминати кога се работи за професионална употреба а богами и општо за квалитет на слика (IQ)

    Toa e резултат на добрата калибрација која се прави во фабриките на NEC за разлика од оние кај Dell кои се повеќе офис ориентеирани монитори. Така што повеќето од таквиот тип на модели на монитори патат од проблеми од типот на (black crush & contrast shift-загуба на контраст при менување на агол) ова не е случај со моделите на NEC кои користат по-професинални панели и пред се ориентирани за фотографија и професинална работа како што кажав претходно. Истото ова е одличен податок т.е. godsend! во темните делови од филмовите, ќе можеш конечно да видиш што се случува без да чепкаш брајтнес и слично :bravo: (опција која скоро да не помага во секој случај)

    Eвe професиноално ривју за него.

    Уште едно од директен сопсетвеник ("unbiased") aко професиналното е воошто форсирано што чисто сумљам, сепак убаво е да се види директно искуство. ривју од сопственик на двата монитора, DellU3211h & NEC EA23WMi.
     
    1 person likes this.
  11. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    955
    519
    14 Јануари 2009
    Ако можи да ми кажите кои се цените на овие монитори и каде се продаваат.Фала
    едит:Само цената ме интересира,не го прочитав последниот пост на psyside кажал каде се продаваат.
     
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    Dell U2311H околу 270 евра, - Maкпетрол.

    NEC EA 23WMi - Невада (по нарачка) околу 350.
     
  13. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    955
    519
    14 Јануари 2009
    Фала psy реп+ за брзиот одговор само покасно сега неможам сум ти дал претходно така вели системот ;)
    Штета шо цените не влегуваат во мојот буџет :( планирам да одделам околу 12к ден. за монитор некаде кон крајот на окомври.Па разгледвам од сега шо се нуди до тие пари.Ако имаш некој предлог повели кажи кој модел би бил одличен за до 12к ден. минимум 22инчи би го користел за играње,канцелариска работа,интернет а најмногу за гледање филмови.
    Фала уште еднаш
     
    1 person likes this.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    Moj предлог, воздржи се од трошење едно месец дена, тргни 100-на евра на страна и земи еден од горните два. Мониторите се најкористената компомента на еден компјутер и секогаш треба да се обрне внимание на нив, поготово ако гледаш филмови каде што IPS панелот што го имаат овие 2 модела се истакнува во полн сјај.

    Проблемот е што за 12000 нема монитор со ваков тип на панел туку само со TN панели кои патат од кршење на црната боја во темните делови на филмовите каде што контрастот и црната боја доаѓаат до израз, секако тука немора да зборувам за генералниот квалитет на сликата и се разбира боите кои се измиени не прецизни и пред се многу не реални/прејаки. Сосема спротивно на ова се квалитените монитори со IPS панели..боите се прекасни, длабоки, детални-реални, живописни. Приказот на црната боја стабилнсота на контрастот е исто така одличен и прецизен.

    Најбитно од све е дека и после долго користење на мониторот не боли глава нити пак патат очите, едноставно задоблството при користење на ваков моноитор е многу поголемо него што просечниот купувач си има замислено. Нелогично и не ми е јасно зашто мониторите како предмет во кој гледаш директно целото време се секогаш последна одлука во поглед на квалитет за избор кај луѓето кога станува збор за хардвер. Мислам дека се компонента на која треба да се одаде далеку поголемо внимание...бидејќи се користат долго време и нив времето ги гази многу помалце него другите компонети на кои не се штеди воопшто :ha:

    Се додека на погледнеш филм во 720п/1080п на IPS панел не знаеш што пропушташ :bravo: :)

    П.С. Мислам дека 70-100 евра се ништо за 5/6 години и јаче активно користење и уживање во прекрасен монитор :bravo:
     
    1 person likes this.
  15. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    955
    519
    14 Јануари 2009
    ^Потполно се сложувам со товето мислење,точно е од А до Ш
    Но кога би ставил во игра еден од овие два монитори цената на конфигурацијата + монитор многу ќе ги надмини моите сегашни финансиски можности,студент сум ебаго :D
    Сакам да инвестриам во добра плоча,напојување,графичка и куќиште графичката би била најскапата компонента.Но да не ја трујам темата со моите "проблеми" ќе отворам тема за да се консултирам со вас кога ќе дојди денот да скопувам нова конф. планирам до 50к ден. куќиште + монитор се зависи од тоа каква можност ќе имам за исплаќање во анхоч,пошто планирам да го исплаќам на рати. знам дека не продаваат делл анхоч но мониторот би можел да го платам ќеш од друго место а куќиштето од анхоч на рати.Во тоа е цел проблем шо ќе немам многу можност за избор на компонентите и брендот на истите,тоа шо е во анхоч тоа ќе биде,само куќиште CoolerMaster Sileo 500 би зел од Нико или CoolerMaster Centurion 534.Плус живеам во Битола и немам можност многу и за ибор на ит продавницата.
    Ќе видам шо е шо кога ќе дојди денот,секако гиимам во предвид овие два монитори.
    По неколку ревјуа шо ги читав на нет за мониторите од Dell и Acer а и од вашите постови тука на овај форум можам да заклучам дека мониторите на Samsung и LG само се добро "нашминкани" имаат одличен дизајн и изработка која лажи око,но не и перформанси али и то а е релативно од модел до модел али во глобала е така.Читајки ги вашите постови и некои ревјуа шо разгледав почнав поинаку да размислувам,и кога би купувал монитор сега не би го зел дизајнот како главна причина при одлуката,претходно не размислував така.
    Фала за предлогот погоре,поздрав.
     
    1 person likes this.
  16. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,337
    993
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    @psyside
    Не си фер, ми направи проблем сега. :bravo:

    Се јавив во Невада, ми рекоа е-маил да им пратам. Утре треба да добијам одговор за цената.

    За Dell U2311H во макпетрол ми побараа ~24.000 денари (~400евра) и 25 дена чекање.

    Чекам да се врати и гојдо, да видиме што ќе може да набави тој.

    Фала ти :bravo:
     
  17. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    400 евра? РОФЛ! кажи им да бркаат работа. Во Америка моментално (има дискаунт за тој монитор) и иде по цени од невероjатни 220 долари, значи релана цена за кај нас треба да биде околу 300 евра! Не очекував толку нефер пристап од Макпетрол, знаеќи дека мене на времето (откако им свртев муабет, кога дознаа дека знам колку е во странство и дека ги разбирам мониторите) ми го понудија 2209WA за 200 евра додека пак нормална цена беше 17000 :)
     
  18. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,337
    993
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Dell U2311H во Infosoft ми го понудија за 280$ + ддв.

    Не успеав лично да отидам до кај нив за 100% потврда.
    Сега со помош на тебе го видов квалитетот на NEC-от, уште пристојна цената ако биде ќе биде супер.
     
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    Дај боже, ти држам среќа :)

    П.С. Кој и да го земеш во менито за боја/контраст и слично ништо не чепкај! само намали брајтнес од на 25-30% и ништо друго :)

    Aко го земеш Нецот ќе ти дадам инструкции за подесување на сензорите за светло и техничките додатоци што ги содржи :bravo:

    П.С. На FlatpanelsHD моделот на Нец има највисока можна оцена од типот на високо препорачан во класата

    Сајт кој воедно е еден од најверодостојните кога се работи за ривјуа на монитори, се разбира заедно со TFT Central :bravo:
     
  20. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    :LOL:
    Ви реков не забегувајте, а вие не ме слушате :LOL:
     
  21. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,337
    993
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Конечно добив одговор од Невада.

    NEC MultiSync 23" P/n: EA231WMI-BK - 37500 den so ddv.

    Во моментов тоа ми е премногу, повеќе од дупло од буџетот што можам да си го дозволам. Плус можеби би одел повеќе на 2 x Dell U2311H за истата цена.

    Добро, не му се чини дека малју претеруваат со нивните цени нашиве увозници/дистрибутери. Разбирам имаат трошоци, сакат добивка, ама нека биде во нормални граници таа добивка.

    Според ова http://accessories.us.dell.com/sna/...&cs=04&c=us&l=en&dgc=SS&cid=52102&lid=1342490 цената на NEC-от се движи нешто над 300$.
     
  22. n2zyast

    n2zyast
    Intern

    2
    0
    17 Септември 2010
    Здраво,

    Нов сум на овој одличен форум но веќе подолго време ги следам дискусиите. И јас бев заинтересиран за Dell U2311h; чекав 3 недели само да добијам цена во Макпетрол и на крај ја добив истата - 400 евра ... :ermm: - разочаран сум што живееме во ваква земја, ем плаќаме многу повеќе од сите други, ем чекаме 25+ денови за да го добиеме производот... Немам зборови...

    Ме интересира дали би понудиле фер цена ако нарачаме два или повеќе ако има некој заинтересиран, пишете овде...
     
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,061
    4 Септември 2008
    Oзбилно? да идат да се лечат, значи бог да чува сме. Размислиси за варијантата ако иде некој надвор од МК да ти донесе или пак од Бугарија да земеш, мислам дека многу поефтино ќе те фати. Овие 2 монитора не смеаат да бидат над 300 евра!!! :ua:

    Во Америка Dell U2311H го има за 230 долари, Макпетрол го зима по уште по ниска цена од тоа, а тука го пласира за двојно поголема сума, срамота.

    Иначе да би ви дале пониска цена (има шанси) ама ако настапите со цврст став и да им доловите малце дека не сте неинофмранирани така што мислам дека ќе дадат по реална цена, на истиот трик јас ги фатив ама на крај пак завршив со друг монитор.:LOL:
     
  24. lumixoid

    lumixoid
    Gaining Experience

    124
    137
    22 Септември 2008
  25. lumixoid

    lumixoid
    Gaining Experience

    124
    137
    22 Септември 2008

Сподели

Вчитување...