• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Делење на кабелски интернет

  • Ја почнал/а темата
  • #1

kic_pp

Intern
6 мај 2007
30
0
Здраво,
имам кабелски интернет поврзан на еден компјутер а тој оди преку МАC адреса.

Е сеа сакам да ги поврзам двата и да имаат Интернет..

Имам само кабел и клешта што треба да направам друго ?
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
имам кабелски интернет поврзан на еден компјутер а тој оди преку МАC адреса.
Хммм.... зезнато.
Ете јас на пример користам кабелски broadband интернет директно на мрежна картица (без модем,рутер, свич и сл.) Кај мене на пример „нема шанси“ да се дели интернетот затоа што единствено мојата конекција работи само преку мојата мрежна картица (мак адреса) и никоја друга. Со неколку другари пробавме со клонирање на мак адресата на мрежната ама не успеавме да поделиме ваков тип на конекција на 2 компјутери.

Не знам за кој кабелски оператор си врзан, ама мислам дека тешко дека ќе успееш да поделиш кабелски интернет што оди преку МАC адреса.
 

DaDo|BT

Intern
21 септември 2007
258
13
dad0bt.blogspot.com
vaka jas imam kabelski i vaka go imam re6eno problemot
edniot kompjuter go imam povrzano preku USB
a drugiot preku mreza .... i na 2 ta ima internet no NE SE VO MREZA
ovaa "finta" raboti i na 2 ta kabelski operatori ...
 

Alek24

Intern
18 април 2007
83
0
Проблемот можиш да го решиш со 2 мрежни картици. Добиваш интернет на едната и после преку другата мрежна делиш со другиот компјутер.
 

vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
Moze i so ruter da se rese problemo samo u softvero na rutero obicno ima opcija Clone MAC Address tamu ke ja kloniras taa so sega ti ide interneco preku nea.
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Проблемот можиш да го решиш со 2 мрежни картици. Добиваш интернет на едната и после преку другата мрежна делиш со другиот компјутер.
Ама вака па додека работи едниот компјутер и другиот ќе има интернет ако го исклучиш ооопс снема нет:D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

kic_pp

Intern
6 мај 2007
30
0
Значи земам уште една мрежна и не треба ништо да и правам..

Компјутерите стартуваат Виндоус - што да подесам...

треба да се формира мрежа некоја ?
 

dime

Intern
13 мај 2008
163
3
Ако можеш да го поврзеш модемо со компјутеро преку USB, тогаш не ти треба уште една мрежна. Едноставно ги поврзуваш двата компјутери преку таа шо ја имаш.

Ако не бива преку USB онда си купуваш уште една мрежна, ја поврзуваш со другиот компјутер и подесуваш Internet Connection Sharing на серверот. Како и да е, после за да има вториот компјутер интернет, ке треба серверот да ти биде уклучен.
 

Alek24

Intern
18 април 2007
83
0
Значи земам уште една мрежна и не треба ништо да и правам..

Компјутерите стартуваат Виндоус - што да подесам...

треба да се формира мрежа некоја ?

Значи си местиш IP адреси на едниот на пр. 192.168.0.1, а на другиот 192.168.0.2. На вториот местиш Default gateway 192.168.0.1 и DNS сервери кои ќе ги видиш од Run од првиот компјутер. pozz
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Според прашањето, веројатно е почетник во оваа тематика.. А одговорите кои што му ги дадовте, не се баш за почетник..

@kic_pp значи:
1, Отвораш control panel
2. Одиш во Network Connections
3. После поврзувањето со мрежна, би требало да имаш две направени конекции, една "Local Area Connection", и Local Area Connection2", т.е една од мрежна, една од модем.
4. На конекцијата од модемот (Обично е Local Area Connection2) Десен клик --> Properties
5. Одиш Advanced и ги штиклираш двете понудени можности со што му даваш пристап за конекција на другиот компјутер, па одиш Ок.
6. Сега одиш Properties на другата конекција, т.е таа од мрежната
7. Во паѓачкото мени, го штиклираш најдолното "Internet Protocol ( Tcp/ip )" и одиш Properties
8. Означуваш "Use the following IP address:"
9. Внесуваш ИП адреса - стандард : 192.168.0.1
10. Внесуваш Subnet mask: - стандард: - 255.255.255.0
11. Одиш Ок.

Ова беше за главниот компјутер, т.е серверот.
Сега треба да подесиш и на другиот компјутер.

1. Значи исто како предходно.. Десен клик на конекцијата
2. Properties
3. Во паѓачкото мени, го штиклираш најдолното "Internet Protocol ( Tcp/ip )" и одиш Properties
4. Тука внесуваш: Ip Address : 192.168.0.2 ; Subnet mask:255.255.255.0 ; Default gateway: 192.168.0.1
5. На овај компјутер треба да се внесе и DNS. DNS можеш да провериш во cmd. Значи :
start --> Run --> Пишуваш "cmd" ( без "" )
сега пишуваш ipconfig/all
Резултатот ќе биде слично вака
C:Documents and Settingsuser>ipconfig/all

Windows IP Configuration

Host Name . . . . . . . . . . . . : VLATKO
Primary Dns Suffix . . . . . . . :
Node Type . . . . . . . . . . . . : Unknown
IP Routing Enabled. . . . . . . . : No
WINS Proxy Enabled. . . . . . . . : No

Ethernet adapter Local Area Connection:

Connection-specific DNS Suffix . :
Description . . . . . . . . . . . : Realtek RTL8139/810x Family Fast Eth
ernet NIC
Physical Address. . . . . . . . . : 00-19-66-39-D5-2A
Dhcp Enabled. . . . . . . . . . . : No
IP Address. . . . . . . . . . . . : 192.168.0.2
Subnet Mask . . . . . . . . . . . : 255.255.255.0
Default Gateway . . . . . . . . . : 192.168.0.1
DNS Servers . . . . . . . . . . . : 62.162.32.5
62.162.32.6
Воочи DNS Servers.
6. Првиот DNS Server го внесуваш во Preferred DNS Server во конекцијата, а вториот во Alternate DNS Server.
7. Одиш ОК, го рестартираш компјутерот.
8. Би требало веќе да имаш интернет.

Напомена: За да имаш и на вториот компјутер интернет, серверот мора да биде уклучен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

kic_pp

Intern
6 мај 2007
30
0
Благодарам...веќе успеав да ги поврзам компјутерите

А сеа да прашам доколку сакам да поврзам ушт еден компјутер на истиоит начин што треба да направам уште една мрежна на серверот и плус овие конфигурации со слични изменувања ?
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Благодарам...веќе успеав да ги поврзам компјутерите

А сеа да прашам доколку сакам да поврзам ушт еден компјутер на истиоит начин што треба да направам уште една мрежна на серверот и плус овие конфигурации со слични изменувања ?
Доколку сакаш да поврзиш уште еден компјутер, ќе треба да купиш рутер.
Кабелот кој ти доаѓа директно од кабелскиот оператор овојпат ќе оди во рутерот, па потоа од рутер ќе се дели на 3, до трите мрежни на компјутерите.. Значи ќе ти треба рутер и уште една мрежна, доколку третиот компјутер нема.
Инаку начинот не е ваков, затоа што доколку купиш рутер, тогаш самиот рутер ќе игра улога на сервер. Тоа значи дека тогаш и ќе нема потреба да ти биде уклучен првиот компјутер т.е серверот за другите компјутери да имаат конекција.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
So e toa rotor ziti se? Switch? :chudenje:
Аха..
Очигледно се губам.. Или можеби не? :LOL:
Anyway.. Премногу напоред ден.. Утре ќе дообјаснам, и ќе увидам доколку некаде грешам.. Во моментов со полузатворени очи го пишивам ова..
Така да.. Се читаме утре. :LOL:
 

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
So e toa rotor ziti se? Switch? :chudenje:
претпоставувам ротор = рутер со една лапната буква

@fuUuUzZzZy ( се истепав додека го напишав :p ) :bravo:
само уште да додадеш 2-3 слики со lan properties од секој компјутер во мрежата и слободно отвори нова тема - Како да: мрежа од 2+ компјутери преку рутер

хехе додека го пишував постов и гуглав fuzzy одговорил :)
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,032
455
vaka jas imam kabelski i vaka go imam re6eno problemot
edniot kompjuter go imam povrzano preku USB
a drugiot preku mreza .... i na 2 ta ima internet no NE SE VO MREZA
ovaa "finta" raboti i na 2 ta kabelski operatori ...
Одлична финта, сеа ја пробав, хаха. :)) Уствари ја пробав пред неколку саати, ама сеа бев во Анхоч да си купам поголем кабел. Ај малце off topic. И викам на типката УСБ кабел најголема должина A to B. Таа ми вика за што ти треба??? Ја и кажувам за Кабелски Модем??? Таа зачудена и ми вика: таков кабел може само за печатач... После не сакаше да ми даде од 5 метри, едвај ја убедив, ќе ми се изгубел сигналот... Сега го испробав и се е ОК. Не знам како може да вработуваат неписмени луѓе, и тоа во АНХОЧ нашата "најдобра" ИТ Фирма :))
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
btw. Доколку некој заглави со истиов проблем, а не успее да се снајде од објаснувањата на темава, следете го линков.
 

dime

Intern
13 мај 2008
163
3
Ima nekoj iskustvo dali delenje dial up internet e mozno? Cimerot ima nekakvo si UMTS modemce, pa se cudam dali bi mozelo da se napravi ICS?
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Ima nekoj iskustvo dali delenje dial up internet e mozno? Cimerot ima nekakvo si UMTS modemce, pa se cudam dali bi mozelo da se napravi ICS?
Има ефтина и ефективна солуција.Crossover cable(за мрежните карти).
Понекогаш го врзувам лаптопот со десктопот преку ваков кабел.

Desktopot e "host" Ubuntu OS(и со сериски Dialup модем) a Laptopot e "client" XP i Ubuntu(и мрежна нормално). Употребувам статични IP адреси:

Host: IP 192.168.0.1


Client - IP 192.168.0.2
Gateway 192.168.0.1

И препиши ги DNS(domain name server) од "Host" на "client"
 

parabellum

Intern
2 мај 2007
60
2
Можно е и друго решение. Јас на пример имам wifi и на десктопот и на лаптопот. На компјутерот на кој добиваш интернет (десктопот) wifi картичката ја сетираш во ad-hoc мод и креираш нов SSID а вториот компјутер (лаптоп на пример) го конектираш на овој SSID. Потоа конекцијата на која добиваш интернет ја шеруваш и ... тоа е тоа.
Ако има потреба можам и детално да го објаснам ова.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,544
Мислења
822,946
Членови
28,057
Најнов член
Iamdantes10
На врв Дно