• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Дефектна 3060ti Gigabyte

no_retreat

Gaining Experience
22 јануари 2011
221
365
Еве едно позитивно искуство со Анхоч, имав купено gigabyte 3060ti пред 7 месеци, но поголем overload почна да крашнува,
Фино лепо со се кутијата и гаранцијата си ја доставив во Анхоч и ми беше дадена нова со изговор дека старата не се поправа и воедно гаранцијата ми ја продолжија за онолку денови колку што седеше во сервис (32 дена).

Ова е мое второ искуство со сервисот, предходното беше со дефектна матична која што не се поправаше и заради тоа што ја немаше на залиха ми понудија замена или full refund, го одбрав второто во тој момент и си купив од друго место бидејќи имав подобра опција во тој моемент.
 
no_retreat

Gaining Experience
22 јануари 2011
221
365
Super milo mi e sto sega odluci da spodelis vaka detalno.

Ситуацијава е од пред 10 дена, графичката е купена пред 7 месеци.
Искрено на форумов има само лоши искуства за сервисот на анхоч, а не гледам ниедно позитивно, човек да фати да чита ќе добие уплав од Анхоч...
Не сум валда едини на кој што му го испочитувале договорот и добил ок сервис ?
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
3.998
8.277

GPU, EVGA 3070ti во бандл со PSU исто на EVGA.
Мислењето е автоматски споено:

Јас можам да видам дека во март си порачал и ти стигнала 3070TI од ComputerUniverse, оваа 3060-ка од Анхоч за ригови ти е купена?
 
no_retreat

Gaining Experience
22 јануари 2011
221
365
Јас можам да видам дека во март си порачал и ти стигнала 3070TI од ComputerUniverse, оваа 3060-ка од Анхоч за ригови ти е купена?
3060ti, да купени ми се 7 комада, 6 ставени на риг и едната се користеше во конфигурација за гејминг, се расипа таа што се користеше за гејминг, во последниве 2 години имам направено нарачки за графички карти во вредност од над 1мил денари, ова е една од 5те што се расипа, другите 4 се zotac twin edge за кој што добив исто така нови гланц директно од USA, zotac графичките се користеа за мајнинг, сите на еден ист риг, се расипуваа сите во рок од 2 недели, на 2-3 дена по една дефектна имаше.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5.994
6.093
Скопје
www.facebook.com
Само ти си малер со картиве од сите што ги знам и од целокупниот обрт мој на ригови и карти само една 580 8гб ми рикнала досеа у последниве 5 години.
 
no_retreat

Gaining Experience
22 јануари 2011
221
365
Само ти си малер со картиве од сите што ги знам и од целокупниот обрт мој на ригови и карти само една 580 8гб ми рикнала досеа у последниве 5 години.
од таа серија имам само две дефектни, двете 570ки, едната MSI армор, другата XFX од моделот со црвените кулери (тешка шкартовина) и во минатото ми се имаат расипано GTX 780 и R7 270X, оследниве две ги "утепав" од гејмање
 
Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.669
5.528
Skopje
Ситуацијава е од пред 10 дена, графичката е купена пред 7 месеци.
Искрено на форумов има само лоши искуства за сервисот на анхоч, а не гледам ниедно позитивно, човек да фати да чита ќе добие уплав од Анхоч...
Не сум валда едини на кој што му го испочитувале договорот и добил ок сервис ?
Не си. Ама не читаш за позитивните искуства (од ниедна фирма) затоа таквото искуство го земаме здраво за готово.
Инаку, јас лично имам позтивни искуства со сите, и со Анхоч, Сетек, Нексио... За Ѓирафчето ќе видиме, рано е уште.
Ама секојпат кога сум имал проблем, сум побарал сервисни услуги на пристоен начин, без викање од врата, без пишување по форуми уште пред да го однесам во сервис, без фрустрации и нервози. Верувам дека ова е клучен момент што многу менува во одредени ситуации.
 
Членов им направил промет од милион денари во две години, и да викне нема да му замерат.
 
thrw

Gaining Experience
3 декември 2021
238
207
Дојдовме до крајна точка каде ќе ги изедначуваме негативните искуства со позитивни само зошто за еден е маќеа, за друг мајка?
Само да нема анти реклама за еден член во дихтомијата на Сетек-Анхоч бидејќи мораме да бираме еден добар во две злоштини што продаваат со 35-50% маржи и профитираат на големо во пандемии?

И ова не сум видел, ниту во Капталистичкиот рај што се вика Америка.

И јас имам едно позитивно искуство каде анхоч одвај чекаше да им дадам 90000 денари за 2080 што продажниот агент ми се јавуваше неколку дена да ме известува дека ми ја чува иако на првиот повик реков дека ако има друг заинтересиран да му ја дадат него.
Многу се срцки да продадат поскапо на тие магариња како мене што им е потребно една графичка; зошто после ќе треба да го продадат истото за помала вредност.
 
Weeaboo

On your way to fame
23 февруари 2020
889
983
127.0.0.1
3060ti, да купени ми се 7 комада, 6 ставени на риг и едната се користеше во конфигурација за гејминг, се расипа таа што се користеше за гејминг

Наворучение, не купувајте графички што се користени за гејминг, тие се расипуваат, купетеси проверени-копани графички.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5.994
6.093
Скопје
www.facebook.com
Наворучение, не купувајте графички што се користени за гејминг, тие се расипуваат, купетеси проверени-копани графички.
Не знам дали е заебанција или не, не може да се споредува тука картица користена за мајнинг на отворено куќиште/рамка со таа во затворено куќиште со 2-3 кутри вентилатори со 1000 обртаи.
 
Ivicakmk

Gaining Experience
20 јуни 2008
399
408
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 5800X + Deepcool Gammaxx 400 V2
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 970 EVO 500GB + WD Red 2 TB
PSU
Gigabyte P750GM 750W
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL17
Video card
Asus TUF RTX 3070 Ti
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum
Keyboard
Gigabyte Aivia Osmium
Audio
Razer Blackshark V2 Pro
Monitor
Dell S2721DGFA / BenQ BL3201PT
OS
Windows 10 Pro
Не знам дали е заебанција или не, не може да се споредува тука картица користена за мајнинг на отворено куќиште/рамка со таа во затворено куќиште со 2-3 кутри вентилатори со 1000 обртаи.
Забораваш дека не се гејма 24/7
 
no_retreat

Gaining Experience
22 јануари 2011
221
365
Јас не сум видел графичка у мајнинг да е над 75 степена како при гејминг.
Погледнете го атачментот 116518
Искрено незнам кој чува графички на риг со температури до 75 степени, кај мене 50-55 степени било макс, исклучок ми се поларис сериите, со нив сум идел до 60 степени
 
goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1.492
3.025
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
Zotac GeForce RTX 3050
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Јас не сум видел графичка у мајнинг да е над 75 степена како при гејминг.
Погледнете го атачментот 116518
Бре што ти е е буржуазија :), ваков скриншот за едно 4-5 дена само Арачиновец ќе може да си дозволи да постира.

Онтопик: Шала на страна, добро сетирана карта од страна на искусен копач секако троши/грее помалце од графичка во тек на гејминг, меѓутоа и јас немам видено гејмер да гејма 24/7/365 а да рокне гејмерот пред да рокне графичката. Отука, би рекол дека и во двата случаи се амортизира графичката, сепак сметам дека кај гејмери, посебно рекреативни гејмери графичката побрзо технолошки ќе застари отколку физички да се амортизира.
 
Nikola100

Unstoppable
30 септември 2019
2.920
2.876
Скопје
Еве еден Гигачад како поправа графичка. Само колку работа има на неа....

View: https://youtu.be/b9eVpO5T4Qk

Причина ? Само едно кондензаторче прегорело (од температура - старост - којзнае ) и понело со него пола плоча...
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.820
Мислења
910.892
Членови
32.552
Огласи
790
Најнов член
TM88
На врв Дно