1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Deezer, Netflix и сл. vs Пиратерија кај нас?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од edin.ademovic, 24 Април 2015.

  1. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    499
    282
    16 Февруари 2014
    Машко
    Темава не е за да ве убедам дека сервисите се одлични и дека треба да дадете 450 ден/месечно или 600 ден/месечно за истите. Или уште полошо да го споредувам нашиот стандард со западниот.

    Сакам само да се развие дискусија во однос на прашањето како овие сервиси се гледаат кај нас?
    [​IMG]
    За Netflix најдов на германскиот телеком информации и испаѓа дека некаде во просек е 8 евра/месечно што некаде грубо би се превело до 500 денари/месечно во зависност кој пакет итн итн..

    Искрено, Deezer и не е некоја понуда, бидејќи доволно е да имам интернет на телефон (кој може да се земе дури и за 100 денари неделно, преку припејд на VIP) и да си ја симнам апликацијата. Доколку тоа не упали, можам да си слушам Spotify преку VPN (гуглајте hola).

    Да не бегаме подалеку, јас сакам да кажам само колку и како би им допринесло на нашиве музичари оваквиот сервис, бидејќи реално, нашата музика е шит, но од друга страна е многу слушана од омладината за која сите знаеме дека не располага со никаква куповна моќ. Тоа пропаѓа у вода. Буквално муабет магаре и музика.

    Од друга страна, она што ми се допаѓа ако овие сервиси бидат ефтини (100 денари на месец?) може полека да се одкоренува пиратеријата (не сум анти-пиратерија, јас бев WaReZBoY на бившиот форум бадијала). Самите сте сведоци како свеста на форумџиите доста расте, па почнуваат полека да купуваат игри преку стим:
    Дури има цела таква посветена тема. Попусти-мопусти ќе се најде нешто ефтино и ќе ти се направи меракот.

    Аналогно на steam, не би било лошо доколку и Netflix/Deezer/Hulu/НезнамВишеКојСтримингСервис настапи на нашиот пазар. Основа за тоа има, а тоа е MaxTV видеотеката, која не сум сретнал ниту една личност да ја користи - али е тука.
    Во Србија гледам Telenor гордо си го рекламира Deezer, а Србија нели според некои “(не)официјални“ споредби е со послаба економска моќ од нас?
    И уште едно прашање:
    Што ако овие сервиси кај нас би биле достапни за некоја ниска месечна сума, како 100-200-300 денари максимум?Дали тогаш би се користеле?
     
    На The_Man и borcep им се допаѓа ова.
  2. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Не се дискутира за гледањето на Нетфликс зашто е пиратерија. Нејсе, имаш легални сервиси - https://pickbox.tv има македонски титлови и има добар избор на серии за само 305,00 мкд месечно. Гугл мувис https://play.google.com/store/movies се надевам дека ќе им текне дека е скапо, ама па ако некој сака, ете барем може. Наскоро ќе го има и http://hbogo.mk (колку наскоро не знам, ама повеќе од година дена го спремаат).
    За музика - https://play.google.com/music/ за околу 300 и нешто денари ($6.99) месечно го имаш и функционира.
     
    edin.ademovic, DarkEnchanter и на The_Man им се допаѓа ова.
  3. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,007
    18 ноември 2009
    Koга го пуштија Goolgle Play Music кај нас имаше промоција беше околу 200ден(доларот не беше рипнат мислам). Кој купи тогаш ок,сега е 400ден што е многу за наш стандард(по мене).

    Deezer е тапа според мене ,но е единствен кој е достапен кај нас за џабе. Да аудио квалитетот нема да е нај и ќе имаш 6 прескокнувања на саат ама може сервисот да се користи и има доста балкански контент.
    Премиум 7евра е скапо, Теленор го нудат со понуда од 250ден наши што не е скапо.


    Ама проблемот кај нас е дата, со 2гига нет не се стрима музика, не стигнува.

    Сервиси има,само операториве треба да дадат подобри понуди, теленор дава 2гига само за стриминг.



    Има и комплетно бесплатни сервиси како http://www.jango.com и http://8tracks.com/ (овие имаат и добра win 8 метро апп) кои имаат добар контент.
     
    На edin.ademovic и kirev им се допаѓа ова.
  4. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Инаку ако не ви е проблем лимитот за даунлоад, пробајте го http://grooveshark.com/ . Бесплатен е (од веб, не знам за апликацијата), плус е легална. Сѐ уште ;)
     
  5. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,051
    2,572
    21 Јануари 2011
    Машко
    Ја користам пробно netflix еве една недела уназад и квалитетот на сликата и звукот се далеку под квалитетот кој го нуди пиратеријата а и многу назад се во однос на понудата.
    Така да и без пари да ми ги даваат јас стриминг сервиси во моментов не би користел.
    Значи збориме за вакво нешто http://www.disneystore.com/pirates-of-the-caribbean-on-stranger-tides-5-disc-set/mp/1313695/1013316/ што навистина вреди 40 долари и може да се најде пиратски за џабе, е сега спореди го со џутуб квалитетот кој го нудат нетфликс и сличните на него. Не за џабе се по 8 долари месечно, затоа што и толку вредат.
    У однос на музика напукувам по 25 гига на картичка на телефон и еве веќе 6 месеци неможам да ги ислушам :D, ни на крај памет не ми паѓа да ја стримам :eek:
     
    Последна промена: 25 Април 2015
    На prolivot му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Легално. За тоа збориме :)
     
  7. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,051
    2,572
    21 Јануари 2011
    Машко
    Од каде бе братучед, ти знаеш ли колку пари ја требаше да платам за сите блуреј филмовите што у мојов живот сум ги изгледал и сета музика што сум ја ислушал? Па кредит за стан да земев немаше да ми стигне да ги исплатам. :eek:
     
  8. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Било - поминало. Сега за 5-10€ месечно, никој нема да осиромаши. Дури и MS Office има за 5 евра месечно...
     
  9. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    499
    282
    16 Февруари 2014
    Машко
    Одкако ја испратив темава после ми текна за Play Music. Прилично добро изгледа и башка е суперашки интегрирано со андроидот. Можеби еден месец ќе се сабскрајбнам, да видам каков е филингот :D

    А уствари pickbox е стриминг сервис како netflix така?
     
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Да
     
  11. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    499
    282
    16 Февруари 2014
    Машко
    Се регистрирав и ги глеам трејлерите, ништо посебно - све стари филмови.
     
  12. prolivot

    prolivot
    Gaining Experience

    192
    212
    28 Декември 2014
    Грувшарк е легален колку што беше бадијала легална на времето.
     
    На goranzoran и edin.ademovic им се допаѓа ова.
  13. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,051
    2,572
    21 Јануари 2011
    Машко
    Зашто мислиш дека е легален?
     
  14. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Е. Колку јутјуб што беше
     
  15. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Пишав дека е за серии
     
  16. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    499
    282
    16 Февруари 2014
    Машко
    Е да, со сериите си се ОК
     

Сподели

Вчитување...