1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Deezer: Да се Spotify или не Spotify?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од edin.ademovic, 25 Јануари 2016.

  1. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    499
    282
    16 Февруари 2014
    Машко
    Да ја “освежам“ претходната тема отворена далечната 2009, со моја рецензија и топла препорака за овој музички стриминг сервис. Доколку модераторите мислат нема потреба од нова тема, слободно нека праат што треба :)
    [​IMG]
    Бидејќи легалните стриминг сервиси станаа и стануваат се' по познати во нашата држава во последниов период, се одлучив да го предложам овој одличен и добро снабден стриминг сервис.

    Deezer почнал со работа 2009-та со седиште во Франција. Според некаква збирна статистика од интернет(venturebeat,wikipedia, expandedramblings) имаат ~16 милиони корисници од кои 6 милиони се на месечна претплата. Во нивната музичка библиотека содржи повеќе од 35 милиони песни, за разлика од нивните конкуренти Spotify имаат некаде над 30 милиони песни (податоци од истите наведени линкови), но за разлика од Deezer имаат многу повеќе активни корисници (над 75 милиони, според Тетка Вики).

    Корисниците добро знаат дека 5-те милиони разлика вклучуваат песни од екс-ју просторот и се разбира останатиот дел од Европа. Официјални статистики за македонските песни немам, но некои песни можат да се најдат (воглавно постари, Елвир Мекиќ anyone?) Но и Гоце е тука. За македонските песни ви оставам на вам да ги откриете и пуштите линкови тука.

    Интерфејс
    Ова е една од главните причини зошто ми се допаѓа овој стриминг сервис.
    [​IMG]

    One does not simply listen to "Spusti se Dole"

    Конципиран како социјална мрежа, од левата страна се наоѓа главното мени а од десната страна она што моите пријатели/што ги следам прават, што некако и природно ми доаѓа (фала Фејсбук).

    Она што Deezer константно и упорно го нагласуваат е тоа големото "Flow". На кратко - што повеќе музика слушате и ја favorite-нете (тоа срцето до Марко), толку повеќе слични такви ќе ви препорачува. Работи ако имате доста омилени песни, но ако немате - оставени сте сами на себе.

    Веднаш под Flow се наоѓаат плејлисти кои Deezer ги наоѓа од некаде, најчесто од омилените плејлисти на вашите пријатели (тие што ги следите) и од песните што сте ги слушале. Јас на почетокот не се потпирав многу-многу на овие плејлисти и на Flow-от бидејќи тотално го утнуваа мојот вкус, давајќи ми самоубиствени песни. Но како што го користев се' повеќе и повеќе како мојот главен музички плеер, плејлистите и flow-от се подобруваа и најдов нови песни кои ми се допаѓаат. Алгоритмите на Spotify работат многу подобро кога станува збор за вакво нешто, но во последно време Deezer враќа со "Moods", т.е. музика по расположение, нешто што беше на Spotify подолго време, а тука не работи баш исто како кај Spotify.

    Од десната страна освен што може да видите што прават вашите пријатели, може да видите кого се' следите и дали има нешто ново (пример што слушаат во моментот, со можност фала богу и вие да го слушнете истото).

    Она што не ми се допаѓа, е менито од лева страна. Ако не скролнам, не можам да си ги видам плејлистите и омилените траки (нешто што најчесто го користам) и често пати мислам дека ги преместиле на друго место, а уствари требало само да се скролне (а скрол барот е сокриен).
    [​IMG] ,[​IMG]
    Убаво е тоа што те известува дека има нови песни додадено во постоечка плејлиста, нешто слично како кај Spotify кој дури те известува и по имејл (не сум сигурен за таква опција тука)

    Она што е добро кај Deezer е што функционира како бесплатен музички плеер, копчето за да се купи премиум план е доста добро “скриено“, кое се наоѓа кај тоа копчето (заборавив како се вика на нашки) до My Music.

    Музика

    Како што кажав, со над 35 милиони песни, Deezer е добро снабден со музика. Не толку многу со нашата (п.с. Есма ја најдов) колку со Српската/Босанската. Горе-доле е снабден со истите песни кои ги ставаат на познатите српски поп, фолк, турбо-фолк YouTube канали со мало задоцнување. Од странската музика, го има истото што го има и на Spotify (дури и ја нема Taylor Swift како ни Spotify што ја нема).

    Благодарение на Filtr, Deezer малку живна во однос на плејлистите. Почнаа поинтересни песни да се наоѓаат во делириумскиот хаос од песни на стриминг сервисот. Филтрашите добро си ја вршат работата со тоа што константно ги ажурираат своите плејлисти, било да станува за 70'-те, 00'-те или нај актуелните песни денес - се' ви е таму и за сечиј вкус. Ова го има и на Spotify (корисници кои прават плејлисти) само што Spotify нив не ги истакнува многу како Deezer и Spotify има зрел алгоритам за препораки.

    Кога ќе кликнете на некој изведувач, понудени ви се неговите најнови песни, а на табовите горе - неговите албуми, плејлисти, коментари, биографија и нај пуштани песни. Претставено е толку просто што дури и баба од тазе наполнети пензионерски години би се снашла, а ова го почитувам повеќе одколку кај Spotify, али тоа е субјективно.

    Се случувало некои песни што сум ги барал да ги нема (од нашето поднебје ситуацијата е hit-n-miss), но претежно (8 од 10) песни што сум ги барал ги имало. Мојот вкус за песни е малку специфичен (Diplo, MNEK, Dillon Francis, G-Buck, Flosstradamus, GTA, Major Lazer, Skrillex, Zomboy, AAZAR, и понекад класика поп), па ако јас сум задоволен - се надевам дека и другите би биле задоволни.

    Цени
    7€ месечно за Premium+ а тоа ви нуди:
    [​IMG]

    Јас бидејќи највеќе време поминувам на лаптоп, овој што ми е web плеерот ми е повеќе од доволно (*едно советче следи), а за смартфонџиите (го има буквално за сите платформи) следи 30 дена бесплатна музика, а после тоа досадни реклами да купите премиум пакет. Порано ги кратеше песните на 1:30 минутка, али поради Spotify - одлучија само да ве спамаат со реклами после секоја песна, без можност да моташ песни.
    Намерно болдирав, бидејќи таа цена е за сите уреди, за разлика од Spotify кој вреди 10 евра месечно да го слушате на сите уреди. Кај двата музички сервиси премиум претплатниците имаат можност за офлајн слушање.
    Update: Бидејќи си го купив Xiaomi Redmi Note 2, ќе видам како ќе ме служи апликацијата на истиот :) .

    *ФИНТА за ВЕБ-ПЛЕЕР (да ги немате досадните реклами после секоја песна)

    Инсталирајте си AdBlock на вашиот прелистувач и уживајте во песните без да ве замара тој чичото да купите Premium+ пакет.

    DEEZER или SPOTIFY?
    Ова е лична преференца. Како и сите работи, за едно е подобар едниот, а за друго е другиот. Но ако дојде Spotify кај нас мислам дека ќе биде истата песна како со Netflix - а тоа е немање на скоро половина од содржината достапна за истата цена.
    Српскиот оператор Telenor нуди месечна претплата за мобилен во комбинација со Deezer за ~250 ден месечно, што е нешто интересно.
    Се надевам дека некој оператор кај нас ќе го види потенцијалот за бизнис со овој дигитален сервис, па наскоро би можеле да гледаме пакети со интернет + музика каде и да си :) .
    Ова од една страна е малку смешно, бидејќи Deezer web плеерот работи и преку мобилен browser, па доволно ви е само 4G/3G да имате за да си слушате музика, но од друга страна вие доплаќате доколку сакате да ја имате музиката на телефон без интернет, офлајн.


    Јас си слушам музика секојдневно на Deezer web плеерот во комбинација со AdBlock и така имам контиунирана музика без реклами за џабе. Но за мобилната апликација е веќе нешто друго и тука вистински ќе почнат да се разликуваат сите стриминг сервиси. Она што нема да ме одвои од Deezer е достапноста на екс-ју музиката и понекогаш турбо-фолк музиката, која најчесто ја слушам во друштво. Дополнително, немајќи потреба од никакви VPN-a/Proxy-а и всушност легално слушање во Македонија ќе ме задржи подолго време на овој музички сервис. За плаќање, би подразмислил иако МОЖЕ да стане збор за поефтина сума :)
     
    На masterwu, iface, ifobt и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,124
    1,267
    25 ноември 2014
    Мислам дека Apple music со family sharing (6 accounts for 14.99$) е исто солидна опција.
    Имаат 30 милиони песни и сум прилично сигурен дека се што е мејнстрим и андерграунд од светската музичка сцена е таму.
    Ако се соберете 6 души ве фаќа 140мкд месечно.
     
    На Justice for All и edin.ademovic им се допаѓа ова.
  3. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    517
    222
    14 Април 2012
    Машко
    На windows phone ја има само кај мене у сторе ја нема :D
     
  4. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    615
    345
    9 Февруари 2008
    смени го регионот во друга држава и ќе ти ја даде
     
  5. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,950
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Многу битна работа овде игра битрејтот на записот на песните, јас го користам во МКД спотифај веќе година дена и супер квалитет мислам 192кб. Дали знеш колкав битрејт користи DEEZER ? Spotify е бесплатен онлине ако се користи плус ми е синхронизиран со дескто и со мобилната апликација и си пуштам песни. Кул стафф.
     
    На Paket му/ѝ се допаѓа ова.
  6. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    499
    282
    16 Февруари 2014
    Машко
    Порано користеше 128, но сега користи комбинирано 192 или 128, а premium+ корисниците имаат FLAC квалитет.
     
    На vlavot му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    382
    180
    20 Април 2008
    Машко
    се убаво и неќам да мрчам ама
    7€ за музички streaming service месечно
    10€ за филмови месечно (на пример Netflix или PickBox)
    20€ за само 1 телeфон месечно
    25€ за телевизија и интернет месечно
    грабеж насекаде... (иако една книга преку 48Kbs не чинеше и по 200 денари, барем ги читавме целосно)
    NOTE To my future self: (ќе се сеќаваме и радуваме на времето кога torrents беа дозволени во нашата ни држава... )
    затоа градете си колекција оти ќе се врати времето кога одевме на кафе да размениме музика и по некој филм
     
    DejV', tasevski13, Daniel86 и на уште 1 им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. HijackHacker
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,324
Вчитување...

Сподели

Вчитување...