• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

ДДВ за компјутерски делови ќе падне на 5%

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Mr.Alien

Гостин
Точно е тоа. А слушнав дека нема да има и царина на деловите...или грешам? Слабо пратам вести деновиве, а оваа ја чув случајно, СЛУШАЈЌИ го телевизорот.
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
ДА...само кај нас ќе почекаме додека да паднат цените...прво измената на законот треба да помине...па после додека нашите PC маркети се одлучат да ги намалат цените...не е лесно да се откажат од екстра профитот...у секој случај ние ќе си почекаме...како и обично...ништо страшно чекаме од '91...па живи сме :)))
 
M

Mr.Alien

Гостин
Има нешто и во екстра профитот. Еден (се надевам кус) период ќе има ловење во матно. Кон тоа ќе помогне и фактот дека стоката која е на лагер и за која се платени 18 ДДВ и (евентуално) царина едностaвно ќе мора да се продаде без намалување на цените (или евентуално со мало намалување).
Постојат многу опции, но да не бидам "издајица" :)) :LOL: .
 

sangaimikiri

Баниран/a
19 август 2007
18
0
carina na kompjuterite odamna ne.postoi.za carina se plakase 5 %,a uste pred 2 godini bese ukinata,i ne se plakase nisto,a za namaluvanje na ddv-to na 5 % mislam deka e samo mucka na vladata,da sobere pari za da plati za okta.znam deka begam od temata no koga sme veke kaj namaluvanje na javniot prevoz,ima li informacija nekoj dali e poeftin gradskiot prevoz.

P.S dodeka ima budali,svetot ke zivee
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
Нормално додека не се продаде залихата ќе останат старите цени, но во секој случај се добри вести, но сигурно прво треба да помине во собрание па ќе видиме што ќе добие, како и да е одлуката е за поздравување:bravo:
 

jpetrov

Intern
19 мај 2007
136
0
Ova e predlog star kolku sto e staro ddv-to. No iskreno mislam deka e isto taka bitno da se namali ddv na ikt uslugi (pr. internet pristap). no da ne bide preku leb pogaca, cekorot e pozitiven i ne veruvam deka nekoj bi glasal protiv.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Гледаш, сум изумил за царината дека е укината. А што се однесува до намалувањето на ДДВ-то, тоа е пред се разумен потег, особено во ситуација кога постои стремеж кон развојот на ИТ културата, едукацијата и интернетот. Секако дека во овој случај готовите конфигурации и деловите колку - толку ќе поевтинат. Верувам дека нема да има проблеми овој закон да се изгласа, освен ако не проработат партиските кујни и суети па овој предлог да биде тема за поткусурувања.
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
дефинитивно предлог на владата е да се намали ддв-то на 5% за целата компјтерска опрема, но додека сето тоа помине на собрание, и се потроши сета опрема куперна со ддв ќе помине некои време.

Но во секој случај, ќе почуствуваме одредено намалување на деловите, а особено на целосните конфигурации.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

_EAX

Intern
17 август 2007
827
6
www.rutix.byethost17.com
pa redno e i nie da vidime nekoj air od toa.

dete saka da uci kompjuteri a nema kompjuter, eve ja na primer nemav kompjuter do pred 3 godini, koga zavrsiv 1-va fax togas kupiv kompjuter, malce nelogicno ali jebes ga, toa e
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Не гледам зошто не би се применил данокот од 5% веднаш штом помне на собраниска седница. Набавените делови немаат никаква врска со данокот. Данокот се плаќа отпосле т.е. откако ќе се продаде делот. Фирмите си имаат цена во која им е пресметана набавната цена, трошоците и рабатот за некој дел. Значи си го имаат ставено ќарот. На крај на тоа се додава ДДВ-то
 
M

Mr.Alien

Гостин
Не е баш така. Фирмите при увозот плаќаат ДДВ.
YUP! I Agree.
И додека помине законот низ процедура, додека се објави во службен весник, контингентите кои дотогаш ќе се набават ќе бидат по старо во поглед на ДДВ-то. Освен ако фирмите не решат да ги стопираат нарачките и да го чистат лагерот, што би било паметно, а што не верувам дека ќе се случи, барем дел од тие што ги познавам.
 

zdravce

Intern
8 април 2007
4
0
Oni treba da prodavaat so 5%. A toa sto go uvezle so 18% pa za toa ima opcija povrakaj na danok. Zatoa i se vika danok na dodadena vrednost. Ako e pomala ima pravo na povrakaj.
 
M

Mr.Alien

Гостин
@Zdravce

За повраќајот на данок се сложувам, но не знам колку фирми ја користат таа опција. Барањето за повраќај на данок повлекува инспекции, па доколку се утврди дека се работело беспрекорно, се остварува тој повраќај.
Е сега прашање е колку фирми работат со чиста совест, или "со чисти раце":)). Колку од нив сакаат да си стават здрава рака во грмушка од трње?
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
СЕТ Компјутери најави од 1ви октомври, пошто некаде после 15ти септември е закажана собраниската седница на која ќе се гласа предлогов, па така да најрано што може да почне да се применува е 1 октомври...
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Знаете како ќе дознаете дали некој ги има намалено цените. Ако пишува дека имате попуст на се 13% колку што е намален данокот, а ако не уште 5 години не им купувам ништо на старо ако треба ќе си купам се.
 

bons

Gaining Experience
9 април 2007
242
70
Како и да е не очекувајте драстично намалуваање на цените, зашто пред спроведување на законот ќе има бран покачување на цените...и фала богу на тие цени ќе стават +5% ДДВ...и кога ќе го удриш есапот...исти ѓавол..
 

Dare

Intern
8 април 2007
141
2
баш ќе се види кој има чисто лице при намалувањево. Помаливе фирми гарант намерно зголемуваат цена според мое мислење.
А поголемиве како Анхоч, Сет....мислам дека ќе бидат фер (btw од таму и сакам деловиве на новиов PC да ги земам :pPP )

треба да се почека во секој случај, дотогаш ќе има милион шпекулации а не вреди да се троши време читајќи ги...
 

D

Администратор
31 март 2007
3,270
1,909
www.iwmnetwork.com
баш ќе се види кој има чисто лице при намалувањево. Помаливе фирми гарант намерно зголемуваат цена според мое мислење.
А поголемиве како Анхоч, Сет....мислам дека ќе бидат фер (btw од таму и сакам деловиве на новиов PC да ги земам :pPP )
Pomalite firmi zemaat od pogolemite :)
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Вака направено намалување на данокот нема да има ефект. Требаше владата да донесе одлука со која, данокот за компјутери нема да се намали на 5%. Туку 13% од данокот на цената да се пресметува на самата фискална сметка, како попуст за купувачот. Со што наместо фирмата да плати 13% на државата истите да ги даде на купувачот. Во овој случај фирмите добиваат, а не народот. Владата треба убаво да размисли каде ќе отидат парите пред да донесе некаква одлука.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,527
Мислења
822,632
Членови
28,052
Најнов член
Ttifun
На врв Дно