1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Датабаза за почетници

Дискусија во форумот 'Microsoft SQL Server, MySQL, PostgreSQL, Oracle, S' започната од Ficiani, 7 Јуни 2014.

  1. Ficiani

    Ficiani
    On your way to fame

    498
    912
    1 Јуни 2012
    Машко
    Front-End Web Developer
    Вака дечки, прво дали има некој database pro на форумов односно професионален датабејз администратор (DBA)? Планирам со тоа да се занимавам во иднина, а неам контакт со ниту еден познавач на областа.

    Планирав да направам некоја база колку да си ги вежбам вештините (SQL, ER моделирање итн..) бидејки летово сум на пракса, па ми требаше идеја за што всушност би ја правел базата. Прво мислев да направам за некоја MMORPG игра (карактери, инстанци, левели, ајтеми) но малце размислував и заклучив дека би базата би била бескорисна.

    Значи ми треба некоја идеја со која што од нула односно на школскиот начин би почнал со базата (пишување на текст со објаснение, потоа правење на ER модел, па дури после трансформација во 7 чекори итн итн итн).

    На факс имавме последен групен проект да направиме база за книжарница и испадна доста успешен па сега сакам сам :)

    Темата нека биде искористена за било каков вид прашања поврзани со ова, за почетници нормално. Исто така добро би ми дошол некој туторијал и линкчиња поврзани со ова. Фала ви.
     
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,190
    6,301
    27 Март 2014
    Почни со MySQL бази. Од ова полесно нема ! Основата на секоја модерна страна или проект лежи во MySQL.Еве ти добар почеток, колку да влезеш во штосот на базите.

    http://www3.ntu.edu.sg/home/ehchua/programming/sql/MySQL_Beginner.html
     
    На dejan_str и Ficiani им се допаѓа ова.
  3. Ficiani

    Ficiani
    On your way to fame

    498
    912
    1 Јуни 2012
    Машко
    Front-End Web Developer
    Update:

    Има ли некој на форумов кој е подалеку од почетник во областа на бази и уште подобро дали има некој DBA? (Database administrator) ? Почнав една база и ми треба некој да верифицира дали е добра до кај што сум стигнат (само опис и ЕР дијаграм), да не продолжувам за џабе ако не чини?
     
  4. mrce

    mrce
    Intern

    170
    23
    2 ноември 2009
    си ја утнал малце работата. ДБА не работи со дизајнирање на бази и моделирањена ЕР дијаграми.
    А за дизајнирање првин читни теорија за да ги научиш релации, нормализација...
     
    На Zippo и DaciSS им се допаѓа ова.
  5. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Дај да ја видиме, на факс го работевме тоа, може ќе бидам од помош
     
  6. Ficiani

    Ficiani
    On your way to fame

    498
    912
    1 Јуни 2012
    Машко
    Front-End Web Developer
    Горе-доле знам, али почетнички. Брат, се работи за почетнички материјал од факс. Таман работа ДБА-то да не може да ми помогне или да не знае да направи ЕР дијаграм :)
    @Sephiroth ја атачнав во постов.
     

    Прикачени датотеки:

  7. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Вака сеа, имаш loop кој треба да го елиминираш. Вработен поврзи го со нарачка, а експозитурата ќе ти биде поврзана само со Вработен и ништо друго. Преку Вработен, ќе знаеш во која експозитура е направена нарачката. На овој начин ја елиминираш табелата "Prodazba" скроз на скроз, бидејќи во Narachka ќе знаеш кој вработен кој телефон го продал. Еднакво на тоа ќе знаеш кој претплатник ја извршил нарачката и каков телефон купил, со што се елиминира врската меѓу Pretplatnik и Telefon и со тоа веќе немаш loop.

    Напрај после една нормализација до 3то ниво и на коњ си.
     
    На Ficiani и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  8. Ficiani

    Ficiani
    On your way to fame

    498
    912
    1 Јуни 2012
    Машко
    Front-End Web Developer
    Спремна е базата, сега уште да ја наполнам и да пуштам некое квери :)

    [​IMG]
     

Сподели

Вчитување...